Со општите услови за отворање и работење со денарски/девизен паричен депозит за физички лица (резиденти и нерезиденти) на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отвoрање, водење, работење и затворање денарски/девизен...
Општи услови за отворање и работење со денарски/девизен паричен депозит за физички лица
Со општите услови за отворање и работење со денарски/девизен паричен депозит за физички лица (резиденти и нерезиденти) на Комерцијална банка АД Скопје, се уредуваат основните и општите правила за отвoрање, водење, работење и затворање денарски/девизен паричен депозит на физички лица (резиденти и нерезиденти) во понатамошниот текст: Депонент.
I. ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односите помеѓу Xxxxxxx и Депонентот, кои се засноваат со потпишување на Договорот за отворање денарски/девизен паричен депозит (во понатамошниот текст Договор) и се составен дел на овој Договор. При склучување на Договорот, на Депонентот Xxxxxxx му предава примерок од Општите услови.
1. Отворање денарски и девизни парични депозити
Xxxxxxx отвора денарски и девизен паричен депозит на:
- деловно способни физички лица (резиденти и нерезиденти);
- малолетни лица, застапувани од законски застапник (родител) со приложување извод од матична книга на родени за малолетното лице;
- неписмено лице или лице со друг физички хендикеп, кое не може своерачно да ги потпише документите за отворање паричен депозит врз основа на полномошно заверено на нотар;
- слепо лице со потпишување Изјава со факсимил/или своерачно пред двајца сведоци во Банката.
При отворање паричен депозит, Депонентот треба да приложи важечки документ за идентификација (лична карта или пасош).
Банката може да отвори паричен депозит во денари и во следниве валути: евра (EUR), американски долари (USD), канадски долари (CAD), британски фунти (GBP) и австралиски долари (AUD). Банката може да го ограничи работењето со одредена валута од курсната листа.
Едно лице може да има отворено повеќе девизни и денарски парични депозити во Банката.
Депонентот се согласува дека Xxxxxxx има право да одбие отворање паричен депозит доколку не ги исполнува горенаведените услови.
2. Работење со паричниот депозит
Депонентот може да располага со средствата од паричниот депозит само со приложување важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош).
Со паричниот депозит може да располага:
• Лично носителот - Депонентот;
• Ополномоштено лице или законски застапник;
• Банката, во границите на овластувањата дадени од страна на Депонентот во вид на траен налог за вршење определени плаќања, договорни овластувања или во случаи наложени од страна на надлежни органи;
• Банката, за подмирување на достасани обврски на други сметки на Депонентот во Банката;
• Лицето кое поднесува барање за наплата на фактура/сметка за извршени трошоци за погреб во случај на смрт на Депонентот - согласно Интерните акти на Банката.
Начинот на располагање со паричниот депозит за Депонентот е без ограничувања (освен законски и договорни ограничувања), додека пак начинот на располагање со паричниот депозит за ополномоштеното лице може да биде со или без ограничувања.
Депонентот се обврзува: при работењето со паричниот депозит да се легитимира со важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Депонентот има обврска за секоја промена на личните, адресните, како и податоците за контакт (телефон, факс и адреса на е-пошта), веднаш да ја извести Банката.
Состојбата на паричниот депозит може да се следи преку електронско банкарство (интернет банка и м-банка) на Комерцијална банка АД Скопје и преку Извештај за паричен депозит, достапен на шалтерите на Банката.
3. Полномошно за работење со паричен депозит
Депонентот може да овласти друго лице да работи со паричниот депозит.
Овластено лице - полномошник може да биде секое деловно способно физичко лице, резидент или нерезидент.
Видови на полномошна
a) Интерни полномошна - се издаваат само во просториите на Банката, во присуство на вработен на Xxxxxxx и лично присуство на двете лица.
b) Екстерни полномошна - овластување дадено од страна на Депонентот на паричниот депозит, надвор од Банката, пред други надлежни институции, и тоа:
• Нотар во Република Северна Македонија,
• Нотар во странство заверено со Апостил печат
• Амбасади или конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во
странство и/или амбасади, конзуларни претставништва на други земји во странство,
• Полномошна дадени на адвокат во Република Северна Македонија.
Интерните полномошна важат до рокот за кој се дадени, до нивното писмено отповикување, до смрт на Депонентот на паричниот депозит или смрт на полномошникот.
Банката постапува по специјални екстерни полномошна и го задржува правото да одбие
постапување по екстерното полномошно во кое не се содржани минимум потребните податоци.
Врз основа на екстерни полномошна независно од клаузулите за важност содржани во полномошното, Банката нема да прифати и да го евидентира лицето како полномошник, доколку на денот на презентирање на екстерното полномошно е поминат период подолг од две години од денот на издавањето.
Лицето кое со екстерно полномошно е назначено како полномошник од страна на Депонентот, има право да работи со сметките за кои е овластено максимум 5 години од датумот на издавање на полномошното.
4. Каматни стапки
На паричните депозити Банката пресметува и плаќа камата, во висина и на начин утврден со Договорот и со Интерните акти на Комерцијална банка АД Скопје, важечка во моментот на склучување на Договорот.
Xxxxxxx го задржува правото да го менува периодот, методот и начинот на пресметка на камата согласно Интерните акти на Банката и/или законските прописи.
5. Ограничување на паричниот депозит
Xxxxxxx има право да направи ограничување на располагањето со паричниот депозит во следните случаи:
- по барање на Депонентот на паричниот депозит,
- по блокада на платежна сметка согласно Закон,
- заради смрт на Xxxxxxxxxx,
- по сознание за можна злоупотреба на паричниот депозит,
- врз основа на одлука од надлежен орган,
- по одлука на Банката согласно законските прописи,
- заради истечен рок на важност на документ за идентификација (лична карта или пасош) кај резидент, нерезидент и странски државјани со дозвола за привремен престој во РСМ,
- доколку Депонентот не ја обезбеди потребната документација за ажурирање на неговите лични, адресни податоци, податоци за контакт и документи за идентификација (лична карта или пасош), согласно законската и подзаконската регулатива и/или во рокови утврдени во интерните акти на Банката,
- други случаи согласно важечките прописи кои Xxxxxxx ги применува во работењето со паричните депозити.
II. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Банката може, во кое било време да ги менува Општите услови за отворање и работење со денарски/девизен паричен депозит за физички лица. Важечките Општи услови се објавени на веб- страницата на Банката. За измените во Општите услови, Xxxxxxx го известува Депонентот преку изводот на денарската/девизната платежна сметка.
Вкупниот износ на депозити што Депонентот ги има во Банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по Депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРСМ. Ако износот на депозитите го надминува законски пропишаниот максимиум, за тој дел од износот Депонентот има право остатокот да го побарува согласно законските прописи.
III. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Сите информации што се однесуваат на отворањето и водењето на паричниот депозит се од доверлив карактер, односно претставуваат банкарска тајна и истите може да се достават само на Депонентот, законскиот застапник/ полномошник, во зависност од овластувањата, на лица и овластени органи во согласност со закон или на трети лица врз основа на согласност од Депонентот.
IV. РЕКЛАМАЦИИ
Сите рекламации во врска со работењето со паричниот депозит, Xxxxxxxxxx е должен да ги пријави веднаш во Банката, а најдоцна во рок од 8 дена од подигањето на Извештајот, односно во рок од 8 дена од денот кога се смета за уредно известен доколку не го подигнал Извештајот.
Банката има право да наплати надомест за пријава на неоснована рекламација од страна на Депонентот, утврден согласно интерните акти на Банката.
V. ЗАТВОРАЊЕ ПАРИЧЕН ДЕПОЗИТ
Банката може да затвори паричен депозит:
- по барање на Депонентот на паричниот депозит;
- со промена на статусот резидент во нерезидент и обратно, во кој случај Xxxxxxx е должна да изврши еднократен пренос на средствата од резидентната девизна платежна сметка и/или денарска платежна сметка на неговата девизна и/или денарска платежна сметка како
нерезидент и обратно;
- со приложена умреница или потврда дека лицето е починато;
- доколку настапат други околности, односно во други случаи определени со важечката
законска регулатива и интерните акти на Банката, како и врз основа на одлука на Xxxxxxx;
- доколку Депонентот на паричниот депозит не ги почитува законските и подзаконските
прописи, односно работи и се однесува спротивно на Општите услови, Договорот или актите на Xxxxxxx.