ЗА ОТВОРАЊЕ И ОДРЖУВАЊE НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ДРУГИ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ - РЕЗИДЕНТ
ДОГОВОР
ЗА ОТВОРАЊЕ И ОДРЖУВАЊE НА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ДРУГИ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ - РЕЗИДЕНТ
Овој Договор за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за правно лице - резидент (во натамошниот текст: „овој Договор“) е склучен во на ден
година, од и помеѓу:
1. НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ
Назив: | НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ | |||
Седиште: | ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија | |||
ЕМБС: | 4664531 | ЕДБ: | 4030993191133 | |
Застапник по закон | Име и презиме: Xxxxxx Xxxxxxxxxx | Својство: Претседател на Управен одбор | ||
Јавен регистар во кој е запишана Банката | Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Северна Македонија | |||
Застапувани во овој Договор од овластено лице: | Xxx и презиме: | Работно место: | ||
Контакт е-mail: | Контакт тел: | |||
Орган надлежен за надзор на работењето на Банката: | Народна Банка на Република Северна Македонија |
(во натамошниот текст: „Банката“)
2. КОРИСНИКОТ
Назив: | ||||
Седиште: | ||||
ЕМБС: | ЕДБ: | |||
Застапник по закон: | Име и презиме: | Својство: | ||
Контакт е-mail: | Контакт тел: |
(во натамошниот текст: „Корисникот“)
(Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx заедно ќе се нарекуваат „Страни“, а поединечно „Страна“)
I. ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
1. Предмет
1.1. Овој Договор ги уредува условите, права и обврските на Банката и Корисникот за идните извршувања на поединечни и последователни платежни трансакции во однос на следните услуги:
1.1.1. отворање, одржување и затворање на платежна сметка;
1.1.2. издавање на дебитна платежна картичка поврзана со платежната сметка; и
1.1.3. услуги на електронско банкарство поврзано со платежната сметка.
1.2. Составен дел од овој Договор се и:
1.2.1. Барањето од Корисникот до Банката за користење на соодветна платежна услуга поднесено на интерни обрасци на Банката, кое ги опфаќа Барањето за отворање/промена на платежна сметка и овластени лица за располагање со средствата на платежн-ата/ните сметка/и од Корисникот, како и Барањето за добивање и користење на бизнис дебитна картичка од Корисникот - резидент и Пријавата за користење на НЛБ Проклик- Електронско банкарство за правни лица („Барањето за користење на платежна услуга од Корисникот“ или „Барањето“));
1.2.2. Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на правни лица на НЛБ Банка АД Скопје („Општите услови“);
1.2.3. важечката Одлука за Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува на услугите за правни лица кои се предмет на овој Договор;
1.2.4. важечката Одлука за политиката на каматните стапки на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува на услугите за правни лица кои се предмет на овој Договор;
1.2.5. важечкиот Термински план за вршење на платен промет со странство на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува на услугите за правни лица кои се предмет на овој Договор;
1.2.6. важечкиот Термински план за вршење на платен промет во земјата на НЛБ Банка АД Скопје, во делот кој се однесува на услугите за правни лица кои се предмет на овој Договор; и
1.2.7. Поимникот за платежни услуги и платни системи на НЛБ Банка АД Скопје.
1.3. Овој Договор, заедно со документите наведени во член 1.2 погоре го сочинуваат Рамковниот договор за платежни услуги помеѓу Банката и Корисникот („Рамковниот договор“).
1.4. Поимите кои не се изречно дефинирани во овој Договор го имаат значењето што им е пропишано во Општите услови и/или Законот за платежни услуги и платни системи и/или прописите кои го уредуваат девизното работење
1.5. Страните се согласуваат дека Xxxxxxx го задржува правото да ги измени и/или дополни Општите услови за времето на важење на овој Договор, без да се склучи посебен анекс на овој Договор. Начинот на измена и/или дополнување на Рамковниот договор и/или Општите услови и известување на Корисникот за тоа е уреден во Општите услови.
1.6. Корисникот се обврзува дека ќе постапува во согласност со овој Договор и применливите позитивни законски и подзаконски прописи вклучително и прописите од областа на девизното работење.
1.7. Корисникот се обврзува да ги запознае неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, неговите Овластени иматели на платежна картичка и неговите Овластени лица за е- банкарство со содржината на овој Договор и на документите кои го сочинуваат Рамковниот договор при што се што ќе преземат неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, неговите Овластени иматели на платежна картичка и неговите Овластени лица за е- банкарство во име и за сметка на Xxxxxxxxxx, ќе се смета како да е преземено од страна на Xxxxxxxxxx и Корисникот е целосно и неограничено одговорен за доследно почитување на одредбите од овој Договор, применливите законски и подзаконски прописи од страна на неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, неговите Овластени иматели на платежна картичка и неговите Овластени лица за е-банкарство.
1.8. Корисникот потврдува дека пред потпишувањето на овој Договор, на јасен и недвосмислен начин бил информиран и запознаен со содржината на овој Договор преку доставување на примерок на предлог рамковен договор и дека пред склучувањето на овој Договор бил запознаен и согласен со условите од документите кои го сочинуваат Рамковниот договор.
1.9. Корисникот може да користи и други платежни услуги што ги нуди Банката само под услови предвидени во важечките закони и други прописи во Република Северна Македонија и во актите и политиките на Банката
II. ПЛАТЕЖНА СМЕТКА
2. Барање
2.1. Банката го склучува овој Договор врз основа на Барањето за користење на платежна услуга од Корисникот, кое е составен дел на овој Договор.
2.2. Банката се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи услугите наведени во Барањето и со одредбите на овој Договор.
3. Отворање на платежна сметка
3.1. Xxxxxxx се обврзува да му отвори на Корисникот платежна сметка со следни карактеристики:
3.1.1. Вид на платежна сметка: денарска / девизна платежна сметка;
3.1.2. Број на платежна сметка:
3.2. Платежната сметка станува активна во согласност со одредбите за отворање на сметка од Општите услови.
4. Обврски на Страните
4.1. Страните се согласуваат Xxxxxxx да врши плаќања и други услуги во врска со платежната сметка во согласност со Xxxxxxxx и на начин утврден со важечките прописи, овој Договор и Општите услови.
5. Обврски на Банката
5.1. Банката се обврзува:
5.1.1. да ги извршува исправните платни налози од Xxxxxxxxxx во согласност со важечките прописи и Општите услови,
5.1.2. да го информира Корисникот за промените на платежната сметка во согласност со Општите услови и важечките прописи,
5.1.3. да врши други услуги доколку се исполнети условите од Општите услови.
5.2. Xxxxxxx го задржува правото да одбие извршување на платежна трансакција во согласност со важечките прописи, овој Договор и Општите услови.
6. Обврски на Корисникот
6.1. Корисникот како учесник во платежната трансакција се обврзува:
6.1.1. да располага со средствата на платежната сметка во согласност со важечките прописи, овој Договор и Општите услови,
6.1.2. да дава исправни платни налози во согласност со и на начин утврден со важечките прописи, овој Договор и Општите услови, за што е дадена соодветна согласност според Општите Услови,
6.1.3. писмено да ја извести Банката за статусот и другите промени во согласност со Општите услови,
6.1.4. писмено да ја извести Xxxxxxx, под условите предвидени во Општите услови, за релевантни факти кои имаат влијание врз нивниот меѓусебен однос (приговори, жалби и сл.).
7. Располагање со средства на платежната сметка
7.1. За да располага со средствата на платежната сметка, Xxxxxxxxxx мора да овласти едно или повеќе деловно способни лица како Овластени лица за работа со платежна сметка да работат во согласност со одредбите од Општите услови.
7.2. Корисникот е должен да ги следи овластувањата за користење што им ги дал на Овластените лица за работа со платежна сметка и е одговорен пред Банката за секоја штета настаната како резултат на надминување и/или злоупотреба на овластување од страна на истите.
7.3. Со потпишувањето на овој Договор, Xxxxxxxxxx ја овластува Xxxxxxx да ги коригира грешките кои можат да настанат при извршувањето на обврските од овој Договор, со задолжување или одобрување на неговата сметка, доколку е применливо. Во случај Xxxxxxx да го искористи ова овластување, таа е должна да го извести Корисникот за извршената корекција без одложување.
III. ПЛАТНИ НАЛОЗИ
8. Извршување на платни налози
8.1. Корисникот издава платни налози и Банката ги извршува платните налози под услови предвидени во Општите услови и во Законот за платежни услуги и платни системи и применливите подзаконски акти вклучително и прописите од областа на девизното работење.
IV. ДЕБИТНИ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
9. Издавање на дебитна платежна картичка
9.1. Банката му издава на Корисникот една или повеќе дебитни платежни картички врз основа на Барањето.
9.2. Банката го евидентира издавањето на дебитна платежна картичка на Корисникот под основен број. Секоја поединечна дебитна платежна картичка издадена од Банката на Корисникот согласно овој Договор има посебен број.
9.3. Банката издава поединечна дебитна платежна картичка на Овластени иматели на платежна картичка определени од Корисникот врз основа на Барањето.
9.4. Корисникот се обврзува да обезбеди дека секоја издадена дебитна платежна картичка согласно овој Договор ќе се употребува согласно Општите услови и применливите законски прописи.
10. Издавање на кредитна платежна картичка
10.1. На барање на Xxxxxxxxxx по отворањето на платежната сметка, Xxxxxxx ќе му издаде кредитна платежна картичка врз основа на посебен договор за користење кој Корисникот ќе го склучи со Xxxxxxx.
11. Дозволено пречекорување на платежна сметка
11.1. Сметката на Корисникот - резидент може да премине во долговно салдо до износ утврден со Договорот за одобрување на дозволено пречекорување на платежна сметка кој Банката го склучува со Корисникот - резидент.
V. УСЛУГИ НА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО
12. Услуги на електронско банкарство
12.1. Банката му ги обезбедува на Корисникот Услугите на електронско банкарство врз основа на Барањето.
12.2. Банката обезбедува пристап до Услугите на електронско банкарство на едно или повеќе Овластени лица за е-банкарство определени од Корисникот врз основа на Барањето и со привилегии утврдени во Барањето.
12.3. Банката ќе ги дава Услугите на електронско банкарство на Корисникот, и Корисникот ќе ги користи Услугите на електронско банкарство под условите предвидени во Општите услови и применливите прописи.
VI. НАДОМЕСТОЦИ, КАМАТНИ СТАПКИ И ДЕВИЗНИ КУРСЕВИ
13. Надоместоци, каматни стапки и девизни курсеви
13.1. За платежните услуги кои Банката му ги обезбедува на Корисникот, Xxxxxxx пресметува и наплаќа надоместоци, трошоци, провизии и каматни стапки под услови, во рокови и на начин утврден во Тарифникот на Банката , и Општите услови на Банката.
13.2. Сите побарувања кои може да настанат со користење на платежната сметка и платежните услуги од Рамковниот договор, се уредени со Општите услови.
13.3. При конверзии на валути, Xxxxxxx применува девизни курсеви како што е предвидено во Општите услови.
13.4. Банката на Корисникот на платежната сметка му пресметува и плаќа камата по истекот на месецот или при затворање на платежната сметка според камата стапка која на денот на склучување на овој Договор изнесува ( %) годишно и истата е променлива согласно Одлука за политиката на каматните стапки на НЛБ Банка АД Скопје.
13.5. Каматата за дозволено пречекорување и кредитна картичка врзана со платежната сметка е уредена во посебен договор склучен за користење на услугата.
13.6. Пресметаната, а ненаплатeнa камата на искористените средства од дозволено пречекорување (лимит) Банката ја наплатува од средствата на платежната сметката на Корисникот - резидент во Банката (позитивно салдо, прилив, уплата). На средствата кои Xxxxxxxxxx ги користи над утврдениот износ на дозволено пречекорување (лимит) на платежна сметка и на кредитни картички, Банката ќе пресметува казнена камата која претставува збир од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народна Банка на Република Северна Македонија (референтна каматна стапка), што важи на последниот ден од полугодието што му претходи на тековното полугодие, зголемена за 8 процентни поени. Каматната стапка се определува на секое полугодие, односно два пати годишно на 01.01 и 01.07 согласно измената на каматната стапка на благајнички записи која ја објавува НБРСМ, а која е со важност на 30.06 односно 31.12.
VII. КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ СТРАНИТЕ НА ДОГОВОРОТ
14. Начини на комуникација
14.1. Страните се согласи комуникацијата помеѓу нив да се одвива преку податоците за контакт наведени во овој Договор, односно последните познати / ажурирани податоци за контакт на Корисникот кои Банката ги има во својата евиденција, преку сите расположливи канали и согласно Општите услови.
VIII. ЗАШТИТНИ И КОРЕКТИВНИ МЕРКИ
15. Заштитни и корективни мерки и одговорност
15.1. При користење на платежната сметка, дебитна платежна картичка и Услуги на електронско банкарство, Корисникот се обврзува да ги применува заштитните и корективните мерки предвидени во Општите услови и во применливите прописи.
15.2. Одговорноста за неавторизирани платежни трансакции се утврдува согласно Општите услови и применливите закони.
IX. ВАЖЕЊЕ, ИЗМЕНИ И РАСКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
16. Време на важење на овој Договор
16.1. Овој Договор е склучен на неопределено време.
16.2. Овој Договор стапува на сила со денот на неговото потпишување од двете Страни.
17. Измени на овој Договор
17.1. Начинот и условите за измена на Рамковниот договор се уредени во Општите услови.
18. Услови за престанување на важноста на Договорот и поединечните платежни услуги
18.1. Затворање на платежната сметка може да се изврши од страна на Корисникот или од страна на Банката под условите предвидени во Општите услови.
18.2. Дебитната платежна картичка важи, се обновува и може да се откаже од која било од Страните согласно Општите услови.
18.3. Услугите за електронско банкарство може да се променат согласно Општите услови.
19. Раскинување на овој Договор
19.1. Корисникот и Xxxxxxx можат да го раскинат овој Договор, односно Рамковниот договор под услови, на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
X. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, АЖУРИРАЊЕ, ДЕЛОВНА ТАЈНА
20. Обработка на личните податоци
20.1. Информации и услови за обработка на личните податоци на застапниците по закон на Xxxxxxxxxx, на неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, на неговите Овластени иматели на платежна картичка и на неговите Овластени лица за е-банкарство, од страна на Банката и платежните системи во кои учествува Банката за целите на овој Договор се дадени во Општите услови.
20.2. Со потпишување на овој Договор, Xxxxxxxxxx потврдува дека неговите застапници по закон, неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, неговите Овластени иматели на платежна картичка и неговите Овластени лица за е-банкарство, се запознаени и согласни дека Xxxxxxx ќе врши обработка на нивните лични податоци, согласно со Општите услови, Политиката за заштита на приватноста и Принципите и начинот на обработка на личните податоци на Банката, објавени на веб страната на Банката.
21. Обврска на Корисникот за ажурирање на податоци
21.1. Корисникот има обврска да ги ажурира своите податоци, како и податоците за неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, неговите Овластени иматели на платежна картичка и неговите Овластени лица за е-банкарство, во случај на промена на начин и во рокови предвидени во Општите услови.
21.2. Корисникот се обврзува за сите промени во адресните и контакт податоци, промени поврзани со работењето со сметката, статусни промени, промена на податоците на неговите застапници по закон, неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, неговите Овластени иматели на платежна картичка и неговите Овластени лица за е-банкарство, и на сите други податоци кои Корисникот ги доставил при склучувањето на Рамковниот договор и/или во Барањето за користење на платежна услуга писмено да ја извести Банката веднаш, но не подоцна од 3 (три) дена од денот на настанувањето на промените.
21.3. Банката има право, но не и обврска, да ги промени и евидентира во своите книги, податоците за Корисникот кои ги има добиено од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија преку соодветен сервис, а кои промени во податоците кај Корисникот не влијаат на располагањето со средствата на сметката (промена на дејност, организационен облик, назив, големина, адреса, маил адреса, вид на сопственост ).
21.4. Доколку Банката добие информација од Централниот регистар на Република Северна Македонија за промени кои влијаат на располагањето со средствата, особено статусни промени како што се сопственичка структура на Корисникот, промена на застапник по закон, промена на ограничувања (во зависност од тоа за каков вид на ограничување станува збор), Банката може да се обрати до Корисникот и да побара од него да и достави документи за соодветната промена. Доколку Корисникот и покрај известувањето на Банката не ги достави информациите за промена, Xxxxxxx има право да стави времена забрана за располагање со средствата на платежната сметка на Корисникот, се до достава на соодветната документација за промената.
22. Xxxxxxxxx и деловна тајна
22.1. Документите, податоците и/или информациите стекнати при вршењето на платежните услуги поврзани со платежните сметки и/или со платежните трансакции во врска со овој Договор претставуваат банкарска односно деловна тајна согласно закон и Банката е должна да ги чува во тајност и со нив да постапува во согласност со одредбите од Законот за банките, Законот за платежни услуги и платни системи и други закони и прописи кои се применуваат на работењето на Банката.
22.2. Заради заштита на своите интереси, Xxxxxxxxxx е должен како строго доверливи да ги заштити и чува сите податоци поврзани со работењето со неговата платежна сметка во Банката и услугите поврзани со истата што му ги обезбедува Банката.
22.3. Банката не одговара за било каква штета која може да настане за Корисникот како резултат на непочитувањето на обврските на Корисникот за чување на тајност.
22.4. Корисникот, неговите застапници по закон, неговите Овластени лица за работа со платежна сметка, неговите Овластени иматели на платежна картичка и неговите Овластени лица за е-банкарство, со склучувањето на овој Договор, слободно и изречно, ја изјавуваат својата волја и даваат согласност на Банката да ги користи податоците кои се сметаат за банкарска односно деловна тајна, како и сите документи, податоци и информации кои се стекнати при вршење на банкарски и други финансиски активности односно кои претставуваат банкарска тајна и да ги открива истите на трети лица, со цел ажурирање на наплата, како и да ги открива истите на други трети лица во согласност со применливите закони.
22.5. Банката е должна податоците што претставуваат банкарска тајна да ги чува, и може да ги користи исклучиво за целите за кои се добиени и не смее да ги открие на трети лица, освен во случаите дозволени со применливите позитивни прописи.
XI. ПРАВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ
23. Правна заштита на Корисникот
23.1. Доколку Xxxxxxxxxx смета дека Xxxxxxx не се придржува до одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи или до одредбите кои се однесуваат на правата и обврските во однос на давањето и користењето на платежни услуги има право :
23.1.1. да поднесе приговор до Банката согласно одредбите за поднесување на приговор до давател на платежна услуга и информациите за оваа постапка достапни на веб страната на Банката. Xxxxxxx ќе одговори на приговорот на начин кој е спогодбено утврден за комуникација во рок од 15 работни дена од денот на приемот на приговорот, односно, по исклучок, ако не може тоа да го стори поради оправдани причини надвор од нејзина контрола, најдоцна во рок од 35 работни дена од денот на приемот на приговорот.
23.1.2. Откако ќе поднесе приговор до Банката или други заинтересирани страни, да поднесе поплака до Народна банка на Република Северна Македонија, како орган надлежен за вршење на надзор на Банката, согласно Законот за платежни услуги и платни системи; или
23.2. Поднесувањето поплака до Народна банка на Република Северна Македонија или поднесувањето на барањето за вонсудска постапка за решавање на споровите и исходот на таквата постапка, не го исклучува или ограничува правото на Корисникот да покрене судска постапка против Банката пред надлежен суд.
XII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
24. Меродавно право и решавање на спорови
24.1. На овој Договор се применуваат исклучиво законите на Република Северна Македонија.
24.2. Страните се согласни дека месно надлежниот суд во Република Северна Македонија ќе има исклучива надлежност за решавање на спор помеѓу Страните кој е во врска со или произлегува од овој Договор.
25. Примероци и меродавен јазик
25.1. Овој Договор е составен на македонски јазик, во 2 (два) истоветни примероци, од кои по 1 (еден) примерок за секоја Страна.
За Банката: | За Корисникот: |
Име и презиме | Име и презиме: |
Овластено лице на Банката: | Застапник по закон: |