АДАПТИВНО ОДРЖУВАЊЕ Примери за клаузули

АДАПТИВНО ОДРЖУВАЊЕ. Во рамки на адаптивното одржување на НКТС, по добиен налог од Договорниот орган, Понудувачот треба да ги реализира следниве активности за времетраењето на договорот: • Имплементација на сите RFC промени во НКТС апликацијата, кои се имплементираат по добиен налог од Договорниот орган и успешно извршување на сите потребни тестови за нивна усогласеност со легислативата на ЕУ, до денот од кога се применуваат. Овие промени ќе се развиваат и тестираат на тест околината на Договорниот орган, а по успешното тестирање ќе се имплементираат на продукциската околина; • Изработка на нови, или измени и надградби на интерфејсите и веб сервисите кон Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), кои ќе се извршуваат по добиен налог од Договорниот орган; • Инсталација на најнова верзија на CCN/CSI stack и поставување на потребни прилагодувања за комуникација на НКТС системот со CCN2 платформата, која ќе се изврши по добиен налог од Договорниот орган; • Измени и прилагодување на начинот на преземање на референтите податоци од новиот портал CS/RD 2 на DG TAXUD и нивно вчитување во базата на податоци на НКТС системот, што ќе биде имплементирано по добиен налог од Договорниот орган; • Сите други измени и надградби на интерфејсите, пакетите, процедурите и функциите кои ќе бидат побарани од Договорниот орган или на предлог на добавувачот за подобрување на функционирањето и перформансите на системот. За реализација на сите погоре наведени активности се предвидени не повеќе од 300 работни часа. Сите погоре наведени активности од ,,Адаптивното одржување‘‘, за кои Понудувачот ќе добие налог од Договорниот орган, мора да ги реализира во целост и во рамките на вкупно предвидениот број на часови (не повеќе од 300 работни часа за сите активности), при што Понудувачот не може по истите да доставува посебни услови и ограничувања. При поставувањето на решенијата на продукциска околина треба да се земе во предвид дека системот е во продукција 24/7 и затоа е потребно нивното поставување да се изврши со минимален прекин во работењето и во најкус можен рок и со максимална одговорност за сигурност, заштита и без губење на податоци.
АДАПТИВНО ОДРЖУВАЊЕ. Во склоп на услугата на професионално техничко одржување потребно е да биде вклучена и услуга за дополнителен развој на постоечките функционалности или измена на истите согласно законските измени или изменетата деловна политика на работењето на Царинската управа на Р. Македонија. Процедурата за надградба на постоечките функционалности би се одвивала на следниов начин: - Царинската управа ќе биде одговорна за јасно дефинирање на барањата за измени во постоечките функционалности и основаноста на истите. - Од страна на обезбедувачот на услугата за професионално и техничко оддржување ќе биде направена анализа и проценка на напорот потребен за реализација на пристигнатото барање. - Царинската управа може да ја прифати направената проценка и да ја одобри реализацијата или пак, да побара дополнителни појаснувања или ревизија на направените пресметки. Во склоп на понудената услуга за адаптивно оддржување се проценува дека е потребно да бидат вклучени максимум 20 часа месечен програмерски напор распределен на реализација на надоградби/измени на постоечките функционалности. Постоењето на услуга од овој тип е неопходно за постојано надградување и подобрување на ИИС согласно динамиката на царинското работење во областите на документациските процедури и планирањето на ресурсите. За секоја дополнителна функционална измена или развој на нови модули, потребно е да се достави најновиот изворен код на апликацијата во просториите на Царинската управа ЦУРМ. За секоја извршена услуга на адаптивно одржување треба да биде обезбеден гарантен период од 12 месеци. Во продолжение е дадена спецификација на минималните потребните надградби на ИИС Xxxxxxxx:
АДАПТИВНО ОДРЖУВАЊЕ. Во склоп на услугата на професионално техничко одржување потребно е да биде вклучена и услуга за дополнителен развој на постоечките функционалности или измена на истите согласно законските измени или изменетата деловна политика на работењето на Царинската управа на Република Македонија. Постоењето на услуга од овој тип е неопходно за постојано надградување и подобрување на ИИС (Интегриран Информациски Систем) согласно динамиката на царинското работење во областите на документациските процедури и планирањето на ресурсите. Процедурата за надградба на постоечките функционалности би се одвивала на следниов начин: - Царинската управа ќе биде одговорна за јасно дефинирање на барањата за измени во постоечките функционалности и основаноста на истите. - Од страна на обезбедувачот на услугата за професионално и техничко оддржување ќе биде направена анализа и проценка на напорот потребен за реализација на пристигнатото барање. - Царинската управа може да ја прифати направената проценка и да ја одобри реализацијата или пак, да побара дополнителни појаснувања или ревизија на направените пресметки. Во продолжение е дадена спецификација на минималните потребни надградби на ИИС Системот: Воведување на електронска евиденција на поднесени изјави на интереси, како образец со сите рубрики предвиден согласно законот за спречување на судир на интереси. Дополнителен развој на модулот плати од аспект на унапредување, забрзување и олеснување на процесот на доставување на исплатни листи на вработените во Царинската управа. Овозможување на редовна месечна дистрибуција на исплатни листи на сите вработени во Царинската управа. Подобрување на веќе постоечките функционалности на веб апликацијата ЕДМС во поглед на усовршување, забрзување и олеснување во работата од страна на корисниците .

Related to АДАПТИВНО ОДРЖУВАЊЕ

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е часот. година, во

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1) Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти.