Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Општи услови за издавање
на ТИР гаранции
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 15.10.2004 година и со одлука бр.06/04-3 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Предмет на осигурување
Овие услови се применуваат за дефинирање на одговорност на осигурувачот која произлегува од издавање на гарантно писмо за ТИР карнети.
Член 2
Значење на одделни изрази Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења: Осигурувач - друштво за осигурување уника ад - скопје;
Осигуреник - лице чијашто одговорност е покриена со осигурувањето; Корисник на осигурување - гарантот на ТИР режим во Р. Македонија; Сума на осигурување - највисок износ на обврската на осигурувачот за секој осигурен случај;
Премија - износ што се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
Договор за пристап до ТИР режим - договор со кој се регулираат правата и обврските помеѓу осигуреникот и осигурувачот;
Гарантно писмо - исправа на договорот за осигурување.
Член 3
Предмет на осигурување
Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот на име царински давачки или други трошоци кои можат да бидат побарани од било кои царински органи, а кои се однесуваат на стоките увезени во било која земја што е опфатена со ТИР системот и која е предмет на гарантното писмо. Друштвото во својство на гарант за своите осигуреници (превозници) опфатени со ТИР системот им го гаранТИРа плаќањето на сите или поединечни побарувања кои се платени или ќе биде побарано да ги плати на име царински давачки или трошоци побарани од било кои царински органи, а се однесуваат на стоките увезени во било која земја за која важи ТИР режимот.
Член 4
Барање за гаранција
Осигуреникот во писмена форма поднесува барање за добивање на гаранција до осигурувачот и во прилог на барањето доставува список на возила со кои располага со регистарски броеви за влекачите, приколките и полуприколките и др.
Член 5
Издавање на гаранцијата
Гаранцијата која ја дава друштвото ќе се издава за две зони и тоа за: Државите кои потекнуваат од поранешниот советски сојуз, каде максималната финансиска обврска на побарувачот е ограничена на износ од 8.000 УСД (осум илјади американски долари) и Европските држави, каде максималната финансиска обврска на побарувачот е ограничена на износ од 5.000 Евра (пет илјади евра).
Осигурувачот се обврзува на осигуреникот да му издаде гаранција за пристап до ТИР - режим која ќе му послужи за непречено добивање на ТИР -карнети од асоцијацијата кое е гарант во системот ТИР во Република Македонија.
Член 6
Обнова на гаранција
За обнова на гаранцијата по истекот на датумот впишан во гарнцијата, осигуреникот се обврзува на осигурувачот да му достави потврда издадена од асоцијацијата која е гарант во системот ТИР во република македонија за тоа колку ТИР-карнети користел во претходната година како и потврда дека користените ТИР -карнети се во целост раздолжени.
Член 7
Важност на гарантно писмо
Гарантното писмо е непрекинато (постојано) и се издава на неограничено време, со правно дејство од 27 месеци од денот на издадените на ТИР-
карнети, во кој рок треба да се достави известувањето за рекламација на ТИР карнетите по покритие на гарантното писмо.
Член 8
Ограничување на обврска на осигурувачот Максималната финансиската обврска на осигурувачот према оваа гаранција е ограничена на износ кој е наведен во гарантното писмо за влезна гаранција.
Член 9
Престанок на важност на гарантното писмо
Гарантното писмо е со важност се додека не се достави известување од од страна на осигурувачот за престанок на важноста на истото. Финансиска обврска на осигурувачот во однос на ТИР карнетите кои ќе бидат издадени по приемот на известувањето ќе биде ништовна и неважечка.
Член 10
Поднесување на барање за рекламирање на ТИР карнети Барање за рекламирање на ТИР карнетот се доставува од страна на корисникот на осигурување-гарантот на ТИР режим во рок 27 месеци од денот на издадените ТИР-карнети.
По исклучок барањето за плаќање за рекламираните ТИР карнети може да се достави и по истекот на рокот од 27 месеци.
Член 11
Важност на конвенција за мегународен патен превоз на стока За се што не е регулирано со овие услови важат одредбите од конвенција за ТИР -1975 конвенција за мегународен патен превоз на стока.
Член 12
Надлежност во случај на спор
Во случај на спор помеѓу договарачот на осигурувањето - осигуреникот и осигурувачот надлежен е стварно надлежниот суд спрема местото на склучување на договорот за осигурување.
Член 13
Завршни одредби
(1) Во случај кога корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до
1. Организационата единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување (комисија за постапување по преставки);
2. Службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3. Организацијата за заштита на потрошувачи и
4. Агенцијата за супервизија на осигурување.
Друштвото за осигурување преку воспоставен систем и интерни процедури одлучува по поднесените преставки во рок од 30 дена од денот на поднесување на преставката
Друштвото води регистар на доставени и решени преставки и за истите во законските рокови е должно да ја известува агенцијата за супервизија на осигурувањето.
За сето она што не е регулирано со овие општи услови, законот за супервизија на осигурување и законот за заштите на потрошувачите важат одредбите на законот за облигациони односи
(2) Согласно со законот за супервизија на осигурувањето, член 107 и член 108, податоците за осигуреникот и полисата се доверливи.