Авансно плаќање и депозит Примери за клаузули

Авансно плаќање и депозит. Претплатникот има право да депонира одреден износ на средства како бескаматен аванс на жиро сметка, од која ќе се црпат средства за подмирување на обврските за плаќање кон ОПЕРАТОРОТ. Во овој случај, наплатувањето на услугите ќе се врши со директно минусирање од депонираните средства како аванс. ОПЕРАТОРОТ има право од претплатникот да побара да депонира паричен износ на средства како депозит, а особено за пристап до јавната комуникациска мрежа од привремен карактер, при склучување претплатнички договор со претплатник што не е државјанин на Република Северна Македонија или со претплатник што нема соодветен доказ за платежна способност по исклучување на претплатникот заради доцнење или неможност за плаќање, како и при невообичаен сообраќај. За таа цел овие лица заедно со потпишувањето на стандардниот претплатнички договор, треба да потпишат и анекс/потврда кон претплатничкиот договор за уплата на депозитот. Висината на депозитот ќе биде објавена во Ценовникот на ОПЕРАТОРОТ, а плаќањето на депозитот се врши во продажните салони на ОПЕРАТОРОТ. Во случај на задоцнување со плаќањето, ОПЕРАТОРОТ има право да го користи депозитот за подмирување на обврски на Претплатникот. Ако депозитот не го покрива целиот износ што се должи, ОПЕРАТОРОТ ќе го информира претплатникот за подмирување на преостанатиот долг. Депозитот ќе му биде вратен на претплатникот, без камата, по раскинување на договорот за користење на услугите од било која договорна страна или по доставување соодветен доказ за неговата платежна способност, под услов ОПЕРАТОРОТ да нема финансиски побарувања од претплатникот поради која било причина.

Related to Авансно плаќање и депозит

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да IV.1.2) Гаранција на понудата: Не IV.1.3) Изјава за сериозност: Да IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не IV.1.5) Авансно плаќање: Не IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.