Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. ВМРО бр.3, 1000 Скопје, тел. 02 3288 800. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Дополнителни услови за осигурување на јавна одговорност и одговорност од производ
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. ВМРО бр.3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 01.11.2012 година и со одлука бр.038/12 се применуваат од денот на донесувањето.
Значење на одредени изрази
1. Работа вклучува обезбедување на друштвени спортови и социјални услуги за вработените, амбуланта, противпожарна заштита и прва помош и приватна работа прифатена од страна на вработен со согласност на осигуреникот за директор или партнер или вработен кај осигуреникот.
2. Телесна повреда подразбира смрт, повреда, болест или заболување од или на некоја личност.
3. Штета подразбира губиток на имот или контрола на или реална штета на реална сопственост.
4. Сопственост подразбира физичка сопственост.
5. Под Вработен се подразбира:
(а) секоја личност под договор за работа или стажирање кај осигуреникот. (б) секој работодавец или личност назначена од него или лице вработено како кооперант.
(в) секое лице вработено или најмено од страна на осигуреникот.
(г) секое лице со работно искуство кое работи за осигуреникот поврзано со работата.
6. Под Производ се подразбира секоја стока или се друго што вклучува пакување и етикетирање, продавање, снабдување, изнајмување, градење, монтирање, третирање, инсталирање, поправање, услужување, сервисирање, преработување, управување, транспортирање или преместување од или во име на осигуреникот, или било која структура издигната или инсталирана, или договарање на работа извршена од или во име на осигуреникот во склоп на работата на осигуреникот.
7. Територијални граници се:
(а) Република Македонија.
(б) секаде во светот освен државите кои функционираат под зaконот на САД или Канада.
8. Настан значи секој или сите случки кои произлегуваат од една оригинална причина и вклучуваат, но не се ограничени на неколку случки со телесни повреди или губиток или штета на сопственост поврзани со иста грешка во дизајнот и инструкциите за производство, за употреба или етикетирање, или кои се препишуваат на набавката на исти производи или производи кои имаат ист дефект и се третираат како еден настан, независно од бројот на оштетени поднесувачи на барање или овластени поднесувачи на оштетно побарување.
9. Вишок - износ или износи наведени во полисата за кој е одговорен осигуреникот.
10. Загадувачи се сите тврди, гасовити или термални иританти или загадувачи кои вклучуваат чад, испарување, саѓи, киселини, алкалии, хемикалии и отпад. Отпадот вклучува материјали кои се рециклираат, ремонтираат или култивираат.
11. Финансиски губиток е паричен губиток или трошок кој не произлегува од телесна повреда на некоја личност или губиток или штета на Сопственост.
12. Габи се секој тип или форма на габи, вклучувајќи мувла, мирис на мувла или нуспроизвод произведен или ослободен од габи.
Осигурувачот обештетува
1. До Лимитот на надомест за законската одговорност за надомест на штета во поглед на:
(а) телесна повреда на некоја личност како последица на незгода.
(б) случаен губиток или штета на сопственоста кои можат да се појават во текот на осигурителниот период во рамките на територијалните граници и се во врска со работата.
Во поглед на настан, сите штети :
(а) мора да се случиле во исто време кога првата штета пријавена до осигурувачот се случила, дури и во случај да последичните побарувања се јават по истек на постоечкииот осигурителен период.
(б) Осигурително покритие кое започнува после датумот на настанување
на штета како оној погоре, исклучува оштета во поглед на барања кои произлегуваат од ваков настан.
(в) Во случај на целосно оштетување вредноста на сопственоста изнесува
• за градежни објекти - градежната вредност на објектот, односно цената на чинење до колку во времето и местото на определување на вредноста (проценката) таков ист објект одново би се градел, намалена за износот на проценетата амортизирана вредност, до колку поинаку не е договорено.
• за залихи на стока, материјал и суровина-набавната цена, а ако пазарната цена е пониска од набавната, тогаш пазарната цена зголемена за зависните трошоци;
• за залихи на готови производи и недовршени производи кај производителот - производната цена. Доколку пазарната цена е пониска од производната, тогаш пазарната цена;
• за машини, уреди и инсталации, транспортни средства и средства за врска, инвентар и предмети за домаќинство - набавната цена на нови ствари намалена за износот на проценетото амортизирање (техничко и економско).
2. Во однос на законската одгворност за трошоците на поднесувачите на барање во врска со горенаведената точка 1
3. Во поглед на:
(а) исплаќањето на хонорарите на адвокатите за застапување во истрага, вештачење или судска постапка кои произлегуваат од секое наводно кршење на законските права, што резултира во случка утврдена во точка 1, која може да биде предмет на обештетување под оваа полиса.
(б) сите останати трошоци во врска со секоја работа која може да даде предмет за барање, под погоре наведената точка 1, со писмена согласност на осигурувачот.
Обврските на осигурувачот за сите надомести на штети кои се плативи од страна на осигурувачот според полисата за осигурување кон секој поднесувач или повеќе поднесувачи на барање во поглед на настан не може да ги надмине лимитите на надомест означени во полисата.
Кога осигурувачот е одговорен да обештети повеќе од една странка, вкупниот надомест на штета не може да ги надмине лимитите на надомест означени во полисата за осигурување.
Исклучоци
Ова осигурување на ја покрива законската одговорност за надомест на штета:
1. За телесна повреда на било кој вработен која произлегува од работењето или неговото вклучување во работата од страна на осигуреникот.
2. Која произлегува од сопственост или употреба од страна на или во име на осигуреникот или било која овластена личност на секое:
(а) механичко погонувано возило, освен законската одговорност која произлегува од:
I употребата на вакви возила како средство за трговија;
II употреба на машински постројки на простор на осигуреникот;
III товарање или растоварање на возило, при што се исклучуваат случаите кога законската одговорност за надомест на штета се обезбедува со некој договор или полиса за осигурување на моторни возила или кога осигурувањето е барано со закон.
(б) објект, направен да се движи по вода, воздух или во вселената
(в) платформа за вадење нафта, дупчалка или крајбрежна инсталација
3. Која произлегува од или е во врска со даден совет или упатство дадено за хонорар.
4. (а) од било која природа директно или индиректно предизвикана од: I загадување или контаминација, освен кога тоа загадување или контаминација е предизвикано од ненадејна, ненамерна или неочекувана случка, за време на осигурителниот период.
II трошоците за отстранувањето, неутрализирањето или чистењето на загадувачките или контаминациските материи, освен кога тоа загадување или контаминација е предизвикано од ненадејна, ненамерна или неочекувана случка, за време на осигурителниот период.
(б) намерни штети, казни или пенали изречени на осигуреникот или за секој трошок или камата поврзани со ваквото изрекување на казни кое произлегува директно или индиректно од ослободување, ширење или истекување на загадувачи.
5. Во поглед на уништување или оштетувањето на сопственост која е во посед, користење или под контрола на осигуреникот или било кој вработен освен:
(а) Личните предмети на вработените, директорите, партнерите или посетителите, вклучувајќи ги возилата и нивната содржина.
(б) Просториите и нивната содржина која не е во сопственост, земена на лизинг или изнајмена од страна на осигуреникот а на која осигуреникот работи.
(в) просториите и нивните инсталации и опрема изнајмени или земени на лизинг од страна на осигуреникот, само ако законската одговорност за надомест на штета е дел од договорот за лизинг или изнајмување.
6. Во поглед на
(а) губиток или оштетување на производот
(б) трошоците за заменување, препоставување, поправање, повлекување на секој производ, предизвикани од дефект или несоодветноста за негова употреба.
7. Штети настанати како последица од непочитување или свесно постапување спротивно на прописите или правилата по кои се обавува дејноста, односно занимањето.
8. За претпоставена одговорност од страна на осигуреникот и кој има склучено договор или спогодба со оштетените лица, а во случај на непостоење на таков договор или спогодба штетата не би се платила.
9. Која произлегува од производ, кој со одредено знаење на осигуреникот е вклучен во било кое воздушно летало или резултира во приземјување на авион.
10. Која произлегува од секој акт,тужба или судска парница во судови под надлежност на САД, нејзините територии, Порто Рико или Канада или кога ваков акт,тужба или судска парница се врши во судови надвор од овие земји, и се спроведува по пат на реципрочна спогодба.
11. За финансиска загуба
12. Од било која природа директно или индиректно предизвикана од:
(а) азбест, азбестни влакна, азбестен прав, сите материјали кои содржат азбест или сите огноотпорни керамички влакна
(б) хлорофлуоројаглероди (ЦФЦс), хлорирани јаглеводороди (СНСѕ) или халони
(в) хромиран бакар арсенит
(г) диоксини или фурани
(д) електромагнетни полиња (ЕМФс)
(ѓ) етиленедиаминететрацетична киселина (ЕДТА)
(е) латекс (ж) олово (з) линдан
(ѕ) метил тертиари бутил етер (МТБЕ)
(и) полихрорирани бифенили (ПЦБс)
(ј) секој производ кој содржи силикон кој е во било која форма имплантиран или инјектиран во телото
(к) тутун или производи од тутун (или негови состојки)
(л) преносливи сунѓерасти енцефалопати (ТЅЕ)
(м) уреа формалдехид или уреаформалдехид пена
13. Од било која природа директно или индиректно предизвикана од медицински, фармацевтски или ветеринарни производи, сите медицински средства или производи кои содржат диетални или здравствени додатоци или витамини.
14. Која произлегува од секое барање против осигуреникот од страна на нивна подружница или матично претпријатие.
15. Од било која природа директно или индиректно предизвикана од ХИВ вирусот, синдром на стекнат имоунолошки недостаток (АИДС) или секој вирус или синдром поврзан со АИДС или АРЦ.
16. Од било која природа директно или индиректно предизвикана од габи или бактерии на или во зградата, вклучувајќи ја и нејзината содржина. Исклучокот не се применува за габи или бактерии кои се содржани во стоката или производите кои се наменети за конзумирање.
17. Од било која природа директно или индиректно предизвикана, е резултат или е придонесена од некој терористички чин, независно од тоа дали некоја друга причина придонела на некој начин за губиток, оштетување, повреда или трошок.
18. Во поглед на телесна повреда на:
(а) секоја личност, која може да произлезе од:
I одбивање да се вработи таа личност.
XX укинување на работното место на таа личност.
III акти,постапки или пропусти поврзани со работата, на пример: принуда, деградирање, проценување, пренаменување, дисциплинирање, клеветење, малтретирање, навредување или дискриминирање на таа личност.
(б) сопруга, дете, родител, брат или сестра на таа личност, како последица од повреда на таа личност, на која било која од горенаведените постапки и се направени.
Овој исклучок се применува во случај:
I ако осигуреникот е обврзан како работодавец или во друга улога.
II на секоја обврска за делење на штетата со или да му се отплати на некој друг кој мора да ја плати штетата за ваквата телесна повреда.
19. Која произлегува од било каква последица на војна, инвазија или напади на странски воени сили (независно дали е објавена војна или не), граѓанска војна, бунт, револуција, побуна, воена или узурпирачка моќ.
20. Од секаква природа која директно или индиректно произлегува од (а) падиоактивно јонизирање, радијација или контаминација од нуклеарно гориво или нуклеарен отпад од согорување на нуклеарно гориво
(б) радиоактивни, токсични, експлозивни или други опасни по живот карактеристики на експлозивни нуклеарни направи или нивни делови.
Услови
1. Придржување
Придржување и исполнувањето на овие услови за осигурување од страна на осигуреникот и вистинитоста на изјавите и одговорите на осигуреникот во наведената понуда, се основни услови за важност на полиста за осигурување.
2. Прифатливи мерки на претпазливост Осигуреникот на своја сметка :
(а) презема прифатливи мерки на претпазливост за да спречи било кој настан од кој би произлегло барање за законска одговорност за надомест на штета по оваа полиса и да ги одржува сите згради, мебел, погони,постројки, машини, уреди и возила во добра состојба и да делува според сите статутарни обврски и правилници.
(б) колку што е можно побзо по откривањето на причината за некој дефект или опасност да се подобри или да се поправи, а во меѓувреме да се преземат дополнителни мерки на претпазливост, како што налагаат оклоностите
3. Промена на околностите на ризикот Осигуреникот е должен веднаш без одложување да го извести осигурувачот за секоја промена на околностите која материјално влијае на ризиците кои се покриени со полисата.
4. Обврски на осигуреникот во случај на штета
Во случај на настан од кој може да произлезе право за надомест на штета на трети лица, осигуреникот:
(а) без непотребно одолговлекување детално и писмено го известува осигурувачот.
(б) задржува се што е поврзано со тој настан за период кој ќе го побара осигурувачот.
(в) веднаш откако ќе ги добие,му го препраќа на осигурувачот секое писмо, барање, налог, повик на суд или постапка поврзано со тоа.
(г) веднаш го известува осигурувачот кога осигурникот има сознание за секоја престојна судска истрага, испрашување, несреќен случај или владина истрага.
5. Контрола на штетите
Ниедно барање, понуда, ветување, исплата или оштета не се прави или дава од страна или во име на осгуреникот во врска со било кое барање за надомест на штета на трети лица без пишана согланост од страна на осигурувачот, кој ќе биде овластен да ја преземе и води, во име на осигуреникот, одбраната или спогодбата за надомест на штета и има целосна дискреција во извршувањето на постапките и во исплатата на оштетните побарувања.
Осигуреникот ги дава сите информации и помош која му е потребна на осигурувачот.
6. Ослободување од одговорност
Осигурувачот, може во било кое време да му го плати на осигуреникот во врска со секоја штета или серија од штети, износот на лимитот на надомест (по одбитокот на секој износ или износи кои се веќе платени како надомест) или секој помал износ за кој е поднесено оштетното побарување и за кое е потпишана спогодба. Во овој случај осигурувачот нема повеќе обврска за исплата на надомест по таа штета или таа серија на штети освен за трошоци по таа штета или серија од штети направени пред датумот на потпиешување на спогодбата.
7. Друго осигурување Ако во времето кога се појавува некое оштетно побарување по оваа полиса, постои друго осигурување кое ја покрива истата законска оодговорност за надомест на штета, осигурувачот не е обврзан да ја исплати штетата, освен за износот кој го надминува лимитот на надомест на таа друга полиса или полиси за осигурување.
8. Доплаток на премијата
Ако премијата за оваа полиса е пресметана според податоци кои се засноваат на проценки и се обезбедени од осигуреникот, осигуреникот мора да води точна евиденција која ги содржи сите детали, информации и податоци релевантни за осигурување и му овозможува на осигурувачот во било кое време да ја прегледа таа евиденција.
Осигуреникот ги обезбедува тие детали, информаци и податоци во рок од еден месец од истекот на периодот на осигурување, кои што ќе ги побара осигурувачот.
Според добиените детали, информаци и податоци се прави конечна пресметка на премија и се доплаќа премија за осигурување. Доколку премијата е минимална и депозитна не се врши повраток на премија за осигурување.
9. Откажување
Осигурувачот може да ја откаже оваа полиса за осигурување со ипраќање на отказно писмо во рок од триесет дена на осигуреникот на неговата последна адреса и во тој случај осигуреникот има право на враќање на пропорционален дел од премијата, соодветно на неистечениот период на осигурување.
Завршни одредби
Составен дел на овие Дополнителни услови за осигурување се и општите услови за осигурување на одговорност во колку не се не се во спротивност со овие Дополнителни услови .
Преписката помеѓу страните поврзани со ова осигурување е во пишана форма.
Во случај кога адреса или нешто друго кое е внесено во полисата е променето, осигуреникот мора веднаш да го извести осигурувачот.
Постоечките општи услови можат да се изменат или дополнат со анекси и дополнувања, договорени и прифатени од страните и вметнати во полисата или друг пишан документ.