Common use of Обврски на Македонски Телеком, кога се јавува како оператор примател Clause in Contracts

Обврски на Македонски Телеком, кога се јавува како оператор примател. Македонски Телеком има обврска да прифати барање на претплатник за преносливост на претплатнички број во својата фиксна или мобилна јавна електронска комуникациска мрежа, доколку претплатникот ги исполнува одредбите наведени во Општите услови. Македонски Телеком преку ЦБП системот ќе го извести операторот давател дека претплатникот поднел барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број во рок не подолг од 2 (два) работни дена од денот на приемот на барањето доколкупритоа постојат технички услови за обезбедување на услугите побарани од Претплатникот. Македонски Телеком има право на подолг рок за известување на Операторот давател во случај кога треба дополнителни активности за дефинирање на постоење на технички можности за обезбедување на услугите од барањето на Претплатникот. Операторот давател преку ЦБП системот треба да му одговори на Македонски Телеком во рок не подолг од 3 (три) часа по приемот на барањето. Во случај на одбивање на барањето, по исполнувањето на обврските што биле причина за одбивањето, претплатникот поднесува ново барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број. Во случај на прифаќање на барањето за пренесување на број, претплатничкиот договор склучен со Македонски Телеком стапува на сила во моментот на фактичкото пренесување на бројот од Операторот Давател. Временската рамка за предавање на бројот е временскиот период од 12:00 до 16:00 часот секој работен ден кој започнува во рок од 2 (два) работни дена при пренесување на фиксен претплатнички број или во рок од 1(еден) работен ден при пренесување на мобилен број, од моментот на трансакцијата за запис на податоците за пренесување на број во ЦБП од страна на Македонски Телеком и почнува обезбедување на услугата од страна на Македонски Телеком врз основа на склучениот претплатнички договор со пренесување на број. За време на овој период обезбедувањето на услугата може делумно или целосно да биде прекината.

Appears in 4 contracts

Samples: www.telekom.mk, www.telekom.mk, www.telekom.mk