ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ Примери за клаузули

ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Предмет на осигурување може да бидат сите предмети освен оние кои според овие услови се исклучени од осигурување. [2] Осигурени се само оние предмети што се наведени во полисата и тоа: 1/ кај осигурување на градежни објекти и други неподвижни предмети се сметаат осигурени сите делови на градежниот објект, темелните и подрумските ѕидови, сите вградени инсталации, сета вградена опрема (лифтови, централно греење со цистерна за гориво, бојлери, уреди за климатизација, хидрофори и слично). Ако осигурениот објект е во изградба, осигурен е и градежниот материјал на градилиштето наменет за вградување во тој објект; 2/ кај осигурување на подвижни предмети, ако во полисата предметите не се поединечно наведени, туку како група се смета дека се осигурени сите предмети што се наоѓаат во место на осигурување при што ú припаѓаат на осигурената група, како и оние што биле во групата во моментот на склучување на осигурувањето, а исто така и оние што се внесуваат во групата дополнително. Осигурени се само оние предмети што се во сопственост на осигуреникот и на лицата кои живеат со него во заедничко домаќинство. [3] Ако е посебно договорено, осигурени се и следниве предмети: 1/ предмети на работниците и на други лица примени заради поправка, преработка, обработка, чување, продажба, како привремен залог, под наем и слично; 2/ масивно градени брани и прегради (од камен, бетон, дрво, метал) како и насипи со непропустливо јадро кои од водената страна се обложени со цврст градежен материјал; 3/ железнички пруги; 4/ цврсто изградени пристаништа, кејови, брегови и пропусти (камен, бетон, дрво, метал и слично); 5/ насипи обложени со цврст градежен материјал; 6/ мостови;
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: • работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; • работни возила во целина. Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. Шасијата, односно основата на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред, односно за дел од работен уред. Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел - електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Предмет на осигурување согласно овие услови е организација на асистенција (помош) од страна на Асистентската компанија за корисникот на осигурувањето и покритие на трошоците во согласност со договорениот обем на покритие, достапна дваесет и четири часа во текот на денот.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Овие Услови се применуваат за осигурување од одговорност, а во колку одговорноста се осигурува со некој друг вид осигурување, овие услови се применуваат како тоа го предвидуваат условите за тој вид осигурување.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Со овие услови се осигурува одговорноста на осигуреникот како превозник спрема корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, преземени на превоз со товарен лист или договор, во обем и услови наведени во одредбите од член 2, 3 и 6 од овие услови. Со овие услови не е осигурена вон договорната одговорност на осигуреникот.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Предмет на осигурување од опасностите наведени во членот од овие Услови можат да бидат сите ствари освен оние што со овие Услови се исклучени од осигурувањето.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Предмет на осигурување може да биде исклучиво нов апарат за домаќинство купен кај партнерот.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Предмет на осигурување на стакла е следново: 1) Стакло, светлечки натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурените стакла, плочи од природен и вештачки камен на маси, излози, полици и слично; сообраќајни огледала и сообраќајни знаци, разни паноа и културни, историски, како и надгробни споменици. Покрај светлечките натписи и реклами се осигуруваат и нестаклените делови и рамки како составен дел на истите; 2) Неонските цевки и другите светлечки паноа со сите нивни делови или без нив. [2] Ако е договорено со договорот за осигурување, предмет на осигурување можат да бидат и предмети во излози ако постои опасност од уништување или оштетување во осигурен случај. Осигурувањето не покрива исчезнување на предметите.