Common use of Изготвување И Поднесување На Понудите Clause in Contracts

Изготвување И Поднесување На Понудите. 8.1 Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог. 8.2 Доколку понудувачот има намера дел од рамковната спогодба да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од рамковната спогодба кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на рамковната спогодба за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите. 8.3 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите. 8.4 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. 8.5 Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користењена ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 8.6 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.

Appears in 1 contract

Samples: Рамковна Спогодба За Јавна Набавка