Common use of Изјава за сериозност на понуда Clause in Contracts

Изјава за сериозност на понуда. Во прилог на понудата, понудувачот задолжително доставува потпишана Изјава за сериозност на понудата согласно член 101 од Законот за јавните набавки, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Изјавата за сериозност на понудата се доставува заедно со понудата и истата ќе биде активирана доколку понудувачот: • ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, • не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, • не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда, или • не ја обезбеди гаранцијата за квалитетно извршување на договорот. Со Изјавата за сериозност на понудата, понудувачот изјавува дека нема да ги преземе наведените дејствија. Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, Договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно со став 7 од член 101 од Законот за јавните набавки. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата. Негативната референца договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапка. Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, Договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно член 101 став 7 од Законот за јавните набавки. За ситуациите од алинеите 1 и 2 од поточка 4.1.2, предлогот за издавање негативна референца се содржи во извештајот за спроведена постапка. За ситуациите од алинеите 3 и 4 од поточка 4.1.2, предлогот за издавање негативна референца до одговорното лице на договорниот орган го поднесува лицето или организацискиот облик за јавни набавки.

Appears in 4 contracts

Samples: www.addelpro.mk, www.addelpro.mk, www.addelpro.mk