за набавка на mFRR балансен капацитет и балансна енергија
ДОГОВОР
за набавка на mFRR балансен капацитет и балансна енергија
Склучен помеѓу:
Оператор на електропреносниот систем на Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем на Р. Северна Македонија во државна сопственост Скопје, xx. Максим Горки бр.4, Скопје, застапувано од Генералниот директор на АД МЕПСО Xxx Xxxxxxx, во натамошниот текст АД МЕПСО од една страна и
2. __________________________________________________, застапувано од Управител ___________________, во натамошниот текст Давател на услуги за балансирање (BSP), од друга страна.
Предмет на Договорот
Член 1
Предмет на овој договор е набавка на mFRR балансен капацитет и балансна енергија за потребите на АД МЕПСО во периодот од 00:00 часот на 01 јануари 2020 година до 24:00 часот на 31 декември 2020.
Временски период |
mFRR балансен капацитет MW |
Цена на mFRR балансен капацитет |
Цена на mFRR балансна енергија €/MWh |
||
регулација нагоре |
регулација надолу |
€/MW |
регулација нагоре |
регулација надолу |
|
Јануари |
|
|
|
|
|
Xxxxxxxx |
|
|
|
|
|
Март |
|
|
|
|
|
Април |
|
|
|
|
|
Мај |
|
|
|
|
|
Јуни |
|
|
|
|
|
Јули |
|
|
|
|
|
Август |
|
|
|
|
|
Септември |
|
|
|
|
|
Октомври |
|
|
|
|
|
Ноември |
|
|
|
|
|
Декември |
|
|
|
|
|
Xxxxxxx - Xxxxxxxx 2020 година
Балансни единици
|
mFRR балансен капацитет MW |
Цена на mFRR балансен капацитет |
Цена на mFRR балансна енергија €/MWh |
||
регулација нагоре |
регулација надолу |
€/MW |
регулација нагоре |
регулација надолу |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Член 2
BSP се обврзува да го стави на располагање закупениот mFRR балансен капацитет на АД МЕПСО.
Најдоцна до 14 часот во денот D-1, BSP до АД МЕПСО доставува распоред за диспечирање на mFRR балансни единици кои ќе бидат вклучени во процесот на балансирање на елекроенергетскиот систем за денот D и истиот се смета за конечен.
Распоредот за диспечирање треба да се достави до АД МЕПСО во следниот формат:
BSP е должен да го подесува опсегот на регулација на секоја балансна единица вклучена во распоредот за диспечирање од став (2) на овој член, така што вкупниот опсег на регулација мора да биде еднаков на закупениот балансен капацитет за периодот.
Во случај на несоодветно поставување на опсегот на регулација, произведената електрична енергија надвор од регулационот опсег ќе се смета за дебаланс.
За меродавни се сметаат оперативните граници овозможени од страна на Операторите во Балансните единици а телеметрирани до SCADA на АД МЕПСО поставени во рамките на оперативните технички можности на балансната единица.
Активирање на mFRR балансна енергија
Член 3
МЕПСО ја активира mFRR балансната енергија само од Листата на приоритетно подредување (мерит ордер листа):
почнувајќи од понудите со најниска цена за балансна енергија за регулација нагоре се додека не се обезбеди потребната количина на балансна енергија,
почнувајќи од највисоката цена за балансна енергија за регулација надолу, се додека не се обезбеди потребната количина на балансна енергија.
mFRR се активира мануаелно од страна на АД МЕПСО со доставување на барање до BSP со сите релеватни податоци за нивно активирање.
Заради функционирање на механизмот на балансирање, BSP обезбедува податоци за диспечирање на балансните единици за АД МЕПСО, преку комуникациска врска SCADA системот на BSP и SCADA системот на МЕПСО.
Во случај на технички потешкотии како резултат на неможност да се реализира активирање на балансна енергија, BSP испраќа известување и нов распоред за диспечирање на балансните единици со расположливи балансни единици кои се во можност да обезбедат mFRR балансна енергија до МЕПСО, еден час пред часот на активирање на балансната единица.
Финансиско порамнување за набавениот mFRR балансен капацитет
Член 4
МЕПСО врши финансиско порамнување за набавениот (резервираниот) mFRR балансен капацитет врз основа на податоците за реално обезбедениот mFRR балансен капацитет од страна на BSP и цените од аукциите за mFRR балансен капацитет.
Балансните единици на BSP се смета дека го овозможиле набавениот mFRR балансен капацитет доколку балансната единица го даде на располагање балансниот капацитет според техничките детали за активирање опишани во Правилата за набавка на mFRR.
Период на порамнување е еден календарски месец.
МЕПСО испраќа извештај за финансиско порамнување за набавка на mFRR балансен капацитет во рок од пет работни дена од првиот работен ден на месецот кој што следи по месецот на кој што се однесува пресметката.
Врз основа на извештајот од став (4) од овој член, BSP испраќа фактура во рок од осум работни денови од доставување на извештајот.
Датумот на доспевање е осум работни дена од датумот на издавање на фактурата.
Финансиско порамнување на mFRR активираната балансна енергија
Член 5
Место на испорака на активираната mFRR балансна енергија е електропреносната мрежа на АД МЕПСО.
Деталните технички спецификации за мерење на електричната енергија врз основа на која се пресметува активираната балансна енергија се одредени во Мрежните правила.
Методологијата за пресметка на количината на активирана mFRR балансна енергија е согласно Член 44 од Правилата за балансирање на ЕЕС.
МЕПСО врши финансиско порамнување само за активираната mFRR балансна енергија врз основа на податоците за количината на активираната mFRR балансна енергија и цените од аукциите за mFRR балансна енергија.
За финансиско порамнување на активираната mFRR балансна енергија се користат цените што ги дава BSPs и тоа онака како што се подредени во мерит ордер листата.
Периодот на финансиското порамнување е еден календарски месец.
МЕПСО испраќа извештај од пресметката за активирана mFRR балансна енергија со цел финансиско порамнување, седум работни денови по завршување на односниот месец.
BSP има право на приговор на извештајот и истиот треба да го испрати не подоцна од два работни дена од неговото испраќање. XXXXX го разгледува приговорот, го подготвува и испраќа конечниот извештај за порамнување не подоцна од еден работен ден откако ќе го добие приговорот и тој станува конечeн за финансикото порамнување.
Доколку BSP не е задоволен од конечниот извештај може да покрене постапка пред РКЕ но тоа не ја одложува обврската за плаќање на фактурата.
МЕПСО ја испраќа фактурата за активирана балансна енергија за регулација надолу до BSP 12 работни дена по завршување на односниот месец.
BSP ја испраќа фактурата за активирана балансна енергија за регулација нагоре до МЕПСО 12 работни дена по завршување на односниот месец.
Датумот на доспевање на фактурите е осумработни дена од датумот на издавање на фактурите.
Последици од неисполнување на обврските
Член 6
Ако BSP не успее целосно да го обезбеди закупениот mFRR балансен капацитет, необезбедениот капацитет (разликата помеѓу закупениот и обезбедениот капацитет) нема да му биде платен.
Гаранција за квалитетно извршување на договорот
Член 7
Секој давател на балансни услуги кој е внесен во Регистарот на Даватели на балансни услуги доколку учествувал на месечната аукција за набавка на mFFR балансен капацитет и балансна енергија и чија понуда е избрана за најповолна е должен да извади финансиска гаранција за квалитетно извршување на услугите најдоцна 5 дена по завршување на месечната аукција за mFRR на износ во висина од 10 % од највисоката месечна вредност вредноста на договорениот mFRR балансен капацитет со важност до 10 дена по завршување на тековниот месец.
Финансиската гаранција може да биде во форма на банкарска гаранција, издадена од реномирана банка избрана од понудувачот и прифатлива за МЕПСО, или депонирани средства.
Раскинување на договор
Член 8
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање по писмен пат.
Во случај на раскинување на договорот по вина на BSP, АД МЕПСО ја наплаќа банкарска гаранција.
Доверливост
Член 9
Договорните страни се согласни да не откриваат детали од овој договор на трета страна, било да се во пишана, усна или електронска форма.
Ова ограничување нема да важи само при аплицирање во Банки од страна на договорните страни и Државните тела кои би вршеле инспекција.
БСП МЕПСО
_________________ _________________