Општите услови за користење на системот за електронско банкарство ги уредуваат основните и општите правила според кои клиентите кои имаат отворено сметки во Централна кооперативна банка АД Скопје можат да ги користат услугите на Електронско банкарство...
ЦентралнакооперативнабанкаАДСкопје
ОПШТИ УСЛОВИ
за користење на системот за електронско банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје
Општите услови за користење на системот за електронско банкарство ги уредуваат основните и општите правила според кои клиентите кои имаат отворено сметки во Централна кооперативна банка АД Скопје можат да ги користат услугите на Електронско банкарство – CCB ONLINE и CCB MOBILE.
1. Поими
Одделни поими употребени во Општите услови, Договорот за користење на системот за електронско банкарство и останатите документи со кои се регулира работењето преку Електронско банкарство, го имаат следното значење:
-Банка - Централна кооперативна банка АД Скопје;
-Општи услови - Општи услови на Централна кооперативна банка АД Скопје за користење на услугите на електронско банкарство;
-Eлектронско банкарство – е сервисен центар на Банката преку кој се вршат услуги за електронско доставување на платни трансакции како и размена на други податоци, прилози или информации, согласно Договорот склучен помеѓу Xxxxxxx и Xxxxxxxxxx;
-Услуги на електронско банкарство - Пристап до услугите на Банката надвор од нејзините простории, користејќи информатичка технологија, телекомуникации и посебни сигурносни механизми, во криптирана форма, што опфаќаат:
• - користење само на информативен сервис;
• - користење на информативен и финансиски сервис;
• - користење на сервис за прием и праќање на електронски пораки, прилози и податоци;
-Софтвер за пристап до услугите на електронско банкарство – Софтверски решенија креирани и овозможени од Банката, според кои Корисникот може да пристапува до некои од услугите на Банката надвор од нејзините простории.
Пристапот до некои од услугите на Банката може да се врши преку WEB базирани решенија или софтверски решенија наменети за мобилни уреди;
-WEB апликација (CCB Online) – Апликација базирана на интернет технологија и достапна за користење преку поддржани интернет прелистувачи прифатени од Банката;
-Мобилна апликација (CCB Mobile) – Апликација базирана на листата на поддржани мобилни оперативни системи дефинирани со овие Општи услови. Со мобилната апликација, Банката на Корисникот му овозможува на едноставен, брз и сигурен начин, 24 часовен пристап до некои од услугите на Банката надвор од нејзините простории;
-Мобилен уред – Паметен телефон или таблет базиран на оперативни системи и верзии поддржани од страна на мобилна апликација на Банката;
-Продавница за мобилни апликации – платформа за дигитална дистрибуција на софтвер изработена како комппонента вградена во оперативниот систем од страна на производителот на мобилниот уред, преку која Корисникот може да прелистува, инсталира и деинсталира апликации претходно поставени во продавницата.
Мобилната апликација CCBank Mobile MK како и сите верзии на измени и дополнувања, Xxxxxxx ја поставува на следните продавници:
• Google play – Google Inc, платформа овозможена од Google и наменета за мобилни уреди базирани на Android оперативен систем,
• App Store – Apple Inc, платформа овозможена од Apple и наменета за мобилни уреди базирани на IOS оперативнен систем.
-Корисник – на системот за електронско банкарство е правно или физичко лице (резидент или нерезидент) со кое Банката има склучено Договор за отворање и водење на сметка (сметки) за вршење на работите на платниот промет (во земјата или со странство), а на кое му се овозможува користење на системот за електронско банкарство;
-Договор – за користење на системот за електронско банкарство е Договор склучен помеѓу Xxxxxxx и Корисникот со кој се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности кои произлегуваат од користењето на системот за електронско банкарство (прилог);
-Сметка – е сметка која Корисникот ја има отворено во Банката, од која може (но не мора) да се извршуваат плаќања преку системот за електронско банкарство и која се задолжува или одобрува за износот на трансакциите, вклучувајќи и камати и провизии, како и други трошоци и надоместоци по основ на користење на услугите на електронско банкарство (доколку не е поинаку договорено);
-Платежна картичка – е дебитна или кредитна картичка, која Банката ја има издадено на Корисникот врз основа на посебен договор;
-Кредитна партија – е единствен број-референца на кредитна партија под која се евидентира кредит во банката, одобрен на Корисникот врз основа на Договор склучен со Xxxxxxx;
-Овластено лице за користење на услугите на електронско банкарство – Физичкото лице (сопственик или ополномоштеник) или физичко лице определено како овластен корисник од лицето овластено за застапување кај правното лице, или од администраторот кај правното лице (лицето определено за администрирање со системот за електронско банкарство кај правното лице);
-Администратор – на системот за електронско банкарство кај правното лице е лицето определено за администрирање со системот за електронско банкарство кај правното лице, а кое може да доделува и одзема привилегии, креира кориснички имиња и сл.;
-Електронски потпис – низа на податоци во електронски облик кои се содржани или логично поврзани со други податоци во електронски облик, преку кои се утврдува автентичност на податоците и идентитетот на потписникот;
-Потписник на електронска порака е Корисник или лице овластено од страна на Xxxxxxxxxx кој во негово име и за негова сметка ги потпишува електронските пораки;
-Дигитален сертификат – е потврда во електронски облик со која се потврдува врската помеѓу податоците за проверка на електронскиот потпис од одредено лице, носителот на сертификатот и идентитетот на тоа лице;
-Важечки дигитален сертификат – е дигитален сертификат издаден од Банката или друг овластен издавач на сертификати, прифатен од Банката, на кој не му е истечен рокот на важност и кој не е формално отповикан во системот на Банката;
-ПИН код – При потврдување на регистрацијата за системот на електронско банкарство CCB Mobile, клиентот во експозитурата добива 6 (шест) цифрен пин код кој е единствен за тој клиент и неговата регистрација. Овој пин код по првичниот внес, Xxxxxxxxxx задолжително го менува со 6 (шест) цифрен пин код избран од него, кој понатаму ќе го користи за влез и потврда на операции во мобилната апликација;
-Медиум за чување на дигитален сертификат – е сигурносен уред на кој се чува дигиталниот сертификат со кој се врши проверка на идентитетот, шифрирање на податоците и дигиталното потпишување на електронските пораки и трансакции;
-Корисничко име – Комбинација од знаци определени од страна на Корисникот, кое го идентификува на единствен начин и е неповторливо во рамките на системот за електронско банкарство;
-Тајна лозинка – е тајна комбинација од знаци креирани од овластеното лице кај Корисникот а која служи за потврдување на неговиот идентитет. Овластеното лице е должно да креира лозинка од поголем број знаци и да врши повремена промена на тајната лозинка;
-Авторизација на плаќање преку CCB Mobile – Авторизација со генериран клуч (токен) од страна на Банката, кој автоматски се зачувува во апликацијата при регистрација на мобилниот уред на Корисникот, кој дополнително се криптира со XXX внесен од самиот корисник. Овој ПИН не се зачувува на мобилниот уред. Со овој клуч (токен) се потврдува секоја трансакција (или секој трансфер или операција) а неговата валидност се проверува на серверската страна.
-Електронска порака – низа на податоци кои се пратени или примени по електронски пат вклучувајќи и електронско разменување на податоци, прилози и електронска пошта;
-Електронски налог за плаќање – е налог кој овластеното лице го креира преку системот за електронско банкарство (CCB Online или CCB Mobile) и го проследува до Банката во облик на електронска порака и која согласно неговата содржина, правилата на Банката и важечката регулатива се проследува за извршување;
-Термински план на Банката – се временските термини во кои се реализираат налозите за плаќање за тековниот датум преку системите на МИПС, КИБС, SWIFT и во рамките на интерниот клиринг на Банката.
2. Примена на Општите услови
Овие општи услови се применуваат во односите помеѓу Банката и Корисникот засновани со потпишување на Договор за користење на системот за електронско банкарство и останатата документација. Склучување и потпишување на договор, како и верификација на поднесеното барање за регистрација во системот за електронско банкарство, задолжително се врши во експозитурата на Банката каде што Корисикот е регистриран како клиент на Банката.
-Услови за користење на услугите – за користење на услугите на системот за електронско банкарство, Корисникот треба да има отворено сметка (сметки) во Банката.
Банката го одобрува користењето на електронско банкарство врз основа на следното:
-Барање за користење на системот за електронско банкарство (прилог);
-Договор за користење на системот за електронско банкарство (прилог);
Врз основа на доставеното барање, Корисникот се определува за користење на една или повеќе услуги овозможени преку системот за електронско банкарство. При тоа ги определува и сметките преку кои ќе ги користи услугите.
Пред да го достави пополнетото барање за користење на електронско банкарство до банката, Корисникот сам се најавува на интернет страната на Банката xxx.xxxxxx.xx и врши првична регистрација согласно Упатството за користење на системот за електронско банкарство достапно на интернет адресата на Банката во делот за електронско банкарство .
Со првичната регистрација, Корисикот сам го определува корисничкото име и лозинка.
Банката може да го одбие барањето за користење на системот за електронско банкарство без да ги наведе причините за својата одлука за одбивање.
Овластените лица кои ќе го користат системот за CCB Online мора да имаат важечки дигитален сертификат.
Банката генерира или овозможува генерирање на дигитални сертификати на Корисникот физичко лице или овластените лица кај Корисникот правно лице, а кои не поседуваат дигитален сертификат издаден од овластен издавач на сертификати.
Корисникот може на свој трошок, а Xxxxxxx прифаќа, да обезбеди дигитален сертификат издаден од овластен издавач на дигитални сертификати во РСМ.
Банката препорачува дигиталниот сертификат генериран преку интернет страната на Банката или дигиталниот сертификат издаден од овластен издавач, Корисникот да го чува на издвоен медиум (USB-токен), заради подобра заштита на Корисникот од можна злоупотреба на системот за електронско банкарство.
За користење на системот за електронско банкарство CCB Online, Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди:
- персонален компјутер со оперативен систем MS Windows со инсталиран интернет прелистувач преку кој пристапува кон системот на електронско банкарство ,
- интернет пристап;
За користење на мобилната апликација CCBank Mobile MK, Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди:
- мобилен уред базиран на Android оперативен систем со верзија 5.0 или понова, или за мобилен уред базиран на IOS со минимална верзија 9.0 или понова;
- интернет пристап.
Корисникот или лицето овластено од негова страна можат од Листата на продавници за мобилни апликации прифатливи за Банката да ја превземат мобилната апликација и да ја инсталираат на својот мобилен уред.
Одговорноста за техничката исправност на хардверот и софтверот употребуван од страна на корисникот на електронското банкарство е на самиот корисник и Банката не презема никаква одговорност за штети или ризици кои ќе настанат поради користење на неисправна информатичка опрема или софтвер.
-Користење на услугите -
Банката во својот систем за Електронско банкарство нуди определен опсег на услуги кои корисникот ги прифаќа со потпишувањето на Договорот, и тоа:
Информативен сервис:
• информација за приливите и одливите преку сметките во текот на денот, или за одреден период;
• изводи на денарските, девизните и депозитните сметки за изминати денови:
• информација за депозитните сметки (каматна стапка, датум на отворање, датум на доспевање и сл.);
• извештај за промените и состојбата на платежните картички за одреден период;
• информација за дневните лимити, кредитниот лимит како и рокот на важност кај платежните картички;
• увид во состојбата и промени на кредитна партија на Корисникот;
• тековната курсна листа на Xxxxxxx;
• договрање на курс за купопродажба на девизни средства;
• прием и праќање на електронски пораки (доставување на барања, известувања, прилози, податоци и сл).
Финансиски сервис:
• безготовински трансакции со ПП30, односно плаќања во рамките на Банката, како и плаќања кон иматели на сметки во други Банки преку системот на КИБС и системот на МИПС (итни плаќања);
• безготовински трансакции со ПП50, односно плаќања кон Трезорската сметка и сметката на Фондот за здравствено осигурување на РСМ;
• безготовински трансакции со ПП53, односно преземање на фолио број и реализација на трансакциите за исплата на плата и придонеси од плата;
• збирен налог за пренос ПП32, односно плаќања од еден налогодавач кон повеќе налогопримачи по повеќе основи;
• налози за плаќање на доспеани обврски кон Банката;
• налози за купување и продажба на девизни средства, согласно важечката регулатива и правилата на Банката;
• иницирање налози за девизни плаќања кон сметки во Банката или кон други Банки во РСМ или кон странство, согласно важечката регулатива и правилата на Банката;
• поставување и промена на права и лимити на износите за плаќања од сметките на Корисникот.
Услугите на електронско банкарство на Корисникот ќе му бидат достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата, освен во случај на прекин на системот за редовно одржување или негова надградба.
Налозите доставени преку системот за Електронско банкарство Банката ќе ги извршува согласно прописите со кои се регулира платниот промет и според Терминскиот план за учесниците во платниот промет, објавен од Банката. Банката може еднострано и без најава, согласно интерните акти да определи ограничувања на максималните износи и дневните лимити на платните трансакции преку електронско банкарство.
Налозите за плаќања кои се иницирани преку CCB Online, Корисникот може да ги потврди, односно одобри за реализација и преку CCB Mobile, доколку е регистриран за користење на овој сервис, и обратно, налози за плаќања иницирани преку CCB Mobile Корисникот може да ги потврди, односно одобри за реализација преку CCB Online, доколку е регистриран за овој сервис и поседува важечки дигитален сертификат.
Налозите за девизни плаќања поднесени од резиденти или нерезиденти, како и налозите поднесени од или кон нерезиденти во денари, доставени преку системот за електронско банкарство, нема да се извршуваат автоматски, туку истите ќе бидат проверени од страна на соодветната служба во Банката. Банката ќе ги прифати и реализира ваквите налози само доколку се исполнети законските услови и се приложени потребните документи за реализација на истите. Во спротивно, налозите нема да бидат прифатени и реализирани од Xxxxxxx.
Во постапката на реализација на налозите за девизни плаќања, со прифаќање на овие Општи услови Корисникот ја овластува Xxxxxxx во негово име и за негова сметка да ги пополнува и потпишува хартиените обрасци за платен промет со странство, и тоа, заклучница за купопродажба на девизи и образец 1450, за трансакции кои претходно се примени и реализирани со електронскиот потпис на Корисникот.
Банката може на Корисникот да му овозможи само информативен или информативен и финансиски сервис за други сметки отворени во Банката, доколку имателот на другата сметка достави писмено полномошно (прилог) до Банката во кое ќе биде наведено називот на имателот на сметката, бројот на сметката, лицето (правно или физичко) кое може да ги користи информациите за промените и состојбата на сметката како и користење на финансискиот сервис, односно ќе врши плаќања и ќе праќа електронски пораки преку системот за ЕБ за период, односно времетраење на овластувањето.
За користење на услугата на мобилно банкарство, Корисникот може од Листата на продавници за мобилни апликации да ја преземе мобилната апликација CCBank Mobile MK и да ја инсталира на својот мобилен уред.
По извршената инсталација се добива порака со која клиентот се информира за чекорите кои е потребно да ги преземе за активирање на апликацијата CCB Mobile МК. Корисниците кои не се регистрирани за користење на системот за CCB Online ќе бидат насочени со линк кон страна за регистрација на корисник на електронско банкарство како предуслов за користење на системот на CCB Mobile.
Оние клиенти кои веќе се регистрирани за користење на системот на електронско банкарство потребно е да се најават на апликацијата со нивното корисничко име и лозинка.
Откако ќе се изврши регистрирање за користење на системот на електронско банкарство или кога клиентот ќе се најави со корисничкото име и лозинка, регистрацијата е пратена за потврда. Потврдувањето на регистрацијата се врши во матичната експозитура на клиентот каде е регистриран како клиент или се определил дека конкретната експозитура е негова матична експозитура, каде го потпишува и договорот за користење на системот за електронско банкарство.
-Лимити на износите за плаќања и ограничувања -
При извршување на платниот промет во денари кон други банки преку мобилната апликација, максималниот износ за плаќања во текот на 24 часа Банката го определува на 100.000 МКД. Над овој износ Корисникот може да реализира налози само преку CCB Online, или преку шалтерите на Банката. Во овој износ не се вклучени трансферите меѓу сопствени сметки и интерните трансфери во Банката
Во постапката за регистрација на Корисникот, истиот самиот ги определува лимитите за плаќања преку мобилната апликација CCB Mobile, кои не може да бидат над лимитот определен од Банката.
Корисникот може во секое време, согласно своите потреби самиот преку WEB апликацијата CCB Online да го промени дневниот (24 часовен) максимален износ на лимитот за плаќања поставен при потврдување на регистрацијата за CCB Mobile, и тоа за плаќања кон Трезорските сметки и плаќања кон Налогопримачи претходно дефинирани од самиот Xxxxxxxx.
Корисникот може во секое време, согласно своите потреби самиот преку мобилната апликација CCB Mobile да ги намалува претходно поставените лимити преку WEB апликацијата за електронско банкарство.
Услугите на електронско банкарство за купување и продажба на странски платежни средства може да бидат достапни во рамките на официјалната сесија на девизниот пазар, само за валутите прифатливи за Банката.
При извршување на трансакциите за купопродажба на девизни средства, ќе се применува последната курсна листа објавена од Xxxxxxx.
Банката може во секое време да ја ограничи услугата за купопродажба на девизни средства за одредени валути или износи.
Во случај на доставено барање за договарање на курс за купопродажба на девизни срества, одобрениот курс од Банката е валиден за извршување на трансакцијата од Корисникот најмногу 30 минути од одобрувањето. По истекот на предвиденото време, одобрениот курс повеќе не е валиден, а Xxxxxxxxxx може да достави ново барање за договарање на курсот.
-Привремена блокада од страна на корисникот и повторно активирање
Корисникот може да изврши промена на начинот на користење, права, лимити, сметки за услугите поврзани со Електронското банкарство во согласност со важечките акти на деловната политика на Банката.
При тоа Xxxxxxxxxx може и привремено да го блокира мобилниот уред од кој пристапува на апликацијата за мобилно банкарство. За повторно активирање, Xxxxxxxxxx е должен да поднесе писмено барање до Банката.
3. Издавање и користење на дигитални сертификати
За сигурна размена на податоци помеѓу Банката и Корисникот се користат важечки дигитални сертификати.
-Дигитални сертификати издадени од Банката
Банката, преку својата интернет страна во делот за регистрација овозможува генерирање на дигитални сертификати.
Генерирањето на дигиталните сертификати во име и за сметка на Корисници физички лица, го врши Банката.
Генерирањето на дигиталните сертификати во име на физички лица како Корисници кај правни лица, а за сметка на правните лица, го врши Банката.
Дигиталните сертификати генерирани од страна на Xxxxxxx, Банката ги поставува на издвоен медиум USB токен, или USB, или CD, и со документ за примопредавање ги предава на Корисниците.
Дигиталните сертификати генерирани од страна на Банката може да се користат за информативниот дел на системот, за информативно-финансискиот дел односно делот за плаќања како и за праќање и прием на електронски пораки и прилози во комуникација со Банката како што се барања, известувања, овластувања и слично.
Дигиталните сертификати генерирани преку интернет страната на Банката може да се користат исклучиво за меѓусебната комуникација помеѓу Банката и Корисникот (како сопственик или ополномоштеник).
По истекот на рокот на важност на дигиталниот сертификат, или на барање на сопственикот на дигиталниот сертификат, истиот може да се обнови. При тоа, обновениот сертификат може да се постави на истиот медиум како и при неговото генерирање.
На барање на Корисникот, а во случај Корисникот да е исто овластено лице за два или повеќе иматели на сметки во Банката корисници на системот за електронско банкарство, Банката овозможува поставување на дигиталните сертификати на ист медиум.
-Дигитални сертификати издадени од друг овластен издавач на сертификати
Банката може да прифати и сертификати издадени од други овластени издавачи на квалификувани дигитални сертификати.
Корисникот на системот за електронско банкарство кој ќе користи сертификат издаден од друг овластен издавач, должен е истиот да го пријави во Банката, односно регистрира преку интернет страната на Банката во делот за регистрација за електронско банкарство, и за што поднесува писмено барање, при што Банката го потврдува пријавениот сертификат.
-Користење и чување на дигиталните сертификати
Дигиталниот сертификат е во лична сопственост на Корисникот или од него овластеното лице. Истиот може да се користи за сите услуги од електронското банкарство кои се овозможени од Банката.
Секое оштетување, губење, неовластено користење или уништување на сертификатот е во надлежност и одговорност на самиот Корисник..
Важноста на сертификатот е содржана во истиот. При изминување на рокот на важноста на сертификатот, Корисникот може да набави нов (од овластен издавач), или да побара од Банката нов сертификат, на ист начин и постапка како и при првото издавање на сертификатот. При промена на сертификатот во случај кога истиот е со поминат рок на важење, носителот на сертификатот до Банката доставува барање (прилог) за промена, односно издавање на нов сертификат.
Банката препорачува дигиталните сертификати да се чуваат и употребуваат само на медиум од кој не можат да бидат копирани. Чување (backup) на дигиталниот сертификат може да се врши со негов експорт на издвоен медиум (USB-токен).
Користење (употреба) на дигиталниот сертификат од издвоен медиум може да се врши доколку истиот е експортиран на USB-токен кој содржи соодветен софтвер и чија намена е исклучиво за комуникација (и потпишување на трансакции) помеѓу Банката и Корисникот.
Банката не превзема одговорност во случај на губење на дигиталниот сертификат или доколку истиот на било кој начин дојде кај неовластено лице за користење на системот за електронско банкарство.
4. Несовесно однесување и злоупотреба
За содржината, правата и обврските кои произлегуваат од Општите услови, Договорот и сите останати документи кои го регулираат работењето со електронското банкарство, Корисникот е должен да се информира, како и да ги информира сите овластени лица кои имаат пристап до системот за електронско банкарство.
Доколку Корисникот или овластеното лице за користење на електронско банкарство дознае или се посомнева дека неговата лозинка му е позната на неовластено лице или пак може да биде злоупотребена на било кој начин, должно е веднаш да ја промени лозинката согласно постапката опишана во Упатството за користење на електронско банкарство објавено од Банката на својата интернет страна.
Доколку Корисникот или овластеното лице за користење на електронското банкарство ја заборави лозинката, истиот преку интернет страната на Банката може да определи нова лозинка. За потврда на новата лозинка, Xxxxxxxxxx е должен да достави писмено барање до Банката, по што Xxxxxxx ја потврдува новата лозинка.
На барање на Корисникот Банката може да го оневозможи пристапот до системот за електронско банкарство, или само до одредени услуги. За повторно активирање, Корисникот е должен да достави барање за активирање.
Банката може да го откаже користењето и да го исклучи Корисникот од системот за електронско банкарство еднострано и без отказен рок, доколку Xxxxxxxxxx не ги исполнува своите обврски кон Банката, неоправдано посегнува во системот за електронско банкарство или во платниот систем како целина, ја затвори сметката во платниот промет, намерно или поради немарност предизвика неправилно работење на системот, или не се придржува на овие Општи услови и Упатството за користење на системот за електронско банкарство.
Носителот на сертификатот е должен податоците и средствата за електронско потпишување да ги чува како добар домаќин и да ги употребува согласно закон. Во случај на губење или кражба на медиумот на кој се чува сертификатот, овластеното лице е должно веднаш и без одлагање писмено да ја извести Банката.
Банката не презема никаква одоворност за евентуална штета настаната како последица од злоупотреба на лозинката и сертификатот, губење или кражба на медиумот на кој се чува дигиталниот сертификат, а така направените трансакции Банката ќе ги третира како исправни и истите нема да ги сторнира.
Банката не презема никаква одоворност за евентуална штета настаната како последица од злоупотреба заради нарушена тајност на 6 (шест) цифрениот ПИН код при користење на системот на CCB Mobile.
Во случај на губење, кражба или нарушена сигурност на мобилниот уред на кој претходно е инсталирана и активирана мобилната апликација, Корисникот или овластеното лице е должно во најкус можен рок, преку WEB апликацијата CCB Online истиот веднаш да го деактивира односно оневозможи натамошно користење на мобилната апликација. Доколку не е во можност да го направи деактивирањето, истиот е должен настанот да го пријави во Банката, а Xxxxxxx во најкус можен рок ќе го оневозможи користењето на мобилната апликација на пријавениот мобилен уред.
Банката не презема никаква одоворност за евентуална штета настаната како последица од:
• губење или кражба на мобилниот уред и негово ненавремено оневозможување на еден од претходно наведените начини;
• користење на мобилната апликација на мобилен уред на кој на било каков начин е сменета содржината на фабричкиот софтвер со софтвер од друга страна различна од производителот на оперативниот систем или производителот на уредот;
• користење на мобилнaта апликација на уред на кој сигурносните сетирања се поставени на начин на кој се намалува севкупната сигурност на мобилниот уред;
• користење на мобилна апликација или други апликации преземени и инсталирани од трети страни кои не се на листата на продавници на мобилни апликации, определени со овие општи услови;
• непридржување на сигурносни препораки за користење на мобилниот уред, а особено препораки за поставување на заклучување на екранот на мобилниот уред (шема, PIN, лозинка), како и инсталација на софтвер за антивирусна заштита на мобиниот уред.
5. Наплата на надомест за користење на услугите
Корисникот е согласен, за користење на услугите на системот за електронско банкарство, Банката да пресметува и наплатува надомест согласно Одлуката за тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката.
6. Рекламации
Сите рекламации и забелешки при користење на системот за електронско банкарство Корисникот е должен веднаш и без одлагање да ги пријави до Банката.
Во зависност од видот на рекламацијата и причината за истото, Xxxxxxx во најкус можен рок ќе постапи по истата.
7. Измени и дополнувања
Банката го задржува правото да врши промени на содржината и обемот на услугите за електронско банкарство, општите услови, терминскиот план за прием на налози во платниот промет, корисничките упатства, одлуката за тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Банката како и другите акти од деловната политика на Банката и други документи кои го регулираат работењето со системот за електронско банкарство.
За сите промени во врска со системот за електронско банкарство, банката го известува Корисникот со објавување на информација на web страната на Централна кооперативна банка АД Скопје xxx.xxxxxx.xx.
Доколку Xxxxxxxxxx не се согласува со одредени промени во работењето со електронското банкарство, може да испрати писмен приговор до Банката или да поднесе барање за раскинување на Договорот во рок од 15 дена од денот на објавувањето на информацијата. Во спротивно се смета дека е согласен со објавените промени и истите во потполност ги прифаќа.
8. Останати одредби
Овие општи услови се составен дел на Договорот за користење на системот за електронско банкарство.
Со потпишување на Договорот, Корисникот потврдува дека е запознаен и ги прифаќа Општите услови за користење на системот за електронско банкарство на ЦКБ АД Скопје.
Скопје, Мај 2021 година