НАДОМЕСТ НА ШТЕТА. (1)Потрошувачот има право на надомест на штета од Снабдувачот заради намалена испорака или прекин во испораката на топлинска енергија предизвикана од страна на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, за што е потребно веднаш да го извести снабдувачот и операторот на системот за дистрибуција и да поднесе на барање за надомест на штета во кое треба да ја опише настанатата штета. (2)Потрошувачот има право на надомест на штета доколку се докаже постоење на штета и одговорност за настанување на истата од страна на снабдувачот. (3)Потрошувачот е одговорен за штета настаната поради дотраена, односно неисправна внатрешна инсталација за греење, неисправни вентили, радијатори и слично, во просториите на објектот.
Appears in 6 contracts
Samples: Supply Agreement, Supply Agreement, Договор За Снабдување Со Топлинска Енергија