ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Број на оглас: 01/2017
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати
I.1.2) Адреса: ул. Орце Николов бр. 71
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса:
I.1.5) Лице за контакт: Xxxxx Xxxxxx Адреса на е-пошта: xxxxx.xxxxxx@xxxx.xxx.xx Телефон/Факс: 00 0000 000/
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат
На следнава адреса
ул. Орце Николов бр.71, 1000 Скопје , контакт лице Xxxxxxxx Xxxxxxx - Xxxxxxxx, 02 3225 228, x.xxxxxxxxxxxxxxx@xxxx.xxx.xx, ТД е прикачена на ЕСЈН во прилог на овој оглас., xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx,
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи - Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Делива набавка на услуги на осигурување на имот за период од една година
II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 5.000.000,00
II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга број: 6 Финансиски услуги, и тоа: осигурителни услуги и банкарски и финансиски услуги (освен услугите во врска со издавањето, тргувањето или преносот на хартии од вредност или други финансиски инструменти, брокерските услуги и услугите на Народна банка на Република Македонија и услугите кои за предмет имаат купување или изнајмување земјиште, згради или друг недвижен имот и права кои произлегуваат од истите, освен при доделувањето на договори за јавна набавка на финансиски услуги поврзани со договорите за купување или изнајмување)
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: На територија на Република Македонија.
II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не
II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5) Групна набавка: Не
II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Дел 1 - Осигурување на залихите на нафтени деривати од задолжителните резерви на Република Македонија на флотантна основа и осигурување на движни ствари (канцелариска и друга опрема) сопственост на ДЗРННД. Дел 2 - Осигурување на службените патнички моторни возила на ДЗРННД од автомобилска одговорност за штети причинети на трети лица и потполно каско осигурување.
II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Да
Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник
Шифра | Опис |
66510000-8 | Осигурителни услуги |
II.8) Дали предметот на набавката е делив: Да
Дел број | Опис на делот за набавка |
1 | Дел 1: Осигурување на залихите на нафтени деривати од задолжителните резерви на Република Македонија на флотантна основа и осигурување на движни ствари (канцелариска и друга опрема) сопственост на ДЗРННД. |
2 | Дел 2: Осигурување на службените патнички моторни возила на ДЗРННД од автомобилска одговорност за штети причинети на трети лица и потполно каско осигурување. |
II.9) Рамковна спогодба: Не
II.10) Дозволено е поднесување на алтернативни понуди: Не
II.11) Времетраење на договорот:
Период во месеци: 12
Или се планира да започне 10.04.2017
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1) Вид на постапка: Отворена постапка
III.2) Постапката за доделување на договор за јавна набавка ќе биде со скратени рокови: Не
III.3) Критериум за доделување на договор: Најниска цена
III.4) Електронска постапка? Да
III.5) Дали ќе се користи електронска аукција? Да
Дополнителни информации во врска со електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (хттпсЧ//њњњ.е-набавки.гов.мк). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена на услугата (висина на полисирана премија) вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
ДЕЛ IV: ПРАВНИ,ЕКОНОМСКИ,ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
IV.1) Гаранции и авансно плаќање
IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да
IV.1.2) Гаранција на понудата: Не
IV.1.3) Изјава за сериозност: Да
IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Да [5.00 %]
IV.1.5) Авансно плаќање: Не
IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не
IV.2) Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот
IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија
, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: Документ за регистрирана дејност
Економскиот оператор треба да достави - документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Економскиот оператор треба да ги исполнува и посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на договорот, односно треба да достави - валидна дозвола за вршење на работи на осигурување во соодветната класа на осигурување, издадена од надлежен орган, која соодветствува со понудата на економскиот оператор (за дел 1 - класите на осигурување 7, 8 и 9 и/или за дел 2 – класите на осигурување 3 и 10 согласно одредбите од Законот за супервизија на осигурување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10, 44/11, 7/12, 30/12, 45/12, 64/12, 23/13,188/13, 30/14, 43/14, 112/14, 153/15,
192/15 и 23/16).
IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор:
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба, со доставување на еден или повеќе од следниве документи - соодветни изводи од банки, - извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран за последната финансиска година, - извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа за последната финансиска година за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор:
- минимум годишен обрт во висина од 30.000.000,00 денари во последната година (во случај понудата да се однесува само за дел 1 или за двата дела предмет на набавка) - минимум годишен обрт во висина од 5.000.000,00 денари во последната година (во случај понудата да се однесува само за дел 2 предмет на набавка) - позитивен финансиски извештај за последната финансиска година.
IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор:
Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор:
- Доказ за реосигурување со процент на реосигурувањето (со доставување на копија од договорот за реосигурување со првиот реосигурувач со важност за 2017 година), - Програма за реосигурување за 2017 година, - Приложување на “Условите за осигурување„ (општи и посебни) за предметната набавка, - Лист а на извршени услуги на осигурување на правни лица во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на најмалку 3 (три) потврди за извршени услуги издадени од примателите или копија од најмалку 3 (три) склучени договори за осигурување на имот и движни ствари на правни лица за последната година, со поединечна вредност на договорите не помала од 1.500.000,00 денари, со обезбедување на потврди за извршени услуги издадени од примателите (во случај понудата да се однесува само за дел 1 или за двата дела предмет на набавка), односно копија од најмалку 3 (три) склучени договори за осигурување на патнички моторни возила (каско осигурување и автомобилска одговорност за штети причинети на трети лица) на правни лица за последната година, со поединечна вредност на договорите не помала од 250.000,00 денари, со обезбедување на потврди за извршени услуги издадени од примателите (во случај понудата да се однесува само за дел 2 предмет на набавка) - Изјава за износот на најголема исплатена штета во последните три години, - Изјав а дека економскиот оператор има ангажирано стручен персонал квалификуван за проценка на штети адекватен на конкретната јавна набавка, - Известување за елементите на договорот кој економскиот оператор има намера да ги отстапи на подизведувач (по потреба).
Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор:
- 100% реосигурување на стоките од задолжителните резерви предмет на договорот за јавна набавка, - Д а има реосигурително покритие од друштво за реосигурување кое има минимум кредитен рејтинг „А –“ утврден од Стандард анд Поор’с или АМ Бест, - Во последните три години да извршил осигурување на исти или слични ризици за најмалку три правни лицач - да има ангажирано (со договор за вработување или друг договор) стручен персонал квалификуван за проценка на штети од соодветната јавна набавка.
IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет:
IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:
ДЕЛ V: АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ
V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи
V.2) Услови за доставување на понудите
V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 07.03.2017 во 11:00 часот
V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 01.03.2017 15:30
V.3) Период на важност на понудата: 90 денови
V.4) Услови за отворање на понудите
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите
07.03.2017 во 11:00 Место: Деловни простории на ДЗРННД на ул. Орце Николов бр.71, 1000 Скопје
V.3) Дополнителни информации Забелешка - Со оглед дека книговодствената вредност на залихите на нафтените деривати од задолжителните резерви на Република Македонија е класифициран податок со степен на класификација „Доверливо„ а договорниот орган има обврска да ја направи достапна тендерската документација со нејзино прикачување на ЕСЈН во моментот на објавувањето на огласот, напоменуваме дека на сите осигурителни друштва како економски оператори кои ќе ја преземат тендерската документација од ЕСЈН, овој податок ќе им биде достапен во хартиена форма во просториите на ДЗРННД на ул. Орце Николов бр.71, 1000 Скопје, секој работен ден од 08 и 30 - 16 и 30 часот до истекот на рокот за поднесување на понудите од точка. 4.12.1. За добивање на овој податок лицата од осигурителните друштва должни се да доставт писмено овластување.
V.4) Датум на објава: 14.02.2017