Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА АДВОКАТИ
Февруари 2022 година
A. ОПШТИ ОДРЕДБИ
ЗНАЧЕЊЕ НА ОДДЕЛНИ ИЗРАЗИ
Член 1
Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења:
ОСИГУРУВАЧ - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
ДОГОВОРУВАЧ НА ОСИГУРУВАЊЕ” - лице коешто со осигурувачот го склучува договорот за осигурување;
ОСИГУРЕНИК - лице чијашто одговорност е покриена со осигурувањето - адвокат;
АДВОКАТ – лице кое има лиценца за вршење на адвокатска дејност и е запишано во именикот на адвокати, при Адвокатската комора на Република Северна Македонија.
АДВОКАТУРА – независна и самостојна служба што обезбедува правна помош на физички и правни лица.
ЗАСТАПУВАЊЕ – застапување или одбрана, односно превземање на правно дејство име на физичко и правно лице.
ТРЕТО ЛИЦЕ - лице кое не е субјект на договорот за осигурување, односно лице кое има право да остварува надомест на штета/оштетен, но не и работник на осигуреникот;
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ” - највисок износ на обврската на осигурувачот за секој осигурен случај.
ПРЕМИЈА - износ што се плаќа за осигурување врз основа на договорот за осигурување;
ПОЛИСА - исправа на договорот за осигурување;
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ” - иден неизвесен и независен од исклучивата волја на осигуреникот штетен настан кој има за последица настанување на штета, за која надомест може да бара трето оштетно лице;
ИЗВОР НА ОПАСНОСТИ” - дејност (занимање), ствари (подвижни и неподвижни), правен однос или одредено својство од кои може да настане одговорност како ризик покриен со ова осигурување.
XXXXXXX XXXXXXX - е највисок износ на обврската на осигурувачот кој тој го плаќа за сите штети кои осигуреникот ќе ги предизвика за времетрањето на осигурувањето.
Б. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
Предмет на осигурување според овие услови е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со ненавремено, несовесно и несоодветно обезбедување на правна помош во вршење на адвокатска дејност и пружање на адвокатски и правни услуги на физички и правни лица во остварување и заштита на нивните права и врз закон засновани интереси во постапките пред судовите, државните органи, други правни лица, вршење на јавни овластувања, како и оштетување или уништување на предмети, списи и ствари на трето лице.
Во рамките на осигурениот извор на опасноста од адвокатска дејност, опфатена е и одговорноста на осигуреникот:
• од обвинувањата од трети лица, за погрешно водена постапка;
• клиенти кои претрпеле загуби и штети од несовесното постапување на адвокатот
• пропуштање на дејствие
• за пропуштено дејствие, се смета случај на сомневање, дека пропуштањето настанало оној ден кога пропуштеното дејство требало најдоцна да се преземе, за да би се избегнало настанување на штетата.
• поради кражба или исчезнување на ствари, предмети или списи на трето лице
• грешка при обезбедување на правна помош, но не и непознавање на правото
• неправилно обезбедување на правна помош;
• штети причинети од дејствија сторени со намера или грубо невнимание со цел да прибави имотна или друга корист за себе, а на сметка на клиентот, само доколку намерата е утврдена согласно квалификацијата на кривичните дела дефинирани со КЗ.
Со ова осигурување е покриена одговорноста за штета која настанала важи - или од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се наведени во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.
Осигурувањето се однесува и на одговорноста за евентуални штети од:
• зголемување на опасноста или проширување на осигурениот извор на опасности до кои дошло во текот на траењето на осигурувањето;
• нов извор на опасности кој се појавува кај осигуреникот по склучување на договорот за осигурување во смисла на член 5 од овие услови (осигурување од нови извори на опасности);
ПРОШИРУВАЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 3
1) Во рамките на осигурениот извор на опасноста од дејност, опфатена е и одговорноста на осигуреникот;
2) Ако е предвидено така во посебните одредби на овие услови, или ако е посебно така договорено, со осигурување се покрива и одговорноста за:
а) штета која не настанала ниту со повреда на правото, ниту поради несоодветно дадена, односно обезбедена правна помош на трето лице, ниту со оштетување, односно уништување на стварите, односно имотна штета на адвокатот на канцелариски и работен простор.
б) поради кражба или исчезнување на ствари, предмети или списи за лична употреба на работниците на осигуреникот освен на: пари, часовници, фото-апарати, скапоцености од сите видови, хартии од вредност и документи од сите видови, под услов стварите да се сместени во заклучени простории или во заклучени остави;
3) Штети причинети од дејствија сторени со намера,или грубо невнимание, претставуваат осигуран случај само доколку намерата е утврдена во кривична постапка согласно кфалификацијата на кривични дела уредени со КЗ, односно докажана со правосилна кривична пресуда во постапка која би ја водел или оштетениот или осигурувачот, но оштетениот ќе се стекне со правото на надомест на штета од осигурувачот тогаш кога со судска одлука ќе биде утврдена вина и одговорност кај осигуреникот.
4) Xxxxxxx кој намерно ја причинил работник на осигуреникот кој е во работен однос кај него, со што на осигурувачот му се отстапени правата на осигуреникот спрема работникот како одговорно лице за штета.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД НОВИ ИЗВОРИ НА ОПАСНОСТИ
Член 4
1) За новите извори на опасност осигуреникот плаќа зголемена премија, пресметана од денот кога е воочена појавата или потребата од зголемен ризик (“про рата темпорис”).
2) Обврската на осигурувачот за надоместок од осигурувањето не настанува во случај на појава на нов извор на опасност, ако осигурувачот според овие услови на осигурување и тарифата на премии не
осигурува таков извор на опасност, за што нема да побара доплаток, но само доколку тоа индиректно не влијае на свкупното работење или останатите покриени ризици, во спротивно осигурувачот ќе пресмета и побара доплата на премија.
3) За новите извори на опасност важи сумата на осигурување во полисата. Ако полисата за поедини извори на опасности содржи различни суми на осигурување, важечка ќе биде највисоката сума на осигурување.
4) Ако посебно се договори, се покриваат и штетите поради уништување или оштетување на ствари, предмети или списи. Овие штети се опфатени со осигурувањето, ако настанале поради ненадеен и неочекуван случај, па и тогаш кога самите штети настанале постепено.
5) Одговорноста за штети во врска новиот извор на опасности, не е опфатена со осигурувањето, ако тоа не е посебно договорено и наведено во полисата.
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ НА ИМОТНИ ШТЕТИ
Член 5
1) Ако посебно се договори (чл. 4 ст. 2, точ.б) или ако тоа е предвидено со посебни одредби од овие Услови, осигурувањето се однесува на одговорноста за “имотни штети”, т.е. штети што не настанале ниту со повреда на правото, ниту поради несоодветно дадена, односно обезбедена правна помош на трето лице, ниту со оштетување, односно уништување на стварите, односно имотна штета на адвокатот.
2) Се смета дека осигурениот случај настанал тогаш кога е сторено дејство, односно настанало пропуштање при обавување на дејноста означена во полисата, поседување на некои ствари и друг (извор на опасности) со кои е предизвикана имотна штета на некое лице.
ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
1) Од осигурувањето се исклучени штети:
a) заради посредување во парични и други стопански работи;
b) заради неправилно таксирање и останати недостатоци во поглед на таксирањето, согалсно законски пропишаните Тарифници за јавни служби,државни органи, Судови, Тарифата за вршење на адвокатска дејност итн.;
c) одговорност на осигуреникот врз основа на договорно проширување на неговата одговорност и за случаи за кои, инаку, по Закон не одговара, како и за посебно склучени договори помеѓу осигуреникот и трето лице, односно поради неисполнување на таките договори
d) штети на ствари, извршени работи, платен налог или парични средства кои, осигуреникот или некое друго лице по негов налог или за негова сметка, ги превземал а не смеел тоа да го стори;
e) материјална штета или било која форма на финансиска загуба врз основа на пренесени овластувања со полномошно на осигуреникот (адвокат) или друго вработено лице од неговата канцеларија;
f) штети кои настанале како последица на свесно постапување, спротивно на прописите или правилата по кои се обавува дејноста, односно занимањето како извор на опасности од полисата;
g) штети што се последица на заболување или отсуство на осигуреникот и на работниците на осигуреникот.
h) штети причинети поради одговорност во својство на заменик на адвокатот, а кој немал директно овластување од оштетениот за превземање на било каква правна помош, замени адвокат кој не работи во иста канцелари со осигуреникот и не е опфатен со осигурување, односно со полисата, како и секој друг вработен во адвокатската канцеларија кој не е опфатен со полисата за осигурување од одговорност од адвокатска дејност.
i) штети причинети Поради доведување на странка (трето лице) во правна заблуда
j) за штети настанти како поселдица на прекорачување на овластувањата дадени во полномошното, со што директно му е нанесена материјална штета на оштетениот и за штети настанати
при истек на законскиот рокот од 30 дена од денот наведен како отказ на полномоштвото (во кој период осигуреникот е должен да ги превзема дејствијата по закон) а не се работи за скратување на правна помош со закон предвидена.
k) штети настанати како резултат на злоупотреба на даденото овластување од оштетениот и наплата на парични средства на сметката на осигуреникот, а на штета на трето лице
l) незаконито постапување при постапки за извршување, договори за регулирање на имотно правни односи и уписи во катастар на недвижности
m) за штети која резултира со смрт или повреда на тело и здравје, оштетување , уништување или исчезнување на предметим вклучувајки и кражба на предмети на странки (трети лица).
n) Кражба на материјални добра
o) Xxxxxx и заблуда на оштетениот
p) Штети што се должат на нематерјални штети, поради злоупотреба на правото на оштетените
q) Штети како последица на располагање со примени пари,како и поради губењена пари,чекови или хартија кои странката(трето лице) ги поверила на Осигуреникот.
r) Штети настанати како последица на давање на погрешна информација од страна на осигуреникот на странка (трето лице) по усмен пат.
s) Штета настаната како злоупотреба на доверливи информации од страна на Осигуреникот или лица вработени кај него.
t) Оддавање на деловна тајна за правно лице или оддавање на приватни и интимни сознанија и доверени информации од физички лица
u) Штети како последица од губење на податоци и документи,списи, датотеки,(во пишана,печатена и електронска форма) кои се дадени на чување кај Осигуреникот
v) Штети како можат да се покриат со други договори, странката(трето лице) ги склучила или морала да ги склучи.
w) Штети како последица од застапување по дејство на алкохол и наркотици.
2) Со осигурувањето не се покриени штети кои настануваат на стварите заради:
a) трајно дејство на температури, гасови, пареа, влага или врнежи (чад, саѓи, прашина и др.), како и заради мувлосаност, потреси, шумови и сл. што има за последица постепено настанување на штетата;
b) спуштање и лизгање на земјиште или земјотрес;
c) поплава на стоечки, истечни и подземни води.
тероризам,политички и други судири и војна, без обзир дали е објавена или не.
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 7
1) Осигурен случај е иден, неизвесен,непредвидлив и независен од исклучивата волја на осигуреникот, штетен настан, врз основа на кој трето оштетено лице би можело да бара надомест на штета.
Се смета дека осигурениот случај настанал оној момент кога таквиот настан почнал да се остварува или кога реалната материјална штета, загуба е реално воочлива и проценлива.
2) Како еден осигурен случај се сметаат и повеќе временски поврзани штети ако се тие последица на иста причина.
ВРЕМЕНСКО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 8
Осигурувачот е во обврска само тогаш ако осигурениот случај настане за време на важење на осигурувањето, наведено како почеток и крај во полиста за осигурување (период на осигурително покритие)
СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 9
1) Сума на осигурување е горната граница на обврските на осигурувачот по еден осигурен случај. Ако повеќе лица одговараат за штетата сите задно одговараат најмногу до висина на договорената утврдена сума на осигурување .
2) Сумата на осигурувањето, зависно од тоа како е договорено, може да се однесува само на еден од ризиците чл.3 ст.2 од овие Услови или единствена сума на осигурување без оглед на видот на штетата.
3) По настанувањето на осигурениот случај и исплата на оштетата осигурувањето останува и понатаму на сила во висина на сумата на осигурување на полисата и договорениот Агрегатен износ како вкупна обврска на осигурувачот во периодот на осигурување.
ОБВРСКА НА ОСИГУРЕНИКОТ ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 10
1) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот за настанувањето на осигурениот случај како и за поднесеното барање за надомест на штетата најдоцна во рок од три дена по сознавањето.
2) Осигуреникот е должен да го извести осигурувачот и тогаш кога барањето за надомест на штета против него ќе биде истакнато преку суд, ќе биде ставен во притвор, како и тогаш кога ќе биде поведена постапка за обезбедување на докази.
3) Ако е подигнат обвинителен акт или е подонесена кривична пријава или е поведена кривична постапка, осигуреникот е должен за тоа веднаш да го извести осигурувачот, па и тогаш кога веќе го пријавил настанувањето на штетниот настан. Исто така е должен да го достави наодот на надлежниот орган во врска со настанатиот штетен настан.
4) Ако со осигурувањето е покриена штета што настанала заради кражба на ствари, предмети или списи, осигуреникот е должен без одлагање да ја пријави кражбата на органот на јавната безбедност.
5) Осигуреникот не е овластен без претходна согласност на осигурувачот да се изјасни за барањето за надомест на штета, а особено да го признае потполно или делумно, да за барањето за надомест за штета се израмни како ниту да изврши исплата, освен ако спрема фактичката состојба не можело да се одбие признанието, порамнувањето односно исплатата, а да со тоа не се направи очигледна неправда. Ако осигуреникот во заблуда сметал дека постои негова одговорност или дека се исправно утврдени фактите, тоа нема да го оправда.
6) Ако оштетениот поднесе тужба за надомест на штета против осигуреникот, осигуреникот е должен да му достави на осигурувачот судска покана односно тужба и сите писма во врска со штетниот настан и со барањето за надомест на штета како и водењето на спорот да му го препушти на осигурувачот.
7) Ако осигуреникот се спротивствани на предлогот на осигурувачот барањето за надомест на штета да се реши со порамнување, осигурувачот не е должен да го плати вишокот на надоместокот, ниту каматите и трошоците кои што при тоа настанале.
8) Во случај оштетениот со барањето за надомест на штета непосредно му се обрати на осигурувачот, осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите докази и податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на одговорноста за причинетата штета и за оцена на основаноста на барањето, обемот и висината на штетата.
9) Доколку осигуреникот не се придржува на обврските од овој член ќе ги сноси штетните последици коишто настануваат при тоа освен ако тие би настанале и кога би се придржувал на обврските.
НЕПОСРЕДНО БАРАЊЕ НА ОШТЕТНО ЛИЦЕ
1) Ако оштетното лице своето барање или тужбата за надомест на штета го упати само спрема осигурувачот, осигурувачот ќе го извести за тоа осигуреникот и ќе го повика за да му ги даде сите потребни податоци, документација, докази и сл., како и самиот осигуреник да ги преземе мерките заради заштита на своите интереси.
2) Доколку во случајов од претходниот став осигурувачот одлучи да му исплати надомест на оштетениот во потполност или делумно, должен е за тоа да го извести осигуреникот.
УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВО НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ПРОЦЕНА НА ШТЕТАТА
Член 12
Штетата ја утврдуваат и проценуваат заедно осигурувачот и осигуреникот, а врз основа на доставени материјални докази од страна на оштетениот и осигуреникот..
За утврдување на висината на штетата, на осигурувачот потребно е да му стоат на располагање целокупната потребна, релевантна и оригинална документација, од која би се утврдила основаноста на реалната штета која ја трпи оштетениот, како и висината на претрпената штета.
При решавањето на оштетените побарувања, осигурувачот се раководи од прецизно детерминираните одредби со овие Услови, Законот за облигационите односи и Закон за адвокатура и Измените и дополнувањата на законот за адвокатура и Кривичниот законик доколку за одреден осигуран случај е потребно утврдување на вина во Кривична постапка.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 13
1) Осигурувачот го исплатува надоместокот од осигурувањето во рок од 14 дена, сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска, односно откако оштетениот му ја доставил комплетната документација за обработка на барањето.
2)Осигурувачот одговара за штетата која осигуреникот му ја предизвикал или нанел на некое трето лице и тоа најмногу до износот на висината на неговата обврска за надомест на штета, односно во висина на осигураниот случај, но најмногу до сумата на осигурување.
3) Ако осигуреникот има склучено осигурување како адвокат - индивидуално, а воедно е вработен во адвокатско друштво, кое има осигурување како правен субјект согласно законската регулатива, при осигурен случај, надомест на штета се покрива по индивидуланиот договор, додека ако реалната штета го надминува износот на сумата на осигурување по овој договор истата ќе се надомести и обезбеди од покритието по договорот за осигурување склучен со адвокатското друштво, но најмногу до висината на осигураната сума по оваа полиса.
4) Ако за предметниот осигурен случај, има поделена или солидарна одговорност од повеќе осигуреници, исплата на надоместок на штета се одредува во сооднос на поединечното учество на секој од нив во штетниот настан, како дел од осигурана сума на осигуреникот која е договорена на индивидуалната полиса.
5) Во случаи како во претходниот став, сите одговорни осигуреници за осигурениот случај, доклку се осигуреници кај ист осигурувач, учествуваат во соодносниот дел од штетата, ако во полисата за осигурување не е поинаку одредено, односно со договорот за осигурување склучен по овие услови, осигурувачот учествува во секој штетен настан за висина на договорената франшиза, доколку осигурувањето е склучено со франшиза.
НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ НА ПОСТАПКАТА
Член 14
Осигурувачот ги надоместува сите трошоци на процесната постапка доколку сам го водел спорот или дал согласност на осигуреникот за водење на спорот, сразмерно на успехот во спорот на оштетениот, но најмногу до висина на договорената сума на осигурување, што претставува и обврска на осигурувачот.
ФРАНШИЗА
Член 15
Осигуреникот може да договори со осигурувачот сам да учествува во секоја штета со одреден износ од утврдената висина за надомест на штата.
Ако е договорено да осигуреникот учествува во секој штетен настан, во случај на настанување на осигуран случај, осигурувачот има обврска да исплати оној дел од штетата која го поминува износот на договорената франшиза.
РЕГРЕС (суброгација) Член 16
1) Осигурувачот го задржува правото на регрес од осигуреникот, во случај кога дополнително ќе се утврди дека штетата е предизвикана со намера, измама или грубо невнимание, со цел остварување на имотна корист за себе, на сметка на клиентот, а за која од страна на осигуреникот не му се презентирани на осигурувачот точни и вистинити податоци, односно докази при обработката на барањето и надоместот на штета.
2) Доколку намерата е утврдена согласно Кривичниот Законик, а докажана со кривична постапка која ја водел или оштетениот или осигурувачот, оштетениот не се стекнува со право на надомест на штета пред завршувањето на постапката, а по извршена исплата на штетата, Осигурувачот има право на на регрес од осигуреникот.
3) Доколку се утврди дека штетата е намерно причинета од страна на работник на осигуреникот, на осигурувачот му се пренесени правата на осигуреникот спрема работникот како одговорно лице за штета.
4) Се смета дека Осигуреникот штетата ја направил намерно, ако со вршење на својата професионална дејност, штетата е направено со своја волја и знаење или со тенденциозно непочитување или неприменување на законската регулатива.
Своја волја и знаењето, како такви, мораат да се однесуваат подеднакво на причината и последицата од направеното штетно дејство.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 17
[1] Договарачот на осигурувањето ја плаќа премијата одеднаш,освен ако не е поинаку договорено.
[2] Ако е договорено плаќање на рати, тогаш договарачот на осигурувањето ја плаќа првата рата во моментот на склучување на Договорот за осигурување или издавањето на лист на покритие, освен ако не е поинаку договорено.
[3] Осигурувачот има право сите доспеани неплатени рати од премијата да му ги одбие на осигуреникот при исплатата на штета. Кај тотална штета, сите неплатени рати од премијата доспеваат за наплата и се одбиваат од износот за надоместок на штета при исплатата.
[4] Ако на договарачот на осигурувањето му се признал попуст за времетраење на осигурувањето, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја наплати разликата до премијата што договарачот на осигурувањето би требало да ја плати кога Договорот за осигурување би бил склучен само за периодот до прекинувањето. Во случај да престане важноста на Договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот треба да ја плати премијата за неплатеното време до денот на престанок на важноста на Договорот за осигурување. Ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот исплатил оштета, договарачот на осигурувањето е должен да ја плати целокупната премија за тековната година на осигурување
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 18
[1] Ако премијата за осигурување не е платена до стасаноста, осигурувачот може да го извести договарачот да ја плати премијата за осигурување. Ако премијата за осигурување не е платена во рокот што е наведен во известувањето, а кој не може да биде пократок од триесет (30) дена, осигурувачот може да го раскине Договорот за осигурување без отказен рок, при што на осигурувачот му припаѓа стасаната премија за осигурување.
[2] Во случај на доцнење со плаќање на премијата, осигурувачот има право да пресмета и законска затезна камата.
[3] Со неплаќање на премијата за осигурување, договарачот не може еднострано да го раскине осигурувањето.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 19
[1] Во случај на предвремено раскинување на Договорот за осигурување, осигурувачот е должен да врати дел од премијата за неискористеното време на осигурување, ако осигурената опасност престанала да постои по склучување на Договорот за осигурување.
[2] Ако осигурената опасност престанала да постои пред почетокот на покритието, осигурувачот ја враќа целокупната уплатена премија, намалена за манипулативните трошоци.
[3] Во другите случаи на престанување на важноста на Договорот за осигурување пред крајот на периодот за кој е платена премијата, на осигурувачот му припаѓа премија до денот до кој трае покритието, освен ако не е поинаку договорено.
[4] Враќање на премијата на барање на осигуреникот може да се изврши само врз основа на докази за исполнети услови за поврат на премија
ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 20
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од Договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток
на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно, по истекот на 24 часот од денот кога премијата еплатена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето.
[3] Осигурувањето се склучува за период од една (1) година, доколку не е поинаку договорено.
[4] Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, Договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
[5] Побарувањата за надомест на штета по склучениот договор за осигурување, застаруваат во рок од три години, сметано од денот кога настапил осигурениот случај, а доколку за осигураниот случај е потребно утврдување на вина согласно Законот за кривична постапка рокот на застареност е 5 години.
НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 21
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма, и стапува на сила од денот на прием.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на Договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета следниот работен ден после препорачано предадената пратка, пратена на последната дадена адреса од страна на примачот.
ИЗМЕНА НА НАЗИВОТ ИЛИ АДРЕСАТА (ФИРМА)
Член 22
1) Договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот е должен за измените на називот или адресата, да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.
2) Ако договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот не го извести осигурувачот за промените од претходниот став, за полноважност на известувањата што ги испраќа осигурувачот, доволно е ако му упати на договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот препорачано писмо според последните податоци за адресата на станот, деловните простории, односно имињата и називите со кои располага. Известувањето станува полноважно на денот кога осигурувачот го примил истото.
ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 23
[1] Ако осигурувачот ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, треба да го извести договарачот на осигурувањето барем 60 дена пред почетокот на тековната година на осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето има право 60 дена по приемот на известувањето да го откаже Договорот за осигурување. Договорот престанува да важи со завршувањето на тековната година на осигурување.
[3] Ако договарачот на осигурувањето не го откаже Договорот за осигурување во рокот утврден во став 2 на овој член, следната година тој се менува согласно со новите услови за осигурување и тарифата на премии
НИШТОВНОСТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 24
1) Ако според околностите во време на склучувањето на договорот, во согласност со одредбите од овие услови, осигурувањето не можело да се заклучи договорот за осигурување е ништовен.
2) Ако ризикот по кој е склучено осигурувањето или ако осигурениот случај е веќе настанат во моментот на склучување на договорот за осигурување , или бил во фаза на настанување, или било извесно дека ќе настане, а за тоа Осигуреникот/Договорувачот можел и требал да знае, договорот за осигуурвање во целина или во соодветен одреден дел е ништовен.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
член 25 Информации во врска со обработка на лични податоци
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mail: xxxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx, Офицер за заштита на личните податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото xxx.xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 26 Обработка и заштита на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
член 26-а Правен основ за обработката на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. [2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
член 26-б Цели за обработката на личните податоци
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност. [2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци. [3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање. [4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
член 26-в Рокови на чување на лични податоци
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување. [2] По истекот на
роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
член 26-г Права на субјектите на личните податоци
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци. [2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 35-б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
член 26-д Пренос на личните податоци
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx.
член 26-ѓ Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги. [2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: xxx@xxxxxxxxxxxxx.xxx.xx или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 27
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигурување.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Главен извршен директор
Суат Инан
Извршен директор Xxxxxx Xxxxxxxx