Број на оглас: бр. 05-2402/4/2017 ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР
Број на оглас: бр. 05-2402/4/2017 ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Општина Кочани
I.1.2) Адреса: Раде Кратовче бр.1
I.1.3) Град и поштенски код: Кочани 2300
I.1.4) Интернет адреса: xxxx://xxx.xxxxxx.xxx.xx
I.1.5) Лице за контакт: Xxxxxxx Xxxxxxxxx
Адреса на е-пошта: xxxxxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx
Tелефон 000-000-000, Моб.тел.000-000-000, Факс:000-000-000
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса.
I.1.7) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка: Набавка на хотелски и угостителски услуги на подрачје на општина Кочани
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: услуги - категорија на услуга бр.17- хотелски и угостителски услуги .
II.3) Место на извршување на услугите: Кочани.
II.4) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): не.
II.5) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: не
II.6) Групна набавка: не.
II.7) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: даден во тендерската документација .
II.8) Дали предметот на набавката е делив: да, на три дела:
Дел 1- хотелски (сместување – ноќевање и доручек) Дел 2 – ресторански ( храна и пијалак )
Дел 3- кафетериски ( кафе и пијалак )
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Договорот за јавна набавка ќе се додели согласно член 17 став 1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавни набавки ( „ Службен весник на РМ “ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17), и ќе заврши со склучување на Рамковна спогодба, за секој дел посебно.
III.2) Критериум за доделување на договор:
- највисок понуден рабат (попуст) изразен во проценти, на цените без ДДВ, од редовниот важечки ценовник на услугите кои ги нуди во моментот економскиот оператор, за задоволување на потребата на договорниот орган, кој не смее да биде помал од 10 % .
III.3) Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со користење на електронски средства? Не.
III.4) Дали ќе се користи електронска аукција? Не.
ДЕЛ IV: ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за сериозност на понудата: да.
IV.1.2) Изјава за независна понуда: да.
IV.1.3) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: не.
IV.1.4) Авансно плаќање: не.
IV.1.5) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): не.
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за доставување на понудите :
• Понуда може да поднесе само економски оператор кој е регистриран на ЕСЈН, со преземање на тендерската документација (без надоместок) објавена на ЕСЈН,
V.1.1) Понудите да се достават најдоцна до: 17.01.2018 година до 12:00 часот (среда), на следната адреса : Општина Кочани , ул.Раде Кратовче бр. 1 Кочани, со назнака за
„Оглас бр. 05-2402/4/2017“ или директно во архивата на Општина Кочани .
• Понудата која ќе биде поднесена по крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета понуда.
V.1.2) Период на важност на понудата: 60 денови.
V.2) Услови за отворање на понудите:
• Јавното отворање на понудите ќе се одржи на ден: 17.01.2018 година во 12:00 часот (среда), на следната адреса : xx.Xxxx Xxxxxxxx xx.0 – Кочани, административна зграда на Општина Кочани, сала за состаноци, први кат.
V.3) Датум на објава: 28.12.2017 год.
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА бр. 05-2402/3/2017
Доделување на договор за јавна набавка на услуги
согласно чл.17 ст.1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки
Предмет на набавка:
Набавка на хотелски и угостителски услуги на подрачје на општина Кочани, и тоа за: Дел 1- хотелски (сместување – ноќевање и доручек)
Дел 2 – ресторански ( храна и пијалак ) Дел 3 - кафетериски ( кафе и пијалак )
Категорија на услуги бр. 17
од Уредбата за услугите кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги (“Службен весник на Република Македонија” бр. 157 / 07)
критериум за доделување на договорот: најниска цена
Подготвил:
Виш соработник за спроведување на постапки за јавни набавки
( Xxxxxxx Xxxxxxxxx )
Кочани, декември , 2017
С о д р ж и н а
- | ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА |
I | ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ |
II | ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ |
III | ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА |
I V | ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА |
V | ОБРАЗЕЦ НА ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА |
VI | ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ |
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган - Општина Кочани, со седиште на адреса ул.'' Раде Кратовче '' бр.1 Кочани , телефон за контакт 000-000-000, факс 000-000-000, има потреба од доделување на договор за јавна набавка на услуги , и тоа :
Набавка на хотелски и угостителски услуги на подрачје на општина Кочани, и тоа за: Дел 1- хотелски (сместување – ноќевање и доручек)
Дел 2 - ресторански ( храна и пијалак ) Дел 3- кафетериски ( кафе и пијалак )
За таа цел, Договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка, согласно чл.17 ст.1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, за што објави оглас број 05- 2402/4/2017 на ЕСЈН, во дел – Други огласи. .
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 17.01.2018 год. во 12:00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка и образец на понудата.
Отворањето на поднесените понуди ќе биде јавно, и ќе се изврши на ден 17.01.2018 година во 12:00 часот во просториите на Општина Кочани , ул. „ Раде Кратовче “ бр.1 Кочани, сала за состаноци, први кат.
Однапред благодариме на соработката,
Во Кочани 28.12.2017 година | Општина Кочани Претседател на Комисија за јавни набавки |
( Xxxxx Xxxxxx )
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa на услуги “ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е обезбедување на услуги кои претставуваат предмет на договорот ;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е обезбедување на една или повеќе услуги ;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата ;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат ;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи ;
- „Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда ;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка ;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација ;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација ;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација ;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка ;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка ;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- „ Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице ;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки ;
- Поврзан економски оператор “ е економски оператор :
• врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание;
• кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
• кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект “
- „ Доминантно влијание “ е кога:
• едниот економски оепаратор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени издадени од страна на другиот економски опеаротор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
• постои роднинска поврзаност меѓу основачите на двата економски оператори до втор степен
- „ Профил на економски оператор “ е функционалност на ЕСЈН со која се олеснува докажувањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување на способност од страна на регистрираните економски оператори;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Општина Кочани, со седиште на адреса: ул.`` Раде Кратовче`` бр.1, телефон 000-000-000, факс 000-000-000, електронска пошта xxxx@xxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Согласно потребите на Општина Кочани, а врз основа на Барање за спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка од Одделение за правни и општи работи, одговорното лице на Договорниот орган донесе Одлука за јавна набавка за обезбедување на услуги за :
Набавка на хотелски и угостителски услуги на подрачје на општина Кочани, и тоа за: Дел 1- хотелски (сместување – ноќевање и доручек)
Дел 2 - ресторантски ( храна и пијалак ) Дел 3- кафетериски ( кафе и пијалак )
1.3.2 Предметот на договорот е деллив на делови како што е дефинирано во техничките спецификации. Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за јавна набавка.
1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавната набавка ќе се се додели со спроведување на постапка согласно чл.17 ст.1 алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки, која ќе заврши со склучување на Рамковна спогодба, за секој дел од предметот на набавка и секоја Рамковна спогодба ќе биде со времетраење на важност од една година, сметајќи од денот на склучување на истата.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот
1.5.1 Договорниот орган ќе склучи Рамковна спогодба со повеќе економски оператори во рамките на еден дел ( за секој дел посебна Рамковна спогодба) согласно условите утврдени во оваа тендерска документација, чиј број не може да биде помал од три, а повеќе од шест. По исклучок на деловите каде бројот на прифатливи понуди е помал од три, Рамковните спогодби ќе се склучат со оние економски оператори кои поднеле прифатлива понуда.
Понудите на сите економски оепратори кои ќе бидат страна во Рамковната спогодба, треба да бидат прифатливи и соодветни, во смисла на чл.3 ст. 1 точка 24 и 25 од Законот за јавните набавки .
1.6 Планирани средства за реализација и извор на средствата
1.7.1 Согласно чл.17 ст.3 од Законот за јавните набавки, проценета вредност за склучување на договорите за јавни набавки, за овој вид на услуги, за сите три дела заедно од предметот на набавката , изнесува 20.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, на 12 месечна основа.
1.7.2 Потрошените средства за предметот на набавка ќе се пресметуваат на квартално ниво и доколку дојде до вредносно исполнување на Рамковните спогодби (исцрпување на средствата) пред утврденото времетраење на важност , истите ќе престанат да важат од тој момент.
1.7.3 Средствата за реализација на договорите за конкретната јавна набавка, се обезбедени од Програмите во Буџетот на Општина Кочани за 2018 год., ставка 426 и 420 .
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое презело тендерска документација од ЕСЈН, под услов да е регистриран на ЕСЈН и кое ги исполнува условите согласно тендерската документација.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Економските оператори можат да се здружат и да формираат група на економски оператори со цел заедно да поднесат групна понуда без да се поврзат во законска правна форма.
1.8.4.1 Составен дел на групна понуда е договор за поднесување на групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка , а кој особено ги содржи следните податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата , односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка ,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција ,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата/ситуацијата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот .
1.8.4.2 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
1.8.4.3 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку :
- е носител на групата економски оператори,
- ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција ,
- групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
- другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
1.8.4.4 Повлекувањето на член од групата економски оператори спротивно на условите од т. 1.8.4.3 се смета за повлекување на групната понуда .
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење на професионалната дејност.
1.8.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.7 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.8 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично) и да приложи Изјава од подизведувачот/те дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари. Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.9 Носителот на набавката може во текот на реализација на договорот за јавна набавка да ги менува подизведувачите за оној дел од договорот за јавна набавка што го отстапил на подизведувачи, само по претходно одобрение од договорниот орган.
1.8.10 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.8.11 Лицата кои учествуваат и помагат во евалуацијата на пријавите за учество или понудите, како и одговорното лице кај договорниот орган, не можат да бидат кандидати, понудувачи, подизведувачи или членови во група на понудувачи во соодветната постапка. Во таков случај, пријавата за учество или понудата на кандидатот или понудувачот се исклучува од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка, односно критериум за понудувачот да биде избран за страна во Рамковната спогодба е:
- највисок понуден рабат (попуст-изразен во проценти), на цените без ДДВ, од редовниот важечки ценовник на услугите кои ги нуди во моментот економскиот оператор за задоволување на потребата на договорниот орган, кој не смее да биде помал од 10 % .
Забелешка: Страна на Рамковната спогодба, за секој дел посебно може да биде оној понудувач кој понудил највисок рабат (попуст), кој не смее да биде помалку од 10 % на цените утврдени во редовното мени.
Бројот на страните во Рамковната спогодба, за секој дел посебно, не може да биде поголем од 6 (шест) , а помал од 3 (три), освен во случај кога за некој дел од предметот на набавката , на подрачје на општина Кочани, не постојат заинтересирани понудувачи.
Во оваа постапка нема да се спроведува електронска аукција, а страните во Рамковната спогодба ќе бидат рангирани, согласно висината на понудениот рабат (попуст), за секој дел посебно.
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во писмена форма. Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Документите, освен понудата, се испраќаат:
- по пошта или
- со електронски средства.
1.12.3 Документот кој бил испратен со користење на електронски средства, доставувачот е должен да го достави по пошта во рок од 2 /два/ дена од денот на испраќањето на документот со користење на електронските средства (освен ако документот е потпишан со дигитален сертификат
).
1.12.4 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже :
- личната состојба и
- способноста за вршење професионална дејност,
2.1.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари ;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност ;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација ;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки ;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5/пет/ години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
;
/ оригинал- потпишана и заверена од одговорното лице на понудувачот /со штембил и дата / ;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност ;
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност ;
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција- забрана за вршење на професија, дејност или должност ;
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција- привремена забрана за вршење одделна дејност.
/ оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува и заверува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 2, 3 , 4, 8 и 9 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во
Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи на Република Македонија.
2.2.6 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за отварање/доставување на понудите, па наназад.
2.2.7 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на соодветна дејност поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.3.2 За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран, односно да достави :
• Потврда за регистрирана дејност, Xxxxxxx состојба на правното лице или било каков друг доказ за утврдување на дејноста што ја врши правното лице во објектот каде ќе се извршува конкретната услуга, поврзана со предметот на набавка, за чие издавање надлежен орган во РМ е Централен регистар на РМ ;
/оригинал или копија потпишана и заверена од понудувачот со назнака „ Верно на оригинал “;
Пр. за Дел 1) хотелски услуги - хотели, мотели, одморалишта и сл дејноста да е поврзана со
хотели и слични објекти за сместување, со издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг) ..,како и задолжителен доказ за категоризација на објектот.
за Дел 2) ресторански услуги - ресторани, гостилници, млечни ресторани, ресторан бавчи, летни бавчи, пицерии, и сл дејноста да е поврзана со подготовка и послужување на храна;
за Дел 3) кафетериски услуги - барови (кафеана, кафетерија, кафе бар, пивница и сл) дејноста
да е поврзана со подговка и послужување на пијалаци;
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучително во писмена форма, најдоцна 6 /шест/ дена пред крајниот рок за поднесување понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави до сите економски оператори што подигнале тендерска документација, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6/шест/ дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање на економскиот оператор (ако постојат оправдани причини) и да овозможи најмалку 5 /пет/ работни денови за поднесување на понудите откако на економските оператори им ги обелоденил појаснувањата/дополнувањата.
3.2.3 Во случај на продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен писмено да ги извести сите економски оператори што подигнале тендерска документација.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи :
- пополнет образец на понуда – прилог на тендерската документација, и составен дел на понудата да биде важечкиот редовен ценовник на услугите, во моментот на поднесување на понудата ;
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2 од тендерската документација ;
- документи за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3.2 од тендерската документација ;
- Изјава за сериозност на понудата – прилог на образецот на понуда ;
- Изјава за независна понуда – прилог на образецот на понуда;
- листа на доверливи информации (доколку има доверливи информации ) - прилог на образецот на понуда ;
- Договор за поднесување на групна понуда (само за група на економски оператори), во согласност со точка 1.8.4 од оваа тендерска документација ;
4.1.2 Економскиот оператор задолжително треба да ги користи обрасците дадени во оваа тендерска документација при што тие мора да се пополнети без никакви измени на нивната форма. Во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во понудата ја внесува висината на рабатот (попустот) изразен во проценти, што го нуди, кој ќе се пресметува при секое фатурирање на цените утврдени во редовниот важечки ценовник, во моментот на реализација на потребата на договорниот орган.
Значи, секоја услуга која ќе биде реализирана од тој економски оператор, доколку биде избран за страна на Рамковната спогодба, ќе се наплаќа по цена од редовниот важечки ценовник, намалена за понудениот рабат (попуст).
.3.2 Понудениот попуст треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана на цените без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Напомена: Цените(попустот) да биде пишуван директно во Образец на понудата ( составен дел на тендерската документација ) изготвен од договорниот орган, кој се презема директно од ЕСЈН, и не се дозволени никакви алтернативни понуди или обрасци на понуда.
Доколку цените се дадени на друг начин како претходно опишаниот, понудата ќе биде оценета како неприфатлива и нема да биде предмет на евалуација.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во проценти ( рабат, попуст ). Евалуацијата на понудите, за страна во Рамковната спогодба, за секој дел посебно, ќе се врши на основа на висината на понудениот рабат (попуст) изразен во проценти..
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 60 (шеесет) дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата и изјава за независна понуда
4.6.1 Изјава за сериозност на понудата
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.6.2 Изјава за независна понуда
Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
Изјавата за независна понуда ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудата се поднесува во еден оригинален примерок, испишана со неизбришливо мастило и потпишана од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата. Понудата која е потпишана со факсимил ќе се смета за понуда со формален недостаток и истата ќе биде отфрлена како неприфатлива понуда.
4.7.2 Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само ако е потпишано или парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
4.8 Затворање и обележување на понудите
4.8.1 Понуди можат да достават само економски оператори што се регистрирани на ЕСЈН
,односно оние кои преземале тендерската документација директно од ЕСЈН и за кои Договорниот орган има добиено електронска потврда за преземање на истата, согласно Правилникот за начинот на користење на ЕСЈН .
4.8.2 Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така затворениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- не содржи информации за економскиот оператор;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, или „Do not open“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.8.3 Доколку сите пликоа не се запечатени и обележани како што се бара, Договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.
4.9 Посета на локација
4.9.1 Во оваа постапка не е предвидена посета на локација.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е: 17.01.2018 година, во 12:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса : “ Раде Кратовче ” бр . 1 , Општина Кочани или во архивата на Договорниот орган, до денот и часот утврдени за доставување на истите , со назнака "за постапка по Оглас бр.05- 2402/4/2017 ".
„Не отвoрај“ до 17.01.2018 пред 12:00 ч. за постапка по Оглас бр. 05-2402/4/2017
До Општина Кочани
ул.Раде Кратовче бр.1 Кочани 2300
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на економскиот оператор неотворена.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 4.8, со тоа што ковертот соодветно ќе биде обележан со "измена", "замена" или "повлекување".
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со наплатување на гаранцијата на понудата, согласно точка 4.6.1 .
5. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Јавно отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на ден 17.01.2018 год., во 12:00 часот, во просториите на Општина Кочани, мала сала за состаноци, први кат..
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.10 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на јавното отворање на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови ;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на повеќекратна Рамковна спогодба ( со повеќе економски оператори )
6.1.1. Страни на Рамковната спогодба, за секој дел посебно, ќе бидат економските оператори чии прифатливи понуди имаат највисок рабат (попуст) изразен во проценти, кој не смее да биде помал од 10 % на цените на услугите утврдени во важечкиот ценовник, во моментот на задоволување на потребата на договорниот орган.
6.1.2. Доколку две или повеќе прифатливи понуди имаат ист попуст (рабат), за страна која ќе биде рангирана до максимум 6(шест) економски оператори, ќе биде избран оној економски оператор кој прв (хронолошки според датата и часот на приемот) ја доставил понудата во архивата на договорниот орган,.
6.1.3. Во случај бројот на прифатливи понуди утврден за склучување на повеќекратната Рамковна спогодба, во рамките на секој дел посебно, да е помал од бројот 3(три) , договорниот орган, Рамковната спогодба за тој ДЕЛ ќе ја склучи со тие економски оператори, доколку поднеле прифатлива понуда.
.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка/рамковна спогодба
6.2.1 Пред истекот на периодот на важење на понудата, а најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на страни во Рамковната спогодба, избраните економски оператори во исто време ќе бидат известени во писмена форма дека нивната понуда е прифатена. Во исто време и сите други економски оператори, учесници во постапката, ќе бидат известени за резултатите од тендерот и ќе им биде испратена одлуката за доделување на договор како и известување за причините за неизбор на нивната понуда.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Правото на жалба се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата се изјавува во рок од 8 /осум / дена од денот на
- објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот ;
- отварањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите ;
- истекот на рокот за донесување одлука за избор или за поништување на постапката согласно со членот 162 став (2) од овој закон во однос на пропуштањето за донесување на одлука за избор или за поништување на постапката во соодветниот рок ;
- приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка , во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката или
- сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка.
6.3.3 Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од потточка 6.4.2, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
6.3.4 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице и печат.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.11 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка/рамковната спогодба
6.4.1 Договорниот орган ќе ги повика страните на Рамковната спогодба, сите во исто време за потпишување на истата.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач ( страна во Рамковната спогодба ) не одговоре со присуство за потпишување на договорот ( Рамковната спогодба ), договорниот орган го задржува правото да смета дека истиот се откажал од склучување на договорот и дека истиот ја прекршил Xxxxxxxx за сериозност на понудата .
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ( Рамковната спогодба) ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин и рок на плаќање
7.1.1 Доколку вредноста на поединечна услуга ( за било кој дел од предметот на набавката ) не надминува 18.000,00 ден. без ДДВ ( со вкалкулиран попуст ), плаќањето може да се изврши врз основа на обезбедена фискална сметка или фактура од носителот на набавката ( страна во
Рамковната спогодба) со прилог испратница, која ќе се смета како посебен договор, склучен во рамките на Рамковната спогодба.
7.1.2 Доколку вредноста на поединечна услуга ( за било кој дел од предметот на набавката ) надминува 18.000,00 ден. без ДДВ ( со вкалкулиран попуст ), плаќањето ќе се изврши врз основа на склучен посебен договор на начин утврден во точка 7.2 од оваа тендерска документација и добиена фактура за обезбедени услуги, со прилог испратница.
Исплатната документација може да се доставува на месечна основа, а плаќањето ќе се изврши во рок од 60 (шеесет) дена, сметано од денот на доставување на истата во архивата на Договорниот орган.
ДДВ во исплатната документација, ќе биде посебно изразен.
7.2 Проверката на цените за извршената услуга согласно важечкиот ценовник во моментот на вршење на услугата, ќе ја врши лице задолжено/овластено од Договорниот орган, и веродостојноста на истите ќе биде потврдена со плаќање на поднесената исплатна документација. Во спротивно плаќањето нема да се изврши.
За таа цел, страните во Рамковната спогодба, се должни во рок од три дена, сметано од денот на промената на редовниот важечки ценовник ( кој го имат доставено со понудата ), па и секоја промена во текот на времетраењето на важењето на Рамковната спогодба, да го известат договорниот орган и да го достават новиот редовен важечки ценовник, кој важи во моментот на реализирање на потребата на договорниот орган, на кој всушност ќе се пресметува утврдениот попуст во Рамковната спогодба. Во спротивно попустот ќе биде пресметан на цените од ценовникот доставен со понудата.
7.3 Авансно плаќање
7.3.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.4 Начин и рок на извршување на услугата
7.4.1 За поединечна услуга ( за било кој дел од предметот на набавката ) со проценета вредност до 18.000,00 ден. ( со вкалкулиран попуст ), обезбедувањето на услугата заради задоволување на конкретната потреба на договорниот орган може да да се изврши од било кој економски оператор, страна на Рамковната спогодба.
За таа цел, во зависност од настанот, пригодата или поводот, како и од бројот и структурата на гостите, Договорниот орган, навремено ( минимум два часа пред реализација на услугата) , со сите неопходни информации, телефонски или по пат на електронска пошта ќе ја извести страната во Рамковната спогодба, кој според конкретната потреба е соодветна за обезбедување на таа услуга. Економскиот оператор е должен на денот и часот на настанот да резервира маса, да ги сервира храната и пијалоците, или да обезбеде сместување, кои ќе бидат побарани од договорниот
орган , како е и должен да ги превземе сите останати активности кои одговараат на природата на предметната услуга.
7.3.2 За поединечна услуга ( за било кој дел од предметот на набавката ) со проценета вредност која надминува 18.000,00 ден. ( со вкалкулиран попуст ), обезбедувањето на услугата заради задоволување на конкретната потреба на договорниот орган може да да се изврши од било кој економски оператор, страна на Рамковната спогодба.
За таа цел, обезбедувањето на конкретната услуга ќе се врши со претходно поднесено барање до сите страни во Рамковната спогодба, склучена за делот од предметната набавка. Барањето ќе содржи количина, период, вид на услуга ( ручек, вечера, кетеринг, шведска маса, коктел, сместување, традиционална храна...), опис на настанот, профилот и структурата на гостите, целта за која треба да се обезбеди истата ...По добиеното барање, секоја страна од Рамковната спогодба која е заинтересирана за обезбедување на услугата, треба да понуди конкретна цена, со вкалкулираниот попуст од Рамковната спогодба (крајна цена), и по составен записник од Комисијата за јавни набавки со констатација за добиените понуди и понудената цена, Договорниот орган ќе склучи посебен договор со страната од Рамковната спогодба која понудила најниска цена за конкретниот настан, а другите економски оператори за исходот од постапката ќе бидат известени во рок од 24 часа по склучување на посебниот договор.
Барањето, со сите неопходни информации ќе се достави по пат на електронска пошта (заради побрза комуникација) , во моментот кога ќе се јави потребата кај Договорниот орга, а економскиот оператор е должен да одговори на барањето во рок од 24 часа, за да во рок од три дена по констатацијата на најевтината понуда се склучи посебен договор за реализација на конкретната услуга.
Целата комуникација помеѓу Договорниот орган и страните во Рамковната спогодба, се до склучувањето на посебниот договор, ќе се одвива по пат на електронска пошта (маил), а договорот ќемсе склучи во писмена форма (на хартија).
Напомена: Договорниот орган нема обврска да обезбедува услуги од сите страни во Рамковната спогодба, бидејќи реализацијата ќе зависи од профилот на услугата која ќе се бара и задоволување на конкретната потреба на договорниот орган.
Договорниот орган сукцесивно ќе ги користи услугите.
Договорниот орган не е должен во целост да ја исполни проценетата вредност за предметот на набавката.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон ;
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива или соодветна понуда ;
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди ;
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган ;
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои
се понеповолни од реалните на пазарот ;
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите ;
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор на страни во Рамковната спогодба или за поништување на постапката.
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
- Важечки редовен ценовник за вршење на услугите, во моментот на реализација на потребата од договорниот орган
За секоја услуга од предметот на набавката важи редовниот ценовник на економскиот оператор, кој е во употреба во моментот на реализација на конкретната потреба на договорниот орган, и е јавно објавен и достапен преку разни средства и начини за информирање на јавноста.
За таа цел, економскиот оператор е должен за секоја промена на редовниот важечки ценовник, да го известува договорниот орган и во рок од три дена да го достави истиот, бидејќи попустот кој ќе биде утврден во Рамковната спогодба на секоја од страните избрани согласно критериумот за избор, ќе се пресметува на цените од важечкиот ценовник во моментот на вршење на услугата, во спротивно ќе важат цените од редовниот важечки ценовник во моментот на поднесување на понудата.