Изгубена или украдена СИМ картичка. Во случај на губење, кражба или делумно оштетување или целосно уништување на СИМ картичката, или ако има основано сомневање дека неговиот личен кодиран број го дознале трети лица, претплатникот е должен веднаш да го информира Македонски Телеком со цел привремено да ја исклучи претплатничката линија во појдoвна и/или дојдовна насока. Операторот ќе постапи по известувањето на претплатникот со тоа што ќе ја исклучи линијата во две насоки (дојдовен и појдовен сообраќај) при што месечната претплата ќе продолжи да тече. Ваквиот статус на претплатничката линија ќе биде валиден во рок од 30 дена. Во текот на 30 дена од денот кога изгубената или украдената СИМ картичка била исклучена од надлежните служби на Операторот, Претплатникот може да побара замена на таквата СИМ картичка. Доколку Претплатникот не побара замена на изгубената или украдена СИМ картичка, по истекот на наведениот рок од 30 дена месечната претплата престанува да тече и Операторот има право да го раскине овој Договор. Претплатникот е должен да ги плати трошоците настанати со употреба на изгубената или украдената картичка до моментот на валидација на пријавувањето на кражбата или губењето на СИМ картичката. Претплатникот ги надоместува трошоците за замена на СИМ картичката и за нејзиното повторно поврзување во мрежата во согласност со Ценовникот на Операторот. Претплатникот треба да ја врати СИМ картичката секогаш кога тоа Операторот ќе го побара од него, а особено во случаи кога тоа се бара поради безбедносни причини, вонредна состојба или кога тоа е од јавен интерес, како и од причини поврзани со работењето на мрежата.
Appears in 4 contracts
Samples: www.telekom.mk, www.telekom.mk, www.telekom.mk