Набавка и инсталација на Remote Terminal Units за интерконекции
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
/преку ЕСЈН – со е-аукција/
ЗА НАБАВКА НА
Набавка и инсталација на Remote Terminal Units за интерконекции
Скопје, Декември, 2019 година
1
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
за поедноставена отворена постапка за набавка на
Набавка и инсталација на Remote Terminal Units за интерконекции
Тендерската документација содржи:
1. Општи информации
2. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
3. Подготовка на понудата
4. Поднесување и отворање на понудите
5. Евалуација на понудите
6. Склучување на договорот за јавна набавка
7. Право на жалба и завршување на постапката за јавна набавка
8. Технички спецификации
Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 3 – Модел на договор за јавна набавка
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договориот орган е Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот
систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје, телефон xx 000 (0) 0000 000, 0000 000, електронска адреса: xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е:
- за техничкиот дел:
Xxxxx Xxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxx@xxxxx.xxx.xx и
Xxxxxx Xxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxxx@xxxxx.xxx.xx
- за комерцијалниот дел:
Xxxxx Xxxxxxxxx, тел xx 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxxx@xxxxx.xxx.xx
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки: Набавка и инсталација на Remote Terminal Units за интерконекции.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.3.2 Предметот на набавка е неделив.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економскиот оператор треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци, облигационите односи, заштитата на потрошувачите. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци), Министерството за правда (за облигационите односи), Министерството за економија (за заштита на потрошувачите).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.7.1.2 За предметот на договорот ќе се спроведе електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx
1.7.1.3 Предмет на електронска аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за од предметот на договорот за јавна набавка.
1.7.1.4 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.1.5 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.6 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.7.1.7 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“на ЕСЈН, најмалку 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 4 (четири) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните 6 (шест) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја издаде гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Посета на локација
Во оваа постапка може да се оствари посета на локација, но истата не е задолжителна.
3.2.1 Пред доставување на понудата, на сите заинтересирани понудувачи ќе им се овозможи увид на локациите предвидени за инсталација на опремата која е предмет на оваа јавна набавка, а со цел економските оператори да се запознаат со сите информации потребни за подготовка на понудите. Увидот може да биде извршен од страна на понудувачите во временски период не подоцна од 15 дена пред отварањето на понудите.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.8 Рок, начин и место на испорака
3.8.1 Носителот на набавката е должен стоките предмет на договорот да ги испорача на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
3.8.2 Рокот на испорака, инсталација, поврзување и пуштање во работа на стоките е дванаесет (12) месеци од потпишување на договорот од овластените лица на двете договорни страни.
3.8.3 Носителот на набавката е должен стоките предмет на договорот да ги испорача со документ (испратница), на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централниот магацин на АД МЕПСО во ТС Скопје 1/5, на ул. Марко Крале бр.142, населба Бутел, Скопје., а места на инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на стоките се ТС Крива Паланка (со ТС Кратово), ТС Сушица (со ТС Струмица 1) и ТС Штип.
3.8.4 Предметот на договорот ќе се смета за целосно реализиран со потпишување на Записник за квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластени лица на двете договорни страни.
3.8.5 Рокот, начинот и местото на испорака, инсталација, поврзување и пуштање во работа на стоките се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок, начин и место на испорака, инсталација, поврзување и пуштање во работа на стоките поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.9 Начин и рок на плаќање
3.9.1 Начинот на плаќање на предметот на договорот ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), по целосна реализација на предметот на договорот, во рок од 30 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со Испратница и примерок од Записникот за извршен квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластени лица на двете договорни страни.
3.9.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10 Период на важност на понудата
3.10.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.10.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.11 Средства за обезбедување 3.11.1 Гаранција на понудата
3.11.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.11.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
3.11.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
3.11.2.1 Договорниот орган ќе бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вид на банкарска гаранција во вредност од 5% од вредноста на договорот за јавна набавка.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
[доколку цената на понудата се искажува во евра курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсот за размена е оној што важел 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 18.02.2020 година до 12.00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
− Образец на понуда (Прилог 1),
− Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
− Документи за докажување на способност од точка 5.2,
− Документи за докажување на способност од точка 5.3,
− Модел на договор за јавна набавка (Прилог 3).
4.3.2 Понудата задолжително треба да биде комплетна и со сите елементи од точка 4.3.1.
4.3.2 Сите понуди кои не се комплетни и на кои им недостасуваат елементи / документи од точка 4.3.1, ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 18.02.2020 година во 12.00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр. 4, Скопје, III кат.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност; б) техничка и професионална способност.
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата задолжително доставува документи за утврдување способност.
5.1.3 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган; б) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.2 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.2 Економска и финансиска состојба – не се бара
5.3.3 Техничка и професионална способност
5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
- да има извршено најмалку една испорака и инсталација на уреди за надзор и управување во ТС во последните три години,
- да располага со технички персонал со искуство во инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на уреди за надзор и управување во ТС.
5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка
5.3.3.1 со доставување на:
- листа на главни испораки на стоки во последните три години, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување потврда за извршени испораки.
- опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не.
5.3.3.3 Доказите од точка 5.3.3.2, освен потврдата за извршени услуги ги изготвува и електронски ги потпишува самиот економски оператор и тие не мора да бидат заверени од надлежен орган.
5.3.4 Користење способност од други субјекти
5.3.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3 и 5.3.3.2 од оваа тендерска документација.
5.3.4.5 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точката 5.3.4.3 од оваа потточка.
5.4 Стандарди за системи за квалитет – не се бара
5.5 Стандарди за управување со животната средина – не се бара
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: цената.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.7.7 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.7.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.9.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на договорот или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.3.3 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка
6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативна референца.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот, договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од 5 (пет) дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
8. Технички спецификации
Надзорот и управувањето со електроенергетскиот систем на Македонија е една од најважните базични функционалности на АД МЕПСО и истото се реализира од страна на Подружница ОЕПС преку оперативниот диспечерски персонал во реално и проширено реално време. За реализација на оваа функционалност во продукција е SCADA/Energy Management System-от SINAUT Spectrum- платформа која овозможува аквизиција на сите потребни информации, нивна обработка и презентација и конечно – издавање на соодветни управувачи налози во реално време.
Димензионирањето на SCADA/EMS платформата е направено на начин кој овозможува аквизирање на потребните информации (мерења, статуси, аларми) од соодветен број на објекти (електропреносни трафостаници, хидроелектрани и термоелектрани), како и од интерконективни водови за размена на енергија со соседните електропреносни систем оператори. Ова е реализирано со инсталација на соодветни Remote Terminal Units во дел од ТС, инсталација на SACS системи во дел од ТС и користење на постојни SCADA платформи во ХE и TE.
Потребно е да се нагласи дека работата на SCADA/EMS платформата од аспект на доверливост, расположивост и редундантност на техничката инфраструкура треба да ги задоволи барањата дефинирани од страна на ENTSO-e во:
• Synchronous Area Frame Agreement (SAFA)
• System Operational Guide Line
• Мрежни правила за пренос на електрична енергија
Дополнително, а во склад со SAFA, како членка на LFC Block, АД МЕПСО е обврзан на членките на Блокот да им ги обезбеди главните и резервните мерења од интерконективните водови на размена на енергија со соседните Transmission System Operators (TSO). При ова, преносот на мерењата треба да биде изведен на доверлив начин преку редундантни линкови.
Со цел задоволување на овие барања неопходна е набавка на уреди - техничко решение кое предвидува редундантен пренос на мерења од интерконективните водови што е и предмет на оваа јавна набавка со која се планира набавка, испорака, инсталација и пуштање во работа на 4, во понатамошниот текст – мини RTU, Remote Terminal Unit-и. Овие уреди поставени на интерконективни ДВ полиња во ТС на АД МЕПСО ќе овозможат аквизиција на потребните аналогните мерни величини, со директно зафаќање од секундарните кругови на мерните струјни и напонски трансформатори. Мини RTU-ата, така зафатените и обработени аналогни мерни величини, треба да ги праќаат како вредности на струи, напони и пресметана активна моќност (P) во
Националниот Диспечерски Центар (НДЦ) во Скопје во реално време.
1. Технички спецификации на мини RTU
Технички барања кои мора да ги задоволи мини RTU се следните:
• Асемблирање на 35 мм DIN rail
• Напојување: DC 220V , AC 230V
• Работна фреквенција 50 HZ (48-52 Нz)
• Влезни аналогни мерни величини:
o Струјни влезови
Мерен опсег максимум 1.2 In (In=1A)
Зафаќањето на аналогните мерни величини од мерните струјни и напонски трансформатори да се изведе директно, без користење на мерни претворувачи.
o 3x Струјни влезови
o Максимална вредност на струјата: 200% I
o Напонски влезови
- Мерен опсег од 0 до 100 VAC + 10%
- 3x напонски влезови
- 100/100/√3 VAC
- Максимална вредност на напонот 150% U
• Работен температурен опсег - 25 °C дo 70 °C
• Класа на точност на уредот: подобра или еднаква на 0.5%
• Барана резолуција за AM - 16 Битна резолуција
• Комуникација на ниво на ТС преку протокол IEC 00000-0-000:
Во случај на инсталација на мини RTU во релејна куќарка (во 400/110 кV TС Штип) поврзувањето помеѓу мини RTU и ТК опремата сместена во командна зграда треба да биде изведена преку FO кабел (обврска на Носителот на набавката). Во ТС Сушица и ТС Крива Пааланка обврска на Носителот на набавката е да изврши поврзување на Switch router со ТК опремата во командните згради.
• Комуникација према НДЦ и Back Up ДЦ да биде преку комуникациски протокол IEC 00000-0-000.
• Софтвер за параметризација на уредите
Оврска на Носителот на набавката е и испорака на:
o лиценциран софтвер за параметризација на мини RTU со сите потребни лиценци за инженеринг
o да се овозможи параметризација на мини RTU-ата да се одвива преку и преку LAN/WAN мрежа. Конфигурирање на уредите да биде возможно од било која точка на мрежата, вклучително и преку remote пристап.
• Мини RTU-ата треба да бидат составени од сите неопходни модули (доколку е модуларна изведба):
o модул за напојување,
o централна процесорска единица
o влезни модули
o комуникациски модул
o други неопходни модули за правилна работа на уредот
• Монтажа: мини RTU-ата треба да се со можност за монтажа на шина (DIN rail).
2. Switch/router
Обврска на Носителот на набавката е испорака и инсталација, со пуштање во работа на два Ethernet switch и TCP/IP router со LTE и fiber optic WAN опции, за сигурни комуникации во неоптимални услови и тоа за комуникација помеѓу ТС Крива Паланка и Кратово (меѓусебна комуникациска конекција помеѓу овие две ТС) и ТС Сушица и ТС Струмица 1(меѓусебна комуникациска конекција помеѓу овие две ТС).
Станува збор за layer 2 и layer 3 switch /router со избор помеѓу WAN, сериски и Ethernet опции и со обезбедување на високо ниво на имунитет на електромагнетни влијанија (EMI).
Технички карактеристики:
Security Appliance Functions
„ „ Multi-level passwords
„ „ SSH/SSL encryption
„ „ Enable/disable ports, MAC based port security
„ „ Port based network access control (802.1x)
„ „ VLAN (802.1Q) to segregate and secure network traffic
„ Centralized password management
„ „ SNMPv3 encrypted authentication and access security
„ „ Immunity to EMI and high voltage electrical transients
„ „ -40°C to +85°C operating temperature (no fans)
„ „ Failsafe Output Relay: For critical failure or error alarming
Физички портови
„ „ Field replaceable line modules
„ „ Up to 36-ports 100FX
„ „ Up to 36-ports 10/100TX
„ „ Up to 8-ports Gigabit Ethernet
WAN Port Опции:
„ „ T1/E1 (channelized)
„ „ E1 75 Ohms via BNC
„ „ Cellular (HSPA / EVDO)
„ „ DDS
Сериски портови
„ „ Целосно компатибилни EIA/TIA RS485, RS422, RS232 serial ports (software selectable) RJ45 конектори
„ „ DNP, MODBUS, PROFIBUS
„ „ Еncapsulation на било кој сериски протокол
Advanced Services
„ „ MPLS Static Label Support
„ „ MPLS Label Distribution Protocol (LDP)
Протоколи
„ „ WAN
Frame Relay RFC 1490 or RFC 1294
PPP RFC 1661, 1332, 1321, 1334, PAP, CHAP Authentication
Multilink PPP RFC 1990 GOOSE messaging support
IP
Routing: OSPF, BGP, RIPv1 and 2 VRRPv2 and VRRPv3
Traffic control, NTP Server, IP Multicast Routing L2TPv2 and L2TPv3
DHCP Agent (Option 82 Capable) PIM-SM
Frame Relay Support
ISO and ITU compliant, network certified.
ANSI T1.617 Annex D, Q.933 or LMI Local Signaling
Management Tools
„ „ Web-based, SSH, CLI management interfaces
„ „ SNMP v1/v2/v3
„ „ NETCONF
„ „ Remote Syslog
„ „ Diagnostics set with logging and alarms
„ „ Loopback diagnostic tests
„ „ Raw and interpreted real time line traces
Напојување
Модуларно, Hot-Swappable
Целосно интегрирано напојување (без надворешни адаптори) Влезен напон: 88–300VDC и 85-264VAC
Гаранција
Се бара 2 години гаранција за мини RTU и Switch/router.
3. Обврски на Носителот на набавката
Понудувачот е должен да изврши инсталација , поврзување и пуштање во работа на мини RTU-ата. Параметрите за сетирање (адреси за конекција со НДЦ и спецификација со карактеристики на струјни и напонски трансформатори) на понудувачот ќе му бидат доставени од страна на Договорниот орган, како и распоредот на клемниците и микролокацијата во ормарите за управување во кои ќе се инсталираат мини RTU-ата за ТС Сушица, ТС Штип односно во командната зграда на ТС Крива Паланка.
Во ТС 400/110 TС Штип нсталацијата на мини RTU ќе биде во релејната куќара на ДВ поле кон Врање односно ДВ кон Црвена Могила.
Обврска на Носителот на набавката е поврзувањето на мини RTU – Switch/router со ТК опремата сместена во командна зграда на ТС Штип. Поврзувањеето да биде изведено преку FO кабел.
Во ТС Сушица и ТС Крива Паланка обврска на Носителот на набавката е да изврши поврзување на RTU-Switch router со ТК опремата во командните згради на ТС Сушица односно ТС Крива Паланка.
Носителот на набавката ќе ги изврши сите работи во термини дефинирани од Економскиот оператор врз база на реалните можности за работа во електропреносните трафостаници во кои ќе се изврши инсталацијата на мини RTU-ата. Работите треба да се изведат во присуство на претставници на АД МЕПСО по што ќе биде извршено приемно тестирање (Site Acceptance Test) од кое ќе биде изготвен Записник, потпишан од двете страни. Плаќањето ќе биде по успешна инсталација и пуштање во работа на опремата врз основа на таквиот Записник.
Обврска на Носителот на набавката е да изврши испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU во следните трафостаници:
• ТС Штип
Мини RTU-а за ДВ Врање и ДВ Црвена Могила треба мрежно да се поврзат со НДЦ и Back Up ДЦ.
• ТС Крива Паланка
Мини RTU во ТС Крива Паланка треба преку упарен сет на Switch-routers (еден во ТС Крива Паланка и еден во ТС Кратово) да се поврзе со НДЦ и Back Up ДЦ
• ТС Сушица
Мини RTU во ТС Сушица треба преку упарен сет на Switch-routers (еден во ТС Сушица и еден во ТС Струмица 1) да се поврзе со НДЦ и Back Up ДЦ.
Обврска на Носителот на набавката е да изврши и испорака, инсталација, тестирање и пуштање во работа на сите 4 Switch/router-и.
Обврска на Носителот на набавката е да изврши обука на вработените на АД МЕПСО за работа со софтверот за параметризација на MiniRTU-a.
Рокот на реализација на Договорот е една година од потпишување на Договорот.
4. Обврски на Договорниот орган
Договорниот орган е во обврска активно да учествува при реализацијата на Договорот со координација, надзор при монтажа и испитување (SAT), надзор при пуштање во работа и верификација со Записник за релизиран интерен технички прием.
5. ПРЕДМЕР
Ред. број | ОПИС | Единечна мерка | количина |
1. | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Крива Паланка (вклучително и упарен пар switch RUDGETCOM или еквивалентен како во спецификациите). | комплет (1 RTU 1 +1 Switch) | 1 |
2. | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Сушица (вклучително и упарен пар switch RUDGETCOM или еквивалентен како во спецификациите). | комплет (1 RTU 1 +1 Switch) | 1 |
3. | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Штип | Парче | 2 |
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, за набавка на Набавка и инсталација на Remote Terminal Units за интерконекции со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5.Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме предметните стоки согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2 За понудените опрема даваме гаранција од месеци од денот на пуштање во работа на опремата . (должината на гарантниот рок да биде најмалку 24 месеци)
II.3. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на испорака, инсталација, поврзување и пуштање во работа на стоките утврдени во тендерската документација и моделот на договор.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци, попусти и увозни царини, без вклучен ДДВ,
изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
(со букви).
(странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
III.1.1.1. Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда, е даден во следнава листа на цени:
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 (4х5) | 7 |
Назив | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ | |
1 | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Крива Паланка (вклучително и упарен пар switch RUDGETCOM или еквивалентен како во спецификациите). | комплет | 1 | |||
2 | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Сушица (вклучително и упарен пар switch RUDGETCOM или еквивалентен како во спецификациите). | комплет | 1 | |||
3 | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Штип | парче | 2 | |||
ВКУПНО: |
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот и рокот на плаќање утврден во тендерската документација и моделот на договор.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме одредбите дадени во моделот на договор за јавна набавка.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на
одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот_ изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка на Набавка и инсталација на Remote Terminal Units за интерконекции објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА *
Склучен во Скопје во 2019 година, помеѓу
Договорни страни:
1. Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, ул. Максим Горки бр.4 Скопје, со ЕМБС 5933781 застапувано од Генералниот директор м-р Xxx Xxxxxxx, како набавувач, во понатамошниот текст Договорен орган, од една страна и
2. , ул. , со ЕМБС , застапувано од одговорното лице , како добавувач, во понатамошниот текст Носител на набавката, од друга страна.
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на овој договор е јавна набавка на стоки – набавка и инсталација на Remote Terminal Units за интерконекции, во согласност со тендерската документација, техничките спецификации и понудата на Носителот на набавката по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Основ на договорот
Член 2
Основ на овој договор е спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019.
Понудата на Носителот на набавката, тендерската документација и техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019 се составен дел на овој договор.
Носителот на набавката е врзан за понудата, тендерската документација и техничките спецификации и истите се во важност за целото времетраење на овој договор.
Количини и единечни цени
Член 3
Количините и цените на услугите предмет на овој договор, во денари/евра, се:
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 (4х5) | 7 |
Назив | Единица мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ | |
1 | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Крива Паланка (вклучително и упарен пар switch RUDGETCOM или еквивалентен како во спецификациите). | комплет | 1 | |||
2 | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Сушица (вклучително и упарен пар switch RUDGETCOM или еквивалентен како во спецификациите). | комплет | 1 | |||
3 | Испорака, инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на мини RTU за ТС Штип | парче | 2 | |||
ВКУПНО: |
Цените од став 1 на овој член се фиксни за цело времетраење на овој договор и истите не подлежат на измени до крајот на неговото исполнување.
Во цената се вклучени сите трошоци.
Цените се пресметани со соодветно намалување кое е еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршување на електронската аукција) во висина од , %.
Вредност на договорот
Член 4
Вкупната вредност на овој договор изнесува:
- Вкупно без ДДВ ,00 денари
- ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари
Со зборови денари, со вклучен ДДВ.
Времетраење на договорот
Член 5
Овој договор се склучува на определен временски период сметано од денот на неговото потпишување од двете страни, па се до исполнувањето на предметот на договорот, но не подолго од 12 месеци од денот на неговото склучување..
Права и обврски на договорните страни
Член 6
Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од овој договор стапуваат во сила на денот на потпишувањето на договорот од двете договорни страни.
Носителот на набавката се обврзува услугата – предмет на овој договор да ја изврши во се согласно условите и барањата од техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2019, навремено и квалитетно, како и целосно да го реализира овој договор.
Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврската да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак.
Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивното исполнување.
Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Рок и начин на извршување на услугата
Член 7
Носителот на набавката е должен стоките предмет на договорот да ги испорача на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
Носителот на набавка е должен да изврши испорака, инсталација, поврзување и пуштање во работа на стоките во рок од 12 (дванаесет) месеци, сметано од денот на потпишување на договорот од овластените лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката е должен стоките предмет на договорот да ги испорача со документ (испратница), на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централниот магацин на АД МЕПСО во ТС Скопје 1/5, на ул. Марко Крале бр.142, населба Бутел, Скопје.
Носителот на набавката е должен да изврши инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на стоките во ТС Крива Паланка (со ТС Кратово), ТС Сушица (со ТС Струмица 1) и ТС Штип.
Предметот на договорот ќе се смета за целосно реализиран со потпишување на Записник за квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластени лица на двете договорни страни.
Договорниот орган ги задолжува и овластува лицата и да ја следат реализацијата на овој договор.
Квантитативна и квалитативна контрола
Член 8
Квантитативен прием на стоката од член 1 од овој договор врши Договорниот орган, со документ Испратница потпишана од овластено лице на Носителот на набавката, лицето доставувач и магационерот на Договорниот орган.
Испратницата се изготвува во 3 примероци, по еден примерок за двете договорни страни, а еден примерок Носителот на набавката доставува со фактурата.
Квалитативен прием на стоката се врши со изготвување на Записник за за квантитативен и квалитативен прием потпишан од и како овластени лица на Договорниот орган и овластеното лице на Носителот на набавката.
Записникот за за квантитативен и квалитативен прием ги содржи особено следниве податоци:
- дали стоката е испорачана во рокот кој е договорен, и
- дали квантитетот и квалитетот на испорачаната стока одговара на договорениот квантитет и квалитет, односно, кои стоки ќе треба да се заменат, поправат и во кој рок тоа треба да се стори, и
- дали е извршена инсталација, параметризација, тестирање и пуштање во работа на стоките.
Договорниот орган ги задолжува лицата и при приемот на стоката на вообичаен начин истата да ја прегледаат во присуство на Носителот на набавката и за видливите недостатоци во рок од 8 дена да го известат Носителот на набавката.
Недостаток на стоката постои:
- ако стоката ги нема потребните својства за негова редовна употреба ,
- ако стоката ги нема потребните својства за особената употреба за која ја набавува Договорниот орган,
- ако стоката ги нема својствата и одликите што се изрично договорени, односно пропишани, и
- кога Носителот на набавката предал стока која не е соодветена на техничките спецификации.
Доколку по приемот на стоката, Договорниот орган открил некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на стоката (скриен недостаток), Договорниот орган е должен за тој недостаток да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот, но не подоцна од шест месеци од предавањето на стоката.
Кога поради некој недостаток дошло до испорака на други количини и врсти на стока, замена или слично, рокот од претходниот став почнува да тече од предавањето на новата стока, извршената замена и слично.
Во случај на неисправност или недостаток на стоката, Договорниот орган има право да бара:
- замена на стоката со нова неупотребувана иста таква стока, или
- раскинување на договорот и враќање на платениот износ
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата предизвикана поради неисправноста или недостатоците на стоката која е предмет на овој договор согласно Законот за облигациони односи и Законот за заштита на потрошувачи.
Начин и рок на плаќање
Член 9
Начинот на плаќање ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), по целосна реализација на предметот на договорот, во рок од 30 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со Испратница и примерок од Записникот за извршен квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластени лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката фактурата, поткрепена со примерок од Испратницата и примерок од Записникот за извршен квантитативен и квалитативен прием потпишани од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Гаранција (гарантен рок)
Член 10
Носителот на набавката за опремата предмет на овој договор обезбедува гаранција од _ месеци, сметано од денот на пуштање во работа на опремата .
Гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот
Член 11
Носителот на набавката е должен веднаш, а најдоцна во рок од 7 дена од денот на потпишувањето на договорот, да му достави на Договорниот орган банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во висина од 5% од вкупната вредност на договорот без ДДВ.
Гаранцијата се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Сите трошоци и провизии при обезбедувањето и проследувањето на банкарската гаранција се на терет на налогодавачот. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата треба да биде неотповиклива, безусловна и платива на прв писмен повик.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да е со важност до целосно реализирање на договорот.
Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде во валутата на која гласи договорот.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта, преку една од банките на корисникот или лично на лицето за контакт за комерцијалниот дел од точка 1.2.2 од тендерската документација.
Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, Носотелот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што Договорниот орган писмено ќе го извести Носителот на набавката.
Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката лично во седиштето на Договорниот орган или по пошта на негово писмено барање.
Виша сила
Член 12
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој договор до кое би дошло заради виша сила.
Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски заради виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на вишата сила договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Подизведување и подизведувачи
Член 13
Носителот на набавката може, за време на извршувањето на договорот за јавна набавка, од Договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од спогодбата кој претходно го отстапи на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на спогодбата, без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од спогодбата на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од спогодбата за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
Во случај на вклучување нови подизведувачи, Носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 4.4 од тендерската документација.
Договорниот орган нема да го одобри барањето на Носителот на набавка:
- доколку Xxxxxxxxx на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- ако Xxxxxxxxx на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот Xxxxxxx на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од договорот е веќе извршен.
Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
За одбивањето на подизведувачот, Договорниот орган го известува Носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за Договорниот орган и за Носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавните набавки, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на Носителот на набавката ќе ги покрие Договорниот орган,
- Носителот на набавката, во прилог на неговата фактура ги приложува фактурите на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
Договорниот орган ќе бара од Носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за набавените стоки, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на Договорниот орган на Носителот на набавката.
Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Раскинување и санкции за прекршување на договорот
Член 14
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Кога Носителот на набавката ќе задоцни со реализацијата на овој договор во определениот рок, Договорниот орган преку овој договор и без дополнително писмено известување, му определува дополнителен примерен рок од 60 дена, за исполнување на обврската, за што се определува договорна казна во висина од 0,08% од вкупната вредност на овој договор за секој ден задоцнување, но не повеќе од 5% од вкупната вредност на овој договор, без ДДВ. Евентуалната договорна казна ќе се наплати со намалување на износот за плаќање по фактурата на Носителот на набавката.
Кога Носителот на набавката нема да ја исполни својата обврска за реализација на овој договор и во дополнително определениот рок согласно ставот 3 од овој член, или нема да исполни било која друга обврска по овој договор, или Договорниот орган го раскине договорот по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган ја наплаќа гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
Договорниот орган го задржува правото да бара и надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигационите односи.
Решавање на спорови
Член 15
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Корупциско или измамничко однесување
Член 16
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализацијата на овој договор.
Заштита на информации од доверлив карактер
Член 17
Договорните страни се согласни да ги штитат информациите од доверлив карактер, особено кога станува збор за деловна тајна.
Преодни и завршни одредби
Член 18
Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа:
- тендерската документација,
- техничките спецификации, и
- понудата на Носителот на набавката.
За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.
Член 19
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и другите позитивни законски прописи во Р. Македонија.
Член 20
Измени и дополнувања на договорот се вршат со заедничка согласност на двете договорни страни по писмен пат.
Договорот се менува со анекс само во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и тендерската документација.
Член 21
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци, од кои 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА АД МЕПСО
Генерален директор Управител
-------------------------------
м-р Xxx Xxxxxxx
------------------------------
* Моделот на договор за јавна набавка задолжително треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата