Contract
Централнакооперативнабанка АД Скопје
Број 12-
ДОГОВОР
за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење за работите на платен промет во земјата за правни лица
Денес, , во град , помеѓу:
Доверливо
1. Централна кооперативна банка АД Скопје, со седиште во град Скопје, Национална Арена, Xxxxx XX Македонски бб (Градски стадион бб), со матичен број 4640063, застапувана од Претседателот на Управниот Одбор, Неделин Валчев, и членот на Управниот одбор , преку полномошник
овластен од УО на Банката, во понатамошниот текст наречена - „БАНКА”, од една страна, и
2.
со седиште во на ул.
со ЕДБ
со ЕМБС
претставуван од
(во понатамошниот текст наречен - Учесник во платен промет), од друга страна, се склучи следниот договор:
Предмет на договорот
Член 1
Со овој Договор се регулираат меѓусебните права и обврски помеѓу Xxxxxxx и Учесникот во платниот промет во врска
со отворање, водење и работење со трансакциската сметка број за вршење на
платен промет во земјата, согласно со важечките законски прописи и Процедурите за отворање, водење и работење со сметки во платниот промет во земјата, пропишани од страна на Xxxxxxx.
Член 2
Банката врз основа и под услови од овој Договор отвора сметка на Учесникот во платниот промет преку која Учесникот врши плаќања и тоа: уплата на готови пари на сметка, пренос на средства од една на друга сметка и исплата на готови пари.
Член 3
Со потпишувањето на договорот Учесникот во платниот промет ги прифаќа општите услови за отворање и водење на трансакциски сметки за вршење на работите на платниот промет во земјата, пропишани од страна на Банката.
Xxxxxxx го задржува правото да ги менува општите услови, за што мора претходно да го извести Учесникот со нивна објава на интернет страната на банката xxx.xxxxxx.xx . Се смета дека учесникот e е известен и ги прифаќа изменетите општи услови, ако во рок од 15 дена од нивното објавување не поднесе барање за раскинување на Договорот и за затворање на сметката.
Учесникот во платниот промет се обврзува дека при извршување на платниот промет ќе го почитува важечкиот термински план за работење на Xxxxxxx, објавен од Банката.
Член 4
Учесникот во платниот промет се обврзува за секоја настаната статусна промена, односно промена на назив на фирмата, промена на седиште, како и промена на овластените лица за располагање со средствата на сметката, писмено да ја извести Банката во рок од 3 дена од денот на настанатите промени. За евентуална штета на Учесникот, настаната заради ненавремено известување од страна на Учесникот, Xxxxxxx нема да сноси одговорност.
Член 5
Учесникот во платниот промет е должен да доставува исправно и точно пополнети платни инструменти. За евентуално настанатата штета по основ на погрешно или неправилно пополнети платни инструменти, Банката нема да сноси одговорност.
Располагање со средствата на сметката Член 6
Банката извршува плаќања од сметката на Учесникот во платниот промет до висината на покритието на сметката. Под покритие се подразбира состојбата на сметката од претходниот работен ден, намалена за сите извршени плаќања од сметката заедно со предвидената банкарска провизија до моментот на утврдување на салдото, а зголемена за евидентираните уплати на сметката во тековниот ден и износот на одобрениот, а неискористен рамковен кредит.
Банката може да му одобри на Учесникот во платниот промет рамковен кредит врз основа на посебно склучен
договор.
Извршување на платни инструменти Член 7
Учесникот во платниот промет може да ја овласти Xxxxxxx да врши плаќања во име и за сметка на Учесникот кон трети
лица. Овластувањето се дава во писмена форма пред овластен работник на Xxxxxxx, или заверено кај нотар, а со назначување на сите потребни елементи за извршувње на плаќањето:
- сметка на товар на која се врши плаќањето,
- износ,
- сметка на налогопримачот,
- дата на извршувањето на плаќањето.
Доколку Учесникот го откажува претходно даденото овластување, или ги менува претходно дадените инструкции, должен е писмено да ја извести Банката во рок од 5 дена пред денот на извршувањето на плаќањето, во спротивно Банката не сноси одговорност за евентуално настаната штета.
Член 8
Учесникот во платниот промет ја овластува Xxxxxxx да ја задолжува неговата сметка по основ на рекламации, доспеани а неподмирени обврски кон Банката, надоместоци согласно важечката Тарифа на Банката, како и во останати случаи предвидени со Закон.
Камати, надоместоци и провизии Член 9
Средствата на сметката на Учесникот во платниот промет се средства по видување со кои Учесникот може да располага во секое време.
Xxxxxxx пресметува и плаќа камата на средствата на Учесникот согласно со Одлуката за каматни стапки на Банката и така пресметаните камати ги припишува на состојбата на сметката на крајот на пресметковниот период и при затворање на сметката.
Член 10
Учесникот во платниот промет се обврзува за извршување на услугите од овој Договор и врз основа на овој Договор да и плаќа на Банката надомест во висина, во рокови и на начин согласно Xxxxxxxx за надоместоци на услугите што ги врши Банката.
Со потпишување на овој Договор, Учесникот во платниот промет ја овластува Xxxxxxx и и дава неотповиклив налог да ги наплатува надоместоците и трошоците од претходниот став на терет на средствата од неговите сметки отворени во Банката.
Известување Член 11
За состојбата и настанатите промени на сметката, Xxxxxxx се обврзува да го известува Учесникот со доставување на извод за промените и состојбата на средствата на сметката, на еден од начините понудени од страна на Банката а прифатен од страна на Учесникот во платниот промет. Се смета дека Учесникот го прифаќа изводот доколку не го оспори во рок од 3(три) дена од денот на изготвувањето.
Член 12
Банката во согласност со важечките законски прописи, податоците за сметката ги пренесува во Единствениот регистар на трансакциски сметки, кој се води во Клириншката куќа и е единствена база на податоци и евиденција на имателите на сметките во домашниот платен промет, контрола на сметките и обезбедување на податоците.
Договорните страни се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите документи, податоци и информации за кои добиле сознание во врска со извршување на овој Договор, за времетраење на Договорот, како и по негово раскинување или откажување, освен во случаите пропишани со законските прописи или ако изрично поинаку не се договорат.
Документите, податоците и информациите за работењето со сметката може да се достават: на барање на Учесникот во платниот промет; на овластен орган во согласност со закон; на трети лица врз основа на писмена согласност од Учесникот во платниот промет.
Заради заштита на своите интереси, Учесникот во платниот промет е должен како доверливи да ги чува сите податоци поврзани со работењето на сметката.
Банката не одговара за било каква штета настаната за Учесникот во платниот промет како резултат на непочитување на обврските од овој член.
Учесникот во платниот промет е согласен Xxxxxxx да врши обработка и ажурирање на неговите податоци, да ги користи за анализа на неговото работење во Банката, за наплата на долг кон Банката, како и во останати случаи предвидени со закон.
Раскинување на Договорот Член 13
Овој договор се склучува на неодредено време. Истиот може да го раскине една од договорните страни со отказен рок од 30 дена.
Учесникот во платниот промет за раскинување на Договорот поднесува писмено барање до Банката.
Учесникот во платниот промет не може да го раскине Договорот во предвидениот отказен рок доколку на сметката има евидентирано достасани а неподмирени обврски (блокади), како и обврски кон Банката.
Банката може да го раскине договорот без отказен рок ако утврди дека Учесникот во платниот промет се однесува спротивно на одредбите од овој Договор, општите услови за работење и важечките прописи, врз основа на одлука на овластен орган, врз основа на закон, или доколку на сметката нема средства а преку истата не врши платен промет повеќе од две години, и за истото ќе го извести Учесникот.
Во случај на раскинување на Договорот од страна на Xxxxxxx, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата од сметката на Учесникот на друга сметка врз основа на инструкции од Учесникот, или согласно одлука од суд, како и друг надлежен државен орган или друга институција, а доколку во рок од 8 (осум) дена Учесникот не достави инструкции, Xxxxxxx ќе ги пренесе средствата на сметка по свој избор.
Завршни одредби Член 14
Доколку настанат промени во законските прописи со кои се регулира работењето на платниот промет во земјата, Xxxxxxx ќе ги примени новите прописи кои ќе влезат во сила во времето на важење на овој Договор. Доколку таквите промени се несоодветни на деловните интереси на Учесникот во платниот промет , тој има право да го раскине Договорот согласно условите од овој Договор.
Договорните страни се согласни дека како уредна ќе се смета доставата извршена на последната пријавена адреса од страна на Учесникот во платниот промет.
Член 15
За се што со овој Договор не е предвидено важат одредбите на законските прописи и актите за деловната политика на
Банката.
Член 16
Во случај на спор надлежен е Основен суд Скопје 2 во Скопје.
Член 17
Договорот е составен во 2 (два) идентични примероци, од кои по еден за секоја договорна страна.
Член 18
Договорот е склучен и стапува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни.