Договорниот орган, Државeн завод за ревизија, со адреса на ул. Македонија 12/3 Палата Македонија, телефон за контакт 02/3211-520, факс 02/3126-311 електронска пошта: dzr@dzr.gov.mk, интернет адреса: www.dzr.mk, има потреба од набавка на софтвери,...
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРОЈ 09/2015
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СОФТВЕРИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ХАРТИЕНА ФОРМА И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, октомври 2015 година
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган, Државeн завод за ревизија, со адреса на ул. Македонија 12/3 Палата Македонија, телефон за контакт 02/3211-520, факс 02/3126-311 електронска пошта: xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xx, има потреба од набавка на софтвери, согласно техничката спецификација која е составен дел од оваа тендерска документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14 и 78/15), за што објави оглас број 09/2015.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 16.11.2015 година во 10:00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата.
Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши на 16.11.2015 година во 10:00 часот во просториите на Државен завод за ревизија.
Однапред благодариме на соработката.
Во Скопје 26.10.2015 година |
Овластено лице
_____________________ |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е испорака на стоките кои претставуваат предмет на договорот;
„Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки;
„Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
„Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
„Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
„Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
„Доминантно влијание“ е кога:
едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
„Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
„Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
„Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
„Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
„Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
„Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
„Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
„Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
„Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
„Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
„Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
„Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат;
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Државниот завод за ревизија, со седиште на ул. „Македонија” број 12/3, објект Палата Македонија, телефон 02/0000-000, факс 02/3126-311, електронска пошта: xxx@xxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е: Xxxxxxxx Xxxxxxxxx, електронска пошта: xxxxxxxx.xxxxxxxxx@xxx.xxx.xx, телефон 0000-000 лок.125 и факс 02/3126-311.
1.3. Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на софтвери, за потребите на Државниот завод за ревизија. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ.
Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка нема да се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), освен во делот на електронската аукција која задолжително се спроведува преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот за понуда кое претходно е регистрирано во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, електронската аукција нема да се одржи, а договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена , првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14 и 78/15) и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштита при работа. Потребните закони можат да се најдат во соодветните изданија на „Службен весник на Република Македонија„. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да ги добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштита при работа).
1.7 Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од буџетот на Државен завод за ревизија од сметката на проектот МАК-12/0015 „Имплементација на систем за управување со ревизија“ финансиран од грант на Кралството Норвешка.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
1.8.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.7 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.8 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.9 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.10 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
по пошта,
по факс, или
со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта или со користење на електронски средства во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорнот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
личната состојба,
способноста за вршење професионална дејност.
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите односно десет работни дена кај набавките со проценета вредност над еден милион евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган, а кој не смее да е покус од пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од подточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од подточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од подточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператот не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.3.2 Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.1.3 Појаснувањето, договорниот орган ќе го достави преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку модулот „Одговор на прашања во хартиена форма“, при што откако ќе се објави одговорот, за истиот ќе биде доставена нотификација до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
Пополнет Образец на понуда (Прилог 1);
Модел на договор, парафиран (Прилог 2);
Документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2.2 од тендерската документација;
Документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3);
Изјава за независна понуда (Прилог 4);
Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува) (Прилог 5);
Договор за групна понуда [само за група на економски оператори];
Образец за општи информации (Прилог 6).
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на образецот на понуда даден во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2. При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.2 Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.3 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.7 Форма и потпишување на понудата
Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува овластено лице од страна на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.8 Затворање и обележување на понудите
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
го содржи бројот на огласот,
во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено или оштетени и притоа може да се види нејзината содржина поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите, ќе се отфрлат како неуредни.
4.9 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.9.1 Краен рок за доставување на понудите е 16.11.2015 година во 10:00 часот.
4.9.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: ул. Македонија 12/3, 1000 Скопје, со назнака "За отворена постапка бр. 09/2015".
4.9.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.10 Алтернативни понуди
Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.11 Измена, замена и повлекување на понудата
4.11.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.11.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.8, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.11.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.9.
4.11.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 16.11.2015 година во 10:00 часот, во просториите на Државниот завод за ревизија, Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, комисијата задолжително бара од понудувачите за кои не е објавена негативна референца да ги појаснат или дополнат документите за утврдување на способност. Барањето од договорниот орган за појаснување или дополнување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена во техничката или финансиската понуда нема да се бараат, нудат или дозволуваат, освен појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички грешки.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.5 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
6.1.6. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, Носителот на набавката е должен да достави корегирана/изменета понуда согласно вредноста постигната со завршувањето на аукцијата врз основа на која ќе биде склучен договорот за јавна набавка. Останатите карактеристики на понудата остануваат непроменети.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвиква правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во писмена форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
податоци за застапникот или полномошникот,
назив и седиште на договорниот орган,
број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
опис на фактичката состојба,
опис на неправилностите и образложение по истите,
предлог на докази,
жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
потпис на овластено лице.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.11 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 4 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 10 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Xxxxxxx избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативната референца.
7. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапката каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган,
договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
8. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Техничка спецификација
Државниот завод за ревизија има потреба од набавка на софтвери согласно следниве карактеристики:
Реден број |
Опис |
Број на лиценци |
1 |
OfficeProfessionalPlus 2016 Government OLP или еквивалент Софтверскиот пакет да има трајна лиценца за еден компјутер, со вклучени целосни верзии на Outlook, Publisher, Access, Word, Excel, PowerPoint, OneNote или еквивалентни. Целосно компатибилен со верзија на оперативни системи на Windows 7 или понови и со мрежни ресурси во доменска структура на Microsoft Sharepoint server 2013 архитектура. |
120 |
Напомена:
Доколку софтверите се електронски лиценци, Државниот завод за ревизија треба да добие пристап преку базата на производителот. Во оваа база ќе може да се видат купените лиценци и да се преземат соодветните верзии. Софтверите треба да се достават со лиценца која треба да подржува преносливост во случај кога имаме потреба од менување компјутер (licence reassignment rights).
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број 09/2015 објавен од страна на Државниот завод за ревизија, за доделување на договор за јавна набавка на софтвери со спроведување на отворена постапка, која се спроведува во хартиена форма и завршува со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx) и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно условите дефинирани во техничките спецификации.
II.2 Нашата понудата е составена од следниве елементи:
Пополнет Образец на понуда (Прилог 1);
Модел на договор, парафиран (Прилог 2);
Документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 2.2.2 од тендерската документација;
Документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.1 од тендерската документација;
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 3);
Изјава за независна понуда (Прилог 4);
Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува) (Прилог 5);
Договор за групна понуда [само за група на економски оператори];
Образец за општи информации (Прилог 6).
II.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
II.4. Изјавуваме дека ги почитуваме законите за заштита на интелектуалната сопственост
Дел III – Финансиска понуда
III. 1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
Ред бр. |
Назив |
Број на лиценци |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ
|
ДДВ |
Вкупна цена со ДДВ
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 (3*4) |
6 |
7(5+6) |
1 |
OfficeProfessionalPlus 2016 Government OLP или еквивалент
|
120 |
|
|
|
|
ВКУПНО |
|
|
|
|||
|
|
|
|
III. 2. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: _______________________________________________________ [со бројки] (__________________________________________________________) [со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________.
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.4. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
III.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот модел на договор.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице (задолжително да се достави овластување)
Прилог 2 – Модел на договор
Д О Г О В О Р
за набавка на софтвери
Склучен помеѓу:
1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, ул. “Македонија„ бр.12/3, со ЕМБС __________застапуван од м-р Тања Таневска, главен државен ревизор (во понатамошниот текст, Договорен орган) и
2. ________________________________________, ул.__________________ бр.____, со ЕМБС__________,застапувано од_________________________ (во понатамошниот текст, Носител на набавка)
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
член 1
Со овој договор се утврдуваат меѓусебните права и обврски на Договорниот орган и Носителот на набавката во врска со набавка на софтвери за потребите на Договорниот орган по вид, карактеристики и количини согласно техничката спецификација и понудата на Носителот на набавката доставена по спроведената електронска аукција, кои се составен дел на овој Договор, кои Носителот на набавката се обврзува да ги испорача, а Договорниот орган да ги преземе и плати во согласност со одредбите на овој Договор.
II. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
член 2
Вкупната вредност на набавката од член 1 на овој договор изнесува _______________денари.
Во цената се вклучени сите трошоци, попусти и други давачки, без ДДВ.
Цената на средствата од овој член е непроменлива до негова целосна реализација.
член 3
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка се обезбедени од буџетот на Државен завод за ревизија од сметка на проектот МАК-12/0015 „Имплементација на систем за управување со ревизија“ финансиран од грант на Кралството Норвешка.
III. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
член 4
Плаќањето на предметот на набавката од член 1 на овој Договор, ќе се изврши во рок до 60 дена по приемот на фактурата со приложена испратница, потпишана од страна на Договорниот орган и Носителот на набавката.
Должничко доверителскиот однос настанува со денот на испораката.
IV. РОК И МЕСТО НА ИСПОРАКА
член 5
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 20 дена од денот на потпишување на договорот на следнава локација, ул. Македонија бр.12/3 Палата Македонија.
V. КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ
член 6
Квалитативен и квантитативен прием на материјалите предмет на овој Договор врши Договорниот орган по испратница, потпишана од двете договорни страни.
VI. КВАЛИТЕТ
член 7
Носителот на набавката се обврзува да го испорача предметот на овој договор согласно утврдениот квалитет на декларираните производители на производите и техничката спецификација.
член 8
Доколку Носителот на набавката го испорача предметот на набавка со понизок квалитет или друг вид, Договорниот орган нема да го прими, а истиот ќе биде вратен на товар на Носителот на набавката.
VII. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
член 9
За доцнење на договорените рокови за испорака на предметот на овој Договор, Носителот на набавката се обврзува да му плати на Договорниот орган надомест на штета во висина од 0,5% од вредноста на договорот за секој ден доцнење, сметано од првиот ден на доцнење. Вкупниот износ на казнените пенали не може да премине 10% од вкупната вредност на Договорот.
Доколку до доцнење дојде по вина на Договорниот орган, надомест на штета нема да се применува.
VIII. ВИША СИЛА
член 10
Договорните страни се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон другата за загуба, штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор, кои се предизвикани со дејство на виша сила.
Под виша сила се подразбира она што е регулирано со Законот за облигациони односи.
Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна во случај на настапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.
IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 11
Овој Договор се смета за склучен и стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни, односно на денот кога е потпишан од договорната страна која последна го потпишала, во случај договорот да не е потпишан во ист ден од двете договорни страни и важи до неговата целосна реализација.
член 12
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата страна, ќе и остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорните страни не ја исполнила својата обврска во определениот рок, ниту во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
член 13
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата страна без одлагање.
член 14
Сите евентуални спорови кои можат да произлезат од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено во духот на добрите деловни обичаи и со меѓусебно договарање, а во случај на спор кој не може да се реши спогодбено, за истиот за надлежен се определува надлежниот суд во Скопје.
член 15
За се што не е предвидено со овој Договор, ќе се применува Законот за облигациони односи и позитивните законски прописи во Република Македонија.
член 16
Овој Договор е изработен во 4 /четири/ еднообразни примероци од кои по 2 /два/ за Договорниот орган и 2 /два/ за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА _________________________
Главен државен ревизор _______________________
(Одговорно лице)
м–р Тања Таневска __________________________
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот____________________________________________________________ , изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата во отворената постапка број 09/2015 за доделување на договор за јавна набавка на софтвери и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Изјавата за сериозност на понудата може да биде потпишана и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 4 – Изјава за независна понуда
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот _________________________________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во отворената постапка број 09/2015 за доделување на договор за јавна набавка на софтвери ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за отворената постапка број 09/2015. не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице*
________________ _____________________
(потпис)
*Изјавата за независна понуда не може да биде потпишана од ниту едно друго лице освен од одговорното лице
Прилог 5 - ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи
|
Бројот на страниците со тие информации |
Причини за доверливост на тие информации |
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Место и датум Одговорно лице*
________________ _____________________
(потпис)
*Ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува
Прилог 6 - ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
|
|
|
|
2. Адреса на седиштето:
|
|
3. Телефон:
|
4. Контакт: |
5. Факс:
|
6.e-mail: |
7. Место на основањето / регистрацијата:
|
8. Година на основањето / регистрацијата:
|
9. Основни дејности на економскиот оператор:
|
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис) |
*Во случај на групна пријава за учество, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН