Contract
20213034842
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 203 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и
120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21) и согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.10/08 и 85/09), Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Член 1
Во Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 149/21), во член 168 по ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи:
(7) Заради задржување на квалитетни стручни кадри кои вршат истраги од областа на компјутерски криминал и дигитална форензика, а кои се дефицитарни во Република Северна Македонија, се утврдува додаток на плата на следните видови на работни места во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика:
- началник на Сектор | 30%; |
- началник на организациска единица | 30%; |
- главен инспектор | 30%; |
- самостоен инспектор | 30%; |
- виш инспектор | 30%; |
- помлад инспектор | 30%; |
- самостоен техничар | 20%.“ |
Член 2
Во член 234 во ставот (2) зборот ,,МПС“ се заменува со зборовите ,,синдикатот согласно членот 226 став (1) од овој колективен договор“.
Член 3
Во членот 236 зборот ,,МПС“ се заменува со зборовите ,,синдикатот согласно членот
226 став (1) од овој колективен договор“.
Член 4
Во член 238 став (2) во алинејата 10 зборовите ,,претставникот на МПС,“ се заменуваат со зборовите ,,претставникот на синдикатот согласно членот 226 став (1) од овој колективен договор,“, а зборовите ,,мислење на МПС“ се заменуваат со зборовите
,,мислење на тој синдикат“.
Во ставот (3) зборот ,,МПС“ се заменува со зборовите ,,синдикатот согласно членот 226
став (1) од овој колективен договор“.
Член 5
Овој колективен договор се регистрира во министерството надлежно за работите во областа на трудот, а се објавува во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Член 6
Овој колективен договор влегува во сила со денот на склучувањето, а ќе се применува од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Македонски Министерство
полициски синдикат за внатрешни работи Претседател, Министер,
д-р Xxxxxx Xxxxx, с.р. Xxxxxx Xxxxxxxxx, с.р.
Бр. 03-1235/1 Бр. 13.11-119731/1
28 декември 2021 година 28 декември 2021 година Скопје Скопје
2 од 2