Истражувачки примерок Примери за клаузули

Истражувачки примерок. Имајќи го во предвид стратифицираниот примерок, со истражувањето се опфатени најголем број на стари лица на возраст од 65-69 години, или 40,5% од истражените лица се на оваа возраст. Старите лица со возраст над 85 години, се со најмала застапеност во истражувањето или со 3,6% (Графикон бр.91). Според полот 54,8% од анкетираните лица се од женски пол, а останатите 45,2% од машки пол (Графикон бр.92). Од старите лица кои се опфатени со истражувањето во оваа општина, 92,9% се од македонска националност, по 2,4% од албанска и турска националност, додека 1,2% од истражуваните се од бошњачка и ромска националност (Графикон бр.93). Очекувано согласно застапеноста на старосните групи и најголемиот дел од анкетираните стари лица во оваа општина се во брак, односно 52,4 %. Висок е и процентот на анкетирани стари лица кои се вдовци 40,5%, додека старите лица кои се разведени, неженети или во вонбрачна заедница, застапени се во незначителен процент (Графикон бр.94). И во оваа општина најголем дел од испитаниците 48,2% се со средно образование. Според Графикон бр.95, 37,4% од испитаниците спаѓаат во групата на испитаници кои немаат завршено основно образование, завршиле само основно или се потполно неписмени. Но има и испитаници со високо образование 12%, и 2,4% со магистратура. Според Графикон бр.96, 3,6% од испитаниците се членови на некоја организација. Приматот на социјални контакти на старите лица во социјалната средина во која живеат и во оваа општина го имаат соседите со 57,1%, (Графикон бр.97) а потоа роднините со 38,1%. И во оваа општина старите лица контактите со лицата во социјалната средина најчесто ги оставруваат преку взаемни посети 64,3%, а кај 32,1% од испитаниците старото лице е посетувано од другите лица во средината (Графикон бр.98),. Интензитетот на контактите помеѓу испитаниците и социјалната средина кај 59,5% се одива секојдневно (Графикон бр.99), и кај 29,8% еднаш до два пати неделно. Најголем дел од испитаниците 45,2%, во оваа општина се изјасниле дека имаат потреба од здравствени прегледи еднаш месечно, а приближно е еднаков бројот на оние кои такви потреби имаат еднаш неделно 22,6% и неколку пати годишно 19% (Графикон бр.100). За 80,7% од испитаниците, во оваа општина употребата на лекови е секојдневна, а за 15,7% повремена. Само 3,6% од испитаниците во оваа општина не употребуваат лекови (Графикон бр.101). Како и во другите општини најголем дел од испитаниците или 45,9% се изјасниле дека во случај на болест за нив се грижи нивниот брачен друг...
Истражувачки примерок. Имајќи го во предвид стратифицираниот примерок и во оваа општина со истражувањето се опфатени најголем број на стари лица на возраст од 65-69 години, или 40,5% од испитаниците се на оваа возраст. Старите лица со возраст над 85 се со најмала застапеност во истражувањето со 4,1% (Графикон бр. 16).
Истражувачки примерок. Според предложениот стратифициран примерок, најзастапена е возрасната група од 65-69 години, односно 43% од испитаниците. Најмала е застапеноста на испитаниците на возраст над 85 години, или со 3,7%, додека значајно е учеството на испитаниците на возраст 70-75 години, со 29%, или скоро една третина од испитаниците (Графикон бр.61).

Related to Истражувачки примерок

  • Информации за понудувачот Име на понудувачот:

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина: