Друштво за осигурување UNIQA Life а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3228 820. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Посебни услови за осигурување на живот за случај на смрт и доживување
Друштво за осигурување UNIQA Life а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 18.05.2012 година и со одлука бр.006/12 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Овие Посебни услови за осигурување со Општите услови за осигурување на живот, се составен дел од договорот за осигурување на живот во случај на смрт или доживување кои осигурувачот го склучува со Договорувачот на осигурувањето.
Ако покрај осигурувањето на живот е склучено и дополнително осигурување од последица на несреќен случај, составен дел од договорот се и Дополнителни услови за осигурување од последица на несреќен случај со осигурување на живот Xxxxxx за определување на процент на траен инвалидитет како последица на несреќен случај (незгода).
Член 2
Договорувач на осигурувањето под овие услови може да биде било кое заинтересирано правно лице.
Договорувачот на осигурувањето уплатува месечна, тромесечна, полугодишна или еднократна премија на осигурување во период и на начин кој е дефиниран во полисата за осигурување.
Осигуреник е лице со заснован редовен работен однос на неопределено време кај договорувачот, освен сезонските работници и работниците по договор кои не можат да бидат опфатени со оваа осигурување.
Член 3
Престанок на важење на полисата за осигурување
1. Во случај кога осигуреникот, вработен кај Договорувачот на осигурувањето, своеволно го откаже договорот за вработување во период на важење на полисата за осигурување на живот, полисата за осигурување на живот престанува да важи. Дотогаш уплатена премија за осигурување на живот се пренесува како авнасно плаќање за иден период на нов осигуреник, вработен кај Договорувачот на осигурувањето, кој ќе склучи нова полиса за осигурување на живот.
2. Во случај кога Договорувачот на осигурувањето го откаже договорот за вработување на осигуреникот, согласно овие посебни услови, Договорувачот на осигурувањето писмено го известува Осигурувачот за:
• Капитализација на полисата или
• Престанување на полисата за осигурување на живот и трансфер на претходно уплатената премија за осигурување на живот на друго вработено лице кај договорувачот на осигурувањето кој ќе склучи нова полиса за осигурување на живот.
3. Во случај на статусни промени, престанок на работата на договорувачот на осигурувањето поради стечај или ликвидација, доколку се исполнува условот се прави капитализација на полисата.
Член 4
Потребна документација
Во случај на откажување на договорот за вработување од страна на работникот/работодавачот, потребно е да се приложи:
(1) Соодветен образец за одјава на работниот однос
(2) Спогодба/Решение за престанок на работниот однос
(3) Барање за престанок на работниот однос
(4) Друга потребна документација
Член 5
Во случај на доживување право за исплата на осигурената сума има само осигуреникот.
Во случај на смрт на осигуреникот право за исплата на осигурената сума има само корисникот, наведен во полисата за осигурување на живот.
Договорувачот на осигурувањето не може да биде корисник на осигурувањето, во спротивно договорот за осигурување на живот (полисата) е ништовен.
Член 6
Овие услови се применуваат со Општите услови за осигурување на животот а доколку се во спротивност со нив се применуваат одредбите од овие услови.
Се што не е опфатено под овие услови се применуваат одредбите за Општите услови за осигурување на животот.
Член 7
Овие услови стапуваат на сила на денот на донесувањето.