Contract
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Овие Посебни услови за осигурување од одговорност на договарачот на осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) - (во понатамошниот текст: Посебни услови), се составен дел на договорот за осигурување од одговорност што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Националната групација за осигурување АД “Осигурителна полиса“ Скопје (во понатамошниот текст: осигурувач).
(2) Според одредбите на овие Посебни услови осигурена е оштета од одговорност на договарачот на осигурувањето во однос на лицата за кои склучил осигурување од последици на несреќен случај со осигурувачот по соодветните дополнителни услови за осигурување:
- гости на хотели, лекувалишта, кампови и бунгалови;
- гости на јавни бањи;
- посетители на културно- уметнички, спортски и други приредби;
- туристи и излетници.
(3) Поодделни изрази во овие Посебни услови значат:
- договарач - е физичко или правно лице што со осигурувачот ќе склучи договор за осигурување;
- оштетен - лице кому договарачот му одговара зпоред прописите или правните правила за надомест на штета;
- корисник - е лице кому се врши исплата на осигурената сума, односно надоместок;
- полиса - е утврдена форма на договорот за осигурување;
- осигурена сума - е највисок износ до кој осигурувачот е во обврска за еден осгурен случај, во колку со овие Посебни услови не е поинаку одредено;
- несреќен случај - настан кој може да има за последица поставување на еден или повеќе отштетни побарувања против договарачот.
(4) Во случај на несогласување на некои одредби на овие Посебни услови со некои одредби на полисата, ќе се применат одредбите на полисата, а во случај на несогласување на некои печатени одредби на полисата и некои нејзини ракописни одредби, ќе се применат ракописните одредби.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
Член 2
(1) Осигурувачот е во обврска за оштетени побарувања кои ќе ги постават осигурените лица од последици на несреќен случај, односно во случај на нивна смрт корисниците на осигурувањето спрема договарачот, ако овој според постојаните прописи или правните правила е одговорен за настанатата штета, и тоа:
1. поради смрт, повредана телото или нарушување на здравјето кое бара леарска помош, и
2. поради оштетување или исчезнување на предмети.
(2) Со осигурување се опфатени оштетените побарувања спрема договарачот на осигурувањето и тоа:
1. Хотелот, лекувалиштето, камповите, бунгаловите и другите
правни и физички лица кои се занимаваат со издавање ноќевања:
а) поради настан, што ќе ги снајде гостите за време на престој во просториите на договарачот на осигурувањето и неговите погони или на земјиштето наменето за одмор ( во паркот, бавчата и сл.), а кој има за последица смрт, повреда на телото или нарушување на здравјето кое бара лекарска помош;
б) поради оштетување или исчезнување на предмети, кои гостите ги предале на чување на договарачот или ги држеле во собата одредена за преноќиште, ако таа соба во нивна отсатност била заклучена, при доопремувањето или оштетувањето на овие предмети ако тоа го врши договарачот на осигурувањето;
в) поради друга штета на предмети на гостите која ќе настане на местата назначени во точката 1 а) од овој став;
г) за оштетување, изчезнување или кражба на пари, накит и други предмети од вредност, осигурувачот е во обврска само во случај ако тие предмети биле предадени на договарачот на осигурувањето на чување.
2. Јавни бањи (затворен и отворен тип), други правни и физички лица, кои се занимаваат со оваа дејност:
а) поради настан што ќе ги снајде капачите во просториите на бањата, а кој има за последици нивна смрт, повреда на телото или нарушување на здравјето кое бара лекарска помош;
б) поради оштетување или исчезнување предмети кои капачите ги држеле во кабини или гардеробите на капалиштето;
в) поради други штети врз предмети на капачите кога ќе настанат
на местата наведени во точка 2 а) од овој став;
г) за оштетување, исчезнување или кражби на пари, накит и предмети од вредност, осигурувачот е во обврска само во случај ако тие ствари биле предадени на чување на управата на капалиштето.
3. Кина, театри и други правни и физички лица, кои организираат културно-уметнички, спортски и други приредби:
а) поради настан што ќе ги снајде посетителите во просториите и на средствата на договарачот на осигурувањето, а кој има за последица нивна смрт, повреда на телото или нарушување на здравјето кое бара лекарска помош;
б) поради оштетување или исчезнување предмети во гардероби, поради оштетување на предмети во простории за приредби, во простории вон од салите во кои е дозволено заржување само на посетители со купени билети. Во просторот на спортски терен или на друго место, каде се одржува приредбата или спортскиот натпревар, ако тоа место е одредено за гледачи;
в) поради други штети на предмети на посетители кои ќе настанат на места наведени во точка 3 а) од овој став.
4. Туристички организации и физички лица кои превезуваат излетници и туристи
а) поради настан што ќе ги снајде излетниците на одреденото зборно место пред почетокот на поаѓањето, за време на возењето и по доаѓањето од излет на одреденото место за повраток од излетот а кој има за последица смрт, повреда на телото или нарушување на здравјето кое бара лекарска помош;
б) поради оштетување или исчезнување предмети кои
излетниците ги имале со себе пред почетокот на возењето на одреденото зборно место, за време на возењето и непосредно по доаѓањето од излет до местото одредено за повраток од излетот;
в) поради други штети на предмети на излетниците кои ќе настанат на места наведени во точка 4 а) од овој став.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 3
(1) Обемот на обврската на осигурувачот за штети кои имаат:
1. Гости на хотели, бањи, лекувалишта, бунгалови, јавни капалишта:
а) поради исчезнување на пари, без оглед на износот, за исчезнување накит и други вредни предмети чија поединечна вредност надминува
20.000 денари, осигурувачот е во обврска само во случаи ако гостинот ги предал на чување на договарачот на осигурувањето со писмена потврда и ако овластеното лица за примање и чување ги држи парите и накитот во затворена каса, а другите вредни предмети во за тоа одредена заклучена просторија;
б) поради исчезнување накит и други предмети чија поединечна вредност изнесува до 20.000 денари, осигурувачот е во обврска само во случаи ако гостинот ги оставил во собата за ноќевање и ако таа соба во негова отсатност била заклучена.
2. За гости во кампови:
Поради изчезнување пари без оглед на износот, накит и други вредни предмети чија поединечна вредност го надминува износот од 20.000 денари осигурувачот е во обврска само во случај ако гостинот за време на својата
отсатност ги предал на лице овластено за чување со писмена потврда и ако тоа лице преземените предмети ги држи во заклучена каса, односно во затоа предвидена заклучена просторија.
3. Гости сместени во приватни
куќи:
Поради исчезнување пари, без оглед на износот, накит и други вредни предмети чија поединечна вредност го надминува износот од 20.000 денари, осигурувачот е во обврска само во случај ако гостинот за време на својата отсутност ги предал на чување на сопственикот на станот со писмена потврда и ако тоа лице преземените предмети ги држи во заклучена каса, односно во заклучена просторија или во заклучен дел од покуќнината, во колку поинаку не е договорено.
(2) Вредни предмети во смисла на овие Посебни услови се сметаат предмети чија поединечна вредност надминува 20.000 денари (накит, апарати, инструменти, часовници, хартии од вредност, уметнички дела, исправи и документи, филателистички и нумизматички збирки и на тоа слично).
(3) Ако договарачот е во обврската спрема гостинот за исчезнат накит и ствари чија поединечна вредност надминува 20.000 денари, а гостинот не ги предал на чување во смисла на овие Посебни услови, осигурувачот е во обврска - да го надомести на договарачот износот од
20.000 денари за секој исчезнат накит, односно ствари.
Износот од над 20.000 денари по поединечен вреден предмет и накит паѓа на товар на договарачот.
(4) Ограничувањето на износот од овој член може да се зголеми со Одлука на осигурувачот.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО И ОБВРСКИТЕ
Член 4
Во однос на траењето на осигурувањето и обврските важат одредбите на Дополнителните услови за осигурување од последици на несреќен случај.
ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 5
(1) Осигурувачот е во обврска:
1. да го проучи и испита основот и обемот на одговорноста на договарачот на осигурувањето;
2. да го брани договарачот на осигурувањето од неосновани побарувања;
3. да го исплати надоместот на штета во границите на договорените суми кој договарачот на осигурувањето е должен да го исплати на корисникот врз основа на полноважна судска одлука, по судско или вонсудско порамнување;
4. да му ги надомести на договарачот на осигурувањето сите судски и вонсудски трошоци направени со цел за намалување на оштетно барање, како и трошоците на одбраната настанати во дривичната постачка водена поради делото или пропусти, кои би можел да ги има како последица на одговорност договарачот на осигурувањето, ако осигурувачот на таква одбрана претходно се согласил. Овие го опфаќаат и хонорарот на бранителот ангажиран по желба или согласност на осигурувачот без оглед на исходот на судскиот спор односно кривичната постапка, и тоа по важечка адвокатска
тарифа. Трошоците во кривичната постапка, кои ги имало оштетеното лице, осигурувачот не е должен да ги надомести;
5. да му даде обезбедување во случаите во кои договарачот на осигурувањето е должен да го направи.
(2) Осигурувачот има право во случај на спор помеѓу осигуреникот и договарачот на осигурувањето да стапи во процес како вмешател или да преземе водење на спор или да стапи во процес наместо тужената страна.
(3) Сите обврски на осигурувачот се исклучени:
1. ако договарачот на осигурувањето не се придржува на договорените мерки со осигурувачот, заради спречување штетни настани кои можат да имаат за последица негова одговорност, или ако не спровеле мерки кои надлежните органи на власта ги пропишуваат за таа цел, а до штети дошло поради тие пропуштања;
2. ако оштетувањето или уништувањето на предметите настанало по престанок на обврските, па и тогаш, ако ги предало на договарачот пред престанување на обврските;
3. за сите штети кои би настанале на моторните возила со приколки за време на паркирање на затоа одредени места како и сместените во кампови, за исчезнување, оштетување или уништување на предмети сместени во моторните возила, приколки или покрај нив.
ДОЛЖНОСТ НА ДОГОВАРАЧОТ ПО ОСИГУРЕНИОТ СЛУЧАЈ
Член 6
По настанување на осигурениот случај, договарачот на осигурување е должен:
1. за тоа веднаш писмено да го извести осигурувачот, а најдоцна во рок од 3 дена, по приемот на оштетното побарување, односно кога ќе дознае дека е покрената кривична постапка поради настанот кој може да има за последици негова одговорност за надомест на штета;
2. во пријавата особено да назначи: времето, начинот и причината за штетниот настан, попис на исчезнатите, оштетените или уништените предмети, нивната набавна вредност и висина на настанатата штета, точен опис на телесните повреди на оштетените,
3. секој случај на настанатата штета, доколку повлекува било чија кривична одговорност, да го пријави на надлежните органи за кривично гонење;
4. да ги преземе сите можни мерки да се намали штетата и да преземе се што би можело да послужи за објаснување на случајот да одбрани од неосновани или неумерени побарувања, а во тој поглед има да се придржува на упатствата добиени од осигурувачот;
5. да преземе се што е потребно за остварување на регресно побарување од лицата одговорни за настанатата штета или ова свое право да го пренесе врз осигурувачот;
6. во случај на тужба за надомест на штета веднаш писмено да го извести осигурувачот.
(2) Ако договарачот не ја изврши должноста од претходниот став, осигурувачот има право да го намали надоместокот за износот на штетата, која настанала на осигурувачот поради наведените пропусти.
(3) Во случај исчезнатите предмети дополнително да се
пронајдат по исплатената оштета, договарачот на осигурувањето е должен на оштетеното лице да му стави на избор: стварите да ги прими и примената оштета да ја врати, примената оштета да ја задржи, а односните предмети да ги препушти на осигурувачот.
Доколку оштетеното лице не се изјасни во одредениот рок, најдените предмети му припаѓаат на осигурувачот.
ИСПЛАТА НА ОШТЕТА
Член 7
(1) Осигурувачот е должен да ја исплати оштетата во рок од 14 дена, сметајќи од денот кога по негова согласност договарачот на осигурувањето го исплатил оштетното побарување, односно 14 дена од денот кога на договарачот на осигурувањето му е врачена правосилна судска пресуда со која е утврдена неговата обврска, или таа обврска е утврдена врз основа согласноста на осигурувачот и договарачот на осигурувањето.
(2) Се смета дека осигурувачот, во случај кога оштетеното побарување ја надминуваосигурената сума, ја исполнил својата обврска кога на договарачот на осигурувањето му исплатил или му ставил на располагање износ кој одговара на договорените осигурени суми и на дотогаш настанатите судски трошоци.
(3) Ако износот на пресуденото оштетено побарување ја преминува осигурената сума, осигурувачот учествува во трошоците на договарачот во висина и во однос на осигурената сума и признаеното побарување, па и тогаш, кога се повеќе спорови по ист настан.
(4) Во случај на несогласување на договарачот со предлогот на осигурувачот оштетеното побарување да се ликвидира по спогодба, осигурувачот не е должен да плати вишок на отштети, камати и трошоци настанати поради противењето на спогодбата.
(5) Ако осигурувачот е против предлогот на договарачот на осигурувањето оштетеното побарување да се ликвидира по спогодба, должен е да го плати вишокот на оштета, каматите и трошоците и тогаш кога ја надминуваат сумата на осигурување.
ПРАВО НА ОСИГУРУВАЧОТ НА РЕГРЕС
Член 8
(1) Со исплатата на износот на оштетата осигурувачот стапува до износот на платениот надоместок во правата на договарачот на осигурувањето према трето лице.
(2) По исклучок од одредбите на ставот (1) од овој член осигурувачот не стапува во правата на договарачот на осигурувањето спрема трето лице, ако договарачот на осигурувањето тоа трето лице го издржува или со него живее во заедничко домаќинство, освен ако третото лице намерно ја направило штетата.
ЗАСТАРУВАЊЕ
Член 9
Побарувањата на договарачот и осигуреникот од договорот за осигурување од одговорност на договарачот на осигурувањето застаруваат во смисла на законските прописи.
ПРАВНА ПОУКА
Член 10
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 10
За односите помеѓу договарачот и осигурувачот, што не се регулирани со прописи, ниту со овие Посебни услови, важат одредбите на Законот за облигациони односи.