Корективно одржување Примери за клаузули

Корективно одржување. Корективното одржување се однесува на обезбедување на поддршка и услуги од страна на Носителот преку кои ќе се обезбеди воспоставување на нормална работна состојба на хардверската платформа по настанување на инцидент. Ова одржување се извршува преку доставено барање преку алатките за инициализирање на поддршката од страна на Носителот на набавката, земјаќи ги во предвид времето на одзив по настанат инцидент и временската резолуција на решавање на инциденотот, дефинирани во “Класификација на инциденти” од техничката спецификација.

Related to Корективно одржување

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Завршни одредби (1) Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Гаранција на понудата:Не

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да