ОПШТИ ОДРЕДБИ Примери за клаузули

ОПШТИ ОДРЕДБИ. Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи. Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот. Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор): - Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги, - Општи услови, - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови , - Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица, - Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги, - Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги. Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум. Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услу...
ОПШТИ ОДРЕДБИ. 2.1. Правниот однос помеѓу Xxxxxxx и Имателот на сметка настанува со потпишување на Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата и странство. Пред склучување на Договор, Xxxxxxx на Имателот на сметка му дава еден примерок од овие Општи услови. Општите услови се составен дел на Договорот за отворање и водење на сметка за вршење на платен промет во земјата и Договорот за отварање и водење на девизна сметка.
ОПШТИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој Колективен договор се уредуваат и доуредуваат, во согласност со закон и со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Р. Македонија, правата, обврските и одговорностите помеѓу работниците и работодавачите. Член 2 Колективниот договор ги обврзува сите работници и работодавачи, од оваа гранка, односно оддел, членови на Агросиндикатот и на Здружението на работодавачи од тутунското стопанство на Организацијата на работодавачи на Македонија. Член 3 Со колективен договор на ниво на работодавач можат да се утврдат поголеми права на работниците од оние утврдени со закон, со Општиот колективен договор или со овој Колективен договор. Со колективен договор на ниво на работодавач не можат да бидат утврдени помали права на работниците од правата утврдени со закон, со Општиот колективен договор и со овој Колективен договор. Одредбите од колективниот договор на ниво на работодавач спротивни на став 2 од овој член се ништовни и не можат да произведуваат правно дејство.
ОПШТИ ОДРЕДБИ. (1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на учесници во доброволни работни акции од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на учесници во доброволни работни акции од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач). (2) Договорувач може да биде младинска организација, инвеститори на работите, градежни претпријатија и други правни лица. (3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
ОПШТИ ОДРЕДБИ. (1) Со овие услови за осигурување на живот за случај на смрт на корисник на кредит (во понатамошниот текст: услови) се уредуваат меѓусебните односи на учесниците во договорот за осигурување на живот. (2) Овие Посебни услови се составен и неразделен дел на договорот за осигурување на живот за случај на смрт на корисник на кредит што договорувачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: договорувач) го склучува со Акционерското друштво за осигурување на живот KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД - Друштво за осигурување на Живот (во понатамошниот текст: осигурувач). (3) Посебни поими кои се користат во овие Услови го имаат следното значење:
ОПШТИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој колективен договор се уредуваат правата и обврските на работниците во Министерството за внатрешни работи и работодавачот, како и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работен однос и други прашања од работните односи или во врска со работните односи. Член 2 Работодавач во смисла на овој колективен договор е Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (во натамошниот текст: Министерството) претставувано од министерот за внатрешни работи (во натамошниот текст: министерот), кое вработува работници врз основа на договор за вработување. Член 3 Работник во смисла на овој колективен договор е лице кое заснова работен однос врз основа на склучен договор за вработување на неопределено или определено време, со полно, со пократко од полното и со скратено работно време во Министерството. Член 4 Синдикат во смисла на овој колективен договор е Македонскиот полициски синдикат претставуван од претседателот на Македонскиот полициски синдикат (во натамошниот текст: Синдикатот) и неговите овластени претставници. Член 5 Овој Колективен договор се применува непосредно и е задолжителен за сите работници кои имаат засновано работен однос односно имаат склучено договори за вработување во Министерството, со исклучок на работниците во Министерството кои имаат статус на државни службеници согласно Законот за државните службеници. Член 6 Со овој колективен договор односно со договорот за вработување можат да се предвидат права кои за работниците се поповолни отколку што ги определува Законот за работни односи, ако тоа не е во спротивност со закон. Член 7 За прашањата кои не се уредени со овој колективен договор, се применуваат одредбите од соодветните закони.
ОПШТИ ОДРЕДБИ. 1. Условите за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови (во понатамошниот текст: Услови) претставуваат составен дел на Договорот за животно осигурување за случај на смрт и доживување, каде вложувањата се вршат во инвестициски фондови (во понатамошниот текст: животно осигурување), кој договарачот на осигурувањето ќе го склучи со ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје (во понатамошниот текст: осигурител).
ОПШТИ ОДРЕДБИ. (1) Со овие Посебни услови за доживотно осигурување на живот во случај на смрт (во понатамошниот текст: Посебни услови) се уредуваат меѓусебните односи на учесниците на договорот за осигурување на живот. (2) Овие Посебни услови се составен и неразделен дел на договорот за осигурување на живот за случај на смрт и доживување што договорувачот на осигурувањето (во понатамошниот текст: договорувач) го склучува со Акционерското друштво за осигурување на живот KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД Друштво за осигурување на Живот Скопје (во понатамошниот текст: осигурувач). Член 2 Одделните поими кои се користат во овие Посебни услови го имаат следното значење: - понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
ОПШТИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој Договор, Инвеститорот дава налог на Друштвото, а Друштвото го прифаќа налогот во негово име и за негова сметка да ги инвестира неговите парични средства во финансиски инструменти; да ги превземе под управување хартиите од вредност сопственост на Kлиентот и да управува со портфолио (во понатамошниот текст - Портфолио). Член 2 Инвеститорот го овластува, а Друштвото се обврзува да управува со Портфолиото, извршувајќи ги при тоа сите потребни активности, а особено: • на Инвеститорот кај Централениот Депозитар за Хартии од Вредност АД Скопје (во продолжение ЦДХВ) да му отвори сметка за управување; • да издава налози за купување и продажба на хартии од вредност во име и за сметка на Инвеститорот преку овластени учесници на пазарот на капитал во земјата и странство; • да ги вложува паричните средства во депозити во овластени банки во Република Македонија; • да купува и продава удели во инвестициски фондови во земјата и странство; • во согласност со политиката за вложување утврдена во Договорот, за сметка на Инвеститорот да вложува парични средства на Инвеститорот во хартии од вредност или други финансиски инструменти со цел диверзификација на ризикот; • да изготвува пресметка на вредноста на Портфолиото и за истото да го извести Инвеститорот; • да прима дивиденди, камати, главници и сите останати парични приливи кои произлегуваат од инвестирањето на средствата; • да превземе активности за остварување на правото на глас и останати права на Инвеститорот кои произлегуваат од инвестирањето на средствата. Хартии од вредност, кои се предмет на управување, се водат на Портфолио сметка во ЦДХВ или во случај на хартии од вредност во странство во депозитарни институции во странство. Уплатените парични средства се чуваат на посебна сметка отворена кај Комерцијална банка, одвоено од сметките на кои се чуваат средствата на Друштвото. Член 3 При вложување на средствата, а со намера остварување на поставените цели и инвестициската политика, Друштвото ќе ги почитува следните принципи: • Диверзификација на ризикот; • Профитабилност; • Ликвидност; • Совесност, професионалност и постапување со внимание на добар стопанственик; • Транспарентност; • Заштита на интересите на странките; • Доверливост и тајност на податоците и • Непристрасност и неутралност.
ОПШТИ ОДРЕДБИ. Со Договорот за осигурување на живот, договарачот се обврзува на осигурителот да му плаќа премија за осигурување, а осигурителот се обврзува со настанување на осигурениот случај или со истекот на периодот на осигурување да му ја исплати осигурената сума на корисникот на осигурувањето назначен во полисата.