Contract
ДОГОВОР
за посредување при купопродажба на хартии од вредност
Број на договор: Склучен на година Помеѓу:
1. ИНОВОБРОКЕР, овластена за тргување на Македонска Берза АД Скопје (во понатамошниот текст брокерска
куќа)
2. , (во понатамошниот текст 'Клиент') (презиме и име на клиентот)
Адреса на клиентот: , Makedonija
Единствен број: ЛК Пасош Сметка во банка:
Контакт тел.: - ПРЕТПОСТАВКИ:
1. Клиентот има потреба од брокерска куќа на територијата на Република Македонија, заради трансакции опишани во натамошниот текст;
2. Брокерот е целосно квалификуван да дава брокерски услуги на територијата на Република Македонија и ги има сите неопходни вештини да обезбеди, како и сите одобренија и дозволи за давање на такви услуги; и
3. Брокерот ќе ги издава споменатите услуги во согласност со законите и правила важечки на територијата на Република Македонија.
Оттука, двете страни се согласуваат на следното:
Член 1
Со овој договор се регулираат условите за вршење на услугите на Брокерската куќа и правата и обврските на
Клиентот.
Член 2
Брокерската куќа врши работи на:
- купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот
- дејствување како покровител при котацијa
Член 3
Брокерската куќа се обврзува во име и за сметка на продавачот да изврши продавање на хартии од вредност на Македонската берза на хартии од вредност, согласно инструкциите наведени од Клиентот во налогот за продавање.
Член 4
Доколку се работи за налог за продавање, Xxxxxxxx е должен да обезбеди доказ за поседуваните хартии од вредност и истиот да изјави дека хартиите од вредност се ослободени од секаков залог и товар, а во случај да се докаже спротивното да одговара согласно предвидените законски прописи. Понатаму, со потпиешување на налогот за
продавање, Xxxxxxxx истовремено изјавува и дека е запознаен со сите елементи на истиот, со сите видови на налози и инструкциите што произлегуваат од истите, во согласност со Процедурите за тргување на Македонската берза.
Член 5
Брокерската куќа се обврзува во име и за сметка на купувачот да изврши купување на хартии од вредност на Македонската берза на хартии од вредност согласно инструкциите наведени од Клиентот во налогот за купување.
Член 6
Клиенот купувач е должен средствата, односно обврските по главен долг и трошоците по секоја трансакција пооделно однапред да ги уплати, на посебно издвоена клиентска сметка во НБРМ.
Член 7
Со потпишување на налогот за купување, Xxxxxxxx истовремено изјавува и дека е запознаен со сите елементи на истиот, со сите видови на налози и инструкциите што произлегуваат од истите, во согласност со Процедурите за тргување на Македонската берза. Исто така, купувачот изјавува и дека е запознаен со целокупната законска регулатива во врска со хартиите од вредност, а особено со Законот за преземање акционерски друштва и дека со склучување на овој Договор не ја довел Брокерската куќа во ситуација да преземе правни дејства со кои истите се забранети.
Член 8
Брокерската куќа се обврзува наредниот ден од денот на тргувањето на Xxxxxxx да го извести Клиентот за реализираните налози за купување или продавање на хартии од вредност, назначувајќи ги постигнатите услови во поглед на количината и цената на хартиите од вредност.
Член 9
Клиентот е согласен за извршените услуги да плати надоместок согласно одлуката на Брокерската куќа за тарифата на надоместоци на услугите што ги врши Брокерската куќа. Исто така Брокерската куќа ја наплатува од Клиентот и берзанската и депозитарната такса.
Член 10
Секоја од страните во овој Договор има право да предложи измени, а за секоја измена на Договорот ќе се склучи
Анекс-договор помеѓу двете страни.
Член 11
Секоја од страните од овој Договор може да го раскине Договорот со претходно известување во писмена форма, доставено до Брокерската куќа најмалку 3 (три) дена пред денот на раскинување на Договорот.
При раскинување на Договорот по барање на Xxxxxxxx, Брокерската куќа наплатува стварни трошоци кои изнесуваат 300,00 денари.
Член 12
За сите евентуални спорови, страните се согласни да ги решаваат со меѓусебен договор. Доколку не се постигне договор, надлежен е Основен суд Скопје 1.
Член 13
Овој договор е составен во 2 (два) примероци, од кои по 1 (еден) за секоја договорна страна. (клиент) За: ИНОВО БРОКЕР
(потпис)