Contract
До
Комората на проценувачи на РМакедонија
Предмет: Информација за направена посета на КНОБ – Бугарија и потпишан договор за меѓусебна соработка
По покана од г-ѓа Xxxxxx Xxxxxxxxxxxx, председател на КНОБ (Комора на Независни Оценители од Бугарија), во месец Јануари 2018год.направив две
посети во Софија,заради потпишување на договор за меѓусобна соработка, помеѓу нашите две комори.
Првата посета, ја направив на 08.01.2017г., кога јас отидов со цел да се договараме, а таму добив примерок од Договор (универзален), подготвен за
потпишување со повеќе Балкански земји (Грција, Србија, Албанија, Косово и др.), подготвен на Енглески и Бугарски Јазик.
Јас не се сложив за такво потпишување и побарав истиот договор да ми се даде, да го преведеме во Македонија, да го прочитаме, да најдеме начин да биде преведен и на Македонски јазик и потоа да го потпишеме.
Мојот предлог беше прифатен, со забелешка дека Договорот може да биде потпишан со додадени страни на Македонски јазик, кои ќе бидат потпишани од двете страни и ќе биде додаден на договорот кој е прифатен од сите други.
По враќањето во Маќедонија, го преведов договорот со овластен
преведувач и откако констатирав дека нема пречки за да се потпише договорот, се јавив на председателката во Софија со барање договорот да се отчука во легната состојба на страницата на сите три јазика и таков договор ќе потпишеме.
По добивањето на потврда дека ќе може да се потпише договорот во таква форма, заедно со Преведувачот на 25.01.2018г, отидовме во Софија и го
потпишавме договорот за соработка, помеѓу КПРМ и КНОБ.
Со овој договор се регулираат областите и начините за општа соработка (помош во едукација, помош во изработка на акти и др.). Исто така овој договор служи како основа за приложување на Анекс договори од сите потреби на
Коморите и нивно реализирање, покриено со правна подршка.
04.02. 2018г. – Скопје Xxxxx Xxxxxxxx x.x.x