Contract
Врз основа точка 1 од Меморандумот за соработка и партнерство меѓу Групацијата на меѓународните шпедитери и Царинската управа на Република Македонија,
Царинската управа на Република Македонија, претставувана од Xxxxx Xxxxxx, директор и Групацијата на меѓународните шпедитери, претстатвувана од Xxxxxxx Xxxxxxx, претседател, на ден 22 февруари 2006 година, склучија
МЕМОРАНДУМ
за формирање на Царинско-шпедитерски комитет
Член 1
Се формира Царинско-шпедитерски комитет (во натамошен текст: Комитет), како стручен форум и форма за унапредување на оперативноста во меѓусебната соработка, во функција на координирано делување во надминувањето на отворените прашања и проблеми на релација Царинска управа - шпедитери.
Член 2
Комитетот е составен од 6 члена, од променлив карактер во зависност од проблематиката што се разгледува, од кои три члена од Царинската управа на Република Македонија и три члена од Групацијата на меѓународни шпедитери. По потреба, како членови на Комитетот може да се повикаат да учествуваат и претставници од надворешни институции.
Член 3
Координацијата на вкупните активности на Комитетот ги врши координатор.
Член 4
Основни задачи на Комитетот се:
- да ги разгледува актиелните прашања и проблеми од делокругот на царинско-шпедитерското работење и
- да предлага мерки за надминување на отворените прашања и проблеми.
Член 5
Комитетот се состанува најмалку еднаш месечно и тоа секој прв работен понеделник
(алтернатива: вторник) во месецот со почеток во 8:00 часот, а по потреба и почесто.
Предлог-темите што ќе бидат на дневен ред на Комитетот, страните ги разменуваат најдоцна три работни дена пред состанокот.
Местото на одржување на состаноците се утврдува по пат на меѓусебен договор на двете
страни.
Член 6
Стручно-административните работи за потребите на Комитетот ќе ги врши Стручната
служба на Стопанската комора на Македонија.
ЦАРИНСКА УПРАВА ГРУПАЦИЈА
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ШПЕДИТЕРИ
Директор, Претседател,
Xxxxx Xxxxxx Xxxxxxx Xxxxxxx