DB
Кодекс на однесување на
DB
за деловните партнери
Цел на кодексот на однесување за деловни партнери
Во овој кодекс на однесување на DB за деловните партнери, концернот Deutsche Bahn (концерн DB) ги опишува своите барања и начела за соработката со своите деловни партнери, особено за придржувањето кон етичките стандарди, применливото право и за интегритетот. Деловни партнери се сите компании кои не припаѓаат кон концернот DB, од коишто концернот DB добива испораки и услуги. Тие на пример може да бидат доставувачи, советници, застапници, други понудувачи на стока и услуги итн. Концернот DB очекува од своите деловни партнери во сите области на работењето да ги воведуваат и да се придржуваат кон принципите наведени во овој кодекс на однесување на DB за деловни партнери ширум светот.
01
Општи принципи
Концернот DB се стреми кон одржливост и се обврза кон Обединетите Нации за придржување кон Десетте принципи на UN Global Compact. Економскиот успех и општествено одговорното делување не си противречат – тие се надополнуваат. Одржливото и одговорното делување го гледаме како важна основа за соработката со нашите деловни партнери.
Поради тоа, од нашите деловни партнери очекуваме
▪ своите деловни активности да ги извршуваат со интегритет, а тоа значи да ги следат особено законите коишто се применуваат конкретно за нив, на пр. човековите права, вклучувајќи ги основните стандарди за трудот на Меѓународната организација на трудот (МОТ), законите за антикорупција, заштита на податоци, конкуренција, картели и животна средина, како и
▪ да се залагаат за тоа и нивните деловни партнери да се придржуваат кон принципите наведени во овој кодекс на однесување на DB за деловните партнери и истите соодветно да ги имплементираат и
▪ да делуваат искрено, одговорно и фер.
* По правило, користиме родово неутрални поими. Онаму, каде што тоа изгледаше невозможно или каде што ја попречува читливоста, машката форма ја вклучува и женската, на пр. со зборот вработен се опфатени и вработените од женскиот род.
02
Општествена одговорност на нашите деловни партнери
Според наше убедување, преземањето општествена одговорност е суштински фактор за одржливиот успех на една компанија и со тоа и неодвоив составен дел на раководењето со компанија ориентирана кон трајни вредности. Поради тоа, и ние очекуваме од нашите деловни партнери да го насочуваат своето делување кон следните принципи:
Човекови права Нашите деловни партнери ги почитуваат признаените човекови права.
Детски труд
Принуден труд
Нашите деловни партнери строго одбиваат детски труд и се придржуваат до конкретно применливите одредби за забрана на детскиот труд (Конвенции 138 и 182 на МОТ).
Нашите деловни партнери не смеат да посегнат по каква било форма на ропски труд, принудна или задолжителна работа, закрепостеност, трговија со луѓе или недоброволна работа, ниту пак истите да ги толерираат. Тие гарантираат дека вработените нема да бидат подложени на нечовечки или понижувачки третман, телесно казнување итн. (Конвенции 29 и 105 на МОТ).
Еднакви можности /
разновидност
Нашите деловни партнери ја поддржуваат разновидноста во компанијата и не толерираат дискриминација при ангажирањето и вработувањето (Конвенции 100 и 111 на МОТ).
Слобода за здружување / / колективни преговори
Безбедност / заштита при работа и заштита на здравјето
Деловните партнери на концернот DB ја почитуваат слободата за здружување и формирањето групи на интереси и се залагаат за заштита на правата на своите вработени во нивните деловни единици. Освен тоа, тие го почитуваат правото на вработените, слободно да ги избираат своите претставници и колективно да преговараат (Конвенции 87 и 98 на МОТ).
Безбедноста на луѓето има највисок приоритет и припаѓа кон централните вредности на нашите деловни партнери. Тие нудат безбедна и здрава работна средина, мерки за квалификација релевантни за безбедноста, како и безбедност на нивните производи и услуги.
Покрај тоа, тие доколку е возможно ги минимизираат или елиминираат изворите на опасност во работната средина, и тоа врз основа на актуелните општи познавања во областа безбедност и заштита на здравјето во конкретниот индустриски сектор.
Заштита на животната средина
Нашите деловни партнери се придржуваат кон важечките еколошки стандарди и се обврзуваат кон принципите на одржливо економично работење и кон заштитата на животната средина како една од вредностите на компанијата. Тие преземаат ефикасни мерки коишто ја отсликуваат нивната одговорност за животната средина.
Надомест
Работно време
Регуларни работни односи
Нашите деловни партнери им даваат надомест на нивните вработени којшто е соодветен и е во согласност со важечките закони и индустриски стандарди.
Нашите деловни партнери се придржуваат до применливите закони и индустриски стандарди.
Доколку е возможно, работните активности треба да се вршат врз основа на регуларен работен однос, како што е утврдено со националните закони и индустриските стандарди.
Заштита на податоци Нашите деловни партнери ги почитуваат конкретно важечките закони за заштита на личните податоци, особено на вработените, деловните партнери и клиентите.
03
Антикорупција
Концернот DB не толерира било каков облик на корупција или на други нечесни деловни практики. Транспарентноста и отвореноста се основните предуслови за концернот DB за да се овозможи довербата и кредибилитетот во деловното работење и во односот кон деловните партнери.
Корупција Нашите деловни партнери не толерираат никаква форма на корупција и економски криминал кај сопствените вработени или вработените во синџирот на набавка итн.
Советници/Агенти/Ме дијатори
Надоместоците на советниците, агентите и другите медијатори не смеат да служат за тоа, на деловните партнери, клиентите или други трети субјекти да им се доделат недозволени поволности. Нашите деловни партнери внимателно ги избираат своите советници, агенти и други медијатори според разумни соодветни критериуми.
Избегнување конфликти на интереси
Нашите деловни партнери избегнуваат конфликти на интереси кои може да доведат до ризик од корупција.
Покани и подароци
Во врска со својата активност за концернот DB нашите деловни партнери прифаќаат покани или покануваат, само ако се соодветни и ако од нив не се очекува недозволена противуслуга или ако не се вршат други приоритети и ако со тоа не се прекршува применливото право (особено законите за анти-корупција). Истото важи и за примање или давање подароци, друг начин на внимание или предности од било каков вид.
Однесување кон службени лица
Нашите деловни партнери не толерираат било каков облик на противзаконски материјални и нематеријални донации (вклучувајќи ги и нивните понудувачи) на службени лица или на лица со слична дејност (независно од тоа дали тоа се врши непосредно или со посредство на трет субјект).
Политички партии Противзаконски материјални и нематеријални донации од било каков вид (на пр. противзаконски субвенции) на политички партии, чиишто претставници ќе станат носители на мандати и кандидати за политички служби, исто така не се толерира од страна на нашите деловни партнери.
Донации/Спонзорства Донациите се вршат од страна на нашите клиенти само на доброволна основа и без очекување на противуслуга. Спонзорирањето на лица, групи или организации не се користи за тоа за да се добијат незаконски деловни поволности.
04
Перење пари и финансирање тероризам
Нашите деловни партнери во своите компании преземаат соодветни мерки за да спречат перење пари и финансирање тероризам во своите компании.
Однесување на нашите деловни партнери во конкуренцијата
Концернот DB се придржува кон тоа секогаш да делува како фер и одговорен учесник на пазарот и исто така тоа го очекува и од своите деловни партнери.
Закон за заштита на конкуренција и картели
Нашите деловни партнери се придржуваат кон сите релевантни одредби поврзани со законот за заштита на конкуренцијата. Особено не склучуваат никакви договори и спогодби, кои може да влијаат врз цените, условите, стратегиите и односите со клиентите, пред сè при учество на тендери. Истото важи и за размената на чувствителни информации во врска со конкуренцијата, како и друго однесување коешто ја ограничува или би можело да ја ограничи конкуренцијата на недозволен начин.
Контроли на извоз и увоз
Особено во однос на деловните активности во светски рамки, нашите деловни партнери внимаваат на придржувањето до сите конкретно важечки закони за увоз и извоз на стоки, услуги и информации, како и до применливите ембарга и санкции.
05 Придржување кон кодексот на однесување на DB за деловни партнери
Обврска за придржување
Нашите деловни партнери гарантираат дека ќе се придржуваат кон принципите наведени во овој кодекс на однесување на DB за деловни партнери.
Напомени до концернот DB
Нашите деловни партнери ја користат можноста да наведат укажувања за можни кривични дела, кои биле извршени во рамките на нивната активност за концернот DB и кои би можеле да имаат влијанија врз концернот DB, преку постоечкиот систем на укажувачи1 на концернот DB.
Заштита на укажувачи Нашите деловни партнери не толерираат штета на лицата, кои пријавуваат прекршувања на принципите наведени во овој кодекс на однесување на DB за деловните партнери.
Синџир на доставувачи
Нашите деловни партнери внимателно ги избираат своите доставувачи, кои ги ангажираат во рамките на својата дејност за концернот DB, им ги соопштуваат принципите наведени во овој кодекс на однесување на DB за деловните партнери или оние кои имаат исто значење и се залагаат за тоа, нивните доставувачи да се придржуваат кон тие принципи.
Последици Концернот DB се грижи за партнерската соработка помеѓу него и неговите деловни партнери. Кај помали прекршоци на овој кодекс на однесување на DB за деловните партнери, на деловниот партнер по правило му се дава можност за имплементирање на соодветни помошни мерки во рамките на разумен рок, ако деловниот партнер е начелно подготвен за помош и подобрување. При тешки прекршоци (особено при вршење на кривични дела) концернот DB сепак го задржува правото на одредени санкции наспроти конкретниот деловен партнер. Тоа може да доведе до неодложно прекинување на деловниот однос како и до уважување на правата на барање надомест на штети и други права.
Каде може да се најдат дополнителни информации?
Дополнителни информации ќе најдете на xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxx. Доколку не сте сигурни во врска со нешто или имате прашања треба да се обратите на Вашиот надлежен партнер за контакт во концернот DB. Освен тоа, секогаш имате можност непосредно да го контактирате одделот за усогласеност на концернот DB.
06
Стапување во сила
Според одлуките на Одборот на DB AG/DB ML AG од 10.07.2012 во верзијата од низата средби на Одборот од 03.12.2018.
1xxxx://xxx.xxxxxxxxxxxx.xxx/xxxxxxxxxxxxxxxxx
Верзија 2.0 | Валидна од: 01.05.2019 | Издавач Deutsche Bahn AG |
Координација: | Xxxx Cauers (CCO) | Телефон x00 00 000 00000 |