Дефиниција на Услуги на информатичко општество

Услуги на информатичко општество се услуги што се обезбедуваат за надомест на далечина, преку електронски средства и на лично барање на примателот на услугата.
Услуги на информатичко општество се услуги што се обезбедуваат за надомест на далечина, преку електронски средства и на лично барање на примателот на услугата. „На далечина“ означува дека услугата се обезбедува без истовремено присуство на две страни. “Преку електронски средства“ значи дека услугата се испраќа од почетната/изворната точка и се добива на крајната дестинација преку електронска опрема за процесирање (вклучително и дигитална компресија) и чување на податоци и се испраќа, пренесува и добива во целост преку кабел, радиобранови, оптички средства или други електромагнетни средства. „ На лично барање на примателот на услугата“ значи дека услугите се обезбедуваат преку пренос на податоци на лично барање. Услугите на информатичкото општество содржат особено продажба на призводи и услуги, услуги за пристап до информаци или огласи преку Интернет и пристап до услугите на јавна комуникациска мрежа, пренос на податоци или чување на податоците на примателот во јавната комуникациска мрежа;

Related to Услуги на информатичко општество

  • Тендерска документација “ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;

  • Носител на набавката “ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;

  • Економски оператор “ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;

  • Прифатлива понуда “ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;

  • Алтернативна понуда “ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;

  • Електронски систем за јавни набавки “ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;

  • Понуда “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;

  • Полиса “ - документ на договорот за осигурување

  • Осигуреник “ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;

  • Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда;

  • Корисник “ - лице на кое се врши исплата на осигурената сума односно надоместот;

  • Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од волјата на осигуреникот настан врз основа на кој настануваат обврските на осигурувачот од договорот за осигурување, односно настан предизвикан од осигурен ризик;

  • Осигурувач САВА осигурување x.x. Скопје

  • Премија износ што се плаќа по договорот за осигурување;