Преглед на обрасци 1450, 743, SWIFT и 746 - плаќање преку сервисот Ki-Pay
ОПШТИ УСЛОВИ
на Комерцијална банка АД Скопје
за користење на услугите на електронско банкарство за правни лица преку Интернет банката
Со Општите услови за користење на услугите на електронско банкарство за правни лица преку Интернет банката, се уредуваат основните и општите правила според кои коминтентите - правните лица кои имаат отворено сметки во Банката можат да ги користат услугите на електронско банкарство преку Интернет банката.
Општите услови се составен дел од Договорот за користење на услугитете на Интернет банката.
ДЕФИНИЦИЈА НА ПОИМИ
Одделни поими употребени во Општите услови, Договорот и останатите документи, кои го регулираат работењето преку Интернет банката, го имаат следното значење:
Банка
Комерцијална банка АД Скопје.
Општи услови
Општи услови на Комерцијална банка АД Скопје за користење на услугите на електронско банкарство за правни лица преку Интернет банката.
Услуги на електронско банкарство
Пристап до услугите на Банката надвор од нејзините простории, користејќи информатичка технологија, телекомуникации и посебни сигурносни механизми. Овие услуги опфаќаат:
- увид во состојбата, промените и изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), како и увид, проверка и одговор на Xxxxxxx за салдата на побарувањата и обврските со состојба на ден 31 декември за цели на ПОПИС
- пренос на средства од денарска трансакциска сметка на Корисникот кон други сметки во платниот промет во земјата(внесување,потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање)
- внесување,потпишување и испраќање на реализација до Банката електронски налог за плаќање од средствата евидентирани на девизната трансакциска сметка на Корисникот
- Преглед на обрасци 1450, 743, SWIFT и 746
- купување на странски платежни средства за денари
- продавање на странски платежни средства за денари
- увид во состојбата на орочените депозити
- плаќање преку сервисот Ki-Pay
- преглед на плаќање на правни лица прифаќачи на картички по основ на трансакции со картички
- пристап до информации за сметки на деловни картички за правни лица
- администрирање на дневни и периодични лимити на деловни картички за правни лица
-
Интернет банка
Сервисен центар на Банката преку кој се вршат услуги на електронско банкарство, односно електронско доставување на платни инструменти / налози за плаќање со електронски потпис и други информации помеѓу договорните страни користејќи интернет, преку Web и Мобилната апликација.
Софтверски решенија за пристап и користење на услугите на Интернет банката
Корисникот може да пристапи до услугите на Интернет банката со користење на софтверски решенија кои му се доделени од страна на Банката за користење под услови и обем кои се дадени во Договорот за користење на услугите на Интернет банката, Општите услови, Одлука за тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката, корисничките упатства, сигурносните препораки и другите документи кои ја регулираат работата на Интернет банката.
Пристапот до Интернет банката може да се реализира преку Web базирано решение и решенија кои се наменети за мобилни уреди, (во понатамошниот текст: Web апликација и Мобилна апликација), соодветно.
Web апликација
Апликација базирана на повеќе интернет технологии и достапна за користење преку поддржани интернет прегледувачи, дефинирани во Корисничкото упатство за користење на Web апликацијата и Општите услови. Со ова решение се остварува брз, сигурен и едноставен 24 часовен пристап до услугите на електронското банкарство дефинирани во Општите услови во делот Услуги на електронското банкарство.
Мобилен уред
Согласно Општите услови претставува паметен телефон или таблет базиран на оперативните системи кои во моментот се поддржани од страна на Мобилната апликација и истите се дефинирани во техничките услови на Општите услови и Корисничкото упатство за користење на Мобилната апликација.
Android рутирање и iOS jailbreak-ирање на мобилен уред
Андроид рутирање претставува процес со кој фабричкиот софтвер на мобилниот уред се заменува со софтвер изработен од трета страна, се со цел на корисникот на мобилниот уред да му се овозможи стекнување на привилегиран т.н. root пристап во рамките на оперативниот систем, со што се нарушуваат сигурносните механизми вградени во рамките на оперативниот систем или сигурносните механизми кои се овозможени од страна на производителот на мобилниот уред.
iOS jailbreak-ирање претставува процес на отстранување на ограничувањата на iOS оперативниот систем на мобилниот уред со примена на софтверски и/или хардверски методи со кои, меѓу другото, корисникот се стекнува со привилегиран т.н. root пристап со што се нарушуваат сигурносните механизми вградени во рамките на оперативниот систем и самиот уред од страна на производителот.
Продавници за мобилни апликации (application stores) и Листа на прифатливи продавници на мобилни апликации за Банката
Претставува платформа за дигитална дистрибуција на софтвер изработена како
компонента вградена во оперативниот систем од страна на производителот на мобилниот уред преку која корисникот може да прелистува, да инсталира и деинсталира апликации кои се претходно објавени преку продавницата. Проследувањето на нова апликација во продавницата на мобилните апликации мора да помине низ процес на проверка и одобрување од страна на сопственикот на продавницата. Со овие Општи услови, како прифaтливи, Xxxxxxx ги назначува следните продавници за мобилни апликации како места на кои ќе ги доставува новите верзии на Мобилната апликација:
• Google play – Google Inc, платформа овозможена од Google и наменета за мобилни уреди базирани на Android оперативниот систем
• App Store – Apple Inc, платформа овозможена од Apple и наменета за мобилни уреди базирани на iOS оперативниот систем
Мобилна апликација
Претставува апликација базирана на листата на поддржани мобилни оперативни системи дефинирани во Општите услови. Истата може да се преземе на мобилен уред од Листата на прифатливи продавници на мобилни апликации достапни на Интернет. Мобилната апликација на Корисникот и Овластеното лице им овозможува сигурен, брз и едноставен 24 часовен пристап преку Интернет до дел од најкористените услуги на електронското банкарство за правни лица дефинирани во Општите услови:
- увид во состојбата, промените и изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка)
- пренос на средства од денарска трансакциска сметка на Корисникот кон други сметки во платниот промет во земјата(внесување,потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање)
- внесување,потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање за подигнување на готовина од денарска сметка(ПП 40)
- потпишување и испраќање на реализација до Банката електронски налог за плаќање од средствата евидентирани на девизната трансакциска сметка на Корисникот
- Преглед на обрасци 1450, 743, SWIFT и 746 продавање на странски платежни средства за денари
- купување на странски платежни средства
- пристап до информации за сметки на деловни картички за правни лица,и
- администрирање на дневни и периодични лимити на деловни картички за правни лица
- поставување на минимални износи за добивање на нотификации
- подесувања за добивање нотификации за прилив/одлив од трансакциски сметки, картички и девизни сметки
Дополнително Корисникот и Овластеното лице можат да ги користат услугите за пристап до јавно достапни информации кои се однесуваат на следната листа на услуги:
• Геолокациски услуги за наоѓање на најблиска деловна единица или банкомат како и патека до истите
• Курсна листа
• Кредитен, штеден калкулатор и калкулатор за купопродажба на девизи
• Информации и новини за производите и услугите на Банката наменети за правни лица
Корисник
Правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност, со кое Банката има склучено Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење платен промет во
земјата или Договор за трансакциска сметка во странска валута на правно лице –резидент или Договор за трансакциска сметка во странска валута на правно лице –нерезидент на кое му се овозможува користење на услугите од електронско банкарство.
Корисникот – правно лице е застапувано од законскиот застапник (управител) кој во име и за сметка на правното лице го претставува и застапува во правниот и платниот промет.
Договор
Договор за користење на услугите на Интернет банката склучен помеѓу Банката и Корисникот, со кој се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности кои произлегуваат од користењето на услугите на електронско банкарство.
Сметки
Трансакцсика сметка за денарски платен промет (денарска сметка) или трансакциска сметка во странска валута на правно лице (девизна сметка) кои Корисникот ги има во Банката, од кои се извршуваат плаќањата преку Интернет банката и кои се задолжуваат за трошоците и надоместоците по основ на користењето на услугите на електронското банкарство (доколку не е на друг начин регулирано со посебен договор).
Овластено лице за користење на услугите на електронското банкарство (во понатамошниот текст: Овластено лице)
Овлaстено лице е физичко лице кое Xxxxxxxxxx го овластува да располага со средствата од неговата сметка / сметки, или да извршува други работи поврзани со користење на услугите на електронско банкарство врз основа на барање на Корисникот содржано во документот Овластување лице за работа со Интернет банката за сметка од платниот промет во земјата и/или во странство. Врз основа на барањето од Корисникот, Банката на овлaстеното лице му одобрува користење на услугите на електронското банкарство преку веб апликацијата или мобилната апликација на Интернет банка.
Платежна картичка
Дебитна или кредитна картичка, која Банката ја издава на корисникот на картичката врз основа на поднесено барање од Барателот правно лице
• Корисник на картичка - физичко лице на кое Банката му има издадено картичка која гласи на правното лице со име и презиме на корисникот втиснато на картичката, на Барање на законскиот застапник
Електронски потпис
Низа на податоци во електронски облик, кои се содржани или се логично поврзани со други податоци во електронски облик, преку кој се утврдува автентичност на податоците и идентитетот на потписникот.
Потписник на електронска порака
Овластено лице кое во име и за сметка на Корисникот ги потпишува електронските пораки/налози, согласно овластувањата определени од страна на Корисникот.
Код за еднократна употреба
Тајна низа од цифри со фиксна должина која може да биде употребена само еднаш при доставувањето на налози преку Мобилната апликација на Интернет банката, се со цел да
се потврди врската помеѓу податоците за проверка на електронскиот потпис со одредено лице, сопственикот на листата односно генераторот на кодови и идентитетот на тоа лице.
Методи на генерирање на кодови за една употреба
Кодовите можат да бидат генерирани
▪ со помош на генератори на кодови за една употреба каде што генерирањето на кодовите се прави со помош на единствениот случајно изгенериран таен клуч и временската рамка во која кодот се генерира. Генераторот на кодови за една употреба е составен дел од Мобилната апликација. Се користи на мобилен уред кој со фабрички вградените заштитни механизми како и сите дополнителни технологии овозможени од страна на Банката се смета за сигурен во поглед на ризикот од неовластено исчитување на тајниот клуч и злоупотреба на генераторот на кодови за една употреба од страна на трети лица. Пристапот до тајниот клуч на генераторот на кодови за една употреба се прави со помош на PIN (Personal Identification Number) кој го избира и го знае единствено корисникот и истиот не се чува од страна на Xxxxxxx, ниту пак на самиот уред. По 5 последователно внесени погрешни PIN-а, како мерка за спречување на можна злоупотреба, клучот на генераторот за кодови за една употреба се уништува.
Дигитален сертификат
Потврда во електронски облик со која се потврдува врската помеѓу податоците за проверка на електронски потпис со одредено лице, носителот на сертификатот и идентитетот на тоа лице.
Важечки дигитален сертификат
Дигитален сертификат издаден од Банката или од друг издавач на серификати, прифатлив за Банката, на кој не му е истечен рокот на важност и кој не е формално отповикан во системот на Банката.
Медиум за чување на дигитален сертификат
Сигурносен уред на кој се чува дигиталниот сертификат со кој се врши проверка на идентитетот, шифрирање на податоците и дигиталното потпишување на електронските пораки и налози.
Корисничко име
Комбинација од знаци која Xxxxxxx ја доделува на Овластеното лице, која го идентификува на единствен начин во рамките на системот на електронското банкарство.
Тајна лозинка
Тајна комбинација од знаци, иницијално доделена од Банката на Овластеното лице која служи за потврдување на неговиот идентитет. Овластеното лице е должно да ја промени при првото најавување во системот.
Електронска порака
Низа податоци кои се пратени или примени по електронски пат, вклучувајќи и електронско разменување на податоци и електронска пошта.
Електронски налог за плаќање
Налог за плаќање кој Овластеното лице го проследува до Банката во облик на електронска порака, и кој е во согласност со правилата одредени од страна на Xxxxxxxxxx, интерните акти на Банката и важечката регулатива за извршување на платниот промет во земјата и/или во странство.
Термински план на Банката за учесниците во платниот промет
Електронските налози за плаќање доставени преку Интернет банката ќе се извршуваат според Терминскиот план на Банката за учесниците во латниот промет во земјата и Терминскиот план за учесниците со платниот промет со странство, важечки во моментот на извршување на трансакцијата.
Банката ќе и овозможува услугите на електронско банкарство во однос на купопродажбата на странски платежни средства за денари во рамки на официјалната сесија на девизниот пазар (9,00-16,00 часот) за правни лица
ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Општите услови се применуваат на односите помеѓу Банката, Корисникот и Овластените лица, кои се засноваат со потпишување на Договорот и останатата документација.
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
За користење на услугите на електронско банакарство Корисникот треба да има отворено сметка во Банката.
Банката го одобрува користењето на услугите на електронското банкарство врз основа на следните уредно пополнети и потпишани документи:
- Договор за користење на услугите на Интернет банката,
- Барање за пријава на сметка од платниот промет во земјата и/или во странство за работа преку Интернет банката,
- Овластување лице за работа со Интернет банката за сметка од платниот промет во земјата и/или во странство,
- Овластување лице за комисиско генерирање на дигитален сертификат
- Пријава на јавен клуч за Внесувач, Потписник и Испраќач на Интернет банката
Со наведените документи, Корисникот се определува да користи една или повеќе услуги од Интернет банката, ги именува Овластените лица и го дефинира обемот и начинот на кој тие ќе ги извршуваат работите од Интернет банката во негово име и за негова сметка.
Банката има право да го одбие барањето на Корисникот за користење на услугите на Интернет банката, без да ги наведе причините за својата одлука.
По обработката на документите и потпишувањето на Договорот, Банката им доделува корисничко име и тајна лозинка за пристап до Web апликацијата на Интернет банката на Овластените лица кои се нови корисници на системот.
Овластените лица кои само пристапуваат до увид во состојбата, промените и изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), како и увид, проверка и одговор - на Потврда за салдата на побарувањата и обврските со состојба на ден 31 декември за цели на ПОПИС користат само корисничко име и лозинка, додека пак Овластените лица кои ќе
вршат трансакции од денарскиот платен промет, односно од платниот промет со странство мора да имаат важечки дигитален сертификат.
Корисникот и Овластеното лице можат од Листата на продавници на мобилни апликации прифатливи за Банката да ја преземат Мобилната апликација и да ја инсталираат на својот мобилен уред. Доколку Корисникот односно Овластеното лице освен пристапот до јавно достапните информаци сакаат да ги користат и услугите за увид во состојбата и прометот на сметките на Корисникот, треба да имаат доделено овластување од Корисникот за пристап до овие активности преку веб апликацијата на Интернет банка, и треба да добие предходна согласност од страна на Корисникот за користење на истите активности преку Мобилната апликацијата на Интернет банката. Без овластување од Корисникот, Овластеното лице нема да биде во можност да го сними QR кодот на мобилната апликација.
Секое Овластено лице кое има пристап до повеќе сметки преку веб апликацијата на Интернет банката, за да може соодветно да пристапи до истите преку Мобилната апликација на Интернет банка, ќе мора да добие овластување од секој Корисник на секоја пооделна сметка.
Дополнително Корисникот и Овластеното лице можат да вршат пренос на средства од сметката на Корисникот на други сметки во домашниот платен промет преку Интернет банката, користејќи ја Мобилната апликација на претходно регистриран мобилен уред и активирана апликација, при тоа користејќи го генераторот на кодови за една употреба вграден во Мобилната апликација.
Неопходен предуслов за користењето на овие услуги е:
• Корисникот претходно да достави потпишан образец ( Оластување лице за работа со Интернет банка), за мобилните уреди на Овластените лица со кој го потврдил/намалил максималниот лимит по налог за пренос со ПП30 дефиниран од страна на Банката по Овластено лице и по сметка и со - потпис и печат, потврдил дека е согласен дадениот уред да го овозможи за вршење на трансфери.
• Корисникот исто така доставил потпишан образец( Барање за пријава на сметка за работа преку Интернет банка) со кој, го потврдил/намалил максималниот дневен лимит дефиниран од страна на Банката по сметка по сите Овластени лица, и со - потпис и печат, потврдил дека е запознат со Општите услови за користење на услугите на електронско банкарство за правни лица преку Интернет банката.
Банката овозможува генерирање дигитални сертификати на Овластените лица кои не поседуваат важечки дигитален сертификат.
Корисникот е должен на свој трошок да ги обезбеди следните минимални техничи услови за користење на услугата на Интернет банка преку веб апликација:
- Персонален компјутер со Windows Vista, Windows 7;
- 1 GHz или побрз, 32 битен (x86) или 64 битен процесор (x64);
- 1GB RAM за Windows Vista и Windows 7;
- 200 MB слободен простор на hard disk;
- Internet Explorer 11 и Google Chrome за трансакции, а доколку Интернет банка се користи само за делот со прегледите Internet Explorer 11, Mozilla Firefox, Google Chrome;
- Интернет пристап;
- Доколку за дигитално потпишување се користи дигитален сертификат на USB token, потребно е персоналниот компјутер да има USB порта.
- Минимална резолуција која е потребна за работа со Интернет Банка e 1024 x 768 dpi.
Корисникот е должен на свој трошок да ги обезбеди следните техничи услови за користење на услугата на Интернет банка преку мобилна апликација:
- Минимална Android верзија за mBankaCo: api level 14 = Android 4.0 (ICE_CREAM_SANDWICH)
- Минимална iOS верзија за mBankaCo: 8
- Дигитален фотоапарат вграден во мобилниот уред
- Инсталирана ажурна верзија на Google maps
- Интернет пристап
ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ
За сигурна размена на податоци помеѓу Банката и Корисникот се користат важечки дигитални сертификати и криптирана комуникација.
Дигитални сертификати издадени од Банката
Банката овозможува генерирање на дигитални сертификати во сопствена Регистрациона канцеларија.
Генерирањето и подигањето на дигиталниот сертификат се врши лично од страна на Овластеното лице. Генерирањето на дигиталниот сертификат може да се изврши и без лично присуство на Овластеното лице, врз основа на полномошно заверено на нотар.
Дигиталните сертификати издадени во Регистрационата канцеларија на Банката и медиумите за нивно чување смеат да се употребуваат само во Интернет банката на Комерцијална банка АД Скопје.
Банката го определува видот на медиумот на кој се генерира и се чува дигиталниот сертификат.
На барање на Банката Овластеното лице е должно веднаш да го предаде на Банката медиумот за чување на дигиталниот сертификат.
Рок на важност на дигиталните сертификати кои ги издава Банката е наведен во документот со кој се потврдува издавањето на дигиталниот сертификат.
Обновување на дигиталниот сертификат, по истекот на рокот на важност или на барање на сопственикот на дигиталниот сертификат, по можност, се врши на истиот медиум.
За обновување на дигиталниот сертификат се доставува соодветно Барање за реиздавање на дигитален сертификат потпишано од страна на законскиот застапник на Корисникот .
Дигитални сертификати издадени од друг издавач на сертификати
Банката може да прифати и сертификати издадени од други домашни или странски издавачи. Банката на Web страната објавува листа на издавачи чии сертификати ги прифаќа.
Овластените лица кои ќе користат сертификати издадени од друг издавач се должни да ги пријават во Регистрационата канцеларија на Банката, без приватниот клуч.
Банката строго препорачува дигиталните сертификати издадени од други издавачи да се чуваат и употребуваат само на медиум од кој не можат да бидат копирани без користење на деструктивни методи (USB token, smart картичка и сл.).
Банката не превзема никаква одговорност во случај на проблеми кои може да произлезат од употреба на помалку сигурни медиуми за складирање на дигиталните сертификати.
Користење на дигиталните сертификати
Дигиталниот сертификат е во лична сопственост на Овластеното лице и може да се користи за сите услуги од Интернет банката.
Ограничувањето или одземањето на овластувања за работа на Овластеното лице од страна на Корисникот не влијае на сопственоста над дигиталниот сертификат.
Секое Овластено лице може да има само еден дигитален сертификат пријавен за користење на Интернет банката.
Овластеното лице е должно медиумот на кој се чува дигиталниот сертификат да го чува од уништување, оштетување, губење, неовластено користење и да го употребува во согласност со сигурносните стандарди, на начин пропишан со Корисничкото упатство за користење на Web апликацијата . Во случај на уништување, оштетување или губење на медиумот, Банката наплатува како за издавање на нов сертификат.
Банката води сопствена листа на отповикани сертификати (CRL – Certificate Revocation List) и не се врши увид во листи на отповикани сертификати на друг издавач.
Банката ќе го смета пријавениот дигитален сертификат за отповикан од денот на неговото формално отповикување во системот на Банката, односно од моментот кога ќе биде внесен на листата на отповикани сертификати во системот на Банката.
Банката е согласна на писмено барање на Овластеното лице да му додели нова тајна лозинка, или нов дигитален сертификат. За доделување нова лозинка или гернерирање на сертификат на барање на Овластено лице, Банката наплатува надомест согласно важечката Одлука за тарифата на надоместоци за услугите на Банката.
Банката има право и без одобрување од Овластени лица да го отповика неговиот сертификат во сопствениот систем, доколку тој се наоѓа на листа на отповикани сертификати на неговиот издавач.
Доколку по добивањето на корисничкото име и лозинка, Овластеното лице не се јави во системот за прв пат во рок од 15 дена или во тек на редовното користење на системот не се најави во период подолг од 90 дена, од безбедносни причини, неговото корисничко име ќе биде привремено блокирано. За повторно активирање на корисничкото име, потребно е Овластеното лице да поднесе писмено барање
КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
Услугите на електронското банкарство за увид во состојбата, промените и изводот на сметките/депозитите како и доставување на електронски налози за плаќање преку Интернет банката на Корисникот ќе му бидат достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата, освен во случај на прекин на системот за редовно одржување или надградба на системот.
Електронските налози за плаќање за пренос на средства од денарска трансакциска сметка на Корисникот кон други сметки во платниот промет во земјатадоставени преку web и мобилната апликација на Интернет банката ќе се извршуваат според Терминскиот план за учесниците во платниот промет во земјата.
Електронските налози за плаќање кон нерезиденти во денари и девизи во земјата, односно за плаќања кон нерезиденти во девизи во странство, доставени преку Интернет банката, не се извршуваат по автоматизам, туку подлежат на детална контрола од страна на надлежното одделение во Банката. Банката ќе ги прифати доставените електронски налози и истите ќе ги изврши, само доколку се исполнети законските услови и се приложени потребните документи за нивна реализација . Во спротивно, налогот ќе биде вратен до клиентот и нема да се изврши.
Овие плаќања ќе се извршуваат согласно Терминскиот план за учесниците во платниот промет со странство, и согласно законските и интерните акти за извршување на платниот промет со странство во Комерцијална банка АД Скопје, кои се важечки во моментот на извршување на трансакцијата
Услугите на електронско банкарство за купопродажба на странски платежни средства за денари ќе бидат достапни во рамки на официјалната сесија на девизниот пазар (8,30-16,00 часот) секој работен ден.
Купопродажба на девизи е овластување кое овозможува склучување на Договор за купопродажба на девизи (Заклучница) и реализација на купопродажната трансакција при директна on-line комуникација со дилерите на Банката.
Во случај лицата овластени за купопродажба на девизи да не се истовремено и овластени за располагање со средствата на тековната сметка во странска валута, со даденото овластување за купопродажба на девизите,имаат право ограничено да располагаат со девизни средства од тековната сметка во странска валута само и исклучиво при продажба на девизи, до износот наведен во склучениот Договор за купопродажба на девизи (Заклучница).Лицата со ова овластување се авторизираат со корисничко име, лозинка и дигитален сертификат. Секоја намера за купување, односно понуда за продавање на девизни средства за денари ќе биде испратена во Банката за реализација во реално време и автоматски ќе биде дигитално потпишана.
При извршување на електронските налози за купопродажба на девизи ќе се користи последната курсна листа на банката од тековниот ден за износи до 3.000,00 евра, или на барање на кoмитентите, преку селектирање на опцијата “барање за поволен курс”, дилерите ќе котираат пазарен курс во моментот на склучување на трансакцијата.
Банката го задржува дискреционото право Услугата на купопродажба на девизи преку Интернет банката да биде привремено прекината.
При пренос на средства со налог за безготовинско плаќања ПП30 со Web апликација, се применуваат лимитот по налог и дневниот лимит по сметка по сите Овластени лица за дадената сметка дефинирани од страна на Xxxxxxxxxx, при што истите не можат да бидат поголеми од максималниот лимит по налог и максималниот дневен лимит по сметка и по сите Овластени лица за дадената сметка дефинирани од страна на Банката:
- xxxxxxxxxx xxxxx по налог од 618.000.000,00 МКД
- максимален дневен лимит по сметка по сите Овластени лица од 618.000.000,00 МКД
Промената на максималните лимити по налог и дневни лимити по сметка по сите
Овластени лица за Web апликацијата на Интернет банката, дефинирани од страна на Банката ќе се спроведува со посебна наменска Одлука, донесена од Сам.Дирекција за платен промет во земјата и Секторот за информатичка технологија.
При пренос на средства со налог за безготовинско плаќања ПП30 со Мобилна апликација, се применуваат лимитот по налог и дневниот лимит по сметка по сите Овластени лица за дадената сметка дефинирани од страна на Корисникот, при што истите не можат да бидат поголеми од максималниот лимит по налог и максималниот дневен лимит по сметка и по сите Овластени лица за дадената сметка дефинирани од страна на Банката кои се однесуваат на регистриран мобилен уред:
- максимален лимит по налог од 600.000 МКД
- максимален дневен лимит по сметка по сите Овластени лица од 6.000.000 МКД
Корисникот може во секое време да го измени максималниот износ на налог и максималниот дневен лимит по сметка по сите Овластени лица со поднесување на соодветна документација во Банката предвидена за одобрување користење на услугите на електронско банкарство.
Промената на максималните лимити по налог и дневни лимити по сметка по сите Овластени лица за мобилната апликација на Интернет банката, дефинирани од страна на Банката ќе се спроведува со посебна наменска Одлука, донесена од Сам.Дирекција за платен промет во земјата и Секторот за информатичка технологија.
На мобилен уред кој е рутиран или jailbreak-иран преносот на средства со налог за безготовински плаќање ПП30 подлежи на правилата за максималниот износ по налог и максималниот дневен лимит по сметка по сите Овластени лица дефинирани од страна на Корисникот, при што истите не можат да бидат поголеми од максималниот износ по налог и максималниот дневен лимит по сметка по сите Овластени лица дефинирани од страна на Xxxxxxx за рутиран или jailbreak-иран мобилен уред:
- xxxxxxxxxx xxxxx по налог од 3000.000 МКД
Банката го задржува правото да ги менува максималниот износ по налог и максималниот дневен лимит по сметка по сите Овластени лица за плаќања со ПП30 налогот преку Мобилната апликација, како и врз основа на проценката на ризиците врзани за информативната сигурност со користењето на Мобилната апликација на рутиран или jailbreak-иран мобилен уред, оваа услуга дополнително да ја ограничи или целосно укине.
Промената на - максимален износ по налог и максимален дневен лимит по сметка по сите Овластени лица, дефинирани од страна на Xxxxxxx ќе се спроведува со посебна наменска Одлука, донесена од Сам.Дирекција за платен промет во земјата и Секторот за информатичка технологија.
Овластеното лице (корисник на Интернет банка и Мобилната апликација) може во секое време согласно на неговите желби и потреби (безбедносни причини) да го менува максималниот лимит по налог за сметка со користење на Web апликацијата и да ги потврди промените на овој износ со дигитален сертификат. Лимитиот што ќе го менува Овластеното лице не може да биде поголем од максимално дозволениот лимит по налог за сметка утврден од страна на Xxxxxxxxxx (Управителот).
Услугите на Интернет банката Корисникот може да ги користи првиот следен работен ден, по исполнувањето на сите пропишани услови. Наведеното правило се применува и при проширување или промена на услугите.
НЕСОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ И ЗЛОУПОТРЕБА
Корисникот е должен да ги информира сите Овластени лица со содржината, правата и обврските кои произлегуваат од Општите услови, Договорот и сите останати документи кои ја регулираат работата на Интернет банката вклучително и Сигурносните препораки достапни на линковите на Web апликацијата.
Ако Овластеното лице дознае или се посомнева дека неговата тајна лозинка му е позната на неовластено лице или пак може да биде злоупотребена на било кој начин, должно е веднаш да ја смени тајната лозинка, согласно постапката опишана во Корисничкото упатство.
Во случај на губење или кражба на медиумот на кој се чува дигиталниот сертификат, Овластеното лице е должно веднаш, без никакво одлагање, во најкраток можен рок, да ја извести банката. Банката во најкраток можен рок привремено ќе го блокира соодветното корисничко име. По поднесување писмена изјава од страна на Овластеното лице, корисничкото име ќе биде деблокирано.
Доколку овластеното лице го пронајде медиумот на кој се чува дигиталниот сертификат по пријавувањето на неговото губење или кражба, должно е да го донесе во Банката на увид. Во случај на оштетување на медиумот, постоечкиот сертификат ќе биде отповикан, а ќе биде издаден нов.
Банката може целосно или делумно да го блокира користењето на услугата доколку одредени активности на Корисникот предизвикаат оптоварување на системот и онезвозможуваат негово непречено функционирање.
Банката не превзема никаква одговорност за евентуална штета која може да настане како последица на губење или кражба на медиумот на кој се чува дигиталниот сертификат.
Во случај на губење или кражба на мобилниот уред со претходно инсталирана и активирана Мобилна апликација или било какво сомневање дека мобилниот уред е сигурносно компромитиран, Корисникот односно Овластеното лице е должно во најкраток можен рок, истиот веднаш да го оневозможи односно деактивира преку Web апликацијата согласно на Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација. Доколку Корисникот или Овластеното лице не е во можност деактивирањето да го стори со помош на Web апликацијата, истото е должно настанот веднаш да го пријави во Банката. Банката во најкраток можен рок ќе го оневозможи користењето на мобилната апликација на пријавениот мобилен уред.
Банката не презема никаква одговорност за евентуалната штета која може да настане како последица од:
- губење или кражба на мобилниот уред регистриран за вршење на трансакции и негово ненавремено оневозможување на еден од претходно опишаните начини
- користење на Мобилната апликација на рутиран или jailbreak-иран мобилен уред или мобилен уред на кој на било каков начин е сменета содржината на фабричкиот софтвер со софтвер од трета страна различна од производителот на оперативниот систем или производителот на уредот
- попречување на техниките и применетите технологии на Банката од страна на
Корисникот, Овластеното лице или друг вид на извор на попречување (злонамерен софтвер и сл.) за детекција на рутиран или jailbreak-иран мобилен уред. Истите Банката ги вградила во рамките на Мобилната апликација се со цел Корисникот и Овластеното лице да бидат информирани и заштитени од можните ризици при евентуалното користење на Мобилната апликација на ваков вид уреди. Банката не презема одговорност доколку заради вакви попречувања мобилниот уред не биде детектиран како рутиран или jailbreak-иран и истиот добие далеку поголеми дневни и месечни лимити од оние кои Банката ги пропишала како максимални износи за рутирани или jailbreak-ирани мобилни уреди
- користење на Мобилната апликација на уред на кој сигурносните подесувања се поставени на начин на кој се намалува севкупната сигурност на мобилниот уред неограничувајќи се на следната листа на примери:
o овозможување на инсталација на софтвер од други извори кои не се на Листата на продавници на мобилни апликации прифатливи за Банката
o овозможување на опции за развој односно отстранување на грешки на софтвер (developer options)
- користење на Мобилната апликација или други апликации преземени и инсталирани од трети извори кои не се на Листата на продавници на мобилни апликации определена во Општите услови
- непридржување на Сигурносните препораки објавени и достапни преку линковите на Web апликацијата, а особeно препораките кои се однесуваат на:
o поставување на заклучување на екран на мобилниот уред со шема,
PIN или лозинка
o инсталација на софтвер за антивирусна заштита
За повторно активирање на мобилниот уред, Корисникот, односно Овластеното лице треба да се јави лично на шалтерите на Банката, каде предходно оневозможеното користење на мобилната апликација на пријавениот мобилен уред, ќе биде активирано. Овластеното лице ќе треба повторно да изврши регистрација на мобилниот уред преку снимање на QR кодот.
РЕКЛАМАЦИИ
Корисникот е должен да врши редовено да врши увид во промените на сметките, да ги следи и контролира промените и трансакциите реализирани преку интернет банка и доколку констатира одредени неправилности да достави рекламација и да ги пријави во Банката веднаш без никакво одлагање. Времетраењето на разрешување на рекламацијата е во зависност од видот и причините на настанување.
НАПЛАТА НА НАДОМЕСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
За користењето на услугите на електронското банкарство преку Интернет банката, Банката наплатува надомест согласно Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите на Банката, важечка на денот на извршување на услугата.
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
Банката го задржува правото да врши промени во обемот и содржината на услугите од Интернет банката, сигурносните механизми, Општи услови, Терминскиот план за учесниците во платниот промет во земјата, Терминскиот план за учесниците во платниот промет со странство, интерните акти за извршување на платниот промет во земјата и со
странство, Одлуката за тарифата на надоместоците за услугите на Банката и другите акти на деловната политика на Банката, корисничките упатства и другите документи кои ја регулираат работата на Интернет банката.
За сите наведени промени Банката го известува Корисникот со објавување информација на изводот на неговата сметка или на web-страницата на Интернет банката.
Со овозможувањето на 24 часовен пристап до услугите на електронско банкарство од страна на Xxxxxxx, Корисникот се смета за уредно и навремено известен за сите промени, како на неговата сметка, така и за промените во работењето на Банката. Динамиката на следење на објавените информации, увидот на состојбата, промените и изводот на сметката/депозитот се во целосна надлежност на Корисникот.
Доколку корисникот не се согласува со одредени промени во Интернет банката може да испрати писмен приговор или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 15 дена од денот на објавување на информацијата, во спротивно се смета дека е согласен со предложените промени и истите во потполност ги прифаќа.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
• Општите услови се составен дел од Договорот за користење на услугите на Интернет банката.
• Со потпишување на Барањето за пријава на сметка од платниот промет во земјата и/или странство за работа преку Интернет банка и Договорот за користење на услугите на Интернет банката, клиентот потврдува дека е запознаен со Општите услови за користење на услугите на електронско банкарство
КРЕДИТЕН ОДБОР
Претседател Xxxxx Xxxxxx