Члeн 1
УЗДР-НАД-01/2014
УСЛОВИ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ
Члeн 1
Bo oвиe услови изpaзите ќe ги имaaт cлeднитe знaчeњa: Договорувач – лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување;
Осигурувач – САВА осигурување x.x. Скопје
Осигуреник - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;
Премија - износ кој се задржува, односно износ кој се плаќа според договорот за осигурување;
Полиса - документ за склучен договор на осигурување; Осигурена сума – максимална обврска на осигурувачот за исплата на надоместот на штета;
Каренца - период од датумот на започнувањето на oсигурувањето, наведен во полисата, во кој осигуреникот сѐуште нема осигурително покритие, иако постои обврска за плаќање на премија.
Надомест на штета - износ кој осигурувачот му го плаќа на осигуреникот согласно со договорот за осигурување.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Члeн 2
(1) Договор за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда.
(2) Осигурувачот може претходно да побара писмена понуда од договорувачот на посебен образец.
(3) Ако осигурувачот не ја прифати писмената понуда, должен е во рок од 8 (осум) дена од денот на нејзиниот прием писмено да го извести понудувачот за тоа.
(4) Ако осигурувачот не ја одбил понудата која што не отстапува од условите по кои се врши осигурувањето, осигурувањето ќе се смета за склучено од денот кога понудата пристигнала кај осигурувачот.
(5) Договорот за осигурување е склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе ја потпишат полисата за осигурување.
(6) Договорот за осигурување може да се склучи на индивидуална или колективна основа.
(7) Во случај кога е договорено колективно осигурување, полисите за осигурување се издаваат за секое осигурано лице поединечно.
(8) Со договорот за колективно осигурување може да се осигураат и брачните другари и децата на осигурениците. Може да се осигураат брачните другари кои не се постари од 65 години како и децата со наполнети 18 години, а кои живеат во заедничко семејство со осигуреникот и немаат стапено во брак.
СПОСОБНОСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Члeн 3
(1) Според овие услови може да се осигураат лица од наполнети 18 до наполнети 65 години живот.
(2) Осигуреници од став 1 од овој член можат да бидат само лицата на кои им е утврдено својство на осигуреници и осигурени лица во системот на задолжително здравствено осигурување, согласно со прописите од задолжителното здравствено осигурување.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ
Члeн 4
(1) Основно покритие. Во согласност со овие услови со основното покритие осигурен е надомест во случај:
1) на престој на осигуреникот во болница заради потребна дијагностика или лекување поради несреќен случај (незгода) или болест (болнички ден);
2) на престој на осигуреникот во лекувалиште во специјализиран центар за рехабилитација (ден во лекувалиште).
(2) Дополнително покритие. Ако е посебно договорено и е пресметана дополнителна премија, осигурен е и надомест во случај на:
1) боледување поради несреќен случај (незгода) или болест (боледување);
2) хоспитализација на дете на осигуреникот (хоспитализација на дете)
(3) Болнички ден е престој на осигуреникот во болница повеќе од 24 часа во случај кога осигуреникот е упатен во болница со упат од матичен или друг лекар согласно правилата на задолжителното здравствено осигурување. Надоместот се исплатува за секој болнички ден, најмногу за 30 дена во осигурителната година. Висината на надоместот за болнички ден зависи од тоа дали осигуреникот престојувал во болница поради повреда или болест.
(4) Ден во лекувалиште е престој на осигуреникот во лекувалиште или специјализиран центар за рехабилитација повеќе од 24 часа заради потребна рехабилитација во случај кога осигуреникот е упатен во лекувалиштето со одлука на лекар специјалист согласно правилата за задолжителното здравствено осигурување. Надоместот се исплатува за секој ден во лекувалиште, најмногу за 30 дена во осигурителната година.
(5) Боледување се денови на оправдана спреченост на осигуреникот за работа заради повреда или болест согласно правилата за задолжителното здравствено осигурување. Надоместот се исплатува за секој ден поминат на боледување, најмногу за 30 дена во осигурителната година.
(6) Хоспитализација на дете е престој на дете до заклучно 14 годишна возраст во болницата повеќе од 24 часа заради несреќен случај (незгода). Надоместот се исплатува на осигуреникот чие дете е хоспитализирано, за секој ден на престојот на детето во болница, најмногу за 8 дена во осигурителната година.
(7) Како несреќен случај (незгода) во смисла на овие Услови се смета секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан што, дејствувајќи главно од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица негова смрт, целосен или делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа или нарушување на здравјето што бара лекарска помош.
(8) Во смисла на претходниот став, за несреќен случај (незгода) особено се сметаат следниве настани: газење, судрување, удар со некаков предмет или на некаков предмет, удар на електрична струја или гром, паѓање, лизнување, уривање, ранување со оружје, со разни други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување на животно и убод од инсекти, освен ако со таков убод е предизвикана некаква инфективна болест.
(9) Како несреќен случај (незгода) се смета и следново:
1) труење со хемиски средства, освен професионални заболувања;
2) труење со храна;
3) инфекција на повреда предизвикана со несреќен случај;
4) труење поради вдишување гасови или отровна пареа, со исклучок на професионални заболувања;
5) изгореници од оган или електрицитет, со жежок предмет, течност или пареа, киселина, лужини и сл.;
6) давење и утопување;
7) гушење или задушување поради затрупување (со земја, песок и сл.);
8) прснување на мускули, исколчување, прснување на зглобните врски, кршење на здрави коски што ќе настане поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања предизвикани со непредвиден надворешен настан, доколку тоа непосредно веднаш по повредата е утврдено во болница или друга здравствена установа;
9) дејствување на светлина, сончеви зраци, температури или лошо време, ако осигуреникот бил непосредно изложен на тоа поради еден пред тоа настанат несреќен случај или се нашол во такви непредвидени околности што никако не можел да ги спречи, или бил изложен поради спасување човечки живот;
10) дејствување на рентгенски или радиумски зраци, ако настанат нагло и ненадејно, со исклучок на професионални заболувања;
(10) Не се сметаат како несреќен случај (незгода) во смисла на овие Услови:
1) сите заразни, професионални и други болести, како и последици од психички влијанија;
2) стомачна кила, кила на папокот, водени и останати кили, освен оние што ќе настанат поради директно оштетување на стомачниот ѕид под непосредно дејство на надворешна механичка сила на стомачниот ѕид, доколку веднаш по повредата е утврдена травматична кила, кај која болнички покрај килата е утврдена повреда на меките делови на стомачниот ѕид во тоа подрачје;
3) инфекции и заболувања што ќе настанат поради разни форми на алергија, сечење или кинење жулеви или други израстоци на цврста кожа;
4) анафилактичен шок, освен ако настапи при лекувањето поради настанат несреќен случај;
5) хернија дисци интервертебралис, сите видови лумбалгии, дископатии, сакралгии, миофасцитис, кокцигодини, ишијалгии, фиброзитис и сите промени на слабинско - крстна регија означена со аналогни термини;
6) одлепување на мрежицата (ablacio retinae) на претходно болно или дегенеративно променето око, а со исклучок се признава одлепување на мрежицата на претходно здраво око, доколку постојат знаци на директна надворешна повреда на очната јаболчица, утврдена во здравствена установа;
7) последици што настанале кај осигуреникот поради алкохолно лудило (делириум тременс) и дејство надрога;
8) последици на медицински, особено оперативни зафати што се преземаат за лекување или превентива заради спречување болести, освен ако до тие последици дошло поради докажана грешка на медицинскиот персонал (витиум артис);
9) патолошки променина коските, патолошки епифизиолози;
10) системни невромускуларни болести и ендокрини болести.
(11) Xxxxxx е отсуство на здравје кое што го утврдува лекарот и не е последица од незгода.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Члeн 5
(1) Исклучени се сите обврски на осигурувачот за сите видови надоместоци за случаи на лекување:
1) на болести, односно последици од незгоди, лекување на други болести, пречки и последици од незгоди, коишто
настапиле пред склучувањето на осигурувањето за надоместоци;
2) заради зарази со ХИВ;
3) во психијатриска болница;
4) заради бременост и вештачко прекинување на бременост, вештачко оплодување, естетски операции, промена на пол;
5) поради последици од акутни труења и зависност од алкохол и психоактивни супстанци врз организмот, без оглед на степенот на затруеност, односно зависност;
6) поради последици од радиоактивно зрачење, епидемии, загадување на животната средина или природни несреќи;
7) поради последици од обид за самоубиство;
8) во странство.
(2) Исклучени се сите обврски на осигурувачот за недоместоци кои што се последица и од следните случаи нанезгоди:
1) незгоди настанати при извршување на посебно опасни работи и дејности како што се демонтирање на мини, гранати и други експлозивни средства, каскадерство, професионално нуркање;
2) незгоди настанати при управување и возење на авиони и направи за летање од сите видови, освен за патници во јавниот сообраќај;
3) незгоди настанати при трки со моторни возила, при занимавање со ризични спортови, како што се нуркање, рафтинг, спелеологија, воздушни спортови, боречки спортови, алпинизам, кревање на тегови исл;
4) незгоди коишто се последица на воени операции, бунтови, тероризам или активно учество во вооружени акции;
5) незгоди настанати како последициод подготвување, обид или извршување на кривично дело, како и бегство по извршување на такво дело;
6) незгоди настанати како последица од учество на осигуреникот во физичка пресметка.
ОСИГУРЕНА СУМА
Члeн 6
(1) Осигурената сума наведена во полисата за осигурување е најголем износ до кој осигурувачот е во обврска за секој осигуреник по еден осигуран случај и во рамките на времетраење на една осигурителна година.
ТЕРИТОРИЈАЛНА ВАЖНОСТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Члeн 7
(1) Осигурителното покритие важи на територијата на Република Македонија.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Члeн 8
(1) Осигурувањето започнува да трае во 24.00 часот на оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето ако поинаку не е договорено, и престанува да трае во 24.00 часот на оној ден што во полисата е договорен како ден на престанување на осигурувањето.
(2) Ако во полисата е означен само почетокот на осигурувањето, секојa страна може да го раскине договорот со денот на стасаноста на премијата, известувајќи ја писмено другата страна најдоцна три месеци пред датумот на стасаноста напремијата.
(3) Осигурувањето престанува за секој осигуреник во 24.00 часот, без оглед колку е договорено траењето, оној ден кога:
1) ќе истече осигурителната година во која осигуреникот ќе наполни 65 години живот;
2) осигуреникот ќе почине;
3) ќе биде раскинат договорот за осигурување поради неплаќање на премија во смисла на член 14 од овие услови;
4) осигуреникот ќе го изгуби својството на осигуреник или осигурено лице во системот на задолжително здравствено осигурување. Исклучок се осигурениците кои го изгубиле својството на осигуреници и осигурени лица во системот на задолжителното здравствено осигурување не подолго од 60 дена, со прекин или без прекин, во текот на календарската година.
ПОЧЕТОК И КРАЈ НА ОСИГУРИТЕЛНОТО ПОКРИТИЕ
Члeн 9
(1) Обврската на осигурувачот започнува во 24.00 часот на оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето, но не пред 24.00 часот оној ден кога е платена првата премија, освен ако во полисата не е поинаку договорено.
(2) Ако во полисата е договорено плаќање на премијата со вирман, обврската започнува во 24.00 часот оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето.
(3) Обврската на осигурувачот престанува во 24.00 часот оној ден кога ќе истече рокот на траење на осигурувањето означен во полисата.
(4) Во случај на „болнички ден“, „ден во лекувалиште“ и
„боледување поради болест“, осигурителното покритие започнува по истекот на 3 месеци од датумот на започнување на полисата, под услов договорувачот или осигуреникот до датумот на започнувањето на осигурувањето да ја уплатил целата премија или само еден дел од премијата.
(5) Доколку поради еден или повеќе осигурани случаи во текот на една осигурителна година осигурувачот ја исплати целата договорена осигурена сума пред истек на осигурителната година, осигурителното покритие за таа осигурителна година завршува. Во ваков случај договорената премија за таа осигурителна година му припаѓа на осигурувачот во целост.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Члeн 10
(1) Според овие услови се смета дека настанал еден од осигураните случаи во рамките на времетраење на осигурувањето и тоа денот кога:
1) осигуреникот започнал престој во болница заради потребна дијагностика или лекување поради несреќен случај (незгода) или болест;
2) осигуреникот започнал престој во лекувалиште во специјализиран центар за рехабилитација;
3) осигуреникот започнал боледување поради несреќен случај (незгода) или болест;
4) дете на осигуреникот е хоспитализирано поради несреќен случај (незгода).
(2) Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото случување веќе настанал осигурениот случај, или бил во настапување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.
.
ДОЛЖНОСТИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Члeн 11
(1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест од осигурувањето, осигуреникот е должен да постапи на овој начин:
1) според можностите да го извести осигурувачот за настанување на осигурениот случај најдоцна во рок од 3 дена;
2) што порано, а најдоцна во рок од 3 дена писмено да ја потврди пријавата направена усно, телефонски, телеграфски или на било кој друг сличен начин.
(2) Осигуреникот е должен независно од рокот во кој ја поднел пријавата за штетата, на преставникот на осигурувачот да му ги даде сите податоци и други докази потребни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата. Осигурувачот исто така може да бара осигуреникот да прибави и други докази, ако тоа е неопходно, потребно и оправдано.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Члeн 12
(1) Осигурувачот го исплатува надоместот на штета врз основа на:
1) образец на осигурувачот за пријава наштета;
2) упат од матичен лекар;
3) одлука на лекар специјалист за упатување во лекувалиште или болница;
4) отпусно писмо од болница, лекувалиште илиспецијален центар за рехабилитација;
5) потврда за оправдана спреченост за работа.
(2) Ако документацијата од претходниот став не е доволна за исплата на надоместот на штета, осигурувачот може да побара и друга документација која што осигуреникот ја добива на сопствен трошок.
(3) Осигуреникот не може да оствари надомест за случај на боледување за деновите за кои што остварува надомест за болнички или ден во лекувалиште.
(4) При исплата на надомест за хоспитализирано дете на осигуреникот во случај ако се осигурани и двајцата родители, исплатата на надоместот се врши само според еден договор за осигурување.
(5) Во случај на боледување, хоспитализација и лекување поради болест, осигурувачот нема обврска да исплати осигурана сума во текот на првите 3 (три) месеци од датумот означен како почеток на осигурувањето (каренца).
(6) Осигурувачот го исплатува надоместот на штета и кога осигурениот случај е настанат пред крај на осигурувањето а престојот во болница, престојот во лекувалиште, боледувањето или хоспитализираноста на дете на осигуреникот продолжува и после завршување на осигурувањето.
(7) Доколку осигуреникот почине пред исплата на надоместот на штета а после утврден осигурен случај, правата од осигурувањето според овие услови им припаѓаат на законските наследници.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Члeн 13
(1) Кога ќе настане осигуран случај осигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата на осигурување определена со договорот во договорениот рок кој не може да биде подолг од 14 дена, сметајќи од кога осигурувачот добил известување дека настанал осигурен случај.
(2) Ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и на нејзиниот износ е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА И ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Члeн 14
(1) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ja плaти пpeмиjaтa нa ocигypyвaњeто, но ocигypyвaчoт e дoлжeн дa ja
пpими yплaтaтa нa пpeмиjaтa oд ceкoe лицe кoe имa пpaвeн интepec тaa дa бидe плaтeнa.
(2) Пpeмиjaтa ce плaќa во договорените рокови, а ако треба да се исплати одеднаш, се плаќа при cклyчyвaњe нaдoгoвopoт.
(3) Ha изнocoт нa пpeмиjaтa штo ce плaќa вo дoгoвopeни poкoви мoжe дa ce пpecмeтa и нaплaти договорена камата. Ако е договорено премијата да се плаќа на рати и не се пресметани камати поради одложено на плаќање, при настанувањето на осигурен случај доспеваат за плаќање сите рати на премијата од тековната осигурителна година.
(4) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe ja плaти пpeмиjaтa вo дoгoвopeниoт poк, ocигypyвaчoт мoжe, пoкpaj глaвницaтa, дa мy пpecмeтa и зaтeзнa кaмaтa.
(5) Aкo пpемиjaтa cе плaќa пpекy пoштa, cе cмeтa дeкa дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњетo co yплaтa нa дoлжниoт изнoc пpекy пoштa ja измиpил cвojaтa oбвpcкa cпpeмa ocигypyвaчoт откако во банката на осигурувачот ќе пристигне паричната дознака.
(6) Ако на осигуреникот му се признал попуст за времетраење на осигурувањето и тој тоа го прекинал пред истекот на договорениот рок, осигурувачот има право да ја бара разликата до премијата што осигуреникот би требало да ја плати ако осигурувањето било склучено само за период до прекинувањето.
(7) Ако договорувачот на осигурувањето не ја плати стасаната премија до договорениот рок, ниту тоа го направи некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување ќе престане по истекот на 30 (триесет) дена од денот кога на договорувачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, со тоа што тој рок не може да истекне пред да изминат 30 (триесет) дена од денот на стасаноста на премијата. Во секој случај, договорот за осигурување престанува ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
(8) Во случај кога договорот за осигурување престанува да важи заради неплатена премија, осигуреникот мора да ја плати премијата до денот на важењето на договорот. Ако до денот на важењето на договорот за осигурување настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да плати надомест на штета, осигуреникот мора да ја плати целата премија за тековната осигурителна година.
(9) Во другите случаи на престанок на договорот за осигурување пред договорениот рок, на осигурувачот му припаѓа премијата само до крајот на денот до кој траело осигурувањето.
ПРЕТСТАВКИ ОД ОСИГУРЕНИЦИ
Член 15
(1) Осигуреникот, корисникот на осигурување или трето оштетено лице има право да поднесе претставка до Друштвото за осигурување доколку смета дека Друштвото не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување.
(2) Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката на осигуреникот/корисникот на осигурувањето/трето оштетено лице во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.
(3) Доколку не е задоволен од одговорот на Друштвото за осигурување или ако Друштвото за осигурување не одлучи и писмено не го извести во рокот од 30 дена од денот на поднесувањето на претставката, осигуреникот/корисникот на осигурување/третото оштетено лице има право да поднесе претставка/жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, согласно Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на овој закон.
ПОСТАПКА НА ВЕШТАЧЕЊЕ
Член 16
(1) Секоја од договорните страни може да бара одредени спорни факти да ги утврдат вештаци. Барањето се доставува во писмена форма до другата договорна страна. Ако другата договорна страна се сложува со тоа, се пристапува кон постапка на вештачење.
(2) Секоја договорна страна писмено именува свој вештак. Избраните вештаци пред почетокот на работата избираат трет вештак, како претседател кој не може да биде од редовите на лицата кои се во работен однос со осигурувачот иосигуреникот.
(3) Вештаците му предаваат на осигурувачот и осигуреникот по еден примерок од својот писмен наод во определен рок. Ако наодите на вештаците меѓусебно отстапуваат, осигурувачот, нивните писмени наоди веднаш ќе му ги предаде на третиот вештак, кој своето стручно мислење го дава само во границите на констатациите од двата вештаци.
(4) Констатациите на вештаците се задолжителни за двете страни.
(5) Секоја договорна страна ги сноси трошоците за вештакот што го бира и половина од трошоците за третиот вештак.
HAДЛEЖHOCT BO CЛУЧAJ HA CПOP
Члeн 17
(1) Xx xxxxxx нa cпop пoмeѓy дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo - ocигypeникoт и ocигypyвaчoт, нaдлeжeн e cтвapнo нaдлeжниoт cyд cпоред мecтoтo на седиштето на осигурувачот.
HAЧИH HA ИЗBECTУBAЊE
Члeн 18
(1) Cитe извecтyвaњa и пpиjaви штo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo e дoлжeн дa ги нaпpaви вo cмиcлa нa oдpeдбитe oд oвиe и дpyги ycлoви нa ocигypyвaњe, зaдoлжитeлнo тpeбa пиcмeнo дa ce пoтвpдaт aкo ce нaпpaвeни ycнo, пpeкy тeлeфoн, тeлeгpaмa или нa билo кoj дpyг нaчин.
Kaкo дeн нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa ќe ce cмeтa дeнoт кoгa e пpимeнo извecтyвaњeтo, oднocнo пpиjaвaтa. Aкo извecтyвaњeтo oднocнo пpиjaвaтa ce иcпpaќa пpeпopaчaнo, кaкo дeн нa пpиeмoт ќе ce cмeтa дeнoт нa пpeдaвaњeтo вo пoштa
(2) Спогодбите што се однесуваат на содржината на договорот важат само ако писмено се склучени.
ИЗMEHИ HA УCЛOBИTE ЗA OCИГУPУBAЊE И TAPИФATA HA ПPEMИИ
Члeн 19
(1) Aкo ocигypyвaчoт ги измeни Уcлoвитe зa ocигypyвaњe или Tapифaтa нa пpeмии, дoлжeн e зa тoa пиcмeнo, или нa дpyг пoгoдeн нaчин, дa гo извecти дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нajдoцнa шeeceт дeнa пред истекот на тековната година на осигурувањето.
(2) Дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo имa пpaвo дa гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poк oд шeeceт дeнa oд дeнoт нa пpиeмoт нa извecтyвaњeтo. Bo тoj cлyчaj, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe пpecтaнyвa дa вaжи co иcтeкoт нa тeкoвнaтa гoдинa нa ocигypyвaњeтo.
(3) Aкo дoгoвopyвaчoт нa ocигypyвaњeтo нe гo oткaжe дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo poкoт oд cтaв 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт зa ocигypyвaњe вo пoчeтoкoт нa нapeдниoт пepиoд нa ocигypyвaњeтo ce мeнyвa вo cooбpaзнocт co извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe зa ocигypyвaњe, oднocнo Tapифaтa нa пpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Члeн 20
(1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
(2) Доколку осигуреникот ги променил личните податоци наведени во точка 1 од оваа одредба, а за тоа не го известил осигурувачот, осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот ќе го испрати на адресата на неговото последно живеалиште или седиште или ќе го адресира на последното познато име и презиме, односно назив нафирма.
(3) Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот нема да биде успешeн (поради преселување или одбивање да се прими), осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како уредно доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат за примени од денот на првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Член 21
(1) Осигуреникот, согласно Законот за заштита на личните податоци изречно се согласува неговите лични податоци да се користат за натамошна обработка од страна на осигурувачот во својство на контролор и од страна на обработувачи на лични податоци за спроведување на конкретните права и обврски од договорот за осигурување, каде осигуреникот е договорна страна или на барање на осигуреникот, пред негово пристапување кон договорот.
(2) Осигуреникот изречно се согласува и го овластува осигурувачот во интерес на работата, а во врска со правата и обврските кои произлегуваат од овој договор, да се интересира за неговите лични податоци (адреса на живеење, вработеност, имотна состојба и примања) кај одговорните државни органи или било која друга надлежна институција, и истите да ги употреби доколку е тоа потребно за извршување на одредбите од овој договор.
(3) Осигуреникот му дозволува на осигурувачот неговите лични податоци да бидат дадени на користење и на други надлежни институции кои за тоа поднеле писмено барање, а во врска со извршување на нивните редовни работи во согласност созакон.
(4) Личните податоци на осигуреникот можат да се користат само во рамките на работите кои произлегуваат од правата и обврските на овој договор и се чуваат во законски утврдените рокови. Осигурувачот се обврзува дека личните податоци на осигуреникот внимателно ќе ги чува во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 22
(1) Надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување е Агенцијата за супервизија на осигурување, до која Осигуреникот/корисникот на осигурувањето/третото штетено лице може да достави претставка/жалба во однос на друштвото за осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНА ОДРЕДБА
Член 23
Овие Услови за осигурување се донесени на 35-та седница на Одборот на директори на САВА осигурување ад. Скопје одржана на ден 14.05.2014 година. Условите влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат од 19.05.2014 година.