Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА БРЕМЕНОСТ И
ПОРОДУВАЊЕ
Јануари, 2023
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
[1] Овие посебни услови за осигурување на бременост и породување (во понатамошниот текст: Посебни услови) се составен дел од Договорот за осигурување што договарачот на осигурување ќе го склучи со Халк Осигурување АД Скопје ( во понатамошниот текст: Осигурувач)
[2] Посебните услови, заедно со Општите услови за Доброволно здравствено осигурување за специјалистички медицински третман, прашалникот за здравствена состојба и понудата се составен дел на Договорот за осигурување.
[3] Ризикот бременост и породување може да се склучи единствено како дополнителен ризик кон полисата за Доброволно здравствено осигурување и тоа со Договор со минимално времетрање од 36 месеци, доколку поинаку не е договорено.
[4] Осигурувачот и Договарочот/Осигуреник склучуваат договор за лојалност во времетраење од 36 месеци, доколку поинаку не е договорено.
[5] Полисата за осигурување е годишна и истата се издава согласно склучениот Договор за осигурување.
[6] Осигурувањето за ризикот бременост и породување се склучува без период на мирување(каренца) и во било кој период од бременоста на осигуреникот.
[7] За се што не е уредено во овие Посебни услови, во целост важат Оштите Услови за Доброволно приватно здравствено осигурување за специјалистички медоцински третман.
ОБЕМ НА ПОКРИТИЕ
Член 2
[1] Ризикот бременост и породување може да се склучи како семејно осигурување (два или повеќе члена).
[2] Осигураната сума за ризикот бременост и породување може да се договори на:
1) 92.250 мкд, освен ако поинаку не е договорено;
[3] Под семејно осигурување се подразбира брачни или вонбрачни партнери и нивните деца со иста адреса на живеење, кое што се докажува со увид во лична карта. Во семејно осигурување за деца се сметаат и лица со навршени најмногу 26 години старост кои живеат на иста адреса со своите родители, кое што се докажува со увид во лична карта.
[4] Осигурената сума за ризикот бременост и породување е во агрегат и истата важи за целото времетраење на Договорот.
[5] Осигурувањето за ризикот бременост и породување ги покрива трошоците за сите редовни и медицински индицирани прегледи за време на бременост и спонтано породување/ породување со царски рез.
[6] Како трошоци за сите редовни и медицински индицирани прегледи за време на бременост се сметаат сите прегледи кои се препишани од страна на овластен лекар- гинеколог кој ја води или врши надзор за бременоста во било која фаза од истата.
[7] Како тошоци за спонтано породување или породување со царски рез се сметаат трошоци за пакет породување кои вклучуваат сместување, породување и останати трошоци дефинирани од страна на давателите на здравствени услуги.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 3
[1] За односите помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договарачот и останатите лица на кои се однесува, а кои не се регулирани со овие услови, ќе се применат одредбите од Законот за облигациони односи.
[2] Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен граѓански Суд во Скопје.
НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 4
[1] Орган надлежен за надзор на осигурутелното друштво е Агенцијата за супервизија во осигурување.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 5
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известивање од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договарачот, односно осигуреникот во однос на работењето на друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигурување.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорените страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Исновниот суд Скопје 2.
Овие Услови се донесени врз основа на Одлука на Надзорниот Одбор на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје бр. 0203- 03/18 од 28.12.2022 и ќе се применуваат од 01.01.2023 година.