ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ Примери за клаузули

ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ. За сигурна размена на податоци помеѓу Банката и Корисникот се користат важечки дигитални сертификати и криптирана комуникација.
ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ. За сигурна размена на податоци помеѓу Банката и Корисникот се користат важечки дигитални сертификати издадени во ЛРК на Банката или од друг издавач на сертификати прифатен од Банката на кој не му е истечен рокот на важност или не е поништен и криптирана комуникација која подразбира компјутерски начин на менување на одредена датотека со користење на таен код, со што истата станува неразбирлива за лицата кои не се овластени да ја користат.
ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ. За сигурна размена на податоци помеѓу Банката и Корисникот се користат важечки дигитални сертификати. Банката, преку својата интернет страна во делот за регистрација овозможува генерирање на дигитални сертификати. Генерирањето на дигиталните сертификати во име и за сметка на Корисници физички лица, го врши Банката. Генерирањето на дигиталните сертификати во име на физички лица како Корисници кај правни лица, а за сметка на правните лица, го врши Банката. Дигиталните сертификати генерирани од страна на Xxxxxxx, Банката ги поставува на издвоен медиум USB токен, или USB, или CD, и со документ за примопредавање ги предава на Корисниците. Дигиталните сертификати генерирани од страна на Банката може да се користат за информативниот дел на системот, за информативно-финансискиот дел односно делот за плаќања како и за праќање и прием на електронски пораки и прилози во комуникација со Банката како што се барања, известувања, овластувања и слично. Дигиталните сертификати генерирани преку интернет страната на Банката може да се користат исклучиво за меѓусебната комуникација помеѓу Банката и Корисникот (како сопственик или ополномоштеник). По истекот на рокот на важност на дигиталниот сертификат, или на барање на сопственикот на дигиталниот сертификат, истиот може да се обнови. При тоа, обновениот сертификат може да се постави на истиот медиум како и при неговото генерирање. На барање на Корисникот, а во случај Корисникот да е исто овластено лице за два или повеќе иматели на сметки во Банката корисници на системот за електронско банкарство, Банката овозможува поставување на дигиталните сертификати на ист медиум. Банката може да прифати и сертификати издадени од други овластени издавачи на квалификувани дигитални сертификати. Корисникот на системот за електронско банкарство кој ќе користи сертификат издаден од друг овластен издавач, должен е истиот да го пријави во Банката, односно регистрира преку интернет страната на Банката во делот за регистрација за електронско банкарство, и за што поднесува писмено барање, при што Банката го потврдува пријавениот сертификат. Дигиталниот сертификат е во лична сопственост на Корисникот или од него овластеното лице. Истиот може да се користи за сите услуги од електронското банкарство кои се овозможени од Банката. Секое оштетување, губење, неовластено користење или уништување на сертификатот е во надлежност и одговорност на самиот Корисник.. Важноста на сертификатот е содржана во истиот. При изминување на рокот на важноста на сертифик...

Related to ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .