„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Предмет на набавка:
Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола)
(Рамковна спогодба со еден економски оператор)
Отворена постапка
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН
Дефиниции
Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и еден или повеќе договорни органи чиј предмет е снабдување стоки, обезбедување услуги или изведување градежни работи;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки, услуги или работи;
„Договор за јавна набавка на услуги“ е договор за јавна набавка чиј предмет е набавка на услуги, освен оние од точка 5 на овој став;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки, услуги или работи;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Кандидат“ е економски оператор кој бара да учествува или е поканет да учествува во ограничена постапка, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со објавување оглас, постапка со преговарање без објавување оглас, конкурентен дијалог или во партнерство за иновации;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Несоодветна пријава за учество“ е пријава за учество поднесена од кандидат кој треба да се исклучи бидејќи не ги исполнува условите за утврдување способност во постапката;
„Централизирани набавни активности“ се активности што се извршуваат континуирано во еден од следниве облици:
а) набавка на стоки и услуги наменети за повеќе договорни органи или
б) доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки, услуги или работи наменети за повеќе договорни органи;
„Помошни набавни активности“ се активности за поддршка на договорниот орган при вршење на неговите набавки, особено во следниве форми:
а) техничка инфраструктура која на договорниот орган му овозможува доделување договори за јавна набавка или рамковни спогодби за стоки, услуги или работи и/или
б) советување во врска со осмислувањето или спроведувањето на постапките за јавни набавки;
„Централно тело за набавки“ е договорен орган кој врши централизирани набавни активности и помошни набавни активности;
„Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава Централниот регистар на Република Северна Македонија и што содржи податоци со кои се докажуваат елементи од способноста на економскиот оператор;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Животен век“ се сите последователни и/или меѓусебно поврзани фази, вклучувајќи ги потребните истражување и развој, производство, трговија согласно со условите, превоз, користење и одржување во текот на постоењето на производот или градбата или обезбедувањето на услугата, од стекнување на суровината или генерирање на ресурсите до расходување, уништување или завршување на услугата или употребата;
„Ознака“ е секој документ, уверение или потврда што потврдува дека стоките, услугите, градежните работи, процесите или постапките ги исполнуваат утврдените барања;
„Услови за добивање ознака“ се услови кои стоките, услугите, градежните работи, процесите или постапките мора да ги исполнуваат за да добијат одредена ознака;
„Класичен јавен сектор“ е јавниот сектор кој не е опфатен со секторскитедејности;
„Секторски дејности“ се дејности од областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот и поштенските услуги, кои се опфатени во членовите 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17 од овој закон;
„Технички спецификации“ се:
a) во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Стандард“ е документ подготвен со консензус и усвоен од страна на признаено тело со кој, заради заедничка и повторлива употреба, се обезбедуваат правила, упатства и карактеристики за определени активности или резултати од тие активности, чија цел е постигнување најповолен степен на уредност во определено подрачје, и тоа:
а) „меѓународен стандард“ е стандард усвоен од меѓународна организација за стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста,
б) „европски стандард“ е стандард усвоен од европска организација за стандардизација кој ѝ е достапен на јавноста и
в) „национален стандард“ е стандард усвоен од национално тело за стандардизација и е достапен на јавноста;
„Техничка референца“ е секој документ кој не е европски или национален стандард, а е издаден од национално или европско тело за стандардизација, кој е во согласност со постапки прилагодени на потребите на пазарот;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Електронски пазар на набавки од мала вредност“ е електронска платформа во вид на електронски каталог со која управува Бирото за јавни набавки и која се користи за набавки од мала вредност согласно со условите од овој закон;
„Динамичен систем за набавки“ е систем кој се воспоставува како целосно електронски процес отворен во текот на целото времетраење за сите економски оператори што ги исполнуваат критериумите за утврдување способност, а кој секористи за вообичаени набавки кои се општо достапни на пазарот и кои ги исполнуваат потребите на договорниот орган;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка
„Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на набавка, развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично;
„Заеднички поимник за јавни набавки - CPV (во натамошниот текст: ЗПЈН)“ е единствен класификациски систем на номенклатури на стоки, услуги и работи што се применува во постапките за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност со останатите постојни номенклатури за стоки, услуги и работи;
„Рамковна спогодба“ е писмена спогодба меѓу еден или повеќе договорни органи и еден или повеќе економски оператори со која се утврдуваат основните услови што ќе ги регулираат договорите за јавни набавки што треба да се доделат во определен период, особено во поглед на цената и ако е можно, предвидените количини;
„Одговорно лице кај договорниот орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;
„Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган врз основа на закон, подзаконски пропис или акт на управата, со кое се ограничува вршењето секторски дејности на еден или повеќе субјекти и кое значително влијае врз можноста други субјекти да вршат такви дејности;
„Државни органи“ се органите на државната управа и органите на законодавната и судска власт;
„Електронски каталог“ е организирана описна листа на стоки или услуги што ги нудат економските оператори преку ЕСЈН;
„Тело за оценка на сообразност“ е тело кое извршува дејности за утврдување сообразност, вклучително и калибрирање, тестирање, сертифицирање и инспекција, акредитирано согласно со материјалните прописи и
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
Општи информации
Договорниот орган:
А.Д. за производство на електрична енергија "Електрани на Република Северна Македонија", во државна сопственост-Скопје, Подружница РЕК Битола.
Адреса на Договорниот орган: Новачки пат бб-Новаци
Лица и контакти на Договорниот орган:
Анита Кузевска
1.2 Предмет на договорот за јавна набавка
1.2.1 Предмет на договорот за јавна набавкa e : Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола)
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерската документација.
1.2.2 Предметот на набавката е делив во делови:
ДЕЛ 1 - Санациони работи
ДЕЛ 2 - Санација на столбови на разладна кула, поправка на росиште на разладна кула, санација на армирано-бетонски конструкции
ДЕЛ 3 - Антикорозивна заштита и санациони услуги во ХПВ И БОУ
ДЕЛ 4 - Напојни и конденз.пумпи
ДЕЛ 5 - Циркулациони пумпи
ДЕЛ 6 - Станица за производство на H2 и експрес лабораторија
ДЕЛ 7 - Термичка обработка на заварени споеви
1.2.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 18 (осумнаесет) месеци.
1.3 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка.
1.3.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка.
1.3.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (https://www.e-nabavki.gov.mk).
1.3.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН воделот „Економски оператори“.
1.4 Електронска аукција
1.4.1 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.4.2 Подетални информации за електронската аукција:
Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција се единечните цени вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во постапката.
1.4.3 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
Применливи прописи
Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија“ (број 24/2019 и донесените подзаконски акти.
При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областаданоците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и други закони релевантни за предметот на договорот. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа) и сите други надлежни институции.
Извори на средства
Реализација на овој договор за јавна набавка, ќе се врши со сопствени средства на договорниот орган согласно годишниот план за јавни набавки.
Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое, преку ЕСЈН презело тендерска документација од Договорниот Орган.
Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Составен дел на групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка, а кој особено ги содржи следниве податоци:
Членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата пред договорниот орган,
Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
Членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата
Членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства, доколку е предвидено во тендерската документација,
Краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот и
Други податоци кои договорниот орган ќе ги утврди во тендерската документација.
Членовите на групата економски оператори одговараат неограниченои солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки. При поднесување на групната понуда, задолжително се означува полето за групна понуда на ЕСЈН.“
1.8.4 Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата,потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма (да се додади во сите тендерски документации)
1.8.5 Член во групата економски оператори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
е носител на групата економски оператори,
ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
групата економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
Другите членови од групата солидарно не ги преземат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на членот од групата економски оператори спротивно на претходната точка се смета за повлекување на групната понуда.
Договорниот орган, по извршениот избор на најповолна понуда, од групата економски оператори може да побара, тие да се здружат во соодветна правна форма заради извршување на договорот.
Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.Учеството во техничкиот дијалог не се смета за учество во изработка на тендерската документација.
Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, немаат право на учество.
Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понудаили во една пријава за учество. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда/пријава за учество или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда/пријава за учество.
Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
Трошоци за поднесување на понуда
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолната понуда оценета преку:
цената
Спречување на судир на интереси, однесување на службени лица
За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице, се придржуваат кон Кодексот на однесување при спроведување на јавните набавки, донесен од Министерот за финансии, и потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
Начин на комуникација
Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk).
Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
Начинот на поднесување на понудата е утврден во Точка 4 од оваа ТД – “ подготовка и поднесување на понудите“.
Јазик на понудата
Тендерската документација е достапна на : македонски јазик
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик односно, на јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
Придружната документација (за утврдување способност) се доставува на македонски јазик, јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
Документација за квалитативен избор се доставува на македонски јазик, јазикот на понудувачот со задолжителен превод на македонски јазик.
Договорот за јавна набавка ќе биде склучен на македонски јазик
Информации од доверлив карактер
Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично) За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации (Прилог бр.4), и истата да ја достави заедно со својата понуда.
Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
1.15 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.15.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.15.2 Кај договорниот орган АД ЕСМ Скопје - Подружница РЕК Битола, лицето Драги Крстев, контакт тел/моб. 047/206-474, електронска адреса dragi.krstev@elem.com.mk, е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи, а во врска со корупција во јавните набавки.1
При утврдување на способноста на економските оператори, договорниот орган утврдува:
дали постојат причини за исклучување од постапката,
дали се исполнети условите за квалитативен избор утврдени во членовите 89, 90, 91 и 92 од овој закон
Причини за исклучување од постапката (Член 88 од ЗЈН):
Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
учество во злосторничко здружување,
корупција,
затајување даноци и придонеси,
тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
перење пари и финансирање тероризам и
злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот
оператор:
а) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
б) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
в) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
г) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
д) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
ѓ) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци од членот 101 став (13) од Законот за јавни набавки.
Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка:
a) доколку договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) доколку економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со тој договорен орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, наплата на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, барање оштета, барање наплата пенали/договорна казна, или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) доколку економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
Докажување на способноста (Член 95 од ЗЈН)
Економските оператори доставуваат единствен документ за докажување на способноста и/или потврди, изјави и други документи наведени во член 95 од ЗЈН, како доказ дека:
- не постојат причини за исклучување утврдени во точка 2.2 од оваа ТД односно во членот 88 од ЗЈН
Како документи дека не постојат причини за исклучување од точка 2.2 од оваа ТД односно членот 88 од ЗЈН, договорниот орган ги прифаќа следниве документи:
а) во врска со точка 2.2.1 (член 88 став 1 од ЗЈН) изјава на економскиот оператор или единствен документ за докажување на способноста;
б) во врска со точка 2.2.2 (член 88 став 2 од ЗЈН), потврда издадена од надлежен орган во Република Северна Македонија или од друга земја во која е регистриран економскиот оператор или единствен документ за докажување на способноста;
в) во врска со точка 2.2.3 (член 88 став 3 од ЗЈН), извод од листата на негативни референци која договорниот орган ја обезбедува од ЕСЈН.
Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите од точка 2.3.2 од оваа ТД (од ставот (4) на член 95 од ЗЈН), или ако тие не ги опфаќаат сите случаи од членот 88 на ЗЈН, договорниот орган прифаќа изјава што економскиот оператор ја заверува кај надлежен орган (нотар или сл.) во која ќе појасни кои документи не се издаваат, кои евентуално документи се издаваат како замена на бараните, и истите ќе ги достави.
Документите од членот точките 2.2.1 и 2.2.2 (член 88 ставови 1 и 2 од ЗЈН) не смее да бидат постари од шест месеци од крајниот рок за поднесување понуди или пријави за учество.
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата способноста за неисклучување од постапката.
Доколку економскиот оператор или групата економски оператори користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, доставува документација за утврдување способност за неисклучување од постапката, за секој од предложените подизведувачи
Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи
Услови за квалитативен избор на економските оператори
Услови за квалитативен избор на економските оператори се:
а) способност за вршење професионална дејност;
б) економска и финансиска состојба и
в) техничка и професионална способност.
Г) стандарди за систем на квалитет/стандард за управување со животна средина/систем за безбедност и здравје при работа.
Способност за вршење професионална дејност
За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
економскиот оператор да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка.
2.4.1.2 Kако доказ за исполнување на условите за професионална способност економскиот оператор задолжително доставува:
потврда за регистрирана дејност (образец ДРД) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на овој документ е Централниот регистар на Република Северна Македонија
Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи.
Економско финансиска состојба
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економско-финансиска способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
Минималниот приход на економскиот оператор да не биде помал кумулативно за последните три години од:
Дел 1 - 435.000,00 денари
Дел 2 - 4.372.200,00 денари
Дел 3 - 411.000,00 денари
Дел 4 - 8.912.400,00 денари
Дел 5 - 4.446.000,00 денари
Дел 6 - 810.900,00 денари
Дел 7 - 915.000,00 денари
Доколку Економскиот оператор учествува на два или повеќе делови во постапката, годишен приход треба да биде збир од бараниот приход за секој дел пооделно.
2.4.2.3 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови за својата економска финансиска состојба од подточка 2.4.2.2 со доставување на следните документи:
Извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган) и тоа најмногу за последните три финансиски години за секоја година пооделно.
Техничка и професионална способност
2.4.3.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- Да има извршено минимум 1 (една) услуга од ист вид со предметната набавка, во последните 3 години
- За техничка опременост и кадровска екипираност мин.по Прилог табела
- Сите извршители да имаат завршена обука за безбедност и здравје при работа.
2.4.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови за својата техничка или професионална способност со доставување на следните документи:
- Со листа на извршени услуги во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени услуги,
- Со образовните и професионални квалификации на давателот на услуги, со прилог докази за Образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот стручен кадар и особено на лицата кои се одговорни за давање на конкретната услуга (важечки атести за заварувачите, дипломи, сертификати и др.);
- Со изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите ја има на располагање за извршување на договорот.
- Копија од уверение/сертификат за завршена обука за безбедност и здравје при работа.
2.4.4. Користење способност од други субјекти
2.4.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
2.4.4.2 Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата способност.
2.4.4.3 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 2.3.1,2.4.2.3 и 2.4.3.2 од оваа тендерска документација.
2.4.4.4 Доколку економскиот оператор користи способност од друг субјект во однос на условите што се однесуваат на економската и финансиската состојба, договорниот орган може да побара економскиот оператор и субјектот кој дава поддршка да преземат солидарна одговорност за извршување на договорот.
2.4.4.5 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точките 2.4.4.2 и 2.4.4.3 од оваа потточка.
2.4.4.6 Договорниот орган може, во случаите на јавна набавка на стоки кои вклучуваат услуги за нивно поставување или вградување, услуги и работи, да бара некои од клучните задачи да ги изврши понудувачот, а во случај на групна понуда, да ги извршат учесниците во оваа група.
ISO 9001:2015
За докажување на стандардите за квалитет,ЕО го докажува исполнувањето на стандардот од подточка 2.4.5.1 со доставување на:
Копија од сертификатите издадени од акредитирано тело, со број, датум на издавање и актуелна важност на сертификатот за стандард за систем за квалитет ISO 9001 или еквивалент.
НАПОМЕНА: При поднесување на групна понуда сертификатите за стандард за систем за квалитет ISO 9001 или еквивалентно потребно е да го поседуваат сите членови на групата Економски оператори.
Стандарди за управување со животната средина и систем за безбедност и здравје при работа
За да се квалификува како способен за извршување на предеметот на јавната набавка од аспект на стандардите за управување со животна средина и систем за безбедност и здравје при работа ЕО треба да го исполнува следните услови:
Да исполнува ISO стандарди за управување со животна средина и систем за безбедност и здравје при работа.
2.4.6.1.1 ЕО го докажува исполнувањето на стандардите од подточка 2.4.6.1 со доставување на:
Копија од сертификатите издадени од акредитирано тело, со број, датум на издавање и актуелна важност на сертификатот стандарди за управување со животна средина и систем за безбедност и здравје при работа ISO 14001 и ISO 45001 или еквивалент.
НАПОМЕНА: При поднесување на групна понуда сертификатите за стандард за животна средина и систем за безбедност и здравје при работа ISO 14001 или еквивалентно потребно е да го поседуваат сите членови на групата Економски оператори..
Појаснување на тендерската документација
Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот “Прашања и одговори”, најдоцна осум дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
Одговорите, како и измените и дополнувањата на тендерската документација, договорниот орган без надоместок и во најкус можен рок ги прави достапни на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, но не подоцна од шест дена од крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество
За појаснувањетошто договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори”, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето,безпри тоа,дасеидентификува економскиот оператор што побаралпојаснување.
Измена и дополнување на тендерската документација
Договорниот орган може, во роковите од точка 3.1 од оваа ТД, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања или барања од економските оператори, да ја измени или дополни тендерската документација
Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.
Содржина на понудата
Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма, и се состои од следниве елементи:
пополнет образец на понуда(општ и финансиски дел) (Прилог бр.1)
пополнет образец на техничка понуда со листа на цени – ексел формат (Прилог бр.2).
документација со која се докажува дека не постојат причини за исклучување од постапката,
документација со која се докажува дека се исполнети условите за квалитативен избор,
изјава за сериозност (Прилог бр.3)
листа на доверливи информации (Прилог бр. 4) ако нема доверливи информации, образецот не мора да се пополнува,
модел на договор и рамковна спогодба (Прилог бр.5)
Договор за групна понуда (само за група на економски оператори)
Прилог 6 – Листа на главни услуги – со прилог потврди од примателите на услугите
Прилог 7 – Изјава
Прилог 8 - Посета на локација (по барање на ЕО)
Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врзоснова на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да достави дополнение на својата понуда како посебен документ. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор за целосна реализација на предметот на набавка на паритет ДДП место на реализирање на договорот и да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Економскиот оператор во Образец на понуда во прилог ја внесува вкупната цена на набавката и во спецификацијата со цени (во прилог) ги внесува единечните цени по позиции и вкупната цена на набавката.
Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество”, панел „Податоци од понудата”, во полето за внесување на цената.
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
Валута на понудата
Период на важност на понудата
Понудите треба да важат најмалку 120 дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
Гаранција на понуда/Изјава за сериозност на понуда
Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата(Прилог бр.3), при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација.
Со изјавата за сериозност на понудата, понудувачот изјавува дека нема да ги преземе дејствијата од ставот (6) на овој член. Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно со ставот (7) на овој член.
Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
Негативната референца договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
Форма и потпишување на понудата
Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 1 од “Прирачник за користењена ЕСЈН” објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот “Економски оператори”.
Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати:
Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Северна Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот;
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот; или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.8.1 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направенитеизмени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.8.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.9 Подизведување
4.9.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
Краен рок и место за поднесување на понудите
Краен рок задоставување на понудите е 19.09.2022 година во 11:00 часот.
Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса:
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при отворање на понудите.
Алтернативни понуди
Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
Измена, замена и повлекување на понудата.
Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.1.
Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда”, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи., или целосно повлекување на понудата.
Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.1.
Посета на локација
се овозможува по писмено барање на економскиот оператор.
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 19.09.2022 година во 11:00 часот, во РЕК Битола.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
Појаснување на понудите
Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара oд кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул „Појаснување/дополнување на поднесени документи“.. Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на корегирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
1) каде што има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
2) доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна единечна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3) доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
4) во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудатаќебидеотфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата/ ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата
Невообичаено ниска цена.
Договорниот орган бара од економскиот оператор, во примерен рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на испорака на стоките што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
Договорниот орган, во секој случај бара објаснување на цената доколку вредноста напонудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
Објаснувањето од претходната точка особено се однесува на:
економичност на производствениот процес, на обезбедувањето на стоки или услуги или на начинот на градење,
избраните технички решенија или кои било други особено поволни услови кои понудувачот ги има на располагање за обезбедување на стоките или услугите или за изведувањето на работите,
оригиналноста на стоките, услугите или работите понудени од страна на понудувачот,
исполнувањето на обврските од членот 3 став (2) од Законот за јавни набавки,
исполнувањето на условите во поглед на подизведувачите и
можноста понудувачот да користи државна помош.
Договорниот орган ја отфрла понудата само доколку објаснувањето или доставените докази не се доволни да се оправда ниската понудена цена или трошоци, земајќи ги предвид елементите од претходната точка.
Договорниот орган ја отфрла понудата доколку утврди дека истата има невообичаено ниска цена бидејќи не ги исполнува применливите обврски за заштита на животната средина, социјална политика и за заштита на трудот кои произлегуваат од прописите во Република Северна Македонија, колективните договори и од меѓународните договори и конвенции кои се ратификувани во Република Северна Македонија.
Ако договорниот орган утврди дека цената на понудата е невообичаено ниска бидејќи понудувачот добил државна помош, понудата може да биде прифатена ако по барање дополнителни појаснувања, понудувачот докаже дека му била доделена државна помош во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
Евалуација на понудите
Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.
Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и доставените понуди.
Доколку е потребно Комисијата во својата работа може да вклучи надворешни стручни лицасогласно.
Понудите кои не ги исполнуваат минималните барањаза способност на економските оператори ќе бидат отфрлени.
По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда
6. Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, договорот за секој дел поединечно му го доделува на економскиот оператор, чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.2 Рамковна спогодба.
6.2.1 Оваа постапка ќе заврши со склучување на рамковна спогодба.
6.2.2 Рамковната спогодба ќе се склучи за времетраење од 18 (осумнаесет) месеци.
6.2.3 Рамковната спогодба ќе се склучи со еден економски оператор, а поединечниот договор ќе се додели во согласност со условите од рамковната спогодба.
6.2.4 Поединечниот договор за јавна набавка ќе се склучи пред истекот на рокот на рамковната спогодба, до износот на средства предвидени за реализација со одлуката за јавна набавка.
6.3 . Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.3.1 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за не избор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.
6.3.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН
6.3.3 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи согласно член 155 од ЗЈН:
податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
податоци за застапникот или полномошникот,
назив и седиште на договорниот орган,
број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
опис на фактичката состојба,
опис на неправилностите и образложение по истите,
предлог на докази,
жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
потпис на овластено лице и печат.
6.3.4 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.5 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Северна Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 10.000 евра во денарска противвредност, надо-месток од 50 евра во денарска противвредност,
- од 10.000 до 70.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 70.000 до 130.000 евра во денарска противвред-ност, надоместок од 150 евра во денарска противвред-ност или
- над 130.000 евра во денарска противвредност, на-доместок од 200 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Северна Македонија.
6.3.9 Поднесената жалба го одложува склучувањето на договорот за јавна набавка и рамковната спогодба до конечноста на одлуката на Државната комисија:
6.3.10. Доколку предметот на набавка е поделен на делови, жалбата изјавена против одлуката за избор го одложува склучувањето на договорот или рамковната спогодба за оној дел од предметот на набавка против кој е изјавена жалбата.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во четири примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од пет дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира гаранцијата на понудата
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Дозволени се измени на договорот за јавна набавка во неговата важност, доколку во текот на реализација на договорот дојде до негово менување согласно член 119 од Законот за јавни набавки.
7. Задолжителни елементи од договорот за јавна набавка
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши одложено во рок не подолг од 60 дена од приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, на сметка и банка за која писмено ќе го извести Договорниот орган.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Рок ,начин и место на извршување
Сукцесивно, по писмен повик, по зададена динамика од одговорните инженери, за ЛОТ 2 рокот за извршување наведен во Прилог табела, на локација РЕК Битола.
Договорниот орган го задржува правото да го ангажира носителот на набавката да извршува услуги од ист вид по пројавена потреба на друга локација во ПЕ Термоелектрани, РЕК Битола.
Договорниот орган го задржува правото да го ангажира носителот на набавката да извршува услуги за интервенции по повик по пројавена потреба во ПЕ Термоелектрани, РЕК Битола.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот:
7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 15% од вредноста на договорот.
Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот.
Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 15 дена од добиеното известување, а со склучување на договорот
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од тендерската документација.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
8. Поништување на постапката
8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка (согласно член 114 од ЗЈН) за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
Во случај на поништување на постапката за јавна набавка врз основа на ставот (1) алинеја 7 од Членот 114 на овој член, договорниот орган не смее да спроведе нова постапка за истиот предмет на набавка во период од една година од денот на донесувањето на одлуката за поништување на постапката.
Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
Договорниот орган објавува известување за поништување на дел или на целата постапка за јавна набавка на ЕСЈН во рок од десет дена од денот на поништувањето на постапката.
Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка
Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола)
1 |
2 |
3 |
|
4 |
|
|
|
|
|
|
|
R.br. |
Naziv |
Edine~na merka |
Количина |
Планирани Koli~ina |
|
|
Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола)
|
||||
1 |
ДЕЛ 1 Санациони работи |
|
|
|
|
|
Обнова на киселоотпорна заштита во ХПВ и БОУ |
m2 |
1 |
600,00 |
|
|
Санација на механички филтер во БОУ |
m2 |
1 |
450,00 |
|
2 |
ДЕЛ 2 Санација на столбови на разладна кула, поправка на росиште на разладна кула, санација на армирано-бетонски конструкции |
|
|
|
|
|
Санација на столбови на разладна кула |
m2 |
1 |
800,00 |
|
|
Поправка на росиште на разладна кула |
час |
1 |
2.400,00 |
|
|
Санација на армирано-бетонски конструкции |
m2 |
1 |
600,00 |
|
3 |
ДЕЛ 3 Антикорозивна заштита и санациони услуги во ХПВ И БОУ |
|
|
|
|
|
АКЗ на цевководи, резервоари и филтри со киселоотпорни премази во ХПВ и БОУ |
m2 |
1 |
900,00 |
|
|
АКЗ на инки и корита под електрофилтер |
m2 |
1 |
600,00 |
|
4 |
ДЕЛ 4 Напојни и конденз.пумпи |
час |
1 |
8.488,00 |
|
5 |
ДЕЛ 5 Циркулациони пумпи |
час |
1 |
4.680,00 |
|
6 |
ДЕЛ 6 Станица за производство на H2 и експрес лабораторија |
|
|
|
|
|
Станица за производство на H2 (браварски работи) |
час |
1 |
144,00 |
|
|
Експреслабораторија |
час |
1 |
810,00 |
|
7 |
ДЕЛ 7 Термичка обработка на заварени споеви |
|
|
|
|
|
за Ф ≤ 219 |
спој |
1 |
15,00 |
|
|
за Ф > 219 |
спој |
1 |
12,00 |
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Прилог - 1
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број --------/2022 објавен од страна на АД ЕСМ– Скопје, Подружница РЕК Битола, за доделување на договор за јавна набавка на услуга - Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола) Рамковна спогодба со еден економски оператор,со спроведување на отворена постапка, преку Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk), и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1.Име на понудувачот: ____________________________________________
IV.1.1.1 Носител на група на понудувачи: _________________________
IV.1.1.2 Членови на група на понудувачи: ________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________________
(точка IV.1.1.1 и IV.1.1.2 се пополнува доколку се доставува групна понуда)
IV.1.2. Контакт информации
Адреса: ________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________
Факс: _______________________________________________________
Е-пошта: ____________________________________________________
Лице за контакт: ______________________________________________
IV.1.3. Одговорно лице: _______________________________________________
IV.1.4. Даночен број: __________________________________________________
IV.1.5. Матичен број: __________________________________________________
IV.1.6.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените и роковите на испорака дефинирани во Листата на цени и рокови на испорака.
IV.1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови
пополнет образец на понуда(општ и финансиски дел) (Прилог бр.1)
пополнет образец на техничка понуда со листа на цени – ексел формат (Прилог бр.2).
документација со која се докажува дека не постојат причини за исклучување од постапката,
документација со која се докажува дека се исполнети условите за квалитативен избор,
изјава за сериозност (Прилог бр.3)
листа на доверливи информации (Прилог бр. 4) ако нема доверливи информации, образецот не мора да се пополнува,
модел на договор и рамковна спогодба (Прилог бр.5)
Прилог 6 – Листа на главни услуги – со прилог потврди од примателите на услугите
договор за групна понуда (само за група на економски оператори)
Прилог 7 - Изјава
Прилог 8 - Посета на локација (по барање на ЕО)
IV.1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 114 од Законот за јавните набавки.
IV.2. ФИНАНСИСКИ ДЕЛ
Р. бр |
Опис |
Вкупна единечна цена без ДДВ |
ДДВ 18% |
1. |
ДЕЛ 1 Санациони работи |
|
|
2. |
ДЕЛ 2 Санација на столбови на разладна кула, поправка на росиште на разладна кула, санација на армирано-бетонски конструкции |
|
|
3. |
ДЕЛ 3 Антикорозивна заштита и санациони услуги во ХПВ И БОУ |
|
|
4. |
ДЕЛ 4 Напојни и конденз.пумпи |
|
|
5. |
ДЕЛ 5 Циркулациони пумпи |
|
|
6. |
ДЕЛ 6 Станица за производство на H2 и експрес лабораторија |
|
|
7. |
ДЕЛ 7 Термичка обработка на заварени споеви |
|
|
|
Вкупна единечна цена (Вкупната цена се изразува со букви)
|
|
|
Давател на услугата: ___________________
Гарантен период: минимум 12 месеци
Во Прилог на оваа понуда се:
табела со единечни и вкупни цени за кој е поднесена нашата понуда
Нашата понуда важи во рок од 120 дена од датумот на јавното отварање за кое време понудата е обврзувачка и може да се прифати во било кое време пред истекот на тој рок.
Начин, рок и услови на плаќање: согласни сме со зададените услови за плаќање, од страна на Договорниот Орган.
Рок на извршување на услугата: согласни сме со рокот на извршување зададен од страна на Договорниот орган.
Подизведувач: :____________________________ доверен обем на работи
Контакт податоци за законските застапници на подизведувачот: -----------------------------------
Подизведувач:____________________________ доверен обем на работи
Контакт податоци за законските застапници на подизведувачот: ---------------------------------
Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис и печат) |
Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 2 – Техничка понуда со листа на цени – ексел формат
Во прилог на Тендерска Документација
Прилог бр.3 Изјава за сериозност за оглас број _______/2022 со предмет на набавка:
Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола) Рамковна спогодба со еден економски оператор
И З Ј А В А
Понудувачот __________________________________________ [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на ______________________ која се спроведува по оглас за јавна набавка број ___________ објавен од страна на ______________________, врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот ______________________________
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*_______________________________
(потпис)
Место и датум ______________________________
*Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилогбр.4: Образец на доверливи информации за оглас број _______/2022со предмет на набавка:
Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола) Рамковна спогодба со еден економски оператор
-
Информации кои се доверливи
Бројот на страниците со тие информации
Причини за доверливост на тие информации
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи
Електронски потпис
Прилог бр.5 - Модел на договор и рамковна спогодба (во прилог на ТД) и истиот треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата
Прилог бр.6: - Образец на листа на главни услуги за последните три години (Референтна листа) за оглас број _______/2022 со предмет на набавка:
Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола) Рамковна спогодба со еден економски оператор
Листа за извршени услуги од предметната набавка во последните три години |
|||||||
|
|
|
|
|
|
||
Р.бр. |
Краток опис на услугата |
Примател на услугата |
Контакти на примателот на услугата (тел/факс, e-mail) |
Време кога е извршена услугата |
Вредност на услугата во МКД |
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
|
|
|
|
|
|
||
Напомена: |
Образецот може да се копира онолку пати колку што има потреба. |
|
|
|
|||
|
Податоците се доставуваат исклучиво на овој образец. |
|
|
|
|||
|
Договорниот орган го задржува правото на проверка на дадените податоци. |
|
|
||||
|
|
|
|
|
|
||
Економски оператор / Понудувач: |
|
|
Договорен орган: |
|
|||
|
|
|
|
|
|
||
Потпишано со дигитален сертификат |
Прилог 7 – Изјава
Оглас бр. -------/2022 Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола) Рамковна спогодба со еден економски оператор
И З Ј A В А
Согласно член 95 став1 алинеја 1 од ЗЈН (сл.Весник 24/2019, Јас -------------------------------- (име и презиме), во својство на ---------------------- (се пополнува во кое својство е лицето), , изјавувам, дека не постојат причини за отфрлање на нашата понуда согласно членот 88 став 1 од ЗЈН (сл.Весник 24/2019), односно дека на понудувачот ____________ (полн назив на понудувачот) или на лице кое е член на управниот или на надзорниот орган на ____________ (назив на истиот понудувачот) или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
- учество во злосторничко здружување,
- корупција,
- затајување даноци и придонеси,
- тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
- перење пари и финансирање тероризам и - злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
Место и датум ___________________________ |
___________________________ име презиме и потпис ** |
** Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 8
Образец за посета на локација за оглас број _______/2022 со предмет на набавка : Ремонтни активности во ТЕ за 2022 г. – Услуга за специјализирана работна рака (РЕК Битола) Рамковна спогодба со еден економски оператор
Б А Р А Њ Е /П О Т В Р Д А
Понудувачот___________________________________________________изврши посета на локација, на ден ____________________.
Понудувач: _____________
Претставник (име и презиме):
__________________________
Потпис
___________________________
Договорен орган : АД ЕСМ–Подружница РЕК Битола
Претставник (име и презиме):
__________________________
Потпис
___________________________