Contract
ДОГОВОР
ЗА ОБРАБОТУВАЧ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Склучен на година во , помеѓу:
1. (назив и податоци за фирмата која користи
сметководствени услуги), со ЕМБС и седиште на
, застапувано од
( Контролор) и
2. (назив и податоци за фирмата/ трговец-поединец која врши сметководствени работи), со ЕМБС и седиште на
, застапувано од
( Обработувач).
Член 1
Со овој договор, страните ги определуваат правата и обврските кои произлегуваат од обработката на лични податоци врз основа на претходно склучен Договор за вршење на сметководствени работи бр. од година.
Контролорот со овој договор го овластува обработувачот да врши определени активности за обработка на лични податоци кои претходно ќе му бидат доставени во хартиена или електронска форма.
Врз основа на овој договор обработувачот се обврзува да ги обработува личните податоци во име на контролорот во согласност со Законот и подзаконските прописи за заштита на лични податоци.
Член 2
Обработката на личните податоци ќе се врши само во периодот колку што е и важењето на овој договор.
Член 3
Обработувачот се обврзува обработката на личните податоци да ја извршува конкретно за исполнување на обврските кои произлегуваат од договорот за сметководствени работи ( годишна сметка, финансиски извештаи, подготвување на плати итн.)
Член 4
Сите вработени лица кај обработувачот кои имаат пристап до личните податоци кои се доставени од контролорот имаат обврска за чување на доверливост на податоците и до истите пристап ќе имат исклучиво лица поради обврските кои ги извршуваат мора да бидат запознаени со истите.
Член 5
Обработувачот е должен да соработува со Контролорот во однос на заштита на правата на лицата чии податоци се обработуваат, да му обезбеди потребни информации со кои се докажува усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци и доколку примети нерегуларност или било каков прекршок поврзано со безбедноста на податоците да го извести Контролорот.
Член 6
Лица до чии податоци има пристап Обработувачот и ги употребува со цел извршување на Договорот за сметководство се:
- Податоци за вработените кај Контролорот;
- Членови на управниот и надзорен одбор;
- Лица кои извршуваат улуги по договор на дело, практиканти, авторски договори и др.
Член 7
Врз основа на Договорот за сметководство личните податоци ќе се обработуваат со цел:
- Пријава/одјава на вработени лица во АВРМ;
- Изготвување на плата, надоместоци на плата;
- Изготвување на пресметки согласно договори на дело, авторски договори, менаџерски договори, регрес;
- Исплати преку трансакциски сметки поврзани со дневници за службени патувања, патни налози и материјални трошоци;
- Други цели на обработка .
Член 8
Обработувачот е должен за пренос и обработка на податоците надвор од РС Македонија, да добие писмено одобрување од страна на Контролорот ( девизни плаќања на резиденти и нерезиденти).
Член 9
Рокот на чување на личните податоци од страна на Обработувачот треба да биде усогласен со целите за кои се обработуваат податоците, освен ако со Закон не е предвиден подолг рок.
Контролорот врз основа на писмено барање може да побара од Овластувачот да му ги достави или да ги уништи податоците во рок од 30 дена од поднесување на барањето.
Член 10
Доколку дојде до престанок на Договорот на сметководство Контролорот со писмено барање до Обработувачот треба да побара бришење или враќање на личните податоци кои му се доделени на Обработувачот.
Член 11
Договорот се склучува на неопределено време и стапува во сила на денот на потпишувањето.
Договорните страни имаат право на раскинување на договорот со отказен рок
месеци.
Член 12
Евентуалните спорови по овој Договор Договорните страни ќе ги решаваат по мирен пат ( спогодбено).
Доколку спорот не се реши по мирен пат, спорот ќе го решава надлежниот суд
Скопје, како стварно и месно надлежен суд.
Член 13
Овој договор е склучен во четири идентични примероци, по два за секоја договорна страна.
Контролор Обработувач