Договорен орган е ЈЗУ Општа болница Велес, телефон за контакт 043 231 048 , лице за контакт Весна Димова,електронска адреса obveles@yahoo.com.
ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ВЕЛЕС
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
[преку ЕСЈН без е-аукција]
ЗА НАБАВКА НА САНИТЕТСКИ МАТЕРИЈАЛ
Велес ,ноември 2021 година
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е ЈЗУ Општа болница Велес, телефон за контакт 043 231 048 , лице за контакт Xxxxx Xxxxxx,електронска адреса xxxxxxx@xxxxx.xxx.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Предмет на договорот за јавна набавка на санитетски материјал.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
2.2. Предметот на договорот е делив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.
3. Начин на испорака
По претходна порачка од болничката аптека, сукцесивно спрема потребите. Местото на извршување на предметот на договорот е ЈЗУ Општа болница Велес. Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
4.1. Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот
5. Рок на испорака
Рокот на испорака 5 (пет) дена по добиена порачка од болничката аптека,сукцесивно спрема потребите.Местото на извршување на предметот на договорот е ЈЗУ Општа болница Велес. Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
6. Начин на плаќање
Начин на плаќање е вирмански, по доставена фактура, во рок не покус од 60 дена од денот на пристигнувањето на фактурата во архивата на договорниот орган.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање кој е поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде отфрлена од страна на комисијата за јавни набавки.
7. Право на учество
7.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
7.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
7.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
7.4. Составен дел од групна понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка.Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператоти ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
7.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и слидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски.Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена:Во моментот на поднесување на групна понуда, носителот на групата треба да биде регистриран на Електронскиот систем за јавни набавки.
Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сетрификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвиваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма.
7.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
7.7. Економскиот оператор може да учествива како подизведувач во повеќе од една понуда.
7.8. Понудувачот може да агажира подизведувачи. Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да ги наведе:
-сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи
-доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи
-доставува документација за утврдување на способност на предложените подизведувачи
-доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
7.9. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
8. Утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве услови за утврдување на нивната способност:
8.1. дали постојат причини за искличување од постапката
8.2. дали се исполнети условите за квалитативен избор
8.1. Причини за исклучување од постапката се:
8.1.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
- учество во злосторничко здружување,
- корупција,
- затајување даноци и придонеси,
- тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
- перење пари и финансирање тероризам и
- злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
8.1.2 Договорниот орган го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
а) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
б) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
в) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
г) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
д) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
ѓ) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
8.1.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
8.2. Услови за квалитативен избор на економските оператори
а) Способност за вршење професионална дејност
а) Способност за вршење на професионална дејност
-Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
-Доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебни услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот.
8.3. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност.
Економскиот оператор преку ЕСЈН, го прикачува документот со појаснување или дополнување во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи".
9. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Економските оператори доставуваат единствен документ за докажување на способноста и/или потврди, изјави и други документи наведени во овој член . Понудувачот ја докажува способноста со доставување на потребната документација утврдена во овој дел од тендерската документација:
9.1.Способноста за точка 8.1.1 се докажува со:
-изјава на економскиот оператор со која потврдува дека последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела:
- учество во злосторничко здружување,
- корупција,
- затајување даноци и придонеси,
- тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
- перење пари и финансирање тероризам и
- злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе
9.2. Способноста за точка 8.1.2 се докажува со:
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способност;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способност;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или единствен документ за докажување на способност;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способност;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способност;
Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способност.
Документите од точка 9.1 и точка 9.2 не смеат да бидат постари од 6 месеци од крајниот рок за поднесување понуди или пријави за учество, а се доставуваат на барање на комисијата. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
Понудувачот за докажување на својата лична состојба поднесува изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на личната состојба, која е дадена во прилог на оваа тендерска документација. Комисијата ќе побара само од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба.
Изјавата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице или овластениот потписник на економскиот оператор.
Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
9.3. Услов за квалитативен избор се докажува со доставување на:
9.3.1. а) способност за вршење професионална дејност
Понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран и
- Решение за промет на големо со лекови и мед средства согласно Законот за лекови и медицински средства
10. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
10.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите
10.2. Договорниот орган е должен да одговори на сите прашања или барања за појаснување или измени кои економските оператори можат да ги постават во врска со тендерската документација под услов истите да бидат поднесени најмалку 6 дена кај поедноставена отворена постапка со објавување на оглас.
10.3 Договорниот орган може во рок од најмалку 4 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања или барања од економските оператори, да ја измени или дополни тендерската документација
10.4 Одговорите, како и измените и дополнувањата на тендерската дкументација, договорниот орган во најкус можен рок ги прави достапни на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, но не подоцна од 4 дена кај поедноставена отворена постапка со објавување на оглас.
10.5 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за време кое ке го утврди комисијата.
11. Изготвување и поднесување на понудите
11.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во валута како што е утврдено во тендерската документација.
Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка. Доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата согласно со тендерската документација.
Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, се повикува на член 118 од Законот за јавни набавки.
11.2. Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
11.3. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
11.4. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба
Со понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во целост утврдени во законот и во тендерската документација и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.
11.5. Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
11.6. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност согласно член 88 став 1 од ЗЈН (Прилог 2)
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност согласно член 88 став 2 од ЗЈН (Прилог 3)
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 4),
Документ за регистрирана дејност,
- Решение за промет на големо со лекови и мед средства согласно Законот за лекови и медицински средства
11.7. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
11.8. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
11.9. Принцип на една понуда
Едно право или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
12. Краен рок и место за поднесување на понудите
12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 09.12.2021 до 12,00 час.
12.2. Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН доста
пен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
12.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
13. Јавно отворање и евалуација на понудите
13.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација ЈЗУ Општа болница Велес на ул.самоборска ББ Велес на 5 кат во административните простории на болницата.
13.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот.
13.3. Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
13.4. При отворањето на понудите ниту една понуда не се отфрла.
13.5. Пред да пристапи кон евалуација на понудите, комисијата изготвува записник од отворањето на понудите согласно член 108 став 7,8 и 9 од Законот за јавни набавки (Сл.Весник на РСМ бр. 24/19).
14. Критериум за доделување на договорот
14.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолна понуда. Економски најповолна понуда се утврдува врз основа на цената. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
15. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
15.1. Во оваа постапка нема да се користи посебен начин за доделување на договор за јавна набавка.(без спроведување на е-аукција)
15.2. Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
15.3. Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе ја смета за конечна и доколку понудената цена е во рамките на реалната на пазарот комисијата ќе ја прифати.
16. Доделување на договорот за јавна набавка
16.1. Договорниот орган, по спроведената евалуација на понудите во поедноставена отворена постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
16.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
17. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
17.1 По завршувањето на евалуацијата на понудите, избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда.Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
18. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
19. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
19.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
19.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
Технички спецификации –санитетски материјал
дел |
Opis |
ед.мерка |
количина |
1 |
Газа хидрофилна -ширина 80 цм ± 10% (17-20 нитнен хидрофилен белен памук со максимум впивливост 10 сек..и густина на нитките / тежина 24-28г/цм2) согласно стандардите по Фармакопеа |
метар |
27000 |
2 |
Завој ширина 5 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
10000 |
3 |
Завој ширина 6 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
6500 |
4 |
Завој ширина8 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
16000 |
5 |
Завој ширина 10 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
17000 |
6 |
Завој ширина 12 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
15000 |
7 |
Завој ширина 15 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
17000 |
8 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 8 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
1.500 |
9 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 10 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
3400 |
10 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 12 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
4000 |
11 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 15 цм ± 10% со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
2000 |
12 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 20 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
800 |
13 |
Еластичен ткаен завој ширина 10 цм ± 10%, без латекс |
метар |
80 |
14 |
ТРАЈНО ЕЛАСТИЧЕН ТКАЕН КОМПРЕСИСКИ ЗАВОЈ 10 цм (±-5%)од боено памучно предиво ( 95% ) и гумени нитки (5%) растегливост најмалку 150% |
метар |
500 |
15 |
Еластичен завој кобан ширина 7,5 цм ± 10% |
метар |
50 |
16 |
Санитетска вата 100 % памук |
kg |
320 |
17 |
Целулозна вата |
kg |
150 |
18 |
Леплива трака од ткаен текстил со минимум 5 цм ширина |
метар |
4000 |
19 |
Леплива трака од ткаен текстил со минимум 2,5 цм ширина |
метар |
4000 |
20 |
Фластер свилен изработен од бела ткаенина (triacetate) со леплив нанос кој не ја иритира кожата, ширина 5cm (±5%) |
метар |
20000 |
21 |
Хартиен фластер ширина минимум 2,5 цм |
метар |
8000 |
22 |
Очни компреси со алуминиран неткаен текстил со дијаметар минимум 6 цм |
парче |
500 |
23 |
ЦВРСТИ КРЕП ЗАВОЈ СО ТКАЕН РАБ 15цм ширина и должина 10м, од 100% памук од небелено памучно предиво min.30 тех. и растеливост min.130% (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
100 |
24 |
ЦВРСТИ КРЕП ЗАВОЈ СО ТКАЕН РАБ 12цм ширина и должина 4,5м, од 100% памук од небелено памучно предиво min.30 тех. и растеливост min.130% (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
200 |
25 |
ЛЕПЕНКА ЗА РАНА СТЕРИЛНА 20х10цм- со внатрешно впивливо перниче со димезии 150х60 мм 100% вискоза со голема моќ на упивање, превлечено со полиетиленски филм и носечка тканина од 100% полиестер со леплив нанос (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
20 |
26 |
ЛЕПЕНКА ЗА РАНА СТЕРИЛНА 30х10цм- со внатрешно впивливо перниче со димезии 240х60 мм 100% вискоза со голема моќ на упивање, превлечено со полиетиленски филм и носечка тканина од 100% полиестер со леплив нанос (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
30 |
27 |
Подлога за болни минимум од 60 цм x 90 цм со горен слој од неткаен текстил, среден минимум 12 слоен лигнин и долен пластичен слој со моќ на впивање минимум 2000 мл. |
парче |
2800 |
28 |
Стерилен сет за колено составен минимум од : 1 прекривка за кревет 152x190cm со зајакнат апсорбирачки дел 74х190см со издржливост од 50 µm; 1 прекривка за Mayo масичка 80x142 cm со зајакнат апсорбирачки дел 55x88cm; 2 целулозни крпи 30x20cm; 2 оперативни ленти за фиксација 9x50cm ;1 биламинатен чорап за нога S 37,5x55cm; 1 артроскопска биламинатна прекривка во" Т" форма со делови за прекривање на рацете 221/295x335cm со зајакнат абсорбирачки дел 77х114см и со еластичен отвор со дијаметар 6cm и 2 држачи за цевчиња ; целиот сет да биде замотан во прекривка 150х90см (можно отстапување на бараните димензи од +/-10%) |
парче |
12 |
29 |
Стерилен сет за колк составен минимум од : 1 прекривка за кревет 140x190cm со зајакнат апсорбирачки дел 74х190см со издржливост од 50 µm; 1 прекривка за Mayo масичка 80х145 см со зајакнат апсорбирачки дел 75x100cm;1 прекривка со засек ( U засек) 152х213см со димензија на адхезивен засек 20х76см; 2 целулозни крпи 39x30cm; 2 оперативни ленти за фиксација 9x50cm; 1 биламинатен чорап за нога L 33x122cm; 1 биламинатна прекривка 100x100cm; 1 биламинатна прекривка со засек 240х304см со зајакнат абсорбирачки дел 65х130см и адхезивен отвор со засек 7х108см; 1 биламинатна горна прекривка 260х170см со зајакнат абсорбирачки дел 67х25см и должина од 60см на адхезивниот дел ; целиот сет да биде замотан во омот од СМС материјал 90х90см (можно отстапување на бараните димензи од +/-10%) |
парче |
25 |
30 |
АБДОМИНАЛНА КОМПРЕСА - изработена од впивлива памучна газа, 20 нитна, 4 слојна, со РТГ - индикатор, димензии 50х50cm (±10%) парче |
парче |
400 |
31 |
Оперативна подлога без отвор – подлога од каширан водоотпорен неткаен текстил, стерилна 45х75cm (±5%) |
парче |
100 |
32 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.4 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
100 |
33 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.5 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
150 |
34 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.6 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
150 |
35 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.7 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
200 |
36 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.8 – за граден кош, колкови, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
300 |
37 |
ПРЕКРИВКА ОД НЕТКАЕН ТЕКСТИЛ ВО РОЛНА - изработен од вискозни и полипропиленски влакна или мешавина од истите, перфорирана 60х50cm најмалку 100 парчиња во ролна |
метар |
2000 |
38 |
Оперативна подлога без отвор – подлога од каширан водоотпорен неткаен текстил, стерилна 45х75cm отвор d=7cm (±5%) |
парче |
200 |
39 |
ПЛАСТИФИЦИРАНА КЕЦЕЉА - од пластифициран водоотпорен неткаен текстил |
парче |
1500 |
40 |
Стерилен транспарентен фластер со пенаста полиетиленска рамка и еластични врвки за фиксирање ,димензија 13X 10 cm |
парче |
20 |
41 |
ПРЕКРИВКА ОД НЕТКАЕН ТЕКСТИЛ ВО РОЛНА - изработена од прв слој вискозни и полипропиленски влакна или мешавина од истите и втор непропустлив пластифициран слој перфорирана 70х70cm најмалку 100 парчиња во ролна, со дозволено отстапување од ±3% |
метар |
2000 |
42 |
ПРЕКРИВКА ЗА ЗАШТИТА НА КРЕВЕТ со димензии 102х228см -трослојна : прв слој неткаен текстил,втор супервпивачки слој и трет непропустлив полиетиленски слој,со дозволено отстапување од ±3% |
парче |
50 |
43 |
Ресорптивен хемостат од оксидирана регенерирана целулоза 5х8цм ± 10 % |
парче |
80 |
44 |
Ресорптивен хемостат од оксидирана регенерирана целулоза 10х15цм ± 10 % |
парче |
20 |
45 |
Сет од гази хидрофилни бр.2 составен од 2 парчиња компреса од газа 5х5сm 12 слојна, 2 парчиња компреса од газа 7,5х7,5сm 12 слојна, 2 парчиња компреса 10х10cm 12 слојна, 4 парчиња тампон од газа бр.3 (развиена дим.20x20cm) и пинцета пластична (дозволено отстапување од димензиите ±3%) |
парче |
200 |
НАПОМЕНА:
За регистрираните медицински средства:
Економскиот оператор за понудените мед средства да има обезбедено одобрение за ставање во промет на мед средства или привремено или трајно одобрение за паралелен увоз, согласно Законот за лекови и медицински средства, што се докажува со Решение за ставање во промет на медицинско средство или привремено или трајно одобрение за паралелен увоз, согласно Законот за лекови и медицински средства или овластување од носителот на истото.
За нерегистрираните лекови:
- Економскиот оператор за понудените медицински средства да има обезбедено документ со кој се дозволува увоз (одобрение за интервентен увоз) согласно Законот за лекови и медицински средства,што се докажува со Дозвола за увоз (одобрение за интервентен увоз) согласно Законот за лекови и медицински средства.
Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација
Комисија за јавни набавки
Претседател
Др Xxxxx Xxxxxxx
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на ЈЗУ Општа болница Велес, за доделување на договор за јавна набавка на санитетски материјал со спроведување на поедноставена отворена постапка, без спроведување на електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација, ја поднесуваме следнава
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број: ____________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки
_____________________________________________________________________________________
II.2. Во прилог ги доставуваме брошури, каталози и слично за стоките кои ги нудиме, и тоа: ______________________________________________________________.
[Во оваа точка, понудувачот треба да го наведе видот на документите кои ги доставува за приказ на стоките што ги нуди. Доколку не се побарани брошури, каталози и слично, оваа точка се брише.]
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација
Дел III – Финансиска понуда
III. 1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во следнава листа на цени:
дел |
Opis |
ед.мерка |
количина |
ед.цена без ДДВ |
износ без ДДВ |
1 |
Газа хидрофилна -ширина 80 цм ± 10% (17-20 нитнен хидрофилен белен памук со максимум впивливост 10 сек..и густина на нитките / тежина 24-28г/цм2) согласно стандардите по Фармакопеа |
метар |
27000 |
|
|
2 |
Завој ширина 5 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
10000 |
|
|
3 |
Завој ширина 6 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
6500 |
|
|
4 |
Завој ширина8 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
16000 |
|
|
5 |
Завој ширина 10 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
17000 |
|
|
6 |
Завој ширина 12 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
15000 |
|
|
7 |
Завој ширина 15 цм ± 5%100%памук(нм 50/1-60/1 нити на 1цм2)со вткаен раб |
метар |
17000 |
|
|
8 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 8 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
1.500 |
|
|
9 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 10 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
3400 |
|
|
10 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 12 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
4000 |
|
|
11 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 15 цм ± 10% со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
2000 |
|
|
12 |
Гипсан завој брзоврзувачки ширина 20 цм ± 10%со време на стврднување 3-5 минути. |
метар |
800 |
|
|
13 |
Еластичен ткаен завој ширина 10 цм ± 10%, без латекс |
метар |
80 |
|
|
14 |
ТРАЈНО ЕЛАСТИЧЕН ТКАЕН КОМПРЕСИСКИ ЗАВОЈ 10 цм (±-5%)од боено памучно предиво ( 95% ) и гумени нитки (5%) растегливост најмалку 150% |
метар |
500 |
|
|
15 |
Еластичен завој кобан ширина 7,5 цм ± 10% |
метар |
50 |
|
|
16 |
Санитетска вата 100 % памук |
kg |
320 |
|
|
17 |
Целулозна вата |
kg |
150 |
|
|
18 |
Леплива трака од ткаен текстил со минимум 5 цм ширина |
метар |
4000 |
|
|
19 |
Леплива трака од ткаен текстил со минимум 2,5 цм ширина |
метар |
4000 |
|
|
20 |
Фластер свилен изработен од бела ткаенина (triacetate) со леплив нанос кој не ја иритира кожата, ширина 5cm (±5%) |
метар |
20000 |
|
|
21 |
Хартиен фластер ширина минимум 2,5 цм |
метар |
8000 |
|
|
22 |
Очни компреси со алуминиран неткаен текстил со дијаметар минимум 6 цм |
парче |
500 |
|
|
23 |
ЦВРСТИ КРЕП ЗАВОЈ СО ТКАЕН РАБ 15цм ширина и должина 10м, од 100% памук од небелено памучно предиво min.30 тех. и растеливост min.130% (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
100 |
|
|
24 |
ЦВРСТИ КРЕП ЗАВОЈ СО ТКАЕН РАБ 12цм ширина и должина 4,5м, од 100% памук од небелено памучно предиво min.30 тех. и растеливост min.130% (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
200 |
|
|
25 |
ЛЕПЕНКА ЗА РАНА СТЕРИЛНА 20х10цм- со внатрешно впивливо перниче со димезии 150х60 мм 100% вискоза со голема моќ на упивање, превлечено со полиетиленски филм и носечка тканина од 100% полиестер со леплив нанос (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
20 |
|
|
26 |
ЛЕПЕНКА ЗА РАНА СТЕРИЛНА 30х10цм- со внатрешно впивливо перниче со димезии 240х60 мм 100% вискоза со голема моќ на упивање, превлечено со полиетиленски филм и носечка тканина од 100% полиестер со леплив нанос (можно отстапување на бараните димензи од +/-5%) |
метар |
30 |
|
|
27 |
Подлога за болни минимум од 60 цм x 90 цм со горен слој од неткаен текстил, среден минимум 12 слоен лигнин и долен пластичен слој со моќ на впивање минимум 2000 мл. |
парче |
2800 |
|
|
28 |
Стерилен сет за колено составен минимум од : 1 прекривка за кревет 152x190cm со зајакнат апсорбирачки дел 74х190см со издржливост од 50 µm; 1 прекривка за Mayo масичка 80x142 cm со зајакнат апсорбирачки дел 55x88cm; 2 целулозни крпи 30x20cm; 2 оперативни ленти за фиксација 9x50cm ;1 биламинатен чорап за нога S 37,5x55cm; 1 артроскопска биламинатна прекривка во" Т" форма со делови за прекривање на рацете 221/295x335cm со зајакнат абсорбирачки дел 77х114см и со еластичен отвор со дијаметар 6cm и 2 држачи за цевчиња ; целиот сет да биде замотан во прекривка 150х90см (можно отстапување на бараните димензи од +/-10%) |
парче |
12 |
|
|
29 |
Стерилен сет за колк составен минимум од : 1 прекривка за кревет 140x190cm со зајакнат апсорбирачки дел 74х190см со издржливост од 50 µm; 1 прекривка за Mayo масичка 80х145 см со зајакнат апсорбирачки дел 75x100cm;1 прекривка со засек ( U засек) 152х213см со димензија на адхезивен засек 20х76см; 2 целулозни крпи 39x30cm; 2 оперативни ленти за фиксација 9x50cm; 1 биламинатен чорап за нога L 33x122cm; 1 биламинатна прекривка 100x100cm; 1 биламинатна прекривка со засек 240х304см со зајакнат абсорбирачки дел 65х130см и адхезивен отвор со засек 7х108см; 1 биламинатна горна прекривка 260х170см со зајакнат абсорбирачки дел 67х25см и должина од 60см на адхезивниот дел ; целиот сет да биде замотан во омот од СМС материјал 90х90см (можно отстапување на бараните димензи од +/-10%) |
парче |
25 |
|
|
30 |
АБДОМИНАЛНА КОМПРЕСА - изработена од впивлива памучна газа, 20 нитна, 4 слојна, со РТГ - индикатор, димензии 50х50cm (±10%) парче |
парче |
400 |
|
|
31 |
Оперативна подлога без отвор – подлога од каширан водоотпорен неткаен текстил, стерилна 45х75cm (±5%) |
парче |
100 |
|
|
32 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.4 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
100 |
|
|
33 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.5 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
150 |
|
|
34 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.6 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
150 |
|
|
35 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.7 – за глава, бедро, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
200 |
|
|
36 |
Мрежа за рана (турбан завој) изработена од памук, гумени нитки и полиамид, бр.8 – за граден кош, колкови, должина најмалку 25m и степен на еластичност – растегливост по ширина min.400% |
метар |
300 |
|
|
37 |
ПРЕКРИВКА ОД НЕТКАЕН ТЕКСТИЛ ВО РОЛНА - изработен од вискозни и полипропиленски влакна или мешавина од истите, перфорирана 60х50cm најмалку 100 парчиња во ролна |
метар |
2000 |
|
|
38 |
Оперативна подлога без отвор – подлога од каширан водоотпорен неткаен текстил, стерилна 45х75cm отвор d=7cm (±5%) |
парче |
200 |
|
|
39 |
ПЛАСТИФИЦИРАНА КЕЦЕЉА - од пластифициран водоотпорен неткаен текстил |
парче |
1500 |
|
|
40 |
Стерилен транспарентен фластер со пенаста полиетиленска рамка и еластични врвки за фиксирање ,димензија 13X 10 cm |
парче |
20 |
|
|
41 |
ПРЕКРИВКА ОД НЕТКАЕН ТЕКСТИЛ ВО РОЛНА - изработена од прв слој вискозни и полипропиленски влакна или мешавина од истите и втор непропустлив пластифициран слој перфорирана 70х70cm најмалку 100 парчиња во ролна, со дозволено отстапување од ±3% |
метар |
2000 |
|
|
42 |
ПРЕКРИВКА ЗА ЗАШТИТА НА КРЕВЕТ со димензии 102х228см -трослојна : прв слој неткаен текстил,втор супервпивачки слој и трет непропустлив полиетиленски слој,со дозволено отстапување од ±3% |
парче |
50 |
|
|
43 |
Ресорптивен хемостат од оксидирана регенерирана целулоза 5х8цм ± 10 % |
парче |
80 |
|
|
44 |
Ресорптивен хемостат од оксидирана регенерирана целулоза 10х15цм ± 10 % |
парче |
20 |
|
|
45 |
Сет од гази хидрофилни бр.2 составен од 2 парчиња компреса од газа 5х5сm 12 слојна, 2 парчиња компреса од газа 7,5х7,5сm 12 слојна, 2 парчиња компреса 10х10cm 12 слојна, 4 парчиња тампон од газа бр.3 (развиена дим.20x20cm) и пинцета пластична (дозволено отстапување од димензиите ±3%) |
парче |
200 |
|
|
Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) *
|
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 2
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност согласно член 88 став 1 од ЗЈН
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] или на лицето кое е член на управниот или надзорниот орган или кое има овластување за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следните кривични дела утврдени во кривичниот законик:
-учество во злосторничко здружување
-корупција
-затајување даноци и придонеси
-тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности
-перење пари и финансиски тероризам
-злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3
Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност согласно член 88 став 2 од ЗЈН
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот _____________________________________________________________ [се наведува назив на понудувачот] во целост ги исполнува критериумите за утврдување на способност согласно член 88 став 2 од ЗЈН на понудувачите утврдени во законот и во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на ______________________________ [се внесува предметот на договорот за јавна набавка] објавен од страна на ____________________________________ [се наведува називот на договорниот орган] со отворена постапка и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 4 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа на член 101 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот_______________________________________________________, изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во случаите од член 101 став 4,6 и 7 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис) * |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
1 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН