Oпшти одредби Услугите и производите во фитнес клубот “Pulse Fitness & Spa”се обезбедуваат врз основа на принцип на членство во фитнес клубот преку Формулар за регистрација билатерално потпишан од Операторот и соодветниот корисник, што претставува...
ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ЧЛЕНСТВО
Oпшти одредби
Со овие Услови се регулираат односите меѓу Друштво за туризам и угостителство АТЛАНТИС ПУЛСЕ ДООЕЛ Струмица со седиште на ул. Xxxxxxx Xxxxxx бр.18 Струмица - Подружница Фитнес Центар ПУЛСЕ ФИТНЕС И СПА ДООЕЛ Струмица, ЕМБС: 7223773 и ЕДБ: 4080017567746, ул. Ленинова бр.44, ГТЦ Глобал, кат 3, Струмица, /Оператор/ и корисниците на услуги и производи /Корисници/.
Услугите и производите во фитнес клубот “Pulse Fitness & Spa”се обезбедуваат врз основа на принцип на членство во фитнес клубот преку Формулар за регистрација билатерално потпишан од Операторот и соодветниот корисник, што претставува индивидуален договор меѓу Операторот и Корисникот.
За обезбедување на непречена достапност на содржините, висок квалитет на услугите како и потребниот степен на комфорт, сатисфакција и приватност на корисниците на услугите, фитнес клубот ќе оперира со лимитиран број на активни членови.
Границата (лимитот) на бројот на активни членови во фитнес клубот преставува дискреционо право на Операторот. Во случај на пополнување на предвидениот лимит на активни членови, Операторот нема да прима нови членови во фитнес клубот се додека не се откаже постоечки член или еднострано одлучи да го зголеми лимитот на членови.
Секој Формулар за регистрација во форма на договор се склучува на определено времетраење.
За работите што не се предвидени во Формуларот, ќе се применуваат релевантните одредби од овие Општи услови и правила кои преставуваат составен дел од Формуларот за регистрација потпишан од Операторот и Корисникот и се задолжителни.
Се смета дека корисниците биле известени за овие Општи услови и правила од датумот на пристап до нив и ќе бидат обврзани со нив по потпишувањето на Формуларот за регистрација.
За целите на овие Општи услови и правила, следниве зборови и изрази го имаат следново значење:
Договор. Овие Услови и правила за членување имаат ефект на договор помеѓу Вас, како Xxxxxxxx и Операторот и се применливи доколку Xxxxxxxxxx на јасен и недвосмислен начин ја изјави својата намера да се регистрира како корисник со потпишување на Формуларот за регистрација. Плаќањето за услугата е последна акција од страна на Корисникот, при што страните го прифаќаат договорот меѓу нив како што е склучен.
Период на важност. Услугите во фитнес центарот можат да се користат за целиот периодот на важење. По истекот на периодот на важење, неискористените услуги се откажуваат автоматски при што Операторот не му должи за поврат било какви средства на Корисникот.
Цена. Во цената на услугата стандардно е вклучено: влез во фитнес клубот (еден влез дневно), пристап до платените фитнес услуги, непречено користење на фитнес опремата, учество во сите групни активности, сауна, тоалети, туш кабини, соблекувални и сигурносно шкафче. За дополнителни услуги, производи, пакети, промоции и слично, истите се наведуваат во делот на забелешки во Формуларот за регистрација. Понудите и ценовниците можат да се менуваат во секое време.
Клубска картичка. Операторот му издава на Корисникот клубска картичка која го идентификува Корисникот. Картичката може да се обезбеди и во форма на ОК код.
Корисник. Секој корисник е индивидуален. Kлубската картичка е издадена исклучиво во име на поединец - корисник и му дава право само на него да ги користи услугите што ги дава Операторот. Правата и обврските на Корисникот не можат да бидат доделени, отстапени или пренесени од Корисникот на трети лица.
Употреба. Употребата на услугите и производите се прави со презентација на клубската картичка од страна на Корисникот при што ќе се изврши регистрација во неговото досие во системот на Операторот. Операторот може да ја потврди валидноста на картичката и во секој момент да побара од Xxxxxxxxxx да се идентификува со лична карта.
Технички средства. Операторот може да користи технички средства за администрирање на клубска картичка, да ја потврди валидноста на истата и за да го идентификува корисникот.
Ограничување на употреба. Операторот може да ја ограничи употребата на содржините во фитнес клубот и го задржува правото привремено да го ограничи или забрани пристапот на посетителите до одредени услуги или простории, по основ на превенција, безбедност, поправки, одржување и други активности, како и во случај на причинето дејствие, неисполнување или задоцнување со исполнување од страна на корисникот, непочитување на актите, правилата, процедурите од страна на корисникот, настани на виша сила, вонредни околности и слично.
Попуст. Клубската картичка не дава вистински попуст на цената и не може да се комбинира со други попусти, промоции, бенефиции и слично.
Формулар за регистрација
За зачленување и користење на услугите кои ги дава Операторот, корисниците задолжително пополнуваат и потпишуваат Формулар за регистрација.
Операторот им овозможува на корисниците поединечни клубски картички при потпишувањето на Формуларот за регистрација.
Корисниците задолжително му плаќаат на Операторот еднократна административна такса за услугата за издавање на клубска картичка и администрирање, а која се должи целосно при потпишување на Формуларот за регистрација.
Корисниците плаќаат на Операторот цена наведена во Формуларот за регистрација. Вкупната цена се плаќа од страна на Xxxxxxxxxx во целост по потпишувањето или делумно според индивидуалните услови договорени меѓу Операторот и Корисникот во Формуларот за регистрација.
Доколку плаќањето е делумно (на рати), Корисникот ја плаќа првата рата со денот на потпишувањето а останатите рати согласно Планот за наплата во Формуларот за регистрација.
Права и обврски на операторот и корисниците
Операторот се обврзува да го обезбеди правото на Корисниците да ги користат платените услуги и содржини за временскиот период во Формуларот за регистрација, под услови од страна на Оперaторот.
Корисникот може да ги употребува содржините во фитнес клубот на Операторот најмногу еднаш дневно. Дополнителни влегувања во 1 (еден) ист ден во услужните места на Операторот како и прибавување на услуги кои не се вклучени во цената, ќе подлежи на дополнително парично плаќање од страна на Корисникот.
Операторот се обврзува да му издаде на Корисникот индивидуална клубска картичка, која преставува доказ за членство и обезбедува употреба на услуги и производи.
Корисниците се обврзуваат да платат за обезбедените од Операторот услуги во рокот и начинот договорени во Формуларот за регистрација.
Корисниците се должни да ги чуваат издадените клубски картички со внимание на добар домаќин, истите да не ги продаваат, пренесуваат или да ги префрлуваат на трети лица.
Операторот не презема одговорност за било каква материјална или нематеријална штета, или трошоци настанати како резултат на употребата или на неможноста за употреба на клубската картичка.
По откажувањето, оштетувањето или губењето на клубската картичка од страна на Корисникот, Операторот издава нова картичка на Корисникот и за која ќе наплати административна такса. Уништената или изгубената картичка се поништува од страна на Операторот.
Ограничување на употребата, замена, откажување и рекламации.
Услугите кои нема да бидат искористени од страна на Корисниците во периодот на важење стануваат неважечки по автоматизам. Тие не подлежат на враќање или откупување од страна на Операторот.
Платената цена за откажани или поништени услуги, производи и клубски картички не се враќа од страна на Операторот.
Операторот има право да го ограничи правото на Корисниците да ги користат услугите и содржините во фитнес клубот во случаи кога Корисниците имаат заостанати парични обврски, сѐ до нивната отплата. Во случај на задоцнување со плаќање, корисникот не може да бара обештетување односно поврат на средства за неискористените дневни влегувања регистрирани како период на задоцнување.
Операторот има право еднострано да поништи во целост клубска картичка која е издадена на име на Xxxxxxxx, доколку:
корисникот има заостанати парични обврски;
за корисникот во текот на членството биле добиени 3 (три) поплаки од различни клиенти за негово недолично и несоодветно однесување во фитнес клубот а кои факти ќе бидат утврдени од страна на Операторот како веродостојни;
корисникот не ги почитува Општите услови и правила, потешко го крши кодексот, редот, актите, правилата и условите за однесување во фитнес клубот а Операторот тоа ќе го утврди како веродостојно;
корисникот не користи услуги во фитнес клубот подолг временски период непрекинато по истекот на периодот на валидност на претходно платените услуги и содржини;
во случај на измама и злоупотреба од страна на Xxxxxxxxxx;
корисникот намерно причинил штета врз имотот (движен и недвижен) и истата не ја надомести во побаруваниот рок и
други непредвидени и безбедносни околности кои можат да предизвикат последици за Операторот, неговите вработени и постоечки клиенти.
Во сите случаи наведени во точка (4) во овој оддел, Операторот не врши поврат на парични средства по основ на неискористени услуги и не му должи на Корисникот било каков паричен надоместок по основ на обештетување а го задржува правото да бара од Корисникот доплата на преостанатите долгови, надоместоци и причинета штета.
Во случај на исклучителни околности, како што е регистрирана бременост или сериозна болест, повреда или други оправдани околности што ја спречува можноста за користење на услугите, Корисникот може писмено да побара а Операторот може да одлучи да го стави во мирување неговото членство на определено времетраење. Корисникот не може да побара мирување на членството доколку за избраната услуга не е предвидена таква можност.
Операторот го задржува правото да побара од Xxxxxxxxxx да му достави на увид соодветна документација или доказ за постоењето на оправданоста на основите од точка (6) на овој оддел.
Временските рокови утврдени во Формуларот за регистрација соодветно ќе се продолжат за временскиот период на мирување доколку мирувањето биде одобрено од страна на Операторот. Во периодот на мирување на членството, Операторот го ограничува правото на Корисникот да ги користи услугите и содржините на фитнес клубот.
Корисникот може да ја откаже клубската картичка со минимум отказен рок од 30 (триесет) дена, преку поднесување на писмена молба до Операторот. Корисникот треба да ги има подмирено во целост сите доспеани плаќања и надоместоци до датумот на отказ на членството. Неискористените услуги ја губат својата важност и не се врши било каква рефундација или обештетување од страна на Операторот. Операторот може да предвиди и други отказни рокови за одредени видови на пакети и услуги.
Грижа, одговорност и надомест на штета
Корисникот на сопствена иницијатива, волја и одговорност ги користи содржините во фитнес клубот на Операторот. Корисникот треба секогаш да биде свесен за своите можности и должен е редовно да внимава на сопственото здравје, физичката и психичката способност но, и да не го загрозува здравјето на другите.
Корисникот при користењето на содржините треба задолжително да се придржува кон внатрешниот ред, правилата и условите за однесување во деловниот простор и редовно да ги следи и почитува безбедносните протоколи, инструкции и барања на Операторот и персоналот.
Корисникот е должен да го почитува работното време на фитнес клубот како и договорените термини. Распоредот на групните активности се објавува на веб-страницата xxxxx.xx. Работното време може да трпи промени.
Корисникот не може да го повика Операторот на било каква одговорност во случај на негова повреда при користењето на содржините и не може да побарува од Операторот било каков надомест за обештетување по тие основи.
Корисникот е лично одговорен за сета штета која намерно или во небрежност ќе ја причини врз имотот (движен и недвижен) на Операторот и се согласува истата да ја надомести во целост.
Корисникот е лично одговорен за сите свои документи, предмети, парични средства, опрема и багаж кои ги внесува во објектите. Операторот не може да биде повикан на одговорност при нивно евентуално губење, кражба или оштетување без оглед на тоа дали истите биле заклучени во предвидените сигурносни шкафови или оставени на друго место во објектот.
Операторот го задржува правото на Корисникот времено да му забрани користење на услугите и содржините или да го отстрани од објектот доколку истиот постапува спротивно на точка (2) од овој оддел. Во ваков случај, Xxxxxxxxxx не може да побарува поврат на средства за неискористени услуги или било каков вид на надомест на штета.
Дополнителни услови
Поради безбедносни и други причини, Операторот го задржува правото да врши видеонадзор и обезбедување на своите простории и истакнува соодветно известување на влезот на фитнес клубот.
Малолетните лица до навршени 14 години можат да ги користат услугите на Операторот единствено во присуство и под надзор на фитнес инструктор или преку учество во организирани групи на активности. Во име на малолетните лица како корисници на услуги, задолжително се потпишуваат нивните родители односно старатели, кои понатаму ги превземаат сите права и обврски кои ги има корисникот.
Малолетните лица од 15 години до навршени 17 години можат да ги користат услугите на Операторот по претходно одобрение на Формуларот за регистрација и изјава од страна на законскиот застапник, кој понатаму ги презема сите права и обврски кои ги има корисникот.
Со потпишувањето односно, одобрувањето на Формуларот за регистрација, родителот/старателот ја дава својата изричита согласност малолетното лице да ги користи содржините во фитнес клубот. Во случај на штетни последици, на одговорност се повикуваат родителите/старателите на малолетното лице.
Корисникот ја дава својата согласност сите податоци вклучувајќи ги и личните податоци да бидат обработени и користени од страна на Операторот за целите од облигациониот однос. Операторот не собира податоци за платежните картици. Личните податоци кои корисникот доброволно ги внесува ќе бидат чувани и третирани од Операторот и неговиот персонал согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци. Личните податоци на корисниците нема да се објавуваат или доставуваат на трета страна, освен по налог и наредба на надлежните органи, на начин определен со законските прописи.
Личните податоци на корисникот ќе бидат користени за комерцијални цели односно директен маркетинг само врз основа на негова изречна согласност и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат искористени за друга намена. Корисникот може во секое време да ја повлече неговата согласност за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг со тоа што ќе го извести Операторот во писмена форма.
Корисникот има право да побара увид во сите негови лични податоци со кои Операторот располага со поднесување на писмено барање.
Решавање по поплаки, барања и рекламации.
Поплаките, барањата и рекламациите се прифаќаат исклучиво во писмена форма и истите ќе бидат решени не подоцна од 1 (еден) месец од денот на приемот.
Групни поплаки и рекламации нема да бидат прифатени од страна на Операторот и нема да бидат предмет на разгледување.
Додека Операторот не донесе решение по поплаката односно барањето, Корисникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање на информации во медиумите и социјалните мрежи. Евентуалното непридржување на корисникот дава причина за поднесување на тужба од страна на Операторот пред надлежните органи за заштита на нарушениот углед во јавноста и надомест на штета.
Операторот го задржува правото да го одложи донесувањето на решението по поплаките, барањата и рекламациите поради докомплетирање на информациите и со крајна цел правилно утврдување на фактичката состојба.
Рекламации може да се побаруваат само доколку услугата не е достапна поради вина на Операторот, под услов Xxxxxxxxxx правилно да го пополнил, потпишал и доставил Формуларoт за регистрација и да платил за услугата.
Највисоката надокнада може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите но, таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на услугите.
Операторот не му должи на Корисникот надоместок за неисполнување на обврските според овие Општи услови и правила кога таквото извршување се должи на околности кои не се под негова контрола или не можеле да бидат предвидени во моментот, како и во околности што претставуваат виша сила и вонредни околности, во смисла на одредбите во Законот за облигационите односи.
Решавање на спорови
Сите спорови помеѓу Операторот и Корисниците во врска овие Општи услови и правила се решаваат со директни преговори меѓу нив и спогодба. Доколку не се постигне договор или одлука преку методите од претходното, секоја од страните може да го донесе спорот пред надлежниот суд во Струмица.
Применливо право
За правата и обврските на договорните страни што не се уредени со овие Општи услови и правила, се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
Позитивните законски прописи ќе бидат применливи при толкувањето на овие Општи услови и правила и за сите прашањата што не се уредени и решени во нив.
Доколку некоја одредба од овие Општи услови и правила е ништовна или неспроведлива до одреден степен, таа се заменува по право од важечките норми на законот и не повлекува невалидност на останатите одредби.
Завршни одредби
Овие Општи услови и правила на Операторот стапуваат во сила со денот на објавувањето на веб-страницата xxxxx.xx.
Со потпишување на Формуларот за регистрација, корисникот изјавува дека е запознаен и согласен овие Општи услови и правила, со упатствата и правилата на Операторот за внатрешен ред и однесување, заштита на личните податоци, условите за користење на веб-страницата и Политиката за приватност, истите објавени на веб-страницата xxxxx.xx.
Операторот има право еднострано во било кое време и без претходно известување, да ги измени овие Општи правила и услови и актите од ставот (2) на овој оддел. Се смета дека корисниците биле уредно известени за промените со објавување на изменетата и конечна содржина на веб-страницата на Oператорот, xxxxx.xx.
Секоја натамошна верзија односно промена и дополнување на одредбите на овие Општи услови и правила и другите акти од ставот (2) на овој оддел ќе биде правно обврзувачка и ќе важи подеднакво за сите нови и постоечки корисници со денот на објавувањето на содржината на веб страницата на Операторот xxxxx.xx, без притоа да има потреба од претходно известување или склучување на нов Формулар за регистрација за постоечките корисници.
/Последна применлива верзија со архивски број 03-24/1 од 28.01.2020 година/ објавена на xxxxx.xx