ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Член 42 Изведувачот гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат мани што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот.
Член 43 Нарачувачот е должен за забележаните недостатоци да го извести Изведувачот без одлагање.
Член 44 Гарантниот рок за квалитетот на изведените работи изнесува 2 години.
Член 45 Гарантниот рок започнува да тече од примопредавањето на објектот или на дел од објектот на кој се изведени работите, а ако користењето на објектот или на дел од објектот започнало пред примопредавањето - од почетокот на користењето.
Член 46 За опремата што ја вградува Изведувачот важи, во поглед на содржината и рокот, гаранцијата од произведителот на опремата, со тоа што Изведувачот е должен сета документација за гаранциите на производителот на опремата, заедно со упаствата за употреба, да ги прибави и да му ги предаде на Нарачувачот.
Член 47 Изведувачот е должен на свој трошок да ги отстрани сите недостатоци што ќе се покажат во текот на гарантниот рок, а кои настапиле поради тоа што Изведувачот не се држел кон своите обврски во поглед на квалитетот на работите и материјалите. Нарачувачот ќе му определи на Изведувачот примерен рок од 10 дена за отстранување на недостатокот. Нарачувачот има право и на надомест на штета по основ на став 1 и 2 на овој
Член 48 Ако Изведувачот не ги отстрани недостатоците во рокот што Нарачувачот ќе му
Член 49 Изведувачот не е должен да ги отстрани оние недостатоци што настанале како последица од нестручно ракување и употреба, односно, не наменско користење на објектот или на делови од објектот.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Носителот на набавката е обврзан да обезбеди гарантен период согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација и доставената понуда за секод ДЕЛ пооделно. Во текот на гарантниот период Носителот на набвката треба да ги извршува обврските совесно, квалитетно и навремено, на начин и во рокови согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација за секод ДЕЛ пооделно.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Доколку Носителот на набавката не е во состојба да ја отстрани неисправноста или недостатокот на предметот на набавката, во рок од 3 дена, Договорниот орган има право да: - бара замена за стоката со неупотребувана иста или таква стока или - бара раскинување на Договорот враќање на платениот износ и надомест претрпената штета.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Во гарантниот рок, наведен во доставените гарантни листови, Носителот на набавката е обврзан да обезбеди сервис за испорачаната ИТ опрема-предмет на договорот, во согласност со наведеното во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Носителот на набавката, му предава на Договорниот орган гарантен лист со гарантен рок од минимум 24 месеци со кој го гарантира исправното функционирање на возилото во определеното време, сметајќи од неговото предавање на Договорниот орган, без ограничување на километри. Трошоците за задолжителното редовно одржување (сервисирање и потрошен материјал) на возилата за време на гарантниот период од 2 (две) години ќе бидат на товар на најповолниот Економски оператор, без надомест.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. 7.7.1 Гарантен период за секоја извршена активност наведена во точка 2.1 Превентивно одржување и точка 2.2 Адаптивно одржување од техничката спецификација изнесува 6 (шест) месеци. Гарантниот период започнува да тече од моментот на завршување / имплементација на активноста.
7.7.2 Носителот на набавката во текот на гарантниот период ќе ги отстранува без дополнителни трошоци за Договорниот орган сите дефекти поврзани со: ▪ воочени функционални недостатоци на НКТС, кои се сметаат за отстапување од потребните правила и услови дефинирани од DG TAXUD, ▪ сите технички недостатоци кои предизвикуваат застој во работата или недостапност на одредени функционалности на НКТС, ▪ сите недостатоци или разлики помеѓу функционалноста или техничките карактеристики на НКТС и документацијата која била испорачана за дефинирање на соодветните карактеристики на НКТС, и потребата од ургентни измени и доработки на постоечките функционалности на НКТС, предизвикани поради промена на законската регулатива.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Периодот за кој Носителот на набавката гарантира за функционалноста на преносливите компјутери предмет на договорот и адаптерите за истите, изнесува 36 месеци, сметано од денот на испораката. Периодот за кој Носителот на набавката гарантира за функционалноста на батериите за преносливите компјутери предмет на договорот изнесува 12 месеци, сметано од денот на испораката. Периодот за кој Носителот на набавката гарантира за функционалноста на УПС уредите предмет на договорот и батериите вградени во истите, изнесува 12 месеци, сметано од денот на испораката. Носителот на набавката се обврзува со испораката на предметот на набавка да достави гарантни листови. Гарантниот период почнува да тече од денот на предавање на предметот на набавката од Носителот на набавката на Договорниот орган.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Изведувачот гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат мани што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Носителот на набавката е должен да обезбеди гарантен период од 6 (шест) месеци за испорачаниот систем-предмет на договоротот. Гарантниот период почнува еден ден од датумот на техничкиот прием на системот. Ако се откријат било какви проблеми за време на функционирањето на системот, а кои не се резултат на несоодветно користење или ракување со системот (на пример функционални недостатоци на системот, грешки и сл.) Носителот на набавката е должен истите бесплатно да ги отстрани. Носителот на набавката во текот на гарантниот период без дополнителни трошоци за Договорниот орган мора да понуди одржување/надградба за целиот систем кое ќе ги вклучи минимум следниве услуги: - Достава на сите официјално објавени надградби (patches) издадени од страна на производителот на решението во текот на гарантниот период, - Отстранување на грешки и проблеми во функционирањето на системот, - Отстранување на неправилности во податоците настанати поради грешки и проблеми во функционирањето на системот, - Help desk за Договорниот орган, - Консултации поврзани со користењето на системот, - Прилагодувања на системот по барање на Договорниот орган. Одржувањето во гарантниот период ќе се реализира под следниве услови: - Носителот на набавката при доставено барање по електронска пошта или телефон од страна на назначеното контакт лице/лица од Договорниот орган, интервенцијата ќе ја започне најдоцна за 4 (четири) работни часа и ќе го реши во рок од најмногу 24 часа. Во случај барањето да не се имплементира во овој рок, а во зависност од проблемот и дефинираните приоритети, Договорниот орган може да му даде дополнителен рок на Носителот на набавката. По истекот и на овој рок се активира гаранцијата за квалитетно извршување на договорот. - Носителот на набавката да обезбеди достапност на услугите во работни денови и работно време од 8:30 до 16:30, модел 8х5 - Интервенциите ќе се прават прво преку далечински пристап (VPN), а ако не може на тој начин да се реши проблемот тогаш on-site.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД. За целокупната хардверска опрема и софтвер, предмет на оваа набавка, Носителот на набавката треба да обезбеди најмалку 3 години гаранција со поддршка од производителот на опремата и софтверот. Носителот на набавката е должен да обезбеди гаранција за гарантен период од 3 години во висина од 3% од вкупната вредност (со вклучен ДДВ) на испорачаната опрема и извршените услуги на инсталација и конфигурација. Во гарантниот период за опремата која ќе ја испорача Носителот на набавката треба да обезбеди сервис за резервни делови и нивна замена (инсталација и интеграција) најмалку 3 години од испораката. За таа цел, Xxxxxxxxx на набавката потребно е да му преде на Договорниот орган гарантен лист со кој производителот на испорачаната опрема го гарантира исправното функционирање на истата во период од најмалку 3 години, сметајќи од нејзиното предавање на Договорниот орган. Носителот на набавката во рамките на гарантниот период од 3 години, треба да изврши и евентуални интервенции, предизвикани како резултат на промени во системскиот софтвер (надградби, ажурирања и др.).
1: ИТНО – Дефект со многу висок приоритет, итен случај, блокирање на системот Проблем во функционирањето на системот, или негов значаен дел, при што истиот не може да ја извршува својата функција и предизвикува застој или го успорува нормалното работење на системот. 2 часа 4 часа 24 часа 5 дена
2: Сериозен дефект – Дефект кој предизвикува голем прекин во работата на системот Проблем при кој оперативните карактеристики на системот се такви да дел од работните активности не функционираат или системот не работи со полн капацитет. 4 часа 8 часа 48 часа 10 дена
3: Мали, естетски недостатоци Проблем при кој системот има недостатоци кои немаат влијание врз неговото непречено користење. 1 ден 2 дена 7 дена 14 дена Доколку проблемот не се отстрани во договорениот рок (согласно табелата погоре), а во зависност од проблемот и дефинираните приоритети, Договорниот орган може да му даде дополнителен рок на Носителот на набавката. По истекот на овој рок се активира банкарската гаранција. Софтверите кои ќе ги испорача Носителот на набавката треба да се во трајна сопственост и да гласат на име на Договорниот орган и за истите треба да обезбеди софтверска гаранција (subscription and support) од страна на неговиот производител во траење од најмалку 3 години. Во гарантниот период Носителот на набавката е должен да обезбеди за договорниот орган директен пристап до сите официјално објавени надградби издадени од страна на п...