Contract
1 Вовед
Оваа Политика за маркетинг услуги („Политика“) е наменета за да се oбезбедат стандардите и принципите во врска со плаќањето на Бренд-партнерите за нивното обезбедување на Услуги. Оваа Политика има својство на обврзувачки договор што ги предвидува одредбите, правилата и условите на маркетинг услугите кои ги обезбедуваат Бренд-партнерите на Xxxxxxxx и надоместокот што го обезбедува ОРИФЛЕИМ Козметика ДООЕЛ за таквите Услуги и ги заменува сите претходни договори, вклучувајќи и услуги и договори за маркетинг услуги, застапувања или обврски.
2 Дефиниции
Следните дефиниции се користени во Политиката:
a) Бренд-партнер: личност која го има прифатено Договорот за Бренд-партнер со Xxxxxxxx, има активно членство, и личност која има право да купува производи од Орифлеим врз основа на таквото членство, без разлика на Позицијата и Нивото согласно Планот за успех;
b) Давател на услуги, е Бренд-партнер кој ги обезбедува Услугите и има право да добива Надоместок за услугите;
c) Надоместок за услугите: против услугата на Бренд-партнерот за Услугите кои му ги обезбедува на Xxxxxxxx согласно оваа Политика, пресметани во согласност со Планот за успех;
d) План за успех: документот кој ги опишува достапните со Xxxxxxxx и кој е дел од Договорот за Бренд-партнер;
e) Етички кодекс и Правила на однесување: збир на обврзувачки правила, кои сочинуваат дел од Планот за успех на Орифлеим, кои го регулираат однесувањето на Бренд-партнерите кон Орифлеим, кон клиентите и кон другите Бренд-партнери на Орифлеим;
f) Услуги: маркетинг и промотивни активности што ги обезбедува Давателот на услуги на Орифлеим; и
g) Територија: Северна Македонија.
За специфичната терминологија што се користи во понатамошниот текст и што е означена со голема буква и не е дефинирана тука, Ве молиме погледнете го Планот за успех или Правилата и условите за Бренд-партнер.
3 Подобност, применливост, рок и престанок
3.1 Сите регистрирани Бренд-партнери ги исполнуваат условите за придобивките од оваа Политика врз основа на нивните Титули и нивоа постигнати според Планот за успех со текот на времето..
3.2 Оваа Политика е применлива на оние Бренд-партнери кои обезбедуваат Услуги на Орифлеим согласно оваа Политика која е прифатена во моментот кога Бренд- партнерот ќе се зачлени во Орифлеим.
3.3 Оваа Политика ќе важи за време на целото членство на Бренд-партнерот, до раскинување или истекување на Договорот за Бренд-партнер, согласно Xxxxxxxxx и Условите за Бренд-партнер.
4 Услуги
4.1 Во интерес на промоција на активноста на Орифлеим на Територијата и во замена на Надоместокот за услугата исплатен од Орифлеим, Давателот на услугата се согласува да му ги обезбеди на Орифлеим следните услуги:
i. промовирање на производите на Орифлеим, Планот за успех и сите Комерцијални програми важечки на Територијата, за зголемување на регистрацијата на нови Бренд-партнери, за поддршка на промоцијата и продажбата на производите на Орифлеим;
ii. промовирање на бизнис можност на Xxxxxxxx со поканување на луѓето да се регистрираат како Бенд-партнери на Орифлеим на Територијата со одобрување на квалитетот на производите на Орифлеим;
iii. обука на нови Бренд-партнери за производите на Орифлеим, бизнис можноста во рамките на Планот за успех и Комерцијалните програми;
iv. развој на деловни претприемачи и Лидери, управување со директна продажба и деловно подучување (coaching) на надолната Мрежа на Бренд- партнерите;
v. организирање, координирање и поддршка на активностите на структурата на Бренд-партнерите и активностите на новите Бренд-партнери; и
vi. организирање и одржување семинари во живо и онлајн семинари, состаноци, настани поврзани со Производите и Каталогот, Планот за успех и која било Комерцијална програма на сопствен трошок на Бренд-партнерот.
4.2 Давателот на услугата се обврзува да ги обезбеди овие услуги во согласност со оваа Политика, Етичкиот кодекс и сите други интегрални делови од Договорот за
Бренд-партнер и во интерес на промовирање на активностите на Орифлеим на Територијата.
4.3 Давателот на услугата ги дава Услугите во однос на производите на Орифлеим и Планот за успех независно, во свое име и за своја сметка. Оваа Политика не претставува работен однос помеѓу Давателот на услугите и Орифлеим или на кој било вработен, застапник или нивен претставник. Тоа не им дава никакво законско право на Давателот на услугите да дејствува како застапник на Орифлеим во кои било правни односи, да дава изјави или да презема обврски за сметка на Xxxxxxxx.
Ова подразбира дека Давателот на услугите:
i. нема овластување законски да го обврзе Xxxxxxxx во однос на било кој потенцијален Бренд-партнер или било кој друг и не е назначен како застапник или претставник на Xxxxxxxx за било која цел; и
ii. нема овластување да преговара или генерално да склучува договори во име или за сметка на Xxxxxxxx, ниту да му помага на Xxxxxxxx во било кој преговарачки процес со потенцијален Бренд-партнер или клиенти на Бренд-партнерот; x
iii. потврдува дека секој нов Бренд-партнер воведен од Давателот на услугите ќе купува од Орифлеим по цени објавени од Xxxxxxxx во тој Каталог; тие самите ќе ја одберат стоката и ќе ги направат своите нарачки директно, а не преку Бренд-партнерот.
5. Надоместок, пресметка и плаќање
Надоместок:
5.1 Орифлеим периодично, по Кампања, ќе го пресметува и ќе го исплаќа Xxxxxxxxxxxx за услугите на Давателот на услуги. Надоместокот за услугите се состои од:
i. износи кои се должат за давањето на Услугите; и
ii. доспеани износи во однос на посебните достигнувања на Давателот на услугите како што е наведено во Планот за успех (парични награди и Бонуси); и
iii. бонуси постигнати од страна на Давателот на услугите во согласност со некои специфични комерцијални програми, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на одредени програми за развој на продажба и/или мрежата на продавачи.
Пресметка:
5.2 Надоместокот за услугата се пресметува од страна на Xxxxxxxx преку неговиот интерно развиен софтвер [Xxxxxxxx]. Периодот на кампањата кој важи за пресметување на Надоместокот за услугите ќе биде објавен од Орифлеим на веб- страницата и во Каталогот.
5.3 За целите на определување на Надоместокот за услугите и земајќи ги предвид (i) прилагодувањето што ги бараат пазарните услови; (ii) измените на важечките закони и прописи (iii) флуктуации на пазарот на козметички производи; и (iv) како и зголемената конкуренција забележана во овој пазарен сегмент, Орифлеим има право да ја промени и измени пресметката на Надоместокот за услугуте, но не е ограничен на односот помеѓу обемот на нето-продажбите кон Бренд-партнерите (означен како „Бизнис обем - БО“ во Планот за успех) и поените алоцирани од Бренд-партнер В (Brand Partner C) на Производите (означени како „Бизнис поени - БП“ во Планот за успех), информирајќи го Давателот на услуги за таквите измени во таквите Објави на Xxxxxxxx. Таквите промени ќе им бидат претходно соопштени на Бренд-партнерите, преку посебно известување на веб-страната на Орифлеим или преку личната е-маил адреса, согласно со Правилата и Условите за Бренд- партнер на Орифлеим.
Исплата:
5.4 Плаќањето на Надоместокот за услугите ќе биде условено со исполнувањето на следното од страна на Давателот на услугите:
i. Бренд-партнерот ќе го постигне нивото на потребни БП во врска со Вашите сопствени нарачки на Орифлеим производи, во секој Каталошки период;
ii. на барање на Орифлеим, Давателот на услугите ќе му достави на Орифлеим, во секој Каталошки период, било какви придружни документи (извештај и анализа) во врска со Услугите обезбедени согласно оваа Политика;
iii. нема да го надмине во дадениот период највисоко ниво на стасан долг (поврзано со набавките на производи од Вашата надолна Мрежа на Бренд-партнери); и
iv. на барање на Орифлеим, Давателот на услуги ќе ги достави сите даночни пријави што се бараат согласно законите на Територијата за извршување на независна деловна активност.
5.5 Плаќањето на Xxxxxxxxxxxx за услугата ќе се изврши во согласност со важечките и применливите закони и регулативи. Плаќањето ќе се изврши со уплата на банкарската сметка на Услугата за Бренд-партнер, во рок од најмногу 30 календарски денови од денот на прием на фактурите.
5.6 Давателите на услуги кои се регистрирани за даноци ќе издадат валидна фактура и се согласуваат дека Xxxxxxxx може да ги издаде тие фактури во нивно име и за нивна сметка доколку е тоа побарано од Xxxxxxxx и дозволено со локалното
законодавство. Орифлеим ќе го плати Надоместокот за услугите на оние Даватели на услуги кои се регистрирани за даночни цели во нето износ кој не вклучува ДДВ и воедно претставува највисоката сума која Орифлеим ќе ја плати на Давател на услуга, така што Xxxxxxxxx на услугата е исклучиво одговорен за пријавување и плаќање на било какви даноци и давачки во врска со Надоместокот за услугата.
5.7 Орифлеим ќе го плати Надоместокот за услугите на оние Даватели на услуги кои не се регистрирани за даночни цели во бруто износ кој воедно ја претставува највисоката сума која Орифлеим ќе ја плати на Давателот на услугите, поради што Орифлеим може да задржи делови од Надоместокот за услугите за даноци, давачки и други придонеси, согласно важечките и применливи прописи.
6. Обврски
Давател на услугите
6.1 Давателот на услугите ќе ги почитува сите важечки закони и прописи во врска со Услугите опишани во оваа Политика, како и сите други барања во врска со регистрацијата на таквата активност и плаќањето на даноците, давачките или придонесите. Понатаму, Xxxxxxxxx на услугите се обврзува да се придржува до барањата и принципите според Планот за успех, Етичкиот кодекс, Правилата на однесување, Политиката за интернет и Правилата и Условите за Бренд-партнер. Давателот на услуги се обврзува да не се вклучи или да поддржи, на каков било начин, активности кои се конкурентни на деловниот потфат на Орифлеим, за време на извршување на оваа Политика.
Орифлеим
6.2 Орифлеим се обврзува да го плати Надоместокот за услугите на Давателот на услугите во согласност со оваа Политика и сите други барања и начела од Планот за успех. Доколку се направат било какви промени на Планот за успех и/или на оваа Политика, Орифлеим однапред ќе го извести Давателот на услугите, во согласност со оваа Политика и Правилата и условите на Орифлеим.
7. Општи одредби
7.1 Орифлеим го задржува правото еднострано да ја ажурира, раскине или измени оваа Политика, по сопствено увидување, како што е наведено во Правилата и условите за Бренд партнер.
7.2 Овој Договор е посебен, но комплементарен со Договорот за Бренд-партнер.
7.3 Освен за специфичните одредби регулирани со оваа Политика, ќе се применуваат сите други одредби од Правилата и условите за Бренд-партнер, Етичкиот кодекс, Правилата на однесување и Политиката за приватност.
7.4 Во случај на било каква неусогласеност помеѓу оваа Политика и Правилата и Условите на Бренд-партнер, Правилата и Условите на Бренд-партнерите ќе имаат приоритет.