Contract
ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Склучен на ден ________________________ година со заедничка согласност на следните договорни страни:
1. ТУТУНСКИ КОМБИНАТ АД ПРИЛЕП, со седиште на ул. Прилепски бранители бр. 85 со ЕМБС 4018117 ,ЕДБ 4021949119965, застапуван од Генерален извршен директор Xxxxx Xxxxxxxxxx, како носител на лиценца за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ “ЦИГАРНА ФАБРИКА - ПРИЛЕП” во понатамошниот текст- Продавач)
и
2. ___________________________________, Друштво за трговија и снабдување на електрична енергија со седиште на _________________________________________________, ЕМБС _________________, даночен број _____________________, жиро сметка _____________________ депонент на __________________________, застапувано од __________________________ (во понатамошниот текст- Купувач)
Во понатамошниот текст секој поединечно е наведен како „договорна страна“, а заедно како договорните страни.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е купопродажба на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори на енергија. Продавачот се обврзува да го продаде вишокот на електрична енергија произведена од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ “ЦИГАРНА ФАБРИКА - ПРИЛЕП”на КП бр. 5741, КО Варош, Општина Прилеп со вкупна инсталирана моќност 994,56 kW (во понатамошниот текст: ФЕЦ) наменета за сопствена потрошувачка на Продавачот/Производител, а Купувачот го купува вишокот на произведената електрична енергија од ФЕЦ.
СТАПУВАЊЕ НА СИЛА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
2.1 Овој договор стапува на сила од денот на потпишување на двете договорни страни и истиот се склучува за период од _____________________до 31.05.2025 година.
ОБЕМ НА ИСПОРАКА
Член 3
3.1 Продавачот го продава на Купувачот, вишокот на електрична енергија произведена од ФЕЦ и предадена во електродистрибутивната мрежа преку ставање на електричната енергија на располагање на купувачот на Местото на примопредавање. Испораката и приемот на електричната енергија, како и преносот од Продавачот на Купувачот на сите права на сопственост и ризици, ќе се одвиваат на Местото на примопредавање. Количината на електрична енергија испорачана преку соодветниот систем за електрична енергија ја утврдува операторот на систем на кој е приклучена електроцентралата на производителот, со отчитување на пресметковното броило на секој 1-ви во месецот, во 00:00 часот и ја доставува на договорните страни.
3.2 Испораката на вишокот произведена електрична енергија се врши врз основа на фактички измерената електрична енергија која е предадена во електродистрибутивната мрежа.
3.3 Продавачот ќе има обврска да ја продава на Купувачот и предаде во електродистрибутивната мрежа вишокот произведена електрична енергија, а Купувачот има обврска да ја купи и да му ја плати на Продавачот вишокот произведена електрична енергија.
3.4 Купувачот се обврзува за времетрањето на овој Договор да го откупи и да го плати вишокот на електрична енергија произведена од ФЕЦ предадена во електродистрибутивна мрежа.
МЕРНИ МЕСТА И МЕРЕЊЕ
Член 4
4.1 Пресметковното мерно место е дефинирано согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, а отчитувањето на мерните уреди ќе се врши согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и правилата за пазар на електрична енергија.
4.2 Мерењето на електрична енергија произведена во ФЕЦ која се предава во електродистрибутивната мрежа од страна на Продавачот се мери на месечно ниво со мерни уреди кои се во сопственост на Операторот на дистрибутивниот систем.
ЦЕНА
Член 5
5.1 Договорните страни се согласни дека цената на електрична енергија што Продавачот ќе ја продава на Купувачот произведена во ФЕЦ, ќе биде/ќе се пресметува:-------------------------------
ФАКТУРИРАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
Член 6
6.1. Продавачот врз основа на податоците од мерењето, на месечно ниво („Пресметковниот период“) на Купувачот му изготвува фактура за испорачаната електрична енергија по договорената цена во денарска противвредност, според официјалниот среден курс на денарот во однос на еврото, објавен на веб-сајтот на Народната банка на Република Северна Македонија, на последниот ден од месецот за кој се фактурира.
6.2. Данокот на додадена вредност (ДДВ), Продавачот посебно ќе ги издвои и прикаже во фактурата.
6.3. Доставувањето на фактурата за испорачаната електрична енергија, од страна на Продавачот до Купувачот ќе се врши во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на завршување на Пресметковниот период.
6.4. Фактурата ќе биде доставена на е-маил адресата на Купувачот наведена во договорот и оригинал по пошта на адресата на Купувачот наведена во преамбулата на овој договор.
6.5. Купувачот целосно ќе го плати фактурираниот износ во рок од 30 (триесет) дена од завршување на пресметковен период.
6.6. Плаќањата ќе бидат извршени преку трансфер на банкарска сметка наведена во фактурата.
6.7.Договорните страни имаат право да ги компензираат меѓусебните побарувања со потпишување на Изјави за компензации доколку Продавачот (како Потрошувач) и Купувачот (како Снабдувач) имаат потпишано меѓусебен Договор за снабдување со електрична енергија и во други случаи согласно закон.
6.8 Сите давачки кои произлегуваат од реазлизацијата и извршувањето на овој Договор, како и сите трошоци за транспорт, закуп на преносни капацитети и останати трошоци со Систем Операторот и Операторот на пазар на електрична енергија го сноси Купувачот.
БАЛАНСНА ГРУПА И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОЗНИОТ РЕД
Член 7
7.1 Продавачот за време на важење на Договорот учествува во истата балансна група како и Купувачот, поради што Продавачот не треба да врши одделно известување за возниот ред.
7.2 Неопходното известување за возниот ред ќе го изврши Купувачот.
7.3 Купувачот се обврзува дека во целост ќе ги покрива трошоците за балансирање на Производителот на електрична енергија (Продавачот).
7.4 Купувачот како Виртуелен Производител комерцијално ќе го интегрира Продавачот/Производител на електрична енергија без надоместок за услугата што му ја обезбедува.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ, РЕВИЗИИ И ПОПРАВКИ КАКО И НЕПРЕДВИДЕНИ ДЕФЕКТИ ИЛИ ИСПАДИ
Член 8
8.1 Продавачот е должен во писмена форма да го информира Купувачот за сите планирани причини, ревизии и поправки 60 (шеесет) дена пред истите да отпочнат, со тоа што задолжително ќе го наведе и нивното предвидено времетраење и висина на ограничувањето на производството.
8.2 Продавачот е должен веднаш да го информира во писмена форма Купувачот за сите непредвидени дефекти и испади со наведување на причината, предвиденото времетраење и висината на ограничувањето во производството.
8.3 Продавачот е должен веднаш без одлагање да ги превземе сите неопходни мерки за отстранување на дефектот или испадот.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 9
9.1 Овој договор може да се прекине/раскине во еден од следниве случаи:
- со заедничка писмена согласност на договорните страни;
- со еднострано писмено известување кога една од договорните страни повеќе од два пати не ги исполнува обврските од овој Договор. Во тој случај, се дава дополнителен рок од 8 (осум) дена за исполнување на обврската и доколку другата договорна страна не ја исполни обврската од договорот и по истекот на дополнителниот рок, другата договорна страна има право да го раскине договорот со еднострано писмено известување;
- со еднострано писмено известување во случај на поведена стечајна или ликвидациона постапка или одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност врз една од договорните страни;
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 10
10.1. Договорните страни изјавуваат дека се согласни било какви спорови кои што ќе произлезат од овој Договор или се однесуваат на него вклучувајќи спорови во однос на неговото толкување, невалидност, исполнување или раскинување или негово прилагодување кон новонастанати околности, ќе се решаваат со преговори меѓу договорните страни.
10.2 Доколку не се постигне договор, договорните страни ја признаваат надлежноста на Основниот суд во Прилеп.
10.3 Решавање на спорот во судска постапка нема да претставува причина за неисполнување на другите обврски согласно овој Договор.
ВИША СИЛА
Член 11
11.1 Продавачот нема обврска да ја испорачува електричната енергија, а Купувачот нема обврска да ја купи електричната енергија во случај на виша сила, за што се должни на неодложно меѓусебно известување.
11.2 Под дејство на виша сила се подразбира настан кој ќе се случи по склучувањето на овој Договор, а којшто е надвор од контролата на Договорната страна што е оневозможена да ја извршува својата обврска според овој Договор поради виша сила, којашто таа не можела да ја избегне, надмине, ниту разумно да ја предвиди, и која во целост ја спречува или оневозможува едната Договорна страна или двете Договорни страни да ги извршат договорните обврски.
ДОЦНЕЊЕ НА ПРОДАВАЧОТ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ, НЕУРЕДНО ИСПОЛНУВАЊЕ И НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ
Член 12
12.1 Секое доцнење од страна на Продавачот при извршувањето на своите обврски од овој Договор, секое неуредно исполнување и неисполнување на обврските, ќе претставува основа Купувачот да бара надомест за предизвиката штета, предизвикана обична штета или испуштена корист и раскинување на договорот
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 13
13.1. Доколку, во било кое време, било која одредба од овој Договор е или стане незаконска, неважечка или неприменлива, законитоста, важноста и применливоста на останатите одредби нема да биде засегната или нарушена. Договорните страни ќе ја заменат било која незаконска, неважечка или неприменлива одредба со законска, важечка и применлива одредба што ќе биде колку што е можно поблиска до неважечката одредба во однос на нејзиното економско значење.
13.2 За меѓусебна комуникација, покрај адресите наведени во преамбулата на овој договор, Продавачот и Купувачот ќе ги користат следниве контакт податоци:
За продавачот: Тел: | email: x.xxxxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx
За купувачот: Тел: | email:
13.3. Договорните страни се согласуваат сите податоци и информации кои ги разменуваат, да ги користат исклучиво за извршување на овој Договор со почитување на нечелата на доверливост.
13.4. Сите измени или дополнувања на Договорот, се вршат со Анекси кон договорот, соодветно потпишани од двете договорни страни.
13.5. Договорните страни ќе ги испраќаат известувањата на информациите една на друга на официјалните контакт адреси.
13.6 За се што не е предвидено во овој договор ќе се применуваат законските и подзаконските прописи.
13.7 Овој договор е напишан во 2 (два) еднообразни примероци на Македонски јазик, по 1 (еден) за секоја договорна страна.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
КУПУВАЧ ПРОДАВАЧ