ДЕЛ I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ ДЕЛ II. ОБРАСЦИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
ДОГОВОРЕН ОРГАН: ЈП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА” - СКОПЈЕ
ул. “Лазар Личеноски” број 27
БРОЈ: 47/2010
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА ХЛОР
– ПО СПЕЦИФИКАЦИЈАТА
Скопје, декември, 2010 година
- СОДРЖИНА НА ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА -
Покана за поднесување на понуда
ДЕЛ I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1. Договорен орган
1.2. Предмет на договорот за јавна набавка
1.3. Начин на комуникација
1.4. Начин на добивање на тендерската документација
1.5. Јазик на кој е достапна тендерската документација
1.6. Корупциско и измамничко однесување
1.7 Однесување на службени лица
1.8. Посета на локација
1.9. Алтернативни понуди
1.10. Електронска аукција
2. УПАТСТВА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РОКОВИ И НЕПОХОДНИТЕ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР
2.1. Рокови
2.2. Право на учество
2.3. Критериуми за утврдување способност на понудувачите
2.4 Лична состојба
2.5 Способност за вршење на професионална дејност
2.6 Економска и финсиска состојба
2.7 Техничка и професионална способност
2.8 Стандарди за системи за квалитет
3. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР
3.1.Критериум за доделување на договорот за јавната набавка е најниска цена.
3.2. Вреднување на елементите
3.3. Квалитет, начин на извршување на набавката, место на извршување на предметот на набавката
4. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
4.1. Стандарди за квалитет
4.2. Технички спецификации
5. УПАТСТВА ЗА ИЗРАБОТКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОНУДА
5.1. Цена на понудата
5.2 Невообичаено ниска цена
5.3. Валута на понудата
6. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
6.1. Начин на изготвување на понудите
6.2. Форма и потпишување на понудите
6.3. Поднесување на понудите
6.4. Трошоци за поднесување на понудата
6.5. Елементи на понудата
6.6. Појаснување на тендерската документација
6.7. Измена на тендерската документација
6.8. Јазик на понудата
6.9. Период на важност на понудата
6.10. Принцип на една понуда
6.11. Начин за запечатување и обележување на понудата
6.12. Краен рок и место за поднесување на понудите
6.13. Измена, замена или повлекување на понуди
6.14. Задоцнети понуди
7. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
7.1. Јавно отворање на понудите
8. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
8.1. Предмет на евалуација
8.2. Доверливост на процесот на евалуација
8.3. Појаснување на понудите
8.4. Промени во понудата
8.5 Исправка на аритметичка грешка
9. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1. Избор на најповолна понуда
9.2. Известување за избор или неизбор
9.3. Потпишување на договорот
9.4. Авансно плаќање и гаранција за авансно плаќање
10. УПАТСТВО ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА
10.1 Упатство за правна заштита
11. ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОДРЕДБИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
ДЕЛ II. ОБРАСЦИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Образец на понуда
2. Образец на изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од Огласот
3. Модел на договор
I. ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЈП Водовод и канализација Скопје
_ _ број и датум
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДА
Почитувани,
Договорен орган ЈП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА” – СКОПЈЕ, со седиште на ул. “Лазар Личеноски” број 27 Скопје, контакт телефон за административни прашања: 02 3240 303 и 02
3240 351, контакт телефон за технички прашања 02 2621 941, лице за контакт Xxxxxx Xxxxxxxxx .
1. Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на хлор – по спецификацијата за потребите на ЈП “Водовод и канализација” Скопје.
2. Заинтересираните економски оператори можат да ја превземат тендерската документација во електронска форма на веб страницата на ЈП Водовод и канализација Скопје: xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx, во делот за јавни набавки, или со барање на e-пошта: xxxxx.xxxxxx@xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx и на веб страницата xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx
3. Доколку економските оператори ја превземат тендерската документација од веб страницата на ЈП Водовод и канализација Скопје: xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx, задолжително треба да го потврдат на eлектронската адресата: xxxxx.xxxxxx@xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx при што задолжително ќе остават нивни контакт информации, како и име на овластеното лице за контакт.
4. Тендерската документација e без надоместок.
5. Економските оператори своите понуди потребно е да ги достават по пошта или лично, со предавање во архивата, на адреса ЈП Водовод и канализација Скопје во согласност со членот 59 од Законот за јавни набавки, на адреса: ул. Лазар Личеноски бр. 27 Скопје, најдоцна до 11.01.2011 година до 09.00 часот.
6. Јавното отворање на понудите, во присуство на понудувачите ќе се изврши на 11.01.20101 година во 09.00 часот, во просториите на ЈП Водовод и канализација Скопје, во барака 1, сала за состаноци, ул. Лазар Личеноски бр. 27, Скопје.
Однапред Ви благодариме на соработката.
Датум _ _ Потпис _
ДЕЛ I. ОПШТИ ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Договорен орган:
ЈП “ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА” - СКОПЈЕ
ул. “Лазар Личеноски” број 27
Контакт телефони на Договорниот орган:
Тел: 0 000 000; факс 3 240 303
1.2 Предмет на набавката
Набавка на хлор – по спецификацијата, за потребите на ЈП “Водовод и канализација” Скопје, со седиште на ул. Лазар Личеноски бр. 27 Скопје.
Набавката не е делива.
Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
Време за извршување на набавката - со сукцесивна испорака во период од 12 месеци. Договорниот орган го задржува правото да не ја исполни набавката во целост.
1.3. Начин на комуникација
Секое барање, информација, известување и други документи се испраќаат во писмена форма по пошта или по факс.
Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. Документот кој бил испратен по факс, доставувачот е должен да го достави по пошта во рок од два дена од денот на испраќањето на документот по факс.
Постапката за доделување на договор за јавна набавка нема да се врши со користење на електронски средства.
1.4 Начин на добивање на тендерска документација:
Тендерската документација може да ја подигне било кој заинтересиран економски оператор во електронска форма на веб страната на ЈП Водовод и канализација Скопје www.vodovod- xxxxxx.xxx.xx, во делот за јавни набавки и на веб страницата xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
Доколку економските оператори ја превземат тендерската документација од веб страницата на ЈП Водовод и канализација Скопје: xxx.xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx, должни се да го пoтврдат превземањето на следнава е-маил адреса: xxxxx.xxxxxx@xxxxxxx-xxxxxx.xxx.xx при што задолжително ќе остават нивни контакт информации, како и име на овластеното лице за контакт.
1.5 Јазик на тендерската документација:
Тендерската документација е достапна на Македонски јазик, со кирилично писмо.
1.6. Корупциско и измамничко однесување
Доследно ќе се применуваат највисоките стандарди за етичко и законско однесување за време на спроведување на постапката за набавка, реализација на договорот како од страна на одговорното лице на Договорниот орган, Комисијата за јавни набавки, така и од страна на економскиот оператор.
Со Законот за јавни набавки и регулативите на Македонија се бара од Договорните органи, како и економските оператори, добавувачите, изведувачите и консултантите да ги почитуваат највисоките етички стандарди во текот на набавката и извршувањето на таквите договори. При водењето на оваа политика, со стандардните тендерски документи:
a/ се дефинираат, за целите на оваа одредба, следниве услови определени подолу:
- „корупциско однесување“ значи нудење, давање, примање или барање на било каква вредност со цел да се влијае врз активноста на јавен службеник во процесот на набавка или во извршувањето на договорот; и
- „измамничко однесување“ значи погрешно претставување на фактите за да се влијае врз процесот на набавка или извршувањето на договор на штета на државата, и вклучува практики на тајно договарање меѓу понудувачите (пред или по поднесувањето на понудата), осмислени со цел да се воспостават цените на понудите на вештачки, неконкурентни нивоа и да се лиши заемопримачот од користите на слободната и отворената конкуренција;
- б/ ќе се отфрли пријавата на секој кандидат вклучен во корупциски или измамнички практики при конкурирањето за договорот.
1.7 Однесување на службени лица
Договорниот орган се обврзува за доследна примена на највисоките стандарди за етичко и законско однесување за време на спроведување на оваа постапката за јавн набавка како и при реализација на договорот со избраниот најповолен понудувач, како од членовите на Комисијата за јавни набавки така и од одговорните лица. Истата обврска важи и од страна на понудувачите.
1.8 Посета на локација
Договорниот орган не планира посета на локација.
1.9 Алтернативни понуди
Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
1.10 Електронска аукција
Договорниот орган нема да користи електронска аукција.
2.УПАТСТВО ЗА ЗАКОНСКИТЕ РОКОВИ И НЕОПХОДНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР
2.1 РОКОВИ
2.1.1 Рок за поднесување на понудите
Рок за поднесување на понудите е 11.01.2011 година до 09.00 часот.
2.1.2 Рок на важност на понудата
Понудите треба да важат 180 дена од денот на отварање на понудите.
Понудата што важи за пократок рок од предвидениот, договорниот орган ја отрфрла како понуда што не одговара на условите.
2.1.3 Рок на испорака
Рокот на испорака на предметот на набавка (гас хлор во втечнета состојба, во челични боци) – најдоцна во рок од 5 (пет) календарски денови по доставата на празни боци.
Понудата која има подолг рок на испорака од максимално определениот договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
Понудувачот може да понуди и пократок рок на испорака, но истиот нема да биде елемент на критериумот бодирање.
2.1.4 Рок на плаќање
Рок на плаќање – 30 дена по испорака, вирмански.
2.2 Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од договорниот орган.
Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само со една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда
2.3 КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ
2.3.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- економската и финансиска состојба ,
- техничката или професионалната способност,
2.3.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот”.
2.3.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата може да побара економските оператори да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација.
2.3.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
2.3.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.4 Лична состојба
2.4.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.4.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
- 2.4.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.4.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
- 2.4.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија или надлежниот суд.
2.4.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.4.6 Уверението од алинеја 5 од потточка 2.4.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на ова уверение е надлежниот суд.
2.4.7 Документите од потточка 2.4.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.4.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.4.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.5 Способност за вршење на професионална дејност
2.5.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.6 Економска и финансиска состојба
2.6.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови
- Годишен приход од најмалку 2.000.000,00 денари, за последните три години, за секоја година поединечно. (Во прилог да се достави табела со годишен приход за последните три години).
2.6.2 Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил обртот од потточка 2.6.1 во годините за кои постојат податоци.
2.6.3 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов од потточка
2.6.1 или 2.6.2 со доставување на:
- извештај за билансот на состојбата заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба, или извадоци од извештајот за билансот на состојба во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран;
- извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации.
2.6.4 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган
2.6.5 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
2.7 Техничка или професионална способност
2.7.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- искуство од релевантни предходни испораки кои се успешно реализирани
2.7.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка
2.7.1 со доставување на:
- листа на главни испораки на понудувачите извршени во последната година, со вредности, датуми, купувачи (договорни органи или економски оператори), со обезбедување на потврда за извршени испораки издадени од примателите,
3. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР
3.1. Критериум за доделување на договорот за јавната набавка е најниска цена.
- цена 100 бода
3.2. Вреднување на елементите:
Пресметката на бодови за цената се пресметува процентуално во однос на најниско понудената цена без ДДВ и тоа најниската понудена цена без ДДВ се множи со максималниот број на бодови и се дели со цената на понудата без ДДВ за која се пресметуваат бодовите.
3.3 Квалитет, начин на извршување на набавката, место на извршување на предметот на набавката
Описот, обемот и другите податоци за предметот на набавката дадени се во техничката спецификација, прилог во тендерската документација.
Начин на извршување на набавката со сукцесивна испорака за период од 12 месеци.
Место на извршување на набавката е магацин на ЈП Водовод и канализација Скопје – Сервис 6-ти Септември.
При испорака да достави MSDS (Material Safety Data Sheet) документ.
4. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ И СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ
4.1 СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ
4.4.1 Предметот на набавка треба да ги задоволува општите ISO стандарди за квалитет и важечките норми и прописи за ваков тип на набавка, што важат во РМ, а кои се во согласност со европските стандарди.
4.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од потточка 4.4.1 со доставување на:
- Сертификати за квалитет од производителот на предметот на набавката
4.2 ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Гас хлор, во втечнета состојба, во челични боци
- Годишната потреба изнесува 50.000 килограми,
- Хлорот ќе се полни во челични боци од 50, 150 килограми,
- Содржина на хлор минимум 99.5%
- Амбалажата е во сопственост на Договорниот орган,
- Испораката ќе биде сукцесивна, околу 1000 килограми неделно, зависно од расположивата празна амбалажа.
5.УПАТСТВА ЗА ИЗРАБОТКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ПОНУДА
5.1. Цена на понудата
Економскиот оператор во листата на цени и рокови на испорака ја внесува цената за секој дел поединечно, заедно со рокот на испорака, со пополенети сите позиции на секоја од понудените листи и без корекции на дадени цени.
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
5.2 Невообичаено ниска цена
Ако цената на понудата е невообичаено ниска и во голема мера не е во согласност со проценетата вредност на набавката, договорниот орган од економскиот оператор ќе побара писмено објаснување за причините за таквата цена на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 7 дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена
5.3 Валута на понудата и плаќање
Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите.
6. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДА
6.1 Начин на изготвување на понудите
Понудувачот ја изготвува понудата во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на оригиналните обрасци дадени во прилог на тендерската документација.
Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган. Содржина на понудите останува доверлива до датумот на нивно отворање.
6.2 Форма и потпишување на понудите
Понудата се доставува во еден оригинален примерок испишана со неизбришливо мастило и потпишана и заверена (на секоја страница) од одговорното лице на економскиот оператор или од него овластено лице. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, треба да се парафирани од лицето кое ја потпишува понудата.
Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е потпишано или парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
6.3 Поднесување на понудите
Понуди може да достават понудувачи кои имаат ја превземено тендерската документација во електронска форма од веб страната xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и од веб страната www.vodovod- xxxxxx.xxx.xx на договорниот орган, во делот за јавни набавки, согласно точка 1.4 од тендерската документација.
6.4 Трошоци за поднесување на понудата
Понудувачот ги сноси сите трошоци поврзани со подготовка и поднесувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци, без оглед на водењето и исходот од тендерскиот процес.
Трошоците направени околу подготовка и поднесувањето на понудата, се на товар на понудувачот и истите нема да бидат признаени.
Понудувачот ги сноси ризиците поврзани со поднесувањето на понудата, вклучувајќи и виша сила.
6.5 Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниот редослед:
- Документи за докажување на способноста на понудувачот (наведени во Дел I. Точка 2.4. на тендерската документација);
- Образец на понуда (даден во Дел II.1. на тендерската документација);
- Образец на изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од Огласот (даден во Дел
II.2. на тендерската документација);
- Модел на Договор (II.3.)
6.6 Појаснување на тендерската документација
Економските оператори можат да бараат појаснување на тендерските документи само во писмена форма.
Договорниот орган е должен да одговори на сите дополнителни прашања кои економските оператори можат да ги постават во врска со тендерската документација, под услов прашањата да бидат поднесени најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понуди или пријави за учество.
Одговорот се доставува до сите економски оператори кои подигнале тендерска документација.
6.7 Измена на тендерската документација
Набавувачот може да врши менување и дополнување на тендерската документација во согласност со законот за јавните набавки.
Измените и дополнувањата на тендерската документација, најдоцна шест дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество, договорниот орган без надоместок ги испраќа до економските оператори кои подигнале тендерска документација.
6.8 Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.
Придружните документи и печатена литература кои се дел од понудата, може да бидат на друг јазик поинаков од македонскиот, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик. Јазик на толкување на понудата и на тие документи ќе биде македонскиот јазик.
6.9 Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 180 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудата што важи за пократок период од предвидениот, договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите.
Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
6.10 Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
6.11 Начин на запечатување и обележување на понудата
Понуди можат да достават само економски оператори што имаат подигнато примерок на тендерската документација од договорниот орган во електронска форма и за кој имаат доставено потврда за превземање на документацијата на назначената mail адреса, со податоци за понудувачот.
Економскиот оператор го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација и примероци од печатени изданија во затворен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор.
Така затворениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- не содржи информации за економскиот оператор;
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отворај”, или „До нот опен”, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот-понудувачот. Доколку пликовите не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за нивно ненавремено и некомплетно пристигнување во неговата архива или за предвремено отворање на понудата.
6.12 Краен рок и место за поднесување на понудите
Краен рок за поднесување на понудите е 11.01.2011 година до 09.00 часот.
Понудите се поднесуваат по пошта или лично во писарница на ЈП Водовод и канализација Скопје на следнава адреса: ул. “Лазар Личеноски” број 27, 1000 Скопје.
6.13 Измена, замена или повлекување на понуди
Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 6.12.
Ковертите за измена, замена или повлекување на понудата ќе бидат подготвени, ковертирани, обележани и доставени согласно точка 6.11, со тоа што ковертот соодветно ќе биде одбележан “измена“, “замена“ или “повлекување“.
Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 6.12.
6.14 Задоцнети понуди
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на понудувачот неотворена.
7. ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
7.1. Отворањето на понудите ќе биде јавно.
Отворањето на понудите го врши Комисија за јавни набавки во ЈП Водовод и канализација Скопје, а во присуство на овластени претставници на понудувачите.
Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите (11.01.20101 година, во 09.00 часот), сала за состаноци, барака 1 во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација Скопје.
На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 6.11 од тендерската документација и дали се во оригинал, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат замените, измените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите, освен задоцнетите понуди.
Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
8. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
8.1 Предмет на евалуација
Предмет на евалуација не може да бидат понуди кои не се отворени на јавното отворање.
Пред да пристапи кон евалуација на понудите комисијата ја проверува комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот.
Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира.
Евалуација на понудите ќе се изврши во согласност со критериумите наведени во тендерската документација, објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка.
8.2 Доверливост на процесот на евалуација
Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
8.3 Појаснување на понудите
Во периодот на разгледување и оценување на понудите (при проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата), договорниот орган може да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во писмена форма.Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган.
8.4 Промени во понудата
Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од понудувачот.
8.5 Исправка на аритметички грешки
Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги корегира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата за учество.
9. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Избор на најповолна понуда
Договорниот орган ја избира најповолната понуда, врз основа на критериумите за доделување на договорот утврдени во огласот и во тендерската документација, ако понудувачот чија понуда е најповолна ги исполнува пропишаните критериуми за утврдување на способноста.
9.2 Известување за избор или неизбор
Договорниот орган писмено ги известува понудувачите за одлуките во врска со доделувањето на договорот за јавна набавка или поништувањето на постапката за доделување на договорот. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
Во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од соодветната одлука.
9.3 Потпишување на договорот
Договорниот орган договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда е утврдена како најповолна врз основа на критериумот за доделување на договорот за јавна набавка – економски најповолна понуда.
9.4 Авансно плаќање и гаранција за авансно плаќање
Не се предвидува авансно плаќање.
10. УПАТСТВО ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА
10.1. Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно одредбите на Законот за јавни набавки.
11. ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОДРЕДБИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
(Тендерската документација има за цел да му ги обезбеди на економскиот оператор барањата, условите, критериумите и другите неопходни информации за начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка и не претендира да ги замени одредбите од Законот за јавните набавки).
ДЕЛ II. ОБРАСЦИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
Понудувачот ќе ги користи следните обрасци од обврзниот дел на понудата:
1. Образец на понуда (II.1.)
2. Образец на изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од Огласот (II.2.)
3. Модел на Договор (II.3.)
II.1. Образец на понуда
(овој образец се пополнува и потпишува од страна на одговорното лице на понудувачот)
Прилог број 1
ЈП Водовод и канализација Скопје
Врз основа на огласот број 47/2010, објавен од страна на ЈП Водовод и канализација Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на хлор – по спецификацијата, и тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
ДЕЛ I – Информации за понудувачот
I.1.Име на понудувачот: _
I.2. Контакт информации
Адреса:
Телефон:_
Факс: _
Е-пошта: _ Лице за контакт: _
I.3. Одговорно лице: _
I.4. Даночен број: _ _
ДЕЛ II – Финансиска понуда
опис | Количина | Вкупна цена без ДДВ | ДДВ | Вкупна цена со ДДВ |
Гас хлор, во втечнета состојба, во челични боци | 50.000 кг |
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
_ (со бројки)
(__ ) (со букви) денари.
Вкупниот износ на ДДВ изнесува: _ _ (со бројки)
(__ _)
(со букви) денари.
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, со вклучен ДДВ, кој е искажан посебно, изнесува:
_ (со бројки) денари
_ _ (со букви) денари.
II.2 Квалитет:
_ _
II.3 Детален приказ на вкупната цена на нашата понуда е даден во технички спецификации точка 4 од тендерската.
II.4 Нашата понуда важи за период утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
II.5 Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот Модел на договор.
II.6 Доколку нашата понуда биде прифатена, се обврзуваме да обезбедиме Гаранција за квалитетно извршување на договорот во вид на банкарска гаранција, во износ од 5 % од вредноста на договорот за јавна набавка.
Место и датум Одговорно лице
(потпис и печат)
Прилог број 2
И З Ј А В А
Изјавуваме дека со поднесување на понудата во целост ги прафаќаме условите од Огласот број 47/2010, објавен од страна на ЈП Водовод и канализација Скопје, за доделување на договор за јавна набавка на хлор– по спецификацијата, објавен во "Службен весник на Република Македонија", поканата за поднесување понуда и сите услови наведени во тендерската документација, врз основа на кои ја поднесуваме нашата понуда.
Согласни сме тие услови во целост да претставуваат составен дел на договорот.
Место и датим Економски оператор
_ _ _
_ Одговорно лице
_ Печат и потпис
Прилог број 3
МОДЕЛ НА ДОГОВОР Д О Г О В О Р
1. ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 27 Скопје, ЕДБ 4030992177811 застапувано од X.X. Директорот Xxxx Xxxxxxxxxx, во понатамошниот текст Купувач од една страна, и
2. _, ул. бр. ЕДБ _ _ застапувано од Управителот _во понатамошниот текст Продавач од друга страна.
I.ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е јавна набавка на __ , (во натамошниот
текст: стоки), со сукцесивна испорака за 12 месеци, за потребите на Купувачот согласно техничката спецификација и прифатената понуда број _ од година, заведена со архивски број _ од _ година, согласно Одлуката за јавна набавка бр. _ од
_ _ година по оглас за доделување на договор бр. 47/2010 и одлуката за избор на
најповолна понуда бр. од година кои се составен дел на овој Договор.
II. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Вкупната вредност на јавната набавка на_ , вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ, опишана во член 1 од овој Договор, изнесува _денари.
Со букви: _ _денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
Вкупната вредност на јавната набавка на
попусти со ДДВ, опишана во член 1 од овој Договор, изнесува
_, вклучувајќи ги сите трошоци и денари.
Купувачот го задржува правото да не ја исполни набавката во целост.
III.ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИСПОРАКА НА СТОКИТЕ
Член 3
Продавачот е должен испораката на стоката да ја врши во рок од _ дена сметано од денот на склучувањето на овој Договор, по претходна писмена нарачка од овластеното лице кај Купувачот, до магацинот на Купувачот.
Испораката на стоката се смета за извршена: со потпишувањето на испратницата од овластеното лице на Купувачот и овластеното лице на Продавачот.
IV.ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Во случај на доцнење со испораката на предметот на набавката на овој Договор од страна на Продавачот, Купувачот има право на надомест на штета и договорена казна – пенали во висина од 0,2% од вредноста на испорачаната стока за секој започнат нареден ден од денот кога Продавачот бил должен да ја изврши испораката на стоките и утврдениот износ на договорна казна поради задоцнување да го засмета и одбие при исплатата на износот на фактурата, но не повеќе од 5% од вредноста на испорачаната стока.
V.ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 5
Навременото и квалитетно извршување на договорот, Продавачот го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за Купувачот.
Висината на банкарската гаранција изнесува 5% од вредноста на договорот, односнo на износ од _ _денари (Со букви: _ денари).
Гаранцијата се наплаќа во следните случаи:
- Доколку Продавачот не го почитува договорениот рок за испорака на стоката, утврден во член 3 од овој Договор.
- Во случај на несовпагање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаната стока, верификувано од независна институција за контрола на квалитетот на испорачаната стока.
- Во случај на раскинување на Договорот по вина на Продавачот.
Гаранцијата за извршување на договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на Договорот, му се враќа на Продавачот во рок од 14 дена на рокот за кој што е склучен Договорот или по исполнување на количините на предметот на набавката на овој Договор.
VI. ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФАКТУРАТА
Член 6
При изготвување на фактурата, Продавачот е должен да ги наведе следните елементи:
- Назив на Купувачот, место седиште даночен број
- Број и датум на договорот
- Количини со опис на стоката, дефинирани по елементи како во член 1 и член 2 од договорот
- Единечна договорена цена на секој од елементите без ДДВ
- Вкупна цена без ДДВ по елементи
- Пресметка за ДДВ
- Валута на плаќање.
VII.НАЧИНИ, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАКАЊЕ
Член 7
Купувачот се обврзува плаќањето на Продавачот да го врши во рок од 30 (триесет) дена од денот на превземање на предметот на набавка и доставена фактура за испорачаниот предмет на набавка.
Составен дел на фактурата е уредно заверена испратница.
VIII. КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 8
Квалитативен и квантитативен прием на предметот на набавка опишан во член 1 од овој Договор, врши Xxxxxxxxx, со документ (испратница) потпишана од договорни страни.
Во текот на примопредавањето се утвдува квалитетот и квантитетот на испорачаниот предмет на набавка.
Продавачот е должен предметот на набавка опишан во член 1 од овој Договор да го испорача со квалитет од производителот , согласно техничката спецификација, доставените сертификати од производителот и прифатената понуда бр. _ од _година, заведена со архивски број од година кои се составен дел на Договорот.
Продавачот може да изврши дополнителна контрола на квалитетот со спроведување на дополнителни независни испитувања и контроли за квалитетот кај овластена инсититуција.
IX.ОДГОВОРНОСТ ЗА МАТЕРИЈАЛНИТЕ НЕДОСТАТОЦИ
Член 9
Материјален недостаток постои:
-ако стоката ги нема потребните својства за нејзината редовна употреба или за промет;
-ако стоката ги нема потребните својства за особeната употреба за која набавува Купувачот, а која му била позната на Продавачот или морала да му биде позната;
-ако стоката ги нема својствата и одликите што се изречно договорени односно пропишани, и
-кога Продавачот предал стока која не е соодветна на техничките спецификации прифатени од негова страна.
Член 10
Купувачот е должен примениот предмет на набавка на вообичаен начин да ја прегледа или да ја даде на преглед, штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите неодостатоци да го извести Продавачот во рок од осум дена од приемот на предметот на набавка.
Кога прегледот е извршен во присуство на двете страни, Купувачот е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на Продавачот веднаш или во рок кој нема да биде подолг од 3 дена од приемот на предметот на набавка.
Член 11
Во известувањето за недостатокот на стоката Купувачот е должен поблиску да го опише недостатокот и да го повика Продавачот да ја прегледа стоката.
Ако известувањето за недостатокот кое Купувачот навремено го испратил до Продавачот со препорачано писмо, телеграма, или на некој друг сигурен начин, задоцни или воопшто не стигне до Продавачот, се смета дека Купувачот ја извршил својата обврска да го извести Продавачот.
Доколку се потврди материјалниот недостаток на предметот на набавката Купувачот има право:
• Бара замена за производот со неупотребуван ист таков производ или;
• Раскинување на Договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпена штета;
Член 12
Продавачот не одговара за недостатоците од чл.10 на овој Договор, ако во моментот на склучувањето на договорот му биле познати на Купувачот или не можеле да му останат непознати.
Се смета дека на Купувачот не можеле да му останат непознати оние недостатоци што грижливо лице со просечно знаење и искуство на лице со исто занимање и струка како Купувач би можел лесно да ги забележи при вообичаениот преглед на предметот.
X.ВИША СИЛА
Член 14
Купувачот и Продавачот се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој договор кои се предизвикани од виша сила.
Под виша сила се подразбира се она што е регулирано со Законот за облигациони односи. Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна, во случај на стапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или
раскинување на Договорот.
XI.РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 15
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни се согласни да ги решаваат спогодбено, а доколку во тоа не успеат надлежен за нивно решавање да биде Основниот суд Скопје 2 - Скопје.
XII.РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 16
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да и определи дополнителен рок од три дена за исполнување на обврската. Доколку во рок од три дена од приемот на известувањето Продавачот не ја исполни обврската се смета дека договорот е спогодбено раскинат без предходно известување.
Договорната страна може да бара надосместување на штетата од страната што не ја исполнила својата обрска.
XIII.КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 17
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој договор.
XIV.ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 18
За се што не е регулирано со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи, Законот за јавни набавки и позитивните прописи во Република Македонија.
XV.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 19
Измени и дополни на Договорот можат да се вршат со заедничка согласност на договорните страни по писмен пат.
Договорот може да се менува со Xxxxx-Договор само во согласност со одредбите од Законот за јавни набавки и ЗОО.
Член 20
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои 4 (четири) за Купувачот и 2 (два) за Продавачот.