Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ НА ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА
I ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Општите услови за работење (во понатамошниот текст: ОУР), Договорот за лизинг, Планот за отплата, Образецот на парични текови и Записникот за примопредавање се составен дел на Договорот за финансиски лизинг склучен помеѓу Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје како Давател на лизинг и Корисникот на лизинг (во понатамошниот текст заеднички: Договор). Поимите дефинирани во Договорот за лизинг го имаат истото значење во овие ОУР, освен ако не е изречно наведено поинаку. Сите понатамошни измени и дополнувања на Договорот ќе бидат направени во писмена форма или по пат на известување и взаемна согласност.
II ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ
Договорните страни се согласуваат дека без исклучок на преостанатите дефиниции што се појавуваат во овие ОУР, следните поими ќе се толкуваат како што е наведено веднаш до нив, имено:
Давател на лизинг - го означува Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје, чија дејност е финансирање возила за цели давање на услуга лизинг, при што за цело времетраење на Договорот за лизинг Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје ја задржува сопственоста на предметот на лизинг и се јавува како единствен сопственик, а Корисникот на лизинг ги презема за свои сите ризици и користи по однос на сопственоста во време на негово владение на предметот на лизинг.
Корисник на лизинг - физичко лице кое со друштвото Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје, како Давател на лизинг, склучило Договор за лизинг.
Предмет на лизинг - поединечно определен подвижен предмет што е наведен како предмет во договорот за лизинг.
Испорачател - физичко или правно лице регистрирано и овластено за производство, промет и/или сервисирање на предметот на лизинг, кое на Давателот на лизинг го пренесува правото на сопственост над предметот на лизингот, заради негово предавање на Корисникот на лизинг во владение и користење.
Времетраење на договорот - претставува временски рок на којшто е склучен договорот за лизинг.
Рата за лизинг - надоместокот што Корисникот на лизинг е должен да му го плати на Давателот на лизинг за користењето на предметот на лизинг на начин и во согласност со условите од договорот за лизинг.
Учество - износот што Xxxxxxxxxx на лизинг го плаќа на Давателот на лизинг, а кој се зема предвид при пресметување на вредноста на договорот за лизинг.
III ДЕЛОВНА КОРЕСПОНДЕНЦИЈА / ДЕЛОВНА ТАЈНА И ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
1) Договорните страни се согласуваат дека како средство за кореспонденција и давање упатства ќе користи електронска комуникација како официјален пристап, а по исклучок ќе биде применлива писмена форма, лично или по пошта, преку курирска служба, факс итн. Без разлика на видот на упатствата што Xxxxxxxxxx на лизинг му ги дава на Xxxxxxxxx на лизинг, тие мора да бидат јасни и изречни.
2) Согласно претходниот став уредна кореспонденција помеѓу Корисникот на лизинг и Давателот на лизинг ќе се смета кога Xxxxxxxxx на лизинг и Корисникот на лизинг имаат уреден прием на официјалната електронска пошта или адреса која ја размениле меѓусебно заради уредна комуникација.
3) Договорните страни се обврзани да утврдат и меѓусебно да разменуваат податоци за контакт, а Xxxxxxxxxx на лизинг се обврзува навремено да го извести Давателот на лизинг за промената на податоците.
4) Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на лизинг не ја исполни својата обврска да го извести Давателот на лизинг за промена на податоците за контакт, електронската пошта, седиштето или местото на живеење, како и за промена на работодавачот, секоја испорака на електронската пошта или на адресата доставена последователно од Корисникот на лизинг ќе се смета за валидна.
5) Давателот на лизинг нема да сноси одговорност за загубите или штетата нанесени на Корисникот на лизинг или на кое било трето лице предизвикани поради испуштена должност и внимание од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг.
6) Xxxxxxxxxx на лизинг/гарантот изречно се согласува дека Xxxxxxxxx на лизинг има право податоците од Барањето за лизинг, Понудата за лизинг и Договорот, податоците за Корисникот на лизинг, Xxxxxxxx, неговите поврзани лица, документацијата со овој Договор, како и другите податоци што се сметаат за деловна тајна или податоци што се заштитени во согласност со законот за заштита на личните податоци, како и податоците за обврските од овој Договор и начинот на нивно подмирување и придржување до Договорните одредби, да ги проследи до Групацијата Фолксваген АГ, Групацијата Порше Банка, членовите на нејзините тела, нејзините основачи, вработените во Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје., надворешниот ревизор, македонско кредитно биро, други лица и државни органи кои, поради природата на работата што ја вршат, мора да имаат пристап до таквите податоци.
IV ДОГОВОРЕН ОДНОС
Член 1. СОПСТВЕНОСТ НАД ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ / ЗАБРАНА ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА
1.1. За целото времетраење на Договорот за лизинг, ексклузивен сопственик на предметот на лизинг е Давателот на лизинг, додека Корисникот на лизинг не стекнува право на сопственост или ексклузивно право на држење врз основа на Договорот, туку само право на користење на предметот на лизинг.
1.2. Во случај на евентуални парични или непарични побарувања кон Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг нема право на присвојување (ретенција) на предметот на лизинг, без оглед на тоа по кој однос и по која основа произлегува неговото побарување. Корисникот на лизинг не може да го отуѓува, товари или да го даде под закуп предметот на лизинг.
1.3. Без претходно добиена писмена согласност од Давателот на лизинг и претходно изменета полиса за осигурување со договарање дополнителни ризици на трошок на Корисникот на лизинг, на Корисникот на лизинг изречно му се забранува да врши правна работа или по која било друга основа:
- да го дава предметот на лизинг на користење од страна на трети лица (предавањето на предметот на лизинг на користење на трето лице, без оглед на постоењето на претходна согласност, не го ослободува Корисникот на лизинг од обврските кон Давателот на лизинг што произлегуваат од Договорот);
- да го издава предметот на лизинг или го дава на користење заради вршење работи со изнајмување автомобили, авто-школа, трки со автомобили, транспорт на опасни материи или која било друга деловна активност;
- во врска со предметот на лизинг да склучува Договор за деловна соработка, франшизинг или друг сличен Договор врз основа на кој некое трето лице ќе стекне право да го користи предметот на лизинг во која било форма, без разлика дали таквото право на трето лице му се пренесува фактички или со самиот Договор;
- да воспоставува заложни права на предметот на лизинг;
- да на кој било друг начин ги загрозува или повредува правата на сопственост и посредното владение на Давателот на лизинг врз предметот на лизинг.
Прекршувањето на оваа одредба се смета за суштинско прекршување на договорот.
1.4. Корисникот на лизинг веднаш, во писмена форма, ќе го информира Давателот на лизинг за кој било факт или дејствие на трето лице или државен орган во врска со предметот на лизинг, чија природа е таква што може да ја намали, исклучи или на кој било начин да го ограничи непреченото користење на предметот на лизинг од страна на Корисникот на лизинг, односно имотните права на Давателот на лизинг, како и дека неодложно ќе ги преземе сите неопходни дејствија со цел да се утврди непречено користење на предметот на лизинг, односно за да се заштитат правата на сопственост на Давателот на лизинг, дури и кога за ова треба да сноси одредени трошоци.
1.5. Доколку прописите донесени по влегувањето во сила на Договорот предвидуваат обврзувачки начин на означување на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг е должен да му овозможи на Давателот на лизинг таквото обележување да го изврши на сметка на Корисникот на лизинг.
1.6. По уредната уплата на последната Договорена лизинг рата за надоместок за користење на предметот на лизинг во висина утврдена со Договорот и планот за отплата, како и сите други обврски од и врз основа на Договорот, Xxxxxxxxx на лизинг на барање на Корисникот на лизинг, ја пренесува сопственоста на предметот на лизинг со обврска Корисникот на лизинг да ги сноси сите трошоци за таквиот пренос на правото на сопственост, вклучително и плаќањето на сите даноци пропишани со закон. Корисникот на лизинг еден месец пред истекот на Договорот за лизинг го известува Давателот на лизинг по однос на преносот на сопственоста.
Член 2. ПОСЕБНИ ПРАВА НА КОРИСНИКОТ НА ЛИЗИНГ
Во случај на промена на висината на законски затезната каматна стапка, односно висината на надоместоците и другите трошоци што се во корист на Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг може да ги примени тие промени веднаш и без претходна писмена согласност од Корисникот на лизинг.
Право на известување
2.1. За време на траењето на Договорот за лизинг, Корисникот на лизинг има право од Давателот на лизинг бесплатно да добие на негово барање известување и писмена потврда за состојбата на неговата аналитичка картичка.
Право на откуп на предметот на лизинг / продолжување на Договорот
2.2. Корисникот на лизинг има право во кое било време на предвремена отплата на лизинг ратите и трошоците од Договорот за лизинг, како и да ги плати, целосно или делумно, недоспеаните обврски од Договорот за лизинг без дополнителни трошоци, согласно со Договорот за лизинг. Во тој случај има право на намалување на вкупните трошоци по основ на Договорот за лизинг, кое се состои од надоместот за лизинг и другите трошоци за преостанатиот период на траење на Договорот за лизинг. Давателот на лизинг има право на праведен надоместок за трошоците директно поврзани со предвремената отплата на Договорот за лизинг. Таквиот надоместок нема да надмине 1% од износот на предвреме отплатените рати за лизинг, доколку периодот меѓу предвремената отплата и рокот на траење на Договорот за лизинг се случи во период подолг од една година од рокот на траење на Договорот за лизинг, односно не повеќе од 0.5%, доколку предвремената отплата се случи во период не подолг од една година од рокот на траење на Договорот за лизинг. Износот на надоместокот нема да го надмине износот на надоместот за лизинг што потрошувачот би го платил во периодот на денот од предвремената отплата до истекот на рокот на траење на Договорот за лизинг. Правото за надоместок од овој член, Давателот на лизинг може да го користи само доколку предвремената отплата настанува за период за кој стапката на надомест за лизинг е фиксна.
2.3. Доколку финансирањето е Договорено со преостанатата вредност, по истекот на рокот за кој е склучен Договорот и исплата на сите обврски од и врз основа на Договорот, Корисникот на лизинг стекнува право да го откупи предметот на лизинг по Договорената преостаната вредност или да го продолжи Договорот, со обврска при изборот на една од овие две опции писмено да го извести Давателот на лизинг најдоцна еден месец пред истекот на рокот за кој е склучен Договорот. Доколку Корисникот на лизинг не го извести Давателот на лизинг за опцијата во определениот рок, Давателот на лизинг има право да го продаде предметот на лизинг на трето лице по продажна цена. Во случај Xxxxxxxxxx на лизинг да се определи за откупување на предметот на лизинг, сите трошоци за стекнување сопственички права на предметот на лизинг, вклучувајќи ги даноците, таксите и другите давачки, се на товар на Xxxxxxxxxx на лизинг.
Член 3. ПЛАЌАЊА
3.1 Корисникот на лизинг се обврзува за целото времетраење на Договорот да му плаќа на Давателот на лизинг Договорена лизинг рата за користење на предметот на лизинг во износ и на начин определен со Договорот и планот на отплата.
3.2 Паричните обврски што произлегуваат од Договорот за лизинг без валутна клаузула се изразени во денари (МКД), додека паричните обврски што произлегуваат од Договорот за финансиски лизинг со валутна клаузула се изразени во евра (ЕУР), а се вршат во денари (МКД), пресметано според официјалниот продажен курс на Комерцијална Банка АД Скопје за евра кој важи на денот на пресметката. Лизинг ратите се пресметуваат по официјалниот продажен курс на Комерцијална Банка АД Скопје, кој важи на првиот ден од месецот во кој е извршена пресметката, додека плаќањата пред испораката на предметот на лизинг се пресметуваат по официјалниот продажен курс на Комерцијална Банка АД Скопје што важи на денот на објавувањето на повикот за плаќање.
3.3 Ратите за лизинг, како и сите други плаќања од и врз основа на Договорот, се уплаќаат на дадената жиро сметка на Давателот на лизинг, со задолжително наведување на бројот наведен од Давателот на лизинг во секој издаден повик за плаќање на месечната рата за лизинг. Во согласност со законските правила, при приемот на уплатите од Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг прво се подмируваат трошоците, затезната камата, договорениот надомест за лизинг и главнината.
3.4 Договорниот износ на лизинг ратата вклучува, покрај главница и надоместок за лизинг на Давателот на лизинг, како и важечките даноци во согласност со важечките прописи на денот на стапување на сила на Договорот.
3.5 Со договорот се договара фиксна (непроменлива) или варијабилна (променлива) стапка за надомест за лизинг.
3.6 Доколку по склучувањето на Договорот за лизинг настанат околности кои би можеле да влијаат на правата и обврските на договорните страни, а не се предизвикани од Давателот на лизинг (на пр. промена на прописи, даночни стапки и останати давачки, мерки на надлежните органи, зголемување на набавната цена на предметот на лизинг по склучувањето на Договорот и пред испораката на предметот за лизинг и сл.) тие претставуваат автоматска основа за усогласување на договорениот надомест за лизинг рата. При ова усогласување не е потребно да се склучува посебен анекс на Договорот, односно Давателот на лизинг преку електронска пошта ќе го извести Корисникот на лизинг за гореспоменатите промени.
3.7 Неможност или ограничена можност за користење на предметот на лизинг, без оглед на причината, како и можни приговори од Корисникот на лизинг на месечната пресметка на лизинг ратите и други трошоци, не можат да бидат причина за неисполнување на обврската за плаќање на лизинг ратите по нивното доспевање.
3.8 На ненавремено платените рати за лизинг, Друштвото за лизинг ќе пресмета законска казнена камата согласно Законот за облигациони односи. Стапката на законски казнена камата се определува на секое полугодие, односно два пати годишно на 01.01 и 01.07.
3.9 Во случај кога Xxxxxxxxxx на лизинг има склучено повеќе договори со Давателот на лизинг, Xxxxxxxxx на лизинг е овластен да ги прокнижи средствата платени од страна на Корисникот на лизинг во износ поголем од износот на доспеаните побарувања, коишто се изречно определени според конкретниот Договор, со можност за покривање на доспеаните побарувања според други договори, и тоа според староста на побарувањата.
3.10 Предвремено уплатени рати не се враќаат , ниту пак на нив се пресметува било каква камата.
Член 4. УСОГЛАСУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ЛИЗИНГ
4.1 Врз основа на одредбите од посебниот Договор за лизинг, се постигнува договор меѓу страните за видот на стапката за надомест за лизинг при што се договора како фиксна (непроменлива) или како варијабилна (променлива) стапка. Стапката за надомест за лизинг што се договара како варијабилна, променлива е во делот што се однесува на референтната каматна стапка. За договорите за финансиски лизинг со валутна клаузула како референтна каматна стапка при пресметка на надоместот за лизинг се зема во предвид стапката на тримесечен ЕУРИБОР важечка на последниот ден од кварталот кој му претходел на кварталот во кој понудата за лизинг е прифатена.
4.2 Давателот на лизинг надоместот за лизинг ќе го усогласува со промената на тримесечниот EURIBOR четири пати годишно и тоа на првиот работен ден од месец јануари, април, јули, октомври секоја година согласно стапката на тримесечниот ЕУРИБОР важечка на последниот ден од тримесечјето што му претходело на тековното тримесечје доколку дојде до промена на тримесечниот EURIBOR за повеќе од ± 0.25 процентни поени во однос на вредноста на тримесечниот EURIBOR на денот на претходното усогласување. При формирање и пресметување на стапката за надомест за лизинг за периодот од датумот на склучување на Договорот за лизинг до датумот на првото усогласување на надоместот за лизинг ќе се применува стапката на XXXXXXX наведена во Договорот за лизинг. При ваквото усогласување не е потребно да се склучува посебен анекс на Договор. Давателот на лизингот ќе го извести Корисникот на лизингот за наведените промени на еден од следните начини : е маил адреса, писмено известување на контакт адресата со доставувањето на изменетиот план за отплата.
4.3 Корисникот на лизинг се согласува дека усогласувањето нема да се изврши дури и ако се исполнети условите за усогласување во согласност со одредбите од Договорот и чл. 4.2 од ОУР доколку до крајот на периодот на финансирање остануваат помалку од 3 месеци.
4.4 Доколку како резултат на усогласувањето од овој член дојде до зголемување на надоместокот за лизинг и со тоа до зголемување на основицата за пресметување на ДДВ-то на надоместот на лизинг, новосоздадената разлика ќе му се фактурира на Корисникот на лизинг, кој е должен да ја плати разликата во ДДВ-то во рокот наведен во фактурата. Доколку во спротивно дојде до намалување на надоместокот за лизинг и со тоа до намалување на основицата за пресметување на ДДВ на надоместот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува да го прими и евидентира книжното одобрение без одлагање, по доставување на известувањето од страна на Давателот на лизинг. Давателот на лизинг е овластен износот на намалувањето на ДДВ остварен по овој основ да се припише кон доспеаните обврски на Корисникот на лизинг, односно да се чува како аванс за подмирување на идните неподмирени обврски доколку во тој момент Корисникот на лизинг нема доспеани и неплатени обврски.
Член 5. ТРОШОЦИ
5.1 Сите такси, даноци, давачки и трошоци (согласно Тарифникот на услуги на Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје кој е јавно достапен на web страната и во просториите на Друштвото) кои можат да настанат во моментот на склучувањето, односно за времетраење на Договорот или во врска со неговото раскинување или истек, ќе ги сноси Корисникот на лизинг. Корисникот на лизинг се обврзува да ги подмири сите трошоци за кои ќе се товари Давателот на лизинг и кои се предизвикани од страна на Корисникот на лизинг или лицето на кое Корисникот на лизинг му го предал предметот на лизинг во владение, без разлика кога Xxxxxxxxx на лизинг ќе дознае за постоењето на овие трошоци.
Член 6. ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ / ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА ИСПРАВНОСТА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
6.1. Корисникот на лизинг се обврзува на сопствен ризик и трошок да го преземе предметот на лизинг од испорачателот на договореното место и во договореното време. Корисникот на лизинг ги сноси сите трошоци за транспорт на предметот на лизинг и осигурување на превозот кои настануваат откако Корисникот на лизинг ќе го прими повикот за преземање на предметот на лизинг.
6.2. Корисникот на лизинг и испорачателот во моментот на примопредавањето ќе состават Записник за примопредавање со опис на сите евентуални недостатоци на предметот на лизинг. По потпишувањето на Записникот за примопредавање, се исклучува секоја одговорност за материјални недостатоци од страна на Давателот на лизинг. Со потпишување на Записникот за примопредавање, на Корисникот на лизинг преминуваат сите законски обврски по однос на материјалните недостатоци на предметот на лизинг, како и сите права што произлегуваат од гаранцијата на производителот на предметот на лизинг а би ги побарувал Корисникот на лизинг од производителот и/или испорачателот на предметот на лизинг. Бидејќи Xxxxxxxxxx на лизинг го избрал предметот на лизинг и го избрал испорачателот, како и со него ги договорил цената и условите за испорака, Корисникот на лизинг е единствено одговорен за сите материјални недостатоци на предметот на лизинг кон Давателот на лизинг, па според тоа и сите приговори и барања поврзани со можно пропаѓање на предметот на лизинг, како и можни дефекти на предметот на лизинг (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на дефекти во конструкцијата, производството и материјалот, гарантниот рок, атестот, инсталацијата, монтажата, обезбедувањето резервни делови, скриените дефекти, редовните и вонредните сервиси и слично), Корисникот на лизинг нема да ги побарува од Давателот на лизинг.
6.3. Во случај на правни или материјални недостатоци на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува дека нема да бара од Давателот на лизинг враќање на уплатените лизинг рати и учество, без разлика дали предметот на лизинг бил користен, или поради правен недостаток и пропаѓање на предметот на лизинг, или поради настанат дефект на предметот на лизинг или скриени недостатоци, фактички не можел да го користи предметот на лизинг.
Член 7. РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
7.1 На денот на преземањето на предметот на лизинг од испорачателот, Корисникот на лизинг или Давателот на лизинг за сметка на Корисникот на лизинг, ќе го осигури предметот на лизинг со полиса за задолжително осигурување од автоодговорност и ќе го регистрира (прва регистрација), при што копијата од сообраќајната дозвола и копијата од полисата за задолжително осигурување од автоодговорност претставуваат задолжителна документација во досието на предметниот Договор. Исполнувањето на оваа обврска претставува суштински елемент на Договорот за лизинг.
7.2 Корисникот на лизинг се обврзува да изврши технички преглед на возилото најмалку 8 (осум) дена пред истекот на регистрацијата, заради издавање одобрение за продолжување на регистрацијата на возилото, како и да му достави на Давателот на лизинг копија од обновената полиса за каско осигурување
7.3 Корисникот на лизинг се обврзува да ја обнови регистрацијата најдоцна до денот на истекување на истата, како и да му достави доказ за тоа на Давателот на лизинг во рок не подолг од 8 (осум) дена, (фотокопија од сообраќајната дозвола и копија од полисата за задолжително осигурување од автоодговорност. Сите трошоци поврзани со техничкиот преглед и регистрацијата на предметот на лизинг, за времетраење на Договорот, ќе бидат на товар на Корисникот на лизинг.
7.4 Корисникот на лизинг нема обврска да издава овластување заради продолжување на регистрацијата во случај кога Xxxxxxxxxx на лизинг не ги исполнил сите свои обврски од Договорот за лизинг и овој член, како и во случај кога Xxxxxxxxxx на лизинг ги нема платено сите доспеани лизинг рати и/или други достасани финансиски обврски од и врз основа на Договорот, со што Xxxxxxxxxx на лизинг целосно се согласува со потпишување на овие ОУР.
Член 8. ОСИГУРУВАЊЕ
8.1 Освен ако договорните страни не се договорат поинаку, за целото времетраење на Договорот, Корисникот на лизинг како договарач на осигурувањето директно ги сноси сите трошоци за осигурување и е должен со осигурителната компанија одобрена од Давателот на лизинг, за предметот на лизинг и во корист на Давателот на лизинг како осигуреник, да склучи договор за задолжително осигурување од автоодговорност, договор за потполно каско осигурување кое покрива ризици што водат до делумна или целосна штета или уништување на возилото, кражба, затајување, како и договор за задолжително осигурување на патници во јавниот сообраќај согласно прописите со кои се уредува областа на задолжителното осигурување во сообраќајот.
8.2 Корисникот на лизинг е должен на Давателот на лизинг да му достави фотокопија од полиса за каско осигурување на предметот на лизинг најдоцна на денот на преземањето на предметот на лизинг, односно во случај на продолжување на каско осигурувањето, најдоцна на денот на издавањето на одобрението за регистрација на возилото.
8.3 Корисникот на лизинг е должен да ги обнови полисите за осигурување (каско, задолжително осигурување од автоодговорност и задолжително осигурување на патници во јавен сообраќај) без ниту еден ден прекин на осигурувањето, односно да му доставува доказ за склучената полиса за осигурување на Давателот на лизинг во рок не подоцна од 8 (осум) дена од денот на склучувањето.
8.4 Документацијата за користење на предметот на лизинг (возачка дозвола, како и сите други документи) Корисникот на лизинг ќе ја чува исклучиво кај него, а не во предметот на лизинг. Во случај на настанување штета (на пр. кражба) и во исто време неможност за остварување права врз основа на осигурување поради немање документација, за штетата единствено одговара Корисникот на лизинг, кој целосно ќе му ја надомести на Давателот на лизинг настанатата штета.
8.5 Доколку Корисникот на лизинг не ги исполни обврските кон осигурителната компанија преземени со Договорите за осигурување, Давателот на лизинг го задржува правото да може без никаква обврска но на своја лична волја и одлука да ги подмири достасаните обврски, по што Корисникот на лизинг е должен да му ги надомести на Давателот на лизинг трошоците направени по овој основ, а за оваа цел Давателот на лизинг може да ги користи сите средства за обезбедување дадени врз основа на Договорот.
8.6 Со потпишувањето на овие ОУР, Корисникот на лизинг потврдува дека е целосно запознаен со сите услови и обврската за осигурување и безбедност на возилото предмет на лизинг и се обврзува да го користи предметот на лизинг во согласност со условите на осигурителната компанија, во спротивно е должен да му ги надомести на Давателот на лизинг сите штети настанати поради спротивно постапување и непочитување на обврските.
Наплата на штета од осигурувањето
8.7 Во случај на сообраќајна незгода и оштетување на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг веднаш без одлагање и на свој трошок ќе го однесе предметот на лизинг исклучиво само во најблискиот овластен сервис и на Давателот на лизинг ќе му достави доказ за поднесената пријава на штета до осигурителната компанија (доказ за пријава на штета до осигурителната компанија кај која предметот на лизинг е каско осигурен или доказ за пријава на штета до осигурителната компанија каде што другиот учесник во незгодата е осигурен со полиса за задолжително осигурување од автоодговорност). Корисникот на лизинг се обврзува веднаш без одлагање да ги преземе сите потребни дејствија и мерки во согласност со условите на осигурителната компанија пропишани за постапката за пријава, проценка и ликвидација на штета, да присуствува при составувањето на извештајот за сообраќајната незгода од страна на МВР и да ги обезбеди сите потребни докази и целата потребна документација за штетниот настан што е неопходна за поднесување и реализација на оштетното побарување пред осигурителната компанија и е одговорен пред Давателот на лизинг за исполнување на оваа негова обврска.
8.8 Во случај на кражба на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува веднаш без одложување да ја пријави кражбата во најблиската полициска станица, како и да го пријави случајот на кражба кај осигурителната компанија каде што предметот е каско осигурен. Корисникот на лизинг ќе го извести Давателот на лизинг за кражбата на предметот на лизинг, како и за преземените дејствија, заедно со доставување на фотокопија од потврдата за пријавена кражба издадена од МВР и потврдата за пријавениот осигурен случај до осигурителната компанија каде што предметот на лизинг е каско осигурен. Доколку возилото чија кражба е пријавена не се најде во рок од 60 дена од денот на пријавата на кражбата, Корисникот на лизинг се обврзува да му достави на Давателот на лизинг фотокопија од потврдата од надлежното Министерство за внатрешни работи дека украдениот предмет на лизинг не е пронајден. Давателот на лизинг во тој случај има право да ја наплати лизинг ратата за користење на предметот на лизинг до последниот ден во календарскиот месец во кој настанала кражбата на предметот на лизинг, што се утврдува врз основа на поднесените потврди. Во овој случај, Договорот за лизинг прекинува со денот на исплата на штетата од осигурителната компанија. Давателот на лизинг го задржува правото да може да се намири од Осигурителната компанија и Корисникот на лизинг, до исполнување на Договорот во целост.
8.9 Во случај на затајување на предметот на лизинг, Корисникот на лизинг се обврзува веднаш да поднесе пријава за затајување до најблиската полициска станица како и до надлежното јавно обвинителство, да го пријави настанувањето на осигурениот случај на затајување до осигурителната компанија каде што предметот на лизинг е каско осигурен, како и да ги преземе сите потребни дејствија во таа постапка и да и ги обезбеди сите потребни известувања и документи за осигурителната компанија во процесот на пријава, проценка и ликвидација на штетата. Корисникот на лизинг веднаш ќе го извести Давателот на лизинг за затајувањето со задолжително доставување на потврда за пријавено затајување на предметот на лизинг издадена од Министерството за внатрешни работи, фотокопија од доказите за поднесената кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство и потврда за пријавениот осигурен случај до осигурителната компанија кај која предметот на лизинг е каско осигурен. Давателот на лизинг во тој случај има право да наплати лизинг рата до последниот ден од календарскиот месец во кој е затаен предметот на лизинг, што се утврдува врз основа на доставените документи/потврди, додека Договорот за лизинг прекинува со денот на исплата на штетен настан од осигурителна компанија. Давателот на лизинг го задржува правото да може да се намири од Осигурителната компанија и Корисникот на лизинг, до исполнување на Договорот во целост.
8.10 Во случај на констатирање на уништување односно настанување на целосна (тотална) штета на предметот на лизинг од страна на осигурителната компанија, раскинувањето на Договорот настанува со кумулативно исполнување на следните услови: исплата на утврдениот износ на штета врз основа на пресметката на осигурителната компанија и продажба на хаварисаниот остаток од предметот на лизинг. Во случај на тотална штета, Корисникот на лизинг има право на првенство во купување на хаварисаниот остаток од предметот на лизинг, за што мора да се изјасни во писмена форма. Во овој случај, Xxxxxxxxx на лизинг има право да ја пресмета лизинг ратата за користење на предметот на лизинг до последниот ден од календарскиот месец во кој настанала целосна штета на предметот на лизинг, што се утврдува врз основа на поднесените документи/потврди. Давателот на лизинг го задржува правото да може да се намири од Осигурителната компанија и Корисникот на лизинг, до исполнување на Договорот во целост.
8.11 Во случај кога од која било причина претрпената штета не е целосно надоместена од осигурителната компанија или осигурителната компанија не е обврзана да ја плати настанатата штета врз основа на условите за осигурување, Корисникот на лизинг се обврзува да му ја плати на Давателот на лизинг вкупната штета и да ги надомести сите дополнителни трошоци, односно на свој трошок (во случај на делумно оштетување) да го врати предметот на лизинг во првобитна состојба. Висината на штетата ќе ја процени стручно лице назначено од Давателот на лизинг, додека Корисникот на лизинг се обврзува да го плати проценетиот износ на штетата и сите трошоци за проценка на сметката на Давателот на лизинг во рок од 8 дена од денот на процената. Корисникот на лизинг се согласува дека за надомест на штета може да се користат сите средства за обезбедување на плаќање од Договорот за лизинг.
8.12 ИсклучивоДавателот на лизинг е овластен да ги дава изјавите за порамнување, како сопственик на предметот на лизинг. Потпишување на изјава за порамнување (вонсудска спогодба со осигурителната компанија или сличен документ со кој осигурителната компанија се обврзува да ја плати настанатата штета) не значи дека побарувањето на Давателот на лизинг спрема Корисникот на лизинг според Договорот е подмирено во целост.
8.13 Сите евентуални износи за надомест на материјална штета во случај на тотална штета, кражба и затајување се исплаќаат директно на Давателот на лизинг, како сопственик на предметот на лизинг односно на овластениот сервисер во случај на делумна штета. Во случај кога Xxxxxxxxxx на лизинг поради потреба од итно постапување ги платил трошоците за отстранување на делумната штета од сопствени средства, Давателот на лизинг, откако ќе добие фотокопија од доказот за платените трошоци по овој основ, ќе издаде согласност на осигурителната компанија да го плати износот на настанатата штета директно на Корисникот на лизинг, под услов осигурителната компанија да донесе решение за исплата на настанатата штета, како и сервисните услуги да се извршени во овластен сервисен центар на производителот на предметот на лизинг.
8.14 Корисникот на лизинг се согласува дека Xxxxxxxxx на лизинг, како сопственик на предметот на лизинг, нема да даде согласност за исплата на настанатата штета, сè додека Корисникот на лизинг не ги исполни сите доспеани обврски кон Давателот на лизинг од и врз основа на Договорот, како и во случај кога сервисирањето (отстранувањето на делумна штета) се врши во неовластен сервис, со што Корисникот на лизинг целосно се согласува со потпишување на овие ОУР.
Член 9. СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
9.1 Давателот на лизинг го задржува правото на опција кое средство за обезбедување ќе го искористи и редоследот на нивно активирање поради неподмирени доспеани побарувања.
Потврда (Солемнизација) на договор за лизинг со својство на извршна исправа
9.2 Доколку е изречно наведено во посебниот Договор за лизинг, како средство за обезбедување на Договорот за лизинг и исполнување на обврските од истиот (уредно подмирување на обврските, навремено плаќање на ратите, долговите, каматите, и сите пропратни трошоци кои произлегуваат или кои можат да произлезат од овој однос, како и сите останати обврски на кои подлежи Корисникот на лизинг, а настанати по основ и во врска со Договорот за лизинг), Корисникот на лизинг се обврзува Договорот за лизинг да биде Потврден (Солемнизиран), односно приватна исправа да добие својство на извршна исправа, со која при заверка и потпишување потврдува дека потврдената исправа има сила на јавна извршна исправа, со што прифаќа и потврдува да во случај на неплаќање на било кој доспеан износ од Договорот за лизинг, Давателот на лизинг има право да ги преземе сите потребни дејства заради наплата на Побарувањата или да се пристапи кон одземање на возилото во извршна постапка.
9.3 Со потпишувањето на Договорот за лизинг и Xxxxxxx (Солемнизација) на истиот, Корисникот на лизинг прифаќа и потврдува дека во случај на неисполнување на било кој доспеан износ и непочитување на обврските настанати врз основ и во врска со Договорот за лизинг, Xxxxxxxxx на лизинг може да ги преземе сите потребни дејства предвидени со истиот и согласно закон да активира извршна постапка за наплата на побарувања со непосредно присилно извршување од страна на овластен Извршител врз сите расположливи денарски и девизни сметки, односно врз целиот движен и недвижен имот на Корисникот на лизинг заради наплата на доспеаното парично а ненаплатено побарување како главен долг зголемено за износот на споредните побарувања: камата, провизии, даноци вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на сите трошоци што би можеле да произлезат во евентуалната постапка за присилна наплата (судска и извршна), а кои трошоци се предвидени со тарифата на овластени субјекти за спроведување на таквата постапка со сите измени и дополнувања за целото времетраење на Договорот или да се пристапи кон одземање на возилото во извршната постапка. Во случај на паѓање во задоцнување на Корисникот на лизинг, пристигнатоста на побарувањето ќе се утврди врз основа на писмена изјава од Давателот на лизинг заверена кај нотар, во која изјава децидно ќе биде наведен рокот и условот кој не е почитуван од страна на Xxxxxxxxxx на лизинг поради што побарувањето се смета за пристигнато (доспеано) и во прилог на истата ќе биде доставен писмен документ што ја потврдува пристигнатоста на побарувањето.
9.4 Договорните страни изречно се согласни и прифаќаат Договорот за лизинг да се Потврди (Солемнизира) за приватна исправа да добие својство на јавна извршна исправа.
9.5 Трошоците за заверка и солемнизација на Договорот пред надлежен Xxxxx и Адвокат, Договорните страни се согласни да ги плати Корисникот на лизинг.
Административна забрана
9.6. Како средство за обезбедување на исполнување на обврската на физичкото лице - корисник на лизинг врз основа на овој Договор, Корисникот на лизинг ќе му достави на Давателот на лизинг потпишано и со печат заверено решение од работодавачот за административна забрана, која тој своерачно ќе ја потпише, а со која го овластува Давателот на лизинг да во случај на неисполнување на обврските од и врз основа на Договорот за лизинг, ја активира издадената административна забрана и бара од работодавачот на Корисникот на лизинг прекин на исплатата на платата во корист на Давателот на лизинг до целосно подмирување на утврдениот долг. Корисникот на лизинг се обврзува да го извести Давателот на лизинг без одлагање, писмено, за секоја промена на работодавачот или каква било друга промена што може да влијае на важноста на издадената административна забрана.
Солидарна гаранција
9.7 Договорните страни можат како средство за обезбедување на исполнување на обврските на Корисникот на лизинг да Договорат солидарна гаранција. Договорните страни се согласуваат дека гарантот одговара како гарант-платец, односно Давателот на лизинг може да бара исполнување на доспеаните обврски од овој Договор или од Корисникот на лизинг или од гарантот или од двајцата истовремено. Договорните страни се согласуваат дека гарантот-платец се обврзува да ги изврши сите доспеани плаќања на Xxxxxxxxx на лизинг, како и дека Давателот на лизинг е овластен да го наплати утврдениот долг на Корисникот на лизинг со користење на средствата за обезбедување издадени врз основа на дадената гаранција, како и да се поведе постапка заради наплата на извршувањето на доспеаните побарувања на целиот имот и на Корисникот на лизинг и на гарантот кој плаќа.
9.8 Гарантот се согласува дека не може да ја отповика дадената гаранција според Договорот, до целосното подмирување на сите обврски од и врз основа на Договорот.
Присилно одземање
9.9 Корисникот на лизинг се обврзува дека совесно и како добар домаќин ќе го користи предметот на лизинг, како и да ги исполнува редовно и навремено обврските кои произлегуваат од договорниот однос, да ги почитува одредбите од Договорот, да ги почитува сите законски прописи, да го штити предметот на лизинг од пропаѓање поради негово невнимание, да не дозволи злоупотреба на предметот на лизинг од трети лица, да не ја испушта својата должност и да не дозволи возилото да се користи за цели спротивни на закон, да постапува правично и одговорно во сообраќај, да гарантира возилото да биде секогаш навремено доставено на увид по барање на Давателот на лизинг. Доколку Xxxxxxxxx на лизинг воочи дека Xxxxxxxxxx на лизинг не ги почитува одредбите од Договорот за лизинг, како и не го почитува наведеното во претходниот став, Корисникот на лизинг се согласува дека Xxxxxxxxx на лизинг како единствен сопственик на предметот на лизинг за цело времетраење на Договорниот однос го задржува своето право да пристапи кон присилно одземање на предметот на лизинг и може да ангажира надворешни лица овластени за присилно одземање на возилото или да иницира одземање на возилото во извршна постапка преку овластен извршител. Трошоците за иницирање присилно одземање на предметот на лизинг Корисникот за лизинг со потпишување на овој Договор ги признава и прифаќа за свои.
Член 10. ОДРЖУВАЊЕ / ОДГОВОРНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ПРЕДМЕТ НА ЛИЗИНГ
10.1 Корисникот на лизинг се обврзува дека правилно ќе го одржува предметот на лизинг на сопствен трошок и со внимание на добар домаќин (редовно и вонредно одржување), ќе ги врши сите потребни поправки и сервиси и постојано ќе води грижа за беспрекорната, функционална и еколошки безбедна состојба на предметот на лизинг во согласност со упатствата на производителот, Договорот за лизинг и овие ОУР и ќе одговара за целата штета која ќе настане поради повреда на оваа одредба.
10.2 Одржувањето и поправката на предметот на лизинг може да се врши исклучиво во сервисниот центар на испорачателот или во овластени сервиси кои се потврдени во гарантниот лист или сервисната книшка, со обврска да се користат само оригинални резервни делови. Давателот на лизинг го задржува правото да побара увид во сервисната книшка во случај на сомневање дека предметот на лизинг не го сервисира овластен сервисен центар или дека Корисникот на лизинг не ги почитува обврските од овој член. Прекршувањето на оваа одредба претставува суштинско прекршување на Договорот.
10.3 Инсталирањето на дополнителни механички заштитни уреди, алармни уреди и слична опрема, уред за авто-плин, како и евентуални преправки, измени, дополнувања или вградување на какви било дополнителни уреди и опрема во/на предметот на лизинг Корисникот на лизинг може да ги изврши само со претходно писмено одобрение од Давателот на лизинг и писмена изјава на добавувачот дека нивното поставување не влијае на намалувањето или губењето на гаранцијата на производителот на предметот на лизинг. Вградувањето на дополнителни уреди и опрема мора да се врши исклучиво во овластениот сервисен центар на производителот на предметот на лизинг, така што тоа на кој било начин нема да влијае на функционалните и/или естетските карактеристики на предметот на лизинг. Корисникот на лизинг се обврзува без одлагање писмено да го извести Давателот на лизинг за извршените дејствија и да му ги предаде соодветните средства за деблокирање на предметот на лизинг, односно да достави до Давателот на лизинг копии од потврди за исправноста на поставената опрема и друга придружна документација за извршени дејствија.
10.4 Корисникот на лизинг е обврзан во случај на губење на клучевите од возилото сообраќајната дозвола, код картичка, мастер клуч, за тоа писмено да го информира ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје и осигурителната куќа веднаш, а најдоцна во рок од 3 (три) дена. Во овој случај, сите трошоци за замена ќе бидат на товар на Корисникот на лизинг.
10.5 Корисникот на лизинг е обврзан да го користи предметот на лизинг во согласност со важечките прописи, а во случај на прекршување на истите, Корисникот на лизинг одговара за сите последици кои произлегуваат од тоа и во однос на истите ќе ги плати сите казни и трошоци на надлежните органи. Доколку Xxxxxxxxx на лизинг, како сопственик на предметот на лизинг, по вина или небрежност на Корисникот на лизинг плати казна или подмири друга административна обврска како што се патарини, доплата/дневни билети за паркирање и слично, износот на платената обврска, како и направените трошоци, ќе ги наплати од Корисникот на лизинг, како и доколку против Давателот на лизинг и/или неговите законски застапници или трети лица се поведени прекршочни или други судски, управни, кривични или вонсудски постапки поради чин на вршење или неизвршување што може да се припише на вина/небрежност на Корисникот на лизинг или трето лице, Корисникот на лизинг одговара за сите последици што произлегуваат од тоа и ќе ги плати сите казни и трошоци во врска со истите. Давателот на лизинг има право на пресметка на трошок-пенал поради несовесно и противзаконско постапување од страна на Корисникот на лизинг или трети лица.
Член 11. ПРЕГЛЕД НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ
11.1 Давателот на лизинг или лице кое тој ќе го одреди, се овластени во секое разумно време да извршат увид на предметот на лизинг, па во врска со тоа Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот на лизинг да му овозможи непречен пристап до предметот на лизинг. Во случај да Корисникот на лизинг не му овозможи на Давателот на лизинг преглед на предметот на лизинг, Давателот на лизинг без одлагање може да иницира присилно одземање на возилото, како и може да ги преземе сите расположливи правни дејствија против Корисникот на лизинг во согласност со законот и Договорот за лизинг.
Член 12. ДОЦНЕЊЕ / ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ
12.1 Договорните страни се согласуваат дека исполнувањето на обврските во предвиден рок претставува суштински елемент на Договорот за лизинг, поради што Xxxxxxxxxx на лизинг се обврзува, без одлагање, писмено да го извести Давателот на лизинг за секое очекувано или веќе настанато задоцнување при плаќањето, што не значи дека на тој начин ќе се изврши одложување на доспевањето на плаќањето на обврските на Корисникот на лизинг.
12.2 Во случај на задоцнување со плаќање на било кои доспеани обврски од Договорот, Корисникот на лизинг ќе му исплати на Давателот на лизинг и законска казнена камата во согласност со важечките прописи.
12.3 Доколку Корисникот на лизинг задоцни со исполнувањето повеќе од 15 (петнаесет) дена, Xxxxxxxxx на лизинг ќе го започне процесот на опоменување и ќе му издава опомени на Корисникот на лизинг на секои 15 дена од доцнењето. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на лизинг не ги исполни своите обврски од Договорот и по испраќање на третото потсетување и опомена, ќе се смета дека од дадените околности произлегува дека Xxxxxxxxxx на лизинг не може да ги исполни идните обврски што произлегуваат од Договорот за лизинг.
12.4 Со отпочнување на процесот на опоменување поради неисполнување на Договорните обврски од страна на Корисникот на лизинг, Xxxxxxxxx на лизинг за цело времетраење на Договорот го задржува неотповикливо своето право:
- еднострано да може да го раскине договорот на начин и во согласност со законот за лизинг,
- да иницира присилно одземање, односно
- право на опција кое средство за обезбедување ќе го искористи и редоследот на нивно активирање поради неподмирени доспеани побарувања или поради раскин на договорот до целосно намирување на истиот.
12.5 Во случај на непочитување и неисполнување на Договорните обврски од страна на Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг има апсолутно право за цело времетраење на Договорот за лизинг да ги презема и иницира сите постапки за намирување на долгот и враќање на возилото, не врзано една со друга, се до негово целосно намирување и враќање на предметот на лизинг во свое владение, а за кое нешто Xxxxxxxxxx на лизинг со потпишување на овој Договор потврдува дека бил запознаен и е согласен.
Член 13. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЛИЗИНГ
Раскинување на договорот со исполнување односно истекување на рокот
13.1 Договорните страни се согласуваат дека овој Договор за лизинг е Договор intuitu personae и дека намерата на Договорните страни при склучувањето на Договорот за лизинг е негово извршување во целосно Договорено времетраење и обем. При нормален тек на работите, Договорот за лизинг престанува да има правно дејство по целосно исполнување на Договорните обврски од страна на Корисникот на лизинг и по истекот на рокот за кој е склучен, а Договорните страни се согласуваат дека не може да има премолчено продолжување на Договорот.
Раскинување на Договорот поради смрт / губење на работната способност
13.2 Договорните страни се согласуваат дека во случај на смрт односно губење на работната способност на Корисникот на лизинг Давателот на лизинг може но нема обврска да го продолжи Договорниот однос со наследниците на Корисникот на лизинг.
13.3 На денот на смртта/губењето на работната способност на Корисникот на лизинг, обврска на наследниците / старателите, односно лицата кои непосредно го користат предметот на лизинг, е без одлагање да го известат Давателот на лизинг, да достават уредна документација и да го достават возилото на увид, на начин утврден со овие ОУР.
Еднострано раскинување на договорот
13.4 Давателот на лизинг има право да го раскине Договорот во случај на повреда на која било одредба од овој Договор, а во случај на раскинување ќе го извести Корисникот на лизинг за едностраното раскинување на Договорот (известување за раскинување) со даден рок не пократок од 5 (пет) работни дена. Причина за раскинување на Договорот може да биде:
1) ако Xxxxxxxxxx на лизинг одбие да го преземе предметот на лизинг од испорачателот или одбие да го преземе предметот на лизинг ставен на располагање по сервисирањето;
2) ако Xxxxxxxxxx на лизинг постапува спротивно на преземените обврски од членовите 1, 3. - 9. од овие ОУР;
3) ако Корисникот на лизинг дава или има дадено неточни информации за употребата или состојбата на предметот на лизинг;
4) ако Xxxxxxxxxx на лизинг даде или има дадено неточни информации за неговата заработка, приход и имот и/или ако се утврди дека имотната состојба на Корисникот на лизинг значително се разликува од онаа утврдена врз основа на дадените податоци, така што Xxxxxxxxx на лизинг не би склучил Договор доколку таквите информации му биле познати;
5) ако против Xxxxxxxxxx на лизинг е покрената извршна постапка или е покрената постапка за бришење од надлежниот регистар од која било причина;
6) ако Xxxxxxxxxx на лизинг доцни со плаќање на лизинг ратите или со плаќање на останатите доспеани побарувања во согласност со Договорот и овие Општи услови за работење;
7) ако дојде до целосно оштетување, уништување, кражба, губење или затајување на предметот на лизинг;
8) ако Xxxxxxxxxx на лизинг го прекине работниот однос или го смени работодавачот, т.е. дојде во ситуација што може да доведе до престанок на неговото деловно работење, или го продаде, пренесе или на друг начин располага со значителен дел од својот имот;
9) ако клиентот стане неспособен за исполнување на паричните обврски од договорот за лизинг
10) секое прекршување од страна на Корисникот на лизинг или трето лице во однос на нивните индивидуални обврски и одговорности според овој договор или суштински прекршок што влијае на средствата за обезбедување;
11) Xxxxxxxxxx на лизинг изврши некакво кривично дело со кое го загрозува правото на сопственост или други права и интереси на Давателот на лизинг врз предметот на лизинг
12) доколку Xxxxxxxxxx на лизинг не го користи и/или не го одржува предметот на лизинг во согласност со договорот;
13) во секој случај на повреда на која било одредба од овој договор
14) од други причини предвидени со овој договор и со закон.
13.5 Во случај на прекршување на Договорните обврски кои може дополнително да се исполнат, Xxxxxxxxx на лизинг ќе му остави на Корисникот на лизинг соодветен рок не пократок од 5 работни дена да ја исполни доспеаната обврска, односно за да го отстрани прекршувањето на Договорот. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx на лизинг не го исполни барањето на Давателот на лизинг во дадениот рок, Договорот може да се раскине и во тој случај Корисникот на лизинг е должен да го врати предметот на лизинг на свој трошок на местото определено од Давателот на лизинг. Доколку Корисникот на лизинг не го предаде предметот на лизинг Давателот на лизинг ќе ги преземе сите постапки и правни дејствија за целосно намирување и враќање на предметот на лизинг.
13.6 По истекот на 14 дена од денот на склучувањето на овој Договор и пред истекот на рокот за кој е склучен Договорот, Xxxxxxxxxx на лизинг може еднострано да го раскине овој Договор, за што треба навремено да го извести Давателот на лизинг и да му го предаде предметот на лизинг на Давателот на лизинг. На денот на предавањето на предметот на лизинг, Договорните страни ќе состават и потпишат записник за примопредавање на предметот на лизинг, а како датум на раскинување на Договорот ќе се земе датумот на враќање на возилото наведен во записникот. Давателот на лизинг има право да ги пресмета и побарува сите трошоци по однос на надомест на штета која би ја претрпел во ваков случај.
Корисникот на лизинг може да се откаже (еднострано да го раскине) Договорот за лизинг без да наведува причини за тоа во рок од 14 дена од склучувањето на овој Договор, или од денот кога корисникот ги добил условите и информациите од Договорот, доколку тој ден е подоцна од денот на склучувањето на Договорот. Корисникот на лизинг за ова треба да го извести Давателот на лизинг писмено или на траен медиум веднаш во рамките на овој рок.
13.7 Во случај на откажување од Договорот за лизинг од страна на Корисникот на лизинг предвиден во член 13 точка 5, Корисникот на лизинг треба да ја плати главнината и надоместот за периодот од искористување на предметот на лизинг, како и да плати пресметана амортизација на предметот на лизинг и други трошоци кои би можеле да произлезат од ваквиот однос. Давателот на лизинг има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со Договорот за лизинг кон јавни или државни органи.
Член 14. ПРАВНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД РАСКИНУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ
14.1 Последица од раскинувањето на Договорот е обврската на Корисникот на лизинг без одлагање да му го предаде предметот на лизинг на Давателот на лизинг во согласност со Договорот.
14.2 Во случај на раскинување на овој Договор од која било причина, Корисникот на лизинг е должен да му ги исплати на Давателот на лизинг сите доспеани неплатени обврски од Договорот (главнината, каматата, право на штета и трошоците кои произлегуваат од овој договорен однос, како и износот на неисплатената главнина.
14.3 Договорните страни се согласуваат дека Xxxxxxxxxx на лизинг нема право на компензација и побарувања на регрес спрема Давателот на лизинг врз основа на веќе платени лизинг рати, учество и други трошоци направени заклучно со датумот на раскинување на Договорот.
14.4 Доколку предметот на лизинг му се врати на Давателот на лизинг по раскинувањето на Договорот, договорните страни се согласуваат Давателот на лизинг да ја наплати неисплатената главнина од добиената продажна цена или од вредноста на предметот на лизинг предвидена со новиот Договор склучен со нов корисник на лизинг. Доколку по завршувањето на продажбата односно по склучувањето на новиот Договор се утврди разлика помеѓу износот на неисплатената главнина и постигнатата продажна цена или вредноста на предметот на лизинг предвидена со новиот Договор, Давателот на лизинг ќе ја побара и наплати истата разлика од корисникот во согласност со конечната пресметка. Доколку продажната цена на вратениот предмет на лизинг го покрива целиот износ на преостаната главнина, како и сите доспеани, а неплатени обврски на корисникот од и врз основа на Договорот, а има вишок средства, Xxxxxxxxx на лизинг може но не мора да му ги врати истите на Корисникот на лизинг со уплата на неговата тековна сметка.
14.5 Во случај на предвремено раскинување на Договорот од страна на Давателот на лизинг поради прекршување на Договорот за лизинг како и во случај на еднострано раскинување на Договорот од страна на Корисникот на лизинг, Давателот на лизинг може да бара од Корисникот на лизинг еднократен износ во висина од 2% од вкупниот преостанат недоспеан долг (главница и надомест за лизинг), а врз основа на конечната пресметка.
14.6 Доколку по раскинувањето на Договорот и изготвувањето на конечната пресметка, Давателот на лизинг е известен и/или задолжен за плаќање на обврска што настанала за време на важноста на овој Договор, а е последица на постапувањето на Корисникот на лизинг/трето лице, Xxxxxxxxx на лизинг има право да се регресира од Корисникот на лизинг.
Член 15. ВРАЌАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ЛИЗИНГ / МЕСТО И ВРЕМЕ / ТРОШОЦИ
15.1 Корисникот на лизинг се обврзува во случај на предвремен прекин на Договорот, предметот на лизинг на свој трошок да го врати на Давателот на лизинг во беспрекорна и за сообраќај безбедна состојба која може да се очекува при нормална и вообичаена употреба, со комплетна стандардна опрема, техничка документација и со сите клучеви.
15.2 Доколку договорните страни не се Договорат поинаку, Xxxxxxxxxx на лизинг е должен да го предаде предметот на лизинг на адресата на седиштето на Давателот на лизинг, а времето на враќање на предметот на лизинг го определува Давателот на лизинг. При примопредавањето, договорните страни ќе состават записник за примопредавањето на предметот на лизинг со кој ќе се утврди бројот на поминати километри во моментот на враќање на предметот на лизинг, сите видливи недостатоци на возилото, додека фактичката состојба на предметот на лизинг последователно ќе ја определи овластен судски проценител.
15.3 Доколку Корисникот на лизинг направил одредени измени на предметот на лизинг, вградените подобрувања остануваат во сопственост на Давателот на лизинг. Корисникот на лизинг нема право да бара надомест на тие трошоци. Во тој случај, Xxxxxxxxxx на лизинг може да го врати возилото во претходната состојба (со отстранување на делови и/или уреди) во која се наоѓало во моментот на склучување на Договорот за финансиски лизинг, но со тоа не смее да се намали вредноста или функционалноста на предметот на лизинг
15.4 Доколку Корисникот на лизинг не го врати предметот на лизинг на Договорениот начин, ќе се смета дека истиот го оттуѓил, со што Давателот на лизинг е овластен на трошок и на ризик на Корисникот на лизинг сам да организира поврат на предметот на лизинг и издавање на нови документи и клучеви. Исто така, во овој случај се смета дека Xxxxxxxxxx на лизинг е свесен за евентуалните кривично правни последици и дека е свесен дека со таквото противправно однесување може да предизвика кривично правна одговорност на Корисникот на лизинг или на од него овластените лица, како резултат на вршење на кривични дела против имот. Корисникот на лизинг, исто така е свесен дека во тие случаи Xxxxxxxxx на лизинг може против него и секое одговорно лице да поднесе кривична пријава.
15.5 Корисникот на лизинг е должен на Давателот на лизинг или на лицето одредено од него да му овозможи слободен пристап до предметот на лизинг, односно се обврзува дека нема да ја попречува постапката за враќање на предметот на лизинг
15.6 Корисникот на лизинг се обврзува на Давателот на лизинг да му ги надомести сите трошоци настанати во врска со одземањето на предметот на лизинг во висина на вистинските трошоци кои при тоа настанале. Корисникот на лизинг потврдува дека нема да поднесува приговор на барањето за плаќање на патните трошоци на застапникот на Давателот на лизинг или лице определено од него, како и трошоците за одземање односно враќање на предметот на лизинг
15.7 Корисникот на лизинг е должен да ги сноси трошоците за процената на предметот на лизинг, како и на Давателот на лизинг е должен да му ги надомести сите штети што ги проценил овластен вештак (овластен проценител или проценител на осигурителна компанија назначен од Давателот на лизинг).
15.8 Корисникот на лизинг е должен да ги сноси трошоците настанати врз основа на изработка на нови клучеви, регистарски таблички или издавање документи потребни за користење на предметот на лизинг, доколку тие не се вратени или недостасуваат.
15.9 Давателот на лизинг не е должен да надомести, а Корисникот на лизинг се откажува од правото да бара надомест на штета предизвикана од оневозможување на алармните и други уреди, кои биле инсталирани без писмена согласност од Давателот на лизинг, а кои го спречиле преземањето на предметот на лизинг.
15.10 Давателот на лизинг не е одговорен за личните предмети на Корисникот на лизинг/ или трето лице кое го користело предметот на лизинг, како и Корисникот на лизинг во возилото не смее да носи и да остава парични средства, лични предмети, документација и предмети од висока вредност или имот кои има сомнителна содржина и слично. Давателот на лизинг во случај на враќање или присилно одземање на возилото нема да има никаква одговорност по однос на сето наведено во претходниот став, а Корисникот на лизинг со потпишување на овој Договор бил известен и е согласен со тоа.
Член 16. КОНЕЧНА ПРЕСМЕТКА
16.1 Конечната пресметка претставува документ со кој се прави раскин на Договорот за лизинг и во неа се содржи целиот долг на Корисникот на лизинг кој произлегува од овој договорен однос, а кој доспева со исполнување на рокот за плаќање наведен во конечната пресметка. За наплата на долгот по конечна пресметка Давателот на лизинг има право да ги користи сите расположливи средства за обезбедување на плаќањето, вклучително и гаранцијата.
16.2 Давателот на лизинг има право да ја направи конечната пресметка и да го раскине Договорот за лизинг, дури и во случај предметот на лизинг да не му биде вратен во негово владение, а за кое ќе го задолжи Корисникот на лизинг на вкупен долг до целосно исполнување на договорниот однос и трошоците кои дополнително би можеле да произлезат од истиот.
16.3 Со потпишувањето на овие ОУР, Корисникот на лизинг се согласува дека продажбата на предметот на лизинг ќе се изврши во согласност со моменталните пазарни услови, дека Давателот на лизинг може да ја довери продажбата на трето лице кое се занимава со продажба, како и дека Корисникот на лизинг се откажува од право на приговор на висината на постигнатата продажна цена.
16.4 Во случај на предвремено раскинување на Договорот за лизинг (освен во случај на предвремена отплата на предметот на лизинг), Давателот на лизинг ќе ги вкалкулира до тогаш платените рати за лизинг и сите други плаќања од и врз основа на Договорот, врз основа на кои ќе ја состави конечната пресметка и ќе ја испрати до Xxxxxxxxxx на лизинг со повик за исплата на сите преостанати неподмирени побарувања од овој Договор. По истекот на наведениот рок за плаќање, Xxxxxxxxx на лизинг е овластен да ги активира сите постоечки средства за обезбедување на плаќање на обврските на Корисникот на лизинг.
16.5 Во случај на затајување, кражба или целосно оштетување на предметот на лизинг, Давателот на лизинг, со конечна пресметка, ќе ги утврди сите евентуални долгови од и врз основа на Договорот за лизинг зголемени за преостанатиот износ на финансирање во согласност со планот за отплата на Корисникот на лизинг (без пресметување на договорена камата), кој износ ќе се намали за износот на надоместокот на штета што е исплатен од осигурителната компанија. Доколку со конечната пресметка се утврди побарување на Давателот на лизинг, Корисникот на лизинг ќе го плати утврдениот износ на обврските врз основа на конечната пресметка, во рокот определен во конечната пресметка. Доколку со конечната пресметка се утврди дека по подмирувањето на побарувањата на Давателот на лизинг, од надоместокот што го платила осигурителната компанија, остануваат средства спрема Корисникот на лизинг, вкупниот износ на преостанатите средства ќе се уплати на тековната сметка на Корисникот на лизинг.
16.6 Во случај на финансирање со преостаната вредност, при што е Договорено купување на предметот на лизинг, односно задржано е право на опција, во случај Корисникот на лизинг да не искористи ниту една од понудените опции, на крајот од договорениот период на лизинг ќе се направи конечна пресметка во која освен доспеаните и неплатени обврски од и врз основа на Договорот ќе се пресмета и евентуално утврдена разлика помеѓу договорената преостаната вредност на предметот на лизинг и постигнатата продажна цена на вратениот предмет на лизинг или вредноста на предметот на лизинг предвидена во новиот Договор склучен со новиот корисник на лизинг. Корисникот на лизинг ќе го плати утврдениот износ на обврските врз основа на конечната пресметка, во рокот определен во конечната пресметка. Доколку со конечната пресметка се утврди дека по подмирувањето на побарувањата на Давателот на лизинг кон Корисникот на лизинг остануваат парични средства, вкупниот износ на преостанатите средства ќе се уплати на тековната сметка на Корисникот на лизинг, која ќе му ја достави на Давателот на лизинг.
Член 17. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
17.1 Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје врши обработка на лични податоци собрани од клиентите, солидарни гаранти и трети лица кои го користат предметот на лизинг врз основа на согласноста на корисникот со цел извршување на овој Договор за лизинг во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје како членка на Порше групацијата врши размена на податоци со својот основач Porsche Bank AG Австрија друштво кое како финансиска институција регистрирана во Австрија обезбедува адекватно ниво на заштита на тие податоци и ги применува сите стандарди предвидени според прописите на ЕУ (GDPR). Воедно, Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје како членка на Порше групацијата врши размена на податоци со Porsche Finance Group Serbia друштво кое како финансиска институција регистрирана во Белград обезбедува адекватно ниво на заштита на тие податоци и ги применува сите стандарди предвидени според прописите на ЕУ (GDPR) и Dasof Slovenia, друштво регистрирано во Словенија, кое обезбедува адекватно ниво на заштита на тие податоци и ги применува сите стандарди предвидени според прописите на ЕУ (GDPR). Собирањето податоци е неопходен услов за склучување на Договорот за лизинг, па доколку клиентот или гарантот одбијат да ги дадат неопходните лични податоци, Договорот за лизинг не може да се склучи, имајќи предвид дека тие податоци се неопходни за негово извршување.
17.2 Податоците кои се собираат се чуваат 10 години по истекот на Договорот за лизинг, односно до целосно исполнување на договорните обврски. Во случај на неисполнување на сите договорни обврски Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје може да ги чува собраните податоци до завршување на соодветните судски постапки ПРАВА НА ЛИЦАТА ЧИИ ПОДАТОЦИ СЕ ОБРАБОТУВААТ ВО ВРСКА СО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
17.3 Право на отповикување на согласноста - Лицето на кое се однесуваат податоците има право да ја отповика согласноста во секое време. Отповикувањето на согласноста не влијае на дозволата за обработка што е веќе извршена врз основа на согласноста пред отповикувањето. Пред давањето согласност, лицето на кое се однесуваат податоците мора да биде известено за правото на отповикување, како и за дејството на отповикувањето. Отповикувањето на согласноста мора да биде едноставно, како и давањето на согласноста. Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје не ги обработува податоците на Корисникот на лизинг, солидарните гаранти и трети лица кои користат возила врз основа на согласноста на Корисникот на лизинг, туку за целта на извршувањето на овој Договор за лизинг.
17.4 Право на пристап - на кое се однесуваат податоците има право да побара од Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје информации за тоа дали се обработуваат неговите лични податоци, пристапот до тие податоци, како и информации за целта на обработката, за видовите на личните податоци што се обработуваат, за примателот или видовите на приматели на кои им биле откриени или ќе им бидат откриени личните податоци, за предвидениот рок на чување на личните податоци, или ако тоа не е можно, за критериумите за одредување на тој рок, за постоењето право од операторот да се побара исправка или бришење на неговите лични податоци, право на ограничување на обработката или право на приговор на обработката, за правото да се поднесе жалба и за постоењето постапка на автоматизирано донесување одлука, вклучувајќи и креирање профил.
17.5 Право на бришење - Лицето на кое се однесуваат податоците има право неговите лични податоци да бидат избришани од страна на контролорот. Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје е должен без непотребно одложување да ги избрише собраните податоци во рок што е однапред наведен и во случаите кога личните податоци повеќе не се неопходни за остварување на целта (извршување на Договорот за лизинг) поради која се собрани или обработувани на друг начин.
17.6 Обврска за известување во врска со исправка или бришење податоци, како и ограничување на обработката - Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје е должен да ги извести сите приматели на кои им се откриени личните податоци за секоја исправка или бришење на лични податоци или ограничување на нивната обработка согласно законот, освен ако тоа е невозможно или бара прекумерно трошење на време и средства.
17.7 Право на ограничување на обработката - Лицето на кое се однесуваат податоците има право обработката на неговите лични податоци да се ограничи од страна на контролорот доколку лицето на кое се однесуваат податоците ја оспори точноста на личните податоци, во рок кој ќе му овозможи на контролорот да ја провери точноста на личните податоци: доколку обработката е незаконска, а лицето на кое се однесуваат податоците се противи на бришењето на личните податоци и наместо бришење бара ограничување на употребата на податоците; доколку на контролорот повеќе не му се потребни личните податоци за остварување на целите за обработка, но лицето на кое се однесуваат ги побарало со цел поднесување, остварување или одбрана на правно барање; доколку лицето на кое се однесуваат податоците поднело приговор за обработката, а во тек е проценување дали правната основа за обработка од страна на операторот е над интересите на тоа лице.
17.8 Право на пренесување податоци - Лицето на кое се однесуваат податоците има право, неговите лични податоци кои претходно ги доставил на Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје, да ги прими од него во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и има право овие податоци да ги пренесе на друг контролор без попречување од страна на Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје на кого истите тие податоци му биле доставени, ако обработката се заснова на согласност или е врз основа на Договорот и ако обработката се врши автоматизирано. Ова право го опфаќа и правото на лицето неговите лични податоци да бидат непосредно пренесени на друг контролор од страна на контролорот на којшто му биле претходно доставени овие податоци, доколку тоа е технички изводливо.
17.9 Право на приговор - Доколку смета дека е оправдано во однос на посебната ситуација во која се наоѓа, лицето на кое се однесуваат податоците има право во секој момент да поднесе приговор до Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за обработката на неговите лични податоци. Контролорот е должен да прекине со обработката на податоците за лицето што поднело приговор, освен ако даде на знаење дека постојат законски причини за обработка кои се над интересите, правата или слободите на лицето на кое се однесуваат тие податоци или се во врска со поднесувањето, остварувањето или одбраната на правно барање. Лицето на кое се однесуваат податоците има право во секое време да поднесе приговор за обработката на неговите лични податоци кои се обработуваат за потребите на директно рекламирање, вклучувајќи и креирање профил, во мерка во која тоа е поврзано со директното рекламирање. Ако лицето на кое се однесуваат податоците поднесе приговор за обработката за потребите од директно рекламирање, личните податоци повеќе нема да може да обработуваат за такви цели.
17.10 Автоматизирано донесување на поединечни одлуки и профилирање - Лицето на кое се однесуваат податоците има право врз него да не се применува одлуката донесена исклучиво врз основа на автоматизирана обработка, вклучувајќи и профилирање, ако со таа одлука се создаваат правни последици за тоа лице или ако таа одлука значајно влијае врз неговата положба. Ова право не се применува ако одлуката е неопходна за склучување или извршување на договорот помеѓу лицето на кое се однесуваат податоците и Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје.
17.11 Право на жалба - Лицето на кое се однесуваат податоците има право да поднесе жалба пред
Агенцијата за заштита на личните податоци Бул. Гоце Делчев бр.18
Телефон +389 (2)3230 635,
e mail: info@privacy.mk
ако смета дека обработката на неговите лични податоци е извршена спротивно на Законот за заштита на лични податоци. Поднесувањето на жалба пред Агенцијата не влијае на правото на лицето да покрене и други постапки за управна и судска заштита.
Член 18. СПЕЦИЈАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЛИЗИНГ И НИВНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ И СРОДНИ ЛИЦА КОИ СЕ НАОЃААТ НА ЛИСТАТА НА САНКЦИИ ОД СТРАНА НА МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ И/ ИЛИ ТЕЛА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
18.1 Корисникот на лизинг, со потпишување на овој Договор, од свое најдобро сознание потврдува дека ниту компанијата што ја претставува, ниту поврзаното друштво, ниту некој од одговорните директори или вработени, т.е. претставници:
(i) не е страна која е предмет на било какви ограничувања и рестрикции во (понатаму во текстот како "страна со ограничувања");
(ii) не е вклучена во никаква трансакција, активност или однесување што разумно се очекува да резултира со означување како страна со ограничувања;
(iii) не се впушта во никаква трансакција, активност или однесување што може да доведе до прекршување на важечките санкции предвидени со одлуки на меѓународните организации или на Република Северна Македонија;
(iv) нема добиено известување или на друг начин не бил запознаен со било какво барање, активност, судска или друга постапка или истрага кои се однесуваат на санкции од меѓународни институции или/или органи во Република Северна Македонија;
(v) не дејствува во име на или по налог на ниту една ограничена страна во врска со предметот лизинг предмет на овој Договор.
18.2 Корисникот на лизинг се согласува со Давателот на лизинг да:
(i) не придонесува или на друг начин да ги става на располагање своите вкупни приходи или било кој дел од тие приходи стекнати од предметот на лизинг, директно или индиректно, или ги доверува во корист на било кој поединец или ентитет за финансирање на активности или трансфери, други трансакции или инвестиции кон било која страна со ограничувања;
(ii) не финансира директно или индиректно, целосно или делумно, врши отплата или предвремено враќање на предметот на лизинг од приходи кои произлегуваат од било која трансакција или активност која вклучува страна со ограничувања;
(iii) не учествува во било која трансакција, активност или однесување што би претставувало прекршување на санкциите кои се применуваат за нив;
(iv) не се занимава со никаква трансакција, активност или однесување што би допринело до тоа Порше Лизинг/Порше Брокер или друг член на Порше Групата да прекрши било каква санкција или постапка со која може свесно да доведе до такво прекршување, а поради кое Давателот на лизинг би можел да се третира како страна со ограничување.
18.3 Користење на приходите - Давателот на лизинг се обврзува и ќе обезбеди дека ниту едно од неговите поврзани лица нема да:
(i) користи, позајмува, придонесува или на друг начин да ги стави на располагање сите или било кој дел од приходите од било која позајмица или друга трансакција предвидени во документот за извршена трансакција директно или индиректно:
а) за секое финансирање или овозможување на било која трговска, деловна или друга активност во мера да таквото финансирање или олеснување на друга активност би било забрането со санкции или на друг начин би предизвикале било кое лице да ги прекрши санкциите,
б) на било кој друг начин со кој свесно се очекува да било кое лице, вклучувајќи го и Корисникот на лизинг, да прекрши било која санкција или да стане санкционирана страна;
(ii) да учествува во било која трансакција со која избегнува, или има за цел да избегне, или прекршува или се обидува да ги прекрши, директно или индиректно, сите санкции одредени од страна на меѓународни организации или Република Северна Македонија;
(iii) да финансира целосно или делумно износи кои се однесуваат на документирана трансакција која произлегува од постапка на било каква акција во врска со прекршувањето на санкции;
18.4 Корисникот на лизинг ќе постави соодветни контроли и процеси дизајнирани да ја спречат секоја активност која не е во согласност со горенаведеното.
Давателот на лизинг воспоставува и одржува политики и процедури разумно подготвени за промовирање и постигнување на усогласеност со пропишаните санкции на меѓународните организации и тела на Република Северна Македонија, а во согласност со применливите санкции.
Дефиниции од важност за горенаведените одредби
" Ограничена страна " го означува секој поединец или ентитет кој е наведен како: (i) во сопственост или под контрола (како такви услови, вклучувајќи ги и сите применливи форми на сопствеништво и контрола, дефинирани и толкувани согласно важечките прописи за санкции или во било кој официјален правилник, а во врска важечките прописи за санкции) лице кое се наоѓа на листата на санкции, (ii) владение во земја која е под санкции, (iii) агенција или инструмент, или ентитет директно или индиректно во сопственост; или под контрола на влади на санкционирана земја, (iv) кои престојуваат или се наоѓаат во санкционирана земја, врши дејности од таа земја или се основани согласно законите на санкционирани земји ( в) според најдобро сознание на Корисникот на лизинг или на матичната компанија - мета на санкции, или со каква било соработка која за Давателот на лизинг претставува прекршување на санкциите.
"Санкција" значи економска или финансиска санкција или трговско ембарго или друга забрана во согласност со законите за борба против тероризмот или законите кои се однесуваат на забраната на извори кои го регулираат однесувањето кое е се наметнува, администрира или спроведува од било кој орган за санкционирање.
"Санкционирана земја" е секоја земја или територија која е предмет на заедничко ембарго за извоз, увоз, финансии или инвестиции во однос на сите санкции почнувајќи од датумот на овој договор, вклучувајќи го Крим (според дефинирањето и толкувањето во согласност со важечките прописи за санкции) невладините контролирани страни во областите на Доњецка и Луганска во Украина, Крим, Куба, Иран, Северна Кореја и Сирија.
"Институции за санкции" значи (i) Соединети Американски Држави, (ii) Советот за безбедност на Обединетите нации, (iii) Европската унија или која било нејзина земја членка, (iv) Обединетото Кралство в) органите на Република Северна Македонија или в) релевантните владини институции на било која од горенаведените институции вклучувајќи, без ограничување, Државната каса на нејзиното Величество, Канцеларијата за контрола на странски имоти Министерството за финансии на САД, Министерството за трговија на САД, Американскиот Стејт департмент и било која друга владина агенција на САД.
"Список на санкции" значи било која од листите за специјално одредени санкционирани државјани или санкционирани поединци или субјекти (или еквиваленти) издадени од било која институција за санкции, со периодични измени, дополнувања или замени.
Член 19. СУДСКА НАДЛЕЖНОСТ
19.1 Сите спорови меѓу договорните страни и/или трети лица кои произлегуваат од или во врска со договорот за лизинг, договорните страни ќе се обидат да ги решат по мирен пат, а доколку тоа не е можно, спорот ќе биде изведен пред надлежниот суд според седиштето на Давателот на лизинг.
Член 20. СТАПУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ НА СИЛА
20.1 Со денот на потпишување на Договорот за лизинг, чиј составен дел се и овие Општи услови, Корисникот на лизинг ги презема сите права и обврски кои што произлегуваат од истиот.
20.2 За Договорот за лизинг стапува на сила со кумулативно исполнување на следните услови: Еднократна уплата на трошоците за обработка на барањето за лизинг, плаќањето на учество, со предавање на средствата за обезбедување на плаќањето, со потпишување на Договорот.
Член 21. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
21.1 Можната ништовност на некои од одредбите на Договорот не повлекува со себе и ништовност на целиот Договор. Во ваков случај странките ништовната одредба ќе ја заменат со важечка, односно со онаа која одговара на целта на Договорот.
21.2 Во случај на колизија на одредбите од Договорот и одредбите од овие ОУР, приоритетна важност имаат одредбите на Договорот за лизинг.
21.3 Странките со ова изјавуваат дека се одрекуваат од права на приговор на променетите услови кои ќе настанат по потпишувањето на овој Договор, а се во согласност со промени во законските прописи.
21.4 Корисникот на лизинг и гарантите со потпишување на Договорот, своерачно или од страна на лица овластени од нив, потврдуваат дека ги прочитале, разбрале и ги прифатиле овие ОУР и дека ги прифаќаат сите права и обврски кои што произлегуваат од истите, како и дека добиле доволен број копии од Договорот за финансиски лизинг и од ОУР кои се составен дел на Договорот за лизинг.
21.5 Сите измени и дополнувања на Договорот, странките на Договорот ќе ги направаат во пишана форма која што е услов за нивната важност или на взаемна согласност по примено известување и потврда на истото. Усогласувањето на висината на аконтацијата, износот на лизинг рата, и другите плаќања кои што произлегуваат од Договорот за лизинг, поради промени во девизниот курс, промена на валутата на плаќање, условите за рефинансирање, затезната каматна стапка, и слично не се сметаат за измена и дополнување на Договорот, и за таквото усогласување не е потребна согласност на Корисникот на лизинг.
21.6 Овие Општи услови за работа се применуваат од 09.01.2024 година.
Давател на лизинг: Гарант - Гарант кој плаќа Корисник на лизинг: За Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје