● Издавање на национален студентски веб портал studenti.mk.
Врз основа на член 18 од Законот за здруженија и фо ндации 2010 (Сл.весник бр.52/2010) и одлуката за основање на Здружението СТУДЕНТИ.МК. Основачкото собрание на здружението, на седницата одржана на ден 29.05.2017 година го донесе следниов:
С Т А Т У Т
на Здружение СТУДЕНТИ.МК од Скопје
Општи одредби Член 1
Член 2
Граѓаните се здружуваат во Здружението, заради остварување на следниве цели:
● Издавање на национален студентски веб портал xxxxxxxx.xx.
● Обезбедување и дистрибуција на информации , огласи за вработување , студентска пракса, стипендии, конкурси, грантови и студентски програми до студентите , преку веб порталот xxxxxxxx.xx
● Поттикнување на креирање системи за поддршка на студентите на локално и национално ниво;
● Воспоставување и развивање на соработката со студентите и студентските организации од другите земји;
● Иницијативи за промоција и развој на студентска волонтерска работа во Македонија и странство
● Организација на семинари, предавања, работилници и обуки
● Спонзорирање на студентски активности и студентски организации
● Организирање на кампањи и културни активности иницирани од студенти или нивните организации во Македонија
● Поддршка и развој на проекти за студентска културна размена со странство
● Поддршка и обезбедување на студентска пракса во Македонија за студенти од странство
Член 3
Здружението СТУДЕНТИ.МК од Скопје дејствува на територијата на целата држава , а се организира за подрачјето на општина Скопје. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации во земјата и странст во согласно Уставот и Законот и овој Статут.
Член 4
Здружението како Здружение со своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите утврдени со Уставот, со овој Статут и Законите на државата.
Член 5
Називот на здружението на граѓани е: СТУДЕНТИ.МК Името на англиски (албански) јазик е: XXXXXXXX.XX Името на англиски јазик е: XXXXXXXX.XX
Скратениот назив на Здружението е: СТУДЕНТИ.МК
Член 6
Седиштето на здружението е во Скопје на бул. Xxxxxxx Xxxxxxxx 58 а се организира и делува на подрачјето на општина Скопје на територијата на државата и останатите земји.
Член 7
Здружението СТУДЕНТИ.МК го претставува застапува Претседателот. Здружението има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението а на средината стои логото на здружението.
Штембилот на Здружението е правоаголен со следниот текст: СТУДЕНТИ.МК на (НВО СТУДЕНТИ.МК), број, дата и место.
Цели и задачи на Здружението Член 8
Граѓаните се здружени во Здружението заради остварување на поширок заеднички
интерес.
Основни цели и задачи на Здружението се:
● Издавање на национален студентски веб портал xxxxxxxx.xx.
● Обезбедување и дистрибуција на информации , огласи за вработување , студентска пракса, стипендии, конкурси, грантови и студентски програми до студентите , преку веб порталот xxxxxxxx.xx
● Поттикнување на креирање системи за поддршка на студентите на локално и национално ниво;
● Воспоставување и развивање на соработката со студентите и студентските организации од другите земји;
● Иницијативи за промоција и развој на студентска волонтерска работа во Македонија и странство
● Организација на семинари, предавања, работилници и обуки
● Спонзорирање на студентски активности и студентски организации
● Организирање на кампањи и културни активности иницирани од студенти или нивните
организации во Македонија
● Поддршка и развој на проекти за студентска културна размена со странство
● Поддршка и обезбедување на студентска пракса во Македонија за студенти од странство
Визијата на Здружението на СТУДЕНТИ.МК е подигнување на нивото на информирање на активната студентска популација од Република Македонија и иницирање на активности за поврзани со поголема заинтересираност за општествени активности, студентска пракса, интернационални стипендии, конкурси, обуки, грантови за научно-истражувачка дејност како и нивно активно вклучување во креирањето на нови платформи за нивна интеграција во системите за идно вработување во Македонија. Здружението СТУДЕНТИ.МК во својата визија исто така има утврдени цели за изведување на анализи поврзани со животот, студирањето и визијата на студентската популација на Р.Македонија.
Мисијата на Здружението „ СТУДЕНТИ.МК “е оптимизирање на интересите на студентската популација на Р.Македонија преку различни форми на информирање и иницирање на прогресивен поглед кон иднината , поврзана со работа и живот во Македонија . Наша мисија исто така е јакнење на капацитетите на студентската популација преку иницирање за нивно вклучување во различни форми на работни активности поврзани со стучна пракса во Македонија и надвор од неа.
Член 9
Здружението со посебна одлука може да формира акционерско друштво, друштво со ограничена одговорност и друг облик, согласно Законот за тр говски друштва.
Здружението работи врз основа на план и програма за работа.
Член 10
Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
● Издавање на национален студентски веб портал xxxxxxxx.xx.
● Обезбедување и дистрибуција на информации , огласи за вработување , студентска пракса, стипендии, конкурси, грантови и студентски програми до студентите , преку веб порталот xxxxxxxx.xx
● Поттикнување на креирање системи за поддршка на студентите на локално и национално ниво;
● Воспоставување и развивање на соработката со студентите и студентските организации од другите земји;
● Иницијативи за промоција и развој на студентска волонтерска работа во Македонија и странство
● Организација на семинари, предавања, работилници и обуки
● Спонзорирање на студентски активности и студентски организации
● Организирање на кампањи и културни активности иницирани од студенти или нивните организации во Македонија
● Поддршка и развој на проекти за студентска културна размена со странство
● Поддршка и обезбедување на студентска пракса во Македонија за студенти од странство
Членувње Член 11
Член на Здружението СТУДЕНТИ.МК може да биде секој полнолетен граѓанин, кој
доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање на потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување, во согласност со Закон. Зачленувањето на Здружението се врши со пристапница односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престано к на членувањето во Здружението, задолжително се враќа со потпишување на лична писмена изјава.
Здружението СТУДЕНТИ.МК за своите членови води регистар на членство кој се ажурира еднаш годишно . Податоците од регистарот се заштитени во согласно ст со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.
Член 12
Членот има право да бира и да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението, да придонесува во развојот, промовирање и популарноста на Здружението, доброволно да се откаже од членувањето, да ги изнесува своите ставови по поставени прашања. Правото да бидат избрани е ограничено само за малолетните членови.
Член 13
Членовите на Здружението се должни:
- да го почитуваат Статутот,
- да п рисуствуваат на состаноците, да доставуваат податоци и извештаи за работата на Здружението во остварувњето на целите на Здружението
- да земаат активно учество во спроведувањето на Програмата на активностите на Здружението,
- да ги извршуваат активностите пред видени со Програмата за работа.
Член 14
Членството во Здружението може да престане:
- по барање на членот на Здружението,
- ако не го почитува Статутот и обврските кои произлегуваат од него,
- ако дејствува против целите на Здружението,
- ако не ја плаќа редовно чланарината,
Одлука за престанок на членството во Здружението донесува Извршниот Одбор на Здружението.
Јавност во работата Член 15
Работата на СТУДЕНТИ.МК е јавна.
Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување ( на членовите, други здруженија или пошироката јавност) за работењето и активностите на Здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално – финансиско работење и друго.
За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата, интернет стараница та како и списанието и таблата за јавно огласување која стои на видно место во просториите на самото здружение.
Финансирање на здружението
Член 16
Здружението остварува средства од:
- членарина,
- донации, доброволни прилози,
- буџет на РМ и локалните самоуправи,
- давање на услуги на други здруженија, организации и институции
- провизии од органи, организации, заедници и од други установи,
- од трговски друштва и други правни лица;
- од други услуги (имотни права и сл.),
- од други извори предвидени со Законот и Статутот
Член 17
Користење и располагањето со средствата на Здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми, утврдени со финансискиот план и врз основа на валидни документи.
Член 18
За користење и располагањето со средствата одлучуваат органите на Здружението, согласно надлежносите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целосообразно користење на средствата и за спречување и отсранување на незаконитостите.
Член 19
Здружението СТУДЕНТИ.МК донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на Здружението.
Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 16 од Статутот, како и расходите за општествената активност, плати на вработените, материјали, трошоци за работа на Здружението и други расходи сврзани со работата на Здружението. Финансискиот план може во секое време да се измени.
Органи на Здружението Член 20
Органи на НВО СТУДЕНТИ.МК се:
1. Собрание
2. Извршен одбор
3. Надзорен одбор
Собрание на здружението Член 21
Собранието е највисок орган на Здружението. Собранието на Здружението СТУДЕНТИ.МК го сочинуваат сите полнолетни членови на Здружението Собранието избира
Претседател со мандат од 4 години со право на повторен избор.
Претседателот го застапува и претставува Здружението. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
Член 22
Изборното Собрание се свикува на секои 4 години и конституирањето на органите и телата мора да се изврши 30 дена пред истекот на мандатот на членовите на органите и телата.
Поканата со материјалите за дневен ред во писмена форма се доставуваат најмалку 7 дена пред одржување на седницата.
На изборното собрание се избира:
- Работно претседателство од три члена;
- Записничар;
- Двајца оверувачи на записникот;
- Органи на управување на Здружението.
Член 24
Член 23
Седници на Собрание свикува Претседателот на Собранието по сопствена иницијатива. Седници на Собранието се свику ва и по предлог на Извршниот одбор на Здружението или на
1/5 од вкупниот број членови на Собранието.
Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.
Седницата на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по предлог на надзорниот одбор.
Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.
Чле н 25
Собранието на Здружението СТУДЕНТИ.МК од Скопје од редовите на своите членови на редовни или вонредни собранија избира Извршен одбор.
Член 26
Собранието може полноправно да одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.
Собранието по пр авило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.
На собранието се одлучува со јавно гласање, но по потреба и на предлог од 1/3 од членовите /
делегатите гласањето може да биде и тајно.
Членовите на Собранието во секое време треба да ги имаат целите и интересите на Здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна.
Член 27
Собранието ги врши следните работи:
- Донесува Статут на Здружението СТУДЕНТИ.МК и врши измени и дополнувања на истиот;
- Усвојува годишен извештај, насоки и план за работа,
- Усвојува завршна сметка и финансиски план,
- Одлучува за промена на целта на здружувањето
- Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението
- Oдлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации.
- Констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
- Избира Претседател на Здружението;
- Донесува програма за работа на Здружението;
- Избира и разрешува членови на Извршниот одбор;
- Го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија;
- Ја следи материјално финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија ;
- Расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;
- Донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;
- Избира и разрешува членови на Надзорниот одбор.
- Разгледува и одлучува врз основ на наодите на Надзорниот одбор.
- Одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство;
- Врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите,
Извршен обор
Член 28
Извршниот Одбор на здружението СТУДЕНТИ.МК од Скопје е Извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развој на здружението во согласност на Статутот.
Член на Извршниот одбор се изема од гласање за прашања поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина до втор степен и за прашања кои се однесуваат на некое лице врз кое тој има контрола или економски интерес.
Член 29
Извршниот Одбор на Здружението СТУДЕНТИ.МК брои пет члена. Мандатот на членовите на Извршниот Одбор трае четири години.
Извршниот одбор од своите редови избира Претседател со мандат од 4 години со можност да биде повторно избран.
Претседателот на Извршниот Одбор истовремено е и претседател на Собранието на Здружението и претседател на Здружението и тој го претставува и застапува Здружението и е наредбодавател и во областа на материјално и финансиско работење на друштвото.
Член 30
Претседателот на Извршниот одбор ги свикува седниците на Извршниот одбор, предлага дневен ред и ги раководи седниците.
Во случај на отсутност на претседателот на Извршниот одбор на седницата го заменува еден од членовите на Извршниот одбор по предлог на претседателот.
Претседателот е должен да свика седница на Извршниот одбор најмалку еднаш месечно, а по потреба повеќе пати по барање на 1/2 од членовите на Извршниот одбор.
Член 31
Извршниот Одбор ги врши следниве работи:
- Ги подготвува седниците на Собранието, припрема материјали за седниците на Собранието;
- Го подготвува нацрт статутот, предлага измени и дополнување на статутот и ги подготвува другите одлуки што треба да ги донесе Собранието;
- Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени на собранието;
- Ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението;
- Формира Xxxxxxx служба и в рши контрола на нејзината работа;
- Управува и одговара за управувањето со имотот на здружението;
- Подготвува годишен и периодичен извештај за својата работа;
- Донесува и реализира годишна програма за работа;
- Донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;
- Констатира прием на нови членови и престанок на членување доколку за тоа биде овластен извршниот одбор од страна на собранието;
- Именува и разрешува секретар- Главен координатор на Здружението;
- Донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и комисии и ја насочува нивната работа;
- Организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;
- Доделува одлуки за награди, пофалници и признанија;
- Дава согласност за набавка и отуѓување на основни те средства;
- Дава согласност на Правилникот за организација и работните задачи на стручната служба на Здружението, и врши контрола на нејзиното работење;
- Донесува одлуки по приговори и жалби;
- Предлага и спроведува финансиски план и изготвува завршна сметк а на Здружението;
- Решава за формирање на ограноци на Здружението;
- Именува членови на стручната служба на Здружението;
- Донесува акти со кои се уредува работата на Стручната служба;
- Врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружение и од Законот.
Член 32
Извршниот Одбор за својата работа одговара пред Собранието на Здружението. Извршниот Одбор се состанува и одржува седници по потреба.
Седницата на извршниот Одбор ја свикува Претседателот.
Предлог за свикување на Извршниот Одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор или една третина од членовите на Собранието.
Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство ќе раководи член од Извршниот одбор кој ќе го назначи Претседателот.
Начинот на св икување на седницата и работењето на Извршниот Одбор се уредува со деловникот за работа.
Членовите на Извршниот одбор во секое време треба да ги имаат целите и интересите на здружението над поединечните или посебните цели на која и да е друга страна.
Член 33
Заради извршување на статутарните и програмските задачи и Одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот одбор формира други работни тела.
Надзорен одбор Член 34
Надзорниот одбор на Здружението брои 3 членови кои се избираат од редот на надвор ешни лица, кои не се членови на Собранието.
Членовите на Надзорниот одбор во исто време не можат да бидат и членови на други органи на здружението.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години.
Член 35
Надзорниот одбор работи на седници. Седниците ги свикува претседателот и раководи со нивната работа. Претседателот на Надзорниот одбор свикува седници најмалку еднаш годишно и по потреба.
Член 36
Надзорниот одбор ги врши следниве работи
- Врши надзор на правилното спроведување и примена на одредбите од статутот
и другите општи акти на Здружението;
- Врши надзор на извршувањето на одлуките на Собранието, Извршниот одбор и на другите тела на здружението;
- Врши надзор за наменско трошење на средствата;
- Еднаш годишно поднесува извештај за направениот увид;
- Предлага мерки за спречување и отстранување на неправилностите во работата;
- Врши и други работи согласно законот и актите на здружението; Своите наоди и одлуки надзорниот одбор ги доставува до Собранието и
Извршниот Одбор на НВО СТУДЕНТИ.МК од Скопје
Стручна служба Член 37
За извршување на административно стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Здружението се формира стручна служба.
Организацијата и работата на Стручната служба се уредува со акти кои што ги донесува Извршниот одбор.
Член 38
Правата, должностите и одговорностите за работа на вработените на Стручната служба на Здружението - Координаторите на програми ги утврдува Главниот Координатор на програма , кој раководи со стручната служба на Здружението.
Член 39
Главниот Координатор на програма е истовремено и координатор на Здружението, и истиот може да биде во редовен работен однос како и другите координатори со сите права, должности и одговорности што произлегуваат од ЗРО, Статутот и актите на Здружението.
Член 40
Главен координатор и Координатор/и на програма/и може да биде лице со најмалку три години работно искуство во странски и домашни невладини организации, пожелно високо образование, познавање н а странски јазик и работа со компјутери, пишување и раководење на проекти, висок степен на познавање на областа во која делува здружението, како изразени организациони и менаџерски способности и квалитети.
Член 41
Вработените во стручните службине можат да бидат избрани за членовина извршните органи на здружението на граѓани.
Член 42
Изборот на Главен Координатор и Координаторите на програми го врши Извршниот одбор на здружението со мнозинство од гласовите имајќи ги во предвид одредбите од став два од чл.28 од Статутов.
Член 43
Главниот Коорди натор на програма е одговорен за извршување на финансискиот план и се
грижи за извршување на одлуките и заклучоците на Извршниот Одбор и Собранието на Здружението.
Главниот координатор и координатори те на програма се одговорни за својата работа пред Извршниот Одбор.
Главниот координатор и координаторите на програма учествуваат во работата на Извршниот одбор без право на глас.
Главниот координатор и координаторите на програма имаат право да свикаат седница на Извршниот одбор доколку за тоа имаат согласност од 1/2 од членовите на Извршниот одбор.
Член 44
Средствата за работа на стручната служба и Координаторите на програми се определуваат со финансискиот план секоја година, и тоа средства за плати, материјални трошоци и други тековни средства за работа на Здружението.
Престанок на Здружението Член 45
Здружението престанува со работа во следниве случаи:
- Ако за тоа се изјаснат 2/3 од членовите на Собранието на Здружението;
- Ако бројот на членовите се намали под бројот определен со Закон за основање на Здружение ;
- Ако настапат причини утврдени по член 63 од Законот за здруженија и фондации. Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.
Основачите на здружението СТУДЕНТИ.МК имаат право да го укинат здружението .
Член 46
Во случај на престанок на работатата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на организација истоветна на здружението.
Член 47
Доколку неможат да се исполнат условите утврдени во Членот 46, во случај на престанување на работата на здруже нието неговиот имот преминува во сопственост на државата.
Преодни и завршни одредби
Член 48
Толкување на одредбите на овој Статут дава Собранието на Здружението, а помеѓу две Собранија, Извршниот одбор на Здружението.
Член 49
Измени и дополнување на овој Статут се вршат по иста постапка како и за неговото донесување.
Член 50
Овој Статут влегува во сила од денот на неговото донесување, на ден 29.05.2017 година.