Инвестициско портфолио Примери за клаузули

Инвестициско портфолио. 1. Штедниот дел од премијата во договорите за животно осигурување поврзани со инвестициско портфолио се инвестираат во инвестициски фонд управуван од друштвото за управување со инвестициски фондови кое е наведено во понудата и полисата која е издадена при склучување на Договорот за животно осигурување. 2. Договарачот на осигурувањето го избира инвестициското портфолио од понудените инвестициски фондови од друштвото за управување со инвестициски фондови, само при склучување на Договорот за осигурување. 3. Договарачот на осигурувањето го презема инвестицискиот ризик при промена на вредноста на инвестициските удели. 4. Во случај на настанување на неможност за спроведување на Договорот за осигурување поради причина во домен на избраниот инвестициски фонд, каде што се вложува премијата за вложување, осигурителот е обврзан да го извести договорувачот/осигуреникот на осигурувањето и да му понуди да премине во друг фонд кај истото друштво за управување со инвестициски фондови или да премине во друг фонд кај друго друштво за управување со инвестициски фонд. 5. Договорувачот/осигуреникот на осигурувањето во рок од 15 дена треба да се произнесе за понудените алтернативи. Сите трошоци поврзани со прифаќање на понудените алтернативи се на товар на осигурителот. 6. Доколку договорувачот/осигуреникот на осигурувањето не ја прифати можноста за премин во друг фонд од точка 4 од овој член, осигурителот ќе смета дека настанал случај на доживување и на договорувачот/осигуреникот ќе му ја исплати вредноста на инвестициското портфолио без наплата на било какви излезни трошоци и ќе му го врати неискоритениот дел од премијата за осигурување. 1. Вредноста на инвестициското портфолио ја сочинуваат вредностите на сите удели во поединечниот инвестициски фонд. 2. Вредноста на сите удели во поединечниот инвестициски фонд претставува производ на бројот на уделите со вредноста на еден удел. 3. Вредноста на уделите се објавува секој ден на веб-страницата на инвестицискиот фонд. Вредноста на уделите е прикажана на нето-основа. 4. Вредностите на уделите во инвестицискиот фонд се изразени во денари и сите уплати во инвестициското портфолио и исплати од инвестициското портфолио се вршат во денари. 5. За пресметка на уплата во инвестициски портфолија се употребува средниот курс на НБРСМ кој е важечки на првиот работен ден по денот кога паричните средства за уплата на премијата се пристигнати на сметка на осигурителот. 6. За пресметка на исплата на штетен настан од инвестициското портфолио се к...

Related to Инвестициско портфолио

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти. 1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).