Консултации со јавноста Примери за клаузули

Консултации со јавноста. Политиката на ЕБОР бара сите чинители адекватно да бидат информирани и целисходно консултирани, вклучувајќи го и локалното население, доста време пред какви било активности на експропријација. Рамката за преселување и надомест изработена овде вклучува консултативни мерки за засегнатите лица. Македонскиот закон не бара јавни консултации со засегнатите лица од проектот пред експропријацијата. Обезбедувањето информации за засегнатата популација во процесот на експропријација обично е ограничено, особено во однос на оние кои немаат законска сопственост врз имотот, т.е. тие обично воопшто не се информираат за експропријацијата. Иако процесот на јавни консултации за експропријација не се бара според локалното законодавство, за крупни сообраќајни проекти, локалното законодавство (коешто општо е во согласност со Директивата на ЕУ за процена на влијанието врз животната средина) пропишува јавни консултации како дел од процесот на процена на влијанието врз животната средина, па затоа, некои информации за проектот може да стигнат до засегнатите лица преку овој канал. Меѓутоа, искуството покажува дека целисходните консултации со директно засегнатите лица, како што се предвидува според Политиката на ЕБОР, може значително да ги подобрат активностите на преселување, бидејќи засегнатите лица најдобро знаат што им треба за надминување на тешкотиите со кои може да се соочат како резултат на присилната преселба. Друго клучно прашање е вклучувањето на надворешни агенции при изработка и имплементација на планови, што не се бара според локалното законодавство. Ранливите лица треба соодветно да се третираат. Ова се разработува подетаљно во ставот f). Преку договарање и дефинирање на одговорностите на сите сектори однпред, веднаш штом плановите официјално ќе се договорат и/или усвојат од релевантните институции, преселбата / воспоставувањето на животот станува „сечија работа“ и на вклучените чинители им дава правна основа за учество во имплементацијата.

Related to Консултации со јавноста

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на опрема - принтери, скенери и телефонски централи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Општи одредби (1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

  • Општи Информации 1.1 Договорен орган: