Contract
1. Агенција за млади и спорт - Скопје, Република Северна Македонија, со седиште на ул.„Македонија“ бр.38,– Скопје, претставувана од Директорот, Xxxxx Xxxxxxx, x
2. , претставуван од
(во понатамошниот текст: страни на Меморандумот)
На ден потпишуваат
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Член 1
ЦЕЛ НА МЕМОРАНДУМОТ
Целта на овој Меморандум е воспоставување на соработка помеѓу страните на Меморандумот заради реализација на проектот „Младинска картичка“, предвиден во Програмата при сектор млади во Агенција за млади и спорт за 2019 година, со одлука за реализација на проектот бр. 12/2900/1 од 06.12.2018 година.
Со Воспоставување и развивање на соработката помеѓу страните на Меморандумот, а заради реализација на проектот „ Младинска картичка “ ќе се обезбедат поголем број на можности за младите и ќе се подобрат сервисите кои Агенција за млади и спорт како надлежна институција ги нуди за младите луѓе во државата од една страна, и зголемена посетеност на објектите, зголемување на продажбата и подобрување на имиџот на правните лица, од друга страна.
Двете страни се согласни дека подеднакво ќе допринесуваат во насока на реализација на Програмата предвидена во став 1 од овој член и ќе се залагаат преку реализација на проектот „Младинска картичка “ активно да учествуваат и придонесуваат за полесен и зголемен пристап на младите кон прозиводи и услуги кои им се потребни, со крајна цел да се влијае на подигање на младинскиот стандард.
Член 2
(1) Страните на Меморандумот се согласни нивната заедничка соработка да се темели на начин што Агенција за млади и спорт, како една страна на Меморандумот ќе се заложи за:
1. Подржување на активностите кои се однесуваат на спроведување на проектот „Младинска картичка“ и овозможување на негово спроведување на целата територија на Република Северна Македонија,
2. Обезбедување и издавање на персонализирани картички на физички лица – млади на возраст од 15 до 29 години, со кои се обезбедуваат поволности во форма на попусти на производите/услугите во правните лица кои имаат засновано партнерски однос со Агенција за млади и спорт,
3. Поддршка во форма на промоција на втората страна потписничка преку објавување на содржини на веб-страната на Агенција за млади и спорт, во посебен дел од веб страната кој ќе се однесува на проектот
„ Младинска картичка“.
4. Организирање на заеднички промотивни настани во договор со втората страна потписничка на Меморандумот, во насока на промоција на проектот, како и промоција на останати активности на двете страни потписнички на Меморандумот кои се однесуваат на таргет групата од 15-29 години.
(2) Втората страна потписничка на овој Меморандум ќе се заложи за:
1. Активно вклучување во проектот „ Младинска картичка“ како подржувач на активностите на Агенција за млади и спорт во насока на реализација на Целта на овој Меморандум.
2. Обезбедување поволности во форма на попусти на производите
и услугите и тоа во висина од % на
Член 3
(1) Процентот на поволностите во форма на попусти на производите и услугите од член 2 став 2 точка 2 на овој Меморандум, не е фиксен и истиот може да се менува во согласност со член 5 став 1 од Меморанудмот.
Член 4
(1) Соработката ќе се остварува се додека постои взаемен интерес за остварување на целите на овој Меморандум.
(2) Соработката може да биде проширувана и продлабочувана по предлог на една од страните, а по претходно меѓусебно усогласување на ставовите.
Член 5
(1) Меморандумот може да се менува и/или дополнува при што секоја измена и/или дополна мора да биде доставена во писмена форма, одобрена и потпишана од двете страни. По одобрувањето, ваквите промени ќе се сметаат како Прилог нумериран последователно и како дел од Меморандумот за соработка.
(2) При извршување на своите обврски и активности страните се обврзани да работат совесно, одговорно со примена на своите знаења, искуство и деловна етика, со што на најдобар начин во секое време ќе се допринесе за успешно реализирање на соработката.
(3) Во случај на потешкотии во имплементацијата на одредбите од овој меморандум двете страни потписнички на истиот меѓусебно ќе се
консултираат и истите првенствено ќе ги решаваат спогодбено и на пријателски начин.
Член 6
(1) Овој Меморандум се склучува на неограничено времетраење.
(2) Секоја страна го задржува правото на раскинување на Меморандумот во било кое време со писмено известување испратено до другата страна.
Член 7
Меморандумот се смета за склучен и стапува на сила со денот на неговото потпишување.
Член 8
Овој меморандум е склучен во 3 (три) еднообразни примероци, од кои два за Агенција за млади и спорт и еден за другата страна.