Економска и финансиска состојба Примери за клаузули

Економска и финансиска состојба. 2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да го исполнува следниов минимален услов: − да има остварено приход не помал од проценетата вредност на набавката без вклучен ДДВ во износ од 20.338.983,00 денари во најмалку една од последните три години. Доколку економскиот оператор ја врши дејноста во период помал од три години, минимален услов за утврдување на економската и финансиската состојба е економскиот оператор да го остварил условот од ставот.1 во годините за кои постојат податоци. 2.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов со доставување: − извод од целокупниот промет на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и онаму каде што е соодветно, од прометот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации. 2.4.3 Доколку билансите на состојба и успех биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да ги достави истите како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган. 2.4.4 Доколку билансите на состојба и успех не биле предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор ги доставува истите заверени, односно издадени од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија. 2.4.5 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен кога се работи за податоците од билансот на успех. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или ...
Економска и финансиска состојба. Критериум за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се: Извештај за билансот на состојба и билансот на успех издаден од Централен регистар. Банкарска гаранција во износ од 3% од вредноста на понудата, со важност не помалку од 14 дена по денот на истекот на важноста на понудата. Избраниот понудувач по склучувањето на договорот задoлжително доставува банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во износ од 15% од вредноста на договорот. Банкарската гаранција треба да биде со важност до целосното реализирање на договорот.
Економска и финансиска состојба. Докази и нивни вредносни показатели со цел за утврдување на способноста (ако се предвидени): Евентуални минимални барања (ако се приемнливи):
Економска и финансиска состојба. Критериум за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се: Извештај за билансот на состојба и билансот на успех издаден од Централен регистар за последните три години.
Економска и финансиска состојба. Критериум за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се: Извештај за билансот на состојба и билансот на успех издаден од Централен регистар. Избраниот понудувач по склучувањето на договорот задoлжително доставува банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во износ од 10% од вредноста на договорот. Банкарската гаранција треба да биде со важност до целосното реализирање на договорот.
Економска и финансиска состојба. 2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата економска и финансиска состојба, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве услови со доставување на: - извештај за билансот на состојба за 2010 година заверен од надлежен орган, односно ревидиран биланс на состојба за 2010 година, или извадоци од извештајот за билансот на состојба за 2010 година во случаи кога објавување на билансот на состојба е пропишано со закон во земјата каде што економскиот оператор е регистриран; - извод од целокупниот промет на претпријатието за 2010 година (податок од билансот на успех за 2010 година издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех за 2010 година); - информација за економско финансиската состоба, односно бонитетна состојба заверена од надлежен орган. 2.4.2 Доколку билансот на состојба бил предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор може да го достави истиот како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба без да бидат дополнително заверени од надлежен орган. 2.4.3 Доколку билансот на состојба не бил предмет на комерцијална ревизија, економскиот оператор го доставува истиот заверен, односно издаден од надлежен орган како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиската состојба. Надлежен орган во Република Македонија е Централниот регистар на Република Македонија.
Економска и финансиска состојба. 2.4.1 Во оваа постапка не се бараат посебни услови за докажување на економско финансиската состојба на понудувачите
Економска и финансиска состојба. Критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се: - позитивен финансиски резултат за 2011 година
Економска и финансиска состојба. 2.4.1 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималниот услов со доставување на соодветни изводи од банки; 2.4.2 Економската и финансиската способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата економска и финансиска способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните финансиски средства. Против субјектот кој ја обезбедува финансиската поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
Економска и финансиска состојба не се бара