Задоцнети понуди Примери за клаузули

Задоцнети понуди. Работодавачот нема да ги земе предвид Понудите кои ќе пристигнат по истекот на крајниот рок за поднесување понуди во согласност со ИП 22. Секоја Понуда која Работодавачот ќе ја добие по крајниот рок за поднесување на понуди ќе се прогласи за задоцнета и како таква ќе биде одбиена и неотворена ќе се врати до Понудувачот.
Задоцнети понуди. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на понудувачот неотворена.

Related to Задоцнети понуди

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.